Живеење заедно пред брак

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 7 јули 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.245
    Допаѓања:
    145.669
    Нема правила, со првиот почнав после 6 години и после живеењето заедно сфатив дека не е е за мене. Со маж ми по еден месец. Моите се противеа, ама на 27-8 години не можат да ми кажуваат што да правам.
    Исто и ако е самостојна она и не и значи одобрувањето од родителите.
    Татко и повеќе се плаши дека ќе и раскинеш и после нема друг да ја сака оти сте биле многу блиски, ако ме разбираш :) ќе биде и против живеење заедно ако не речеш одма свадба :)
     
    На Dust, Unknown_7, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.674
    Допаѓања:
    42.292
    Пол:
    Машки
    Се зависи од тоа во кој стадиум на животот сте, какви се условите, и каде се гледате во иднина.

    Татко и со право, како секој родител може и треба да биде загрижен, а ти од друга страна да го увериш во својата сериозност.

    Секако, како родител не сака од една страна ќерка му да биде избрзана. А, од друга страна со прашањето што ти го поставил да не излезе после нешто друго, т.е. да не завршите во брак од Х причини. Посебно што и ти си млад по години, и сака на некој начин да му дадеш некоја сигурност дека се ќе биде океј, дека си доволно зрел, и дека имате планови за иднина.

    Кај вас е добро што имате услови, и имате можност да бирате. Нема никаков друг проблем што ве притиска да побрзате, или пак да одоговлекувате.
    Сега е секако Јануари, учебната година е на средина, и може ова да го оставите бар до почетокот на следната без да се брзате. А, од друга страна и да се споиш повеќе со нејзината фамилија.

    Можете за време на распуст, за да бидете блиску, да останува она кај тебе некој краток период од недела дена, кој ќе ви биде на некој начин почетнички тест, пред да премините да живеете скроз заедно.

    Иначе, ние со жена ми се решивме да живееме заедно после некои 2 години. Одлуката беше таква што веќе врската стануваше сериозна, немаше никакви други пречки за да не се случи тогаш, имавме заедничка цел за секоја етапа по која се движиме. И се случи сето тоа спонтано.

    И да, разговаравме за тоа какви планови имаме и со нашите. Така да, многу веројатно е дека ќе треба и ти да разговараш со нејзините.
     
    Последна измена: 19 јануари 2026
    На Eunoia, Mumoftwo30, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    13.319
    @Mr.Limonko Според мене,

    Не дека има правила, секој пар си ја одредува динамиката, но дали сега да започнете да живеете заедно? - Не.

    Бидејќи од самиот пост се гледа дека уште пред да почнете, веќе размислуваш за сценарија ако се скарате и раскинете, што е знак дека и самиот не си пресигурен во таа одлука.

    Воедно, општо прашуваш за одлуката, што пак значи несигурност.

    Also, идејата за тајност е незрела бидејќи го ставаш девојчето во незгодна ситуација да лаже и непотребно да си направи повеќе штета, отколку корист.

    Дополнително, имате 20 и 23 години, едвај сте 1 година вo врска, таа е студент, финансиски зависна и ти си и прв дечко и финансиски независен, што значи take it easy for now :D

    Најздраво е прво постепено да го зацврстите односот, да созреете како пар и воедно паралелно да изградиш доверба и со нејзиното семејство.

    Заедничкиот живот ќе дојде природно, без притисок, don't worry. Може сега засега да преспива од време на време :*:
     
    На BubamaraM, Mumoftwo30, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    18.624
    Пол:
    Женски
    @Mr.Limonko Мислам дека ни таа не е спремна на заеднички живот, иако можеби мисли дека е, нема факултет завршено, се уште учи, не е спремна на тој дел и на тие сценарија што и сам знаеш дека следат.
    Според мене е рано некако, сепак ваша одлука е на крајот, ама размисли добро дали си спремен на тој чекор, и на тие расправии од страна на нејзините. Тоа да криете неколку месеци, не е добра одлука, таа постапка ич не би ја ни размислувала.
     
    Последна измена: 19 јануари 2026
    На Panda00, Polyincognito и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  5. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    230
    Заеднички живот пред брак е најдобрата работа за двајца млади.
    И дава простор и време да се запознаат подобро, на површината излегуваат сите маски,тие сами гледаат дали се еден за друг или секој на својата страна.
    Мислам можеби и грешам еден дел од разводите се баш кога многу добро ке се запознаат во заедничкиот живот,некои увиделе дека згрешиле, едни не можат да се поднесат едни со други, некои пак тогаш си ги покажуваат своите заби.
     
    На JoyJoy, TwistedSister, Малечка Малинка и 2 други им се допаѓа ова.
  6. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    167
    Треба, ама не е гаранција за ништо, ниту дека ќе останете заедно, ниту дека нема да се смени човекот и да стане полош. Бев и жевеев 3 години заедно, па во брак, и пак се разделивме на крајот после 10 години, ништо не е гаранција во животот.
     
    На JoyJoy, Melissa_39, ani23 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Ние со мм кога бевме дечко и девојка после една година живеевме веќе заедно но сакавме да видиме како ќе функционираме затоа што има многу луѓе што сфатиле дека не се еден за друг откако ќе живеат заедно. Но ете среќа ние се погодивме и останавме заедно.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.811
    Допаѓања:
    24.390
    Пол:
    Машки
    Јас живеам веќе неколку месеци, да речам пола година заедно, некогаш ми оди на нерви(јас неа повеќе хаха), ама кај да е ќе се женам хехех
     
    На JoyJoy, Mr.Limonko, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Машки
    Кога ја видов темава активна да се пофалам и јас. За кратко пред почетокот на јуни почнуваме да живееме заедно. :inlove:
    Едвај чекам, конечно нема сам да живеем, досадно ми е сам, и што е уште поважно цело лето ќе сме заедно нема да се гледаме еднаш во две недели. :inlove:
    Воопшто незнам како ќе ни биде, ама имам чувство дека супер ќе се сложуваме. :sun:
     
    На Buttermilk, JoyJoy, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.808
    Пол:
    Женски
    Јас сум против заедничко живење,ниту ја запознаваш особата,бидејќи си во медот тогаш и заљубен,нити пак животот има гарнција што те чека утре.Доказ за ова- во европски земји и УСА,некоја пракса и проба е.Стапките на развод се без разлика на тоа многу многу високи,затоа џабе ми се гледа.Отсекогаш сум била против и за машки и за женски.Ајде сега хејтајте.
     
    На christinnn, eliesaab и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.497
    Допаѓања:
    206.959
    Пол:
    Женски
    Не е џабе, само тоа ќе кажам.
    Ама позната си по rage bait мислења, со ставови како оние што дремат на фб и коментираат глупости, така што нема да образложувам зошто е корисно и позитивно живеење заедно пред брак.
     
    На Gosh, Калатеа, Waverly Raven и 17 други им се допаѓа ова.
  12. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.808
    Пол:
    Женски
    Што ми реплицираш?Немаш попаметна работа -да кажеш став и мислење конкретно,па се фати за мое мислење.Умница таа што се спушташ на ИСТО НИВО ,ако еве јас тресам зелени ?Очигдледно немаш став,па ајде нема да дадам лично мислење.Колку надмено феминска другарке и амебичен однос.Кажав тоа во што верувам,ти контрираш само,плус без аргументи онака рандом.IronMom размислува како мене исто,ете пушти и се на неа,топла вода не измислив.Држи се до темата.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.497
    Допаѓања:
    206.959
    Пол:
    Женски
    Исто како ти што имаш право да пишеш мислење, имам и јас право да ти реплицирам, исто како ти што мислиш дека медот те залажува, јас мислам обратно, дека живеењето заедно ги отвора очите, особено на жената, дали со тој што го одбрала ќе му биде мајка или ќе бидат рамноправни партнери. Тогаш знаеш дали можеш да бидеш со некого во брак или не. Тоа живеење заедно ме спасило од погрешни одлуки во животот.
    Не е исто живеење заедно и гледање неколку часа неделно, за кои се спремаш во своето најдобро издание и ги оставаш проблемите на страна. Еден од моментите на живеење заедно е да се запознаете како би се однесувале во различни ситуации, справување со проблемите, домашните обврски и меѓусебната комуникација, оти животот не е мед и млеко. Дури ни кога сте релативно кратко во врска, па уште сте во медот. Маските многу лесно паѓаат кога живеете заедно.
     
    На sparklie, Малечка Малинка, PaLaVa и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Машки
    А која е разликата дали ќе бидат во брак или не?
    Која е разликата дали после одредено време ќе почнат да живеат заедно венчани или не венчани?
    Има некои се венчаат после 3-4 месеци како нив ќе им помине медот само со парче хартија?
    А и живеењето заедно не е само љубов, можеш некој да сакаш а да не се сложувам, да не можете да се договорите како да функционирате заедно.
    И мислам дека е многу подобро прво без брак да се живее заедно, од причина што многу е полесно заминувањето ако не си во брак.
     
    На Buttermilk, Трагедијаупмм, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Никогаш не можеш да запознаеш некој толку добро додека не живееш со него. Еве на пример јас со бившиот кога бевме на одмор сфстив декс е многу не уреден и дека ништо не прсви од обрски. Слиќтатс си ги оставаше на земја , го мрзеше да готви. Уште се дрзна ми вика сабајле што ќе готвиш? Му викам јас да ти готвам ??? Што сум ти јас слуга? Цел одмор сме се карале и тогаш сфстив јас со таков не сакам. Кај него мајка му и на работа и обврски се низ дома и као многу ја фалеше беше кало нема као мајка ми и му реков епа тсквс да си најдеш јас слуга и мајка не планирам дс ти изигравам.
     
    На Gosh, Малечка Малинка, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.206
    Допаѓања:
    14.985
    Не сум нешто поборник на тоа, а сите го велат истото „абе нема да знаеш каков е, дури не живееш со него“, на крај раскинале, па ај со друг живеење, и така. По три состаноци гледам дали некој е порочен, манипулатор, шкрт, материјалист, ако не ми чини, откачувам, чао и кој е поентата да одам да живеам со него со месеци, кога сум видела кој е и што е? Има и такви што живееле заедно со години пред брак, па во брак се развеле итн. Од верски аспект, живеење заедно пред брак невечани е грев. Баш на оваа тема имав правено истражување на работа со верски лица, попот страшно се налути и со презир говореше на оваа тема, дека тоа е грев, ама дека христијаните верата не си ја ни познаваат. Ова не е за верски да проповедам, туку онака ми текна, а голем дел од народот веројатно на тоа не ни мисли. Сум била сведок на разговори, каде женско се жали оти мажот претходно бил во две вонбрачни заедници, и нејзе и пречи тоа што мажот пред да се венча со неа се „запознавал“ со дури две жени, живеел со нив, значи тие му ги знаат сите тајни, интимни проблеми итн.

    Еве еден бивши имаше долга врска со една Македонка од тука, не е баш заедничко живеење, ама одење на свадби, одмори, викенд кај неа, потоа викенд кај него, така 5 и пол години. И раскинале. После мене, отишол во Сараево, вонбрачно живеел со една босанска Србинка, оттука во Германија, пак таму вонбрачно живееење со друга Србинка од Србија, и сега во врска е со некоја Украинка, веројатно и живеат заедно. Многу „запознавање“ ова, дури буди нагон на повраќање.
     
    Последна измена: 16 мај 2026
    На eliesaab и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со тебе дека живеењето заедно не може да ти биде гаранција и со голем дел од ова што си го напишала..

    Ама јас како фанатик на Библијата морав да ти цитирам за ова.. Живеењето како живеење заедно може и не е баш грев, грев е имањето сексуални односи пред брак, се смета за блуд.. Од друга страна Библијата никаде не спомнува дека поп треба да те венча тогаш и тоа е нешто ново надвор од Библијата, според Библијата бракот е сојуз помеѓу Бог, Мажот и Жената ама треба да биде јавен а не тајна, за да склучип Библиски брак ветувате вие еден на друг пред Бог и на вашите семејства и блиски. Што би било погрешно во ова ако вака се венчавале многу луѓе во минатото? Немам документ ама Бог знае.. Црквата е институција и ако сакаш да припаѓаш на неа тогаш ги следиш и нејзините правила..
    Што се однесува до гревот, нема поделба на мал и голем има еден стих кај што кажува кој гревови не заслужуваат рај , а се наведени сите во едно, покрај блудот и лажење, крадење, неверство... И никој не е без грев.. Не постои ништо што може да ти избрише било каков грев еднаш во животот да излажеш заслужуваш пекол, единствен начин е Бог да ти прости, а тоа го направил преку жртвата на Исус..
    А за попот и тој е грешник ете направил грев што суди, да може да каже дека е грев, ама со осуда пак и тој прави грев..
    Исто бракот не е сигурна зона без гревови.. Грев е и развод, според Библијата единствена причина за развод е неверство..
    Од друга страна има и стих кај што вели "човекот ќе се одели од својата мајка и татко, ќе се залепи за својата жена и ќе станат едно" , без ова бракот не брак џабе брак на хартија кога не живееш како во брак, а многу живеат вака кај што побитни им се семејствата од кои доаѓаат отколку жената..
     
    На Buttermilk, Цунами, tsanemsit и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    63.046
    Пол:
    Женски
    По христијански закони треба и невин да влегуваш во брак, па ене без проблем венчаваат трудни невести, за тоа не им пречи очигледно. :?: Сега живеењето пред брак било грев.

    Да, апсолутно треба да се живее заедно пред брак. Така навистина запознаваш некого подобро, какви навики има и колку добро би функционирале. Едно е да се гледаш со некој и потоа да се враќаш во свој дом, но кога тој е цело време до тебе работите можат да се поинакви и предизвикувачки. Разводи има и со и без живеење пред брак, но мислам дека без некако повеќе е веројатно.
     
    На Gosh, Малечка Малинка, Waverly Raven и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.322
    Допаѓања:
    84.269
    Пол:
    Женски
    Ако од една страна е добро за да се запознае човекот, од друга страна - затоа бракот денеска е сведен на "потпис" само, а во суштина е многу повеќе од тоа. Денес, сè се искусува уште во врска, дури и живеењето заедно, па што ново останува за во бракот? Бракот не е само за да ви ги реши и осигура правните аспекти, туку е еден нов однос и развој на врската, а кога во врска ќе се проживее сè, бракот нема нешто многу да ви смени, па ништо чудно и да биде одлаган и дури непожелен.
     
    На ani23 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Машки
    Па затоа е и бракот правно да те штити.
    Што е разликата дали нештото ќе го доживееш во брак или без брак?
    Буквално е само потпис кој правно те штити..