Епа бракот не е и не треба да биде гледан само како потпис, тоа и го пишав. Тоа е проблем на денешницата, нешто не штима.
Во нашата средина тоа живеење заедно не секогаш е од љубов, привлечност и желба за запознавање, често тука се меша интерес, прелиберален начин на живот, бегање од токсична средина дома итн. А нашите искуства се наш идентитет на некој начин. Секој што влегува во нашиот живот остава некаква трага, дај боже да е тоа добро, да остави убави траг, но така не е во пракса. Еве една школска живееше со еден дечко неколку години, и на сите им переше мозок дека треба така да прават, за да се запознаат, дечкото се оддаде на пороци, дрога, па и се ожени со нејзината најдобра другарка. Лошо, многу лошо, лоша проценка или што и е да. Додека живееш заедно инвестираш време, внимание, дел од себе, па и пари во таа заедница, а ако сето тоа се сруши, си инвестирал во едно големо ништо. Да потрошиш неколку години со наркоман, не мислам дека е добра опција.
Како па да не разводи имало повеќе затоа што живееле заедно пред брак, па нормално ќе живеам он може на кафе на излагање да е супер а дома да не мрда со прст што треба да се мажам па на тепка да видам каков е да очекува јас се да правам низ дома а он со пивото у рака. Мало сутра затоа и среќа со бившиот по одмори го сфатив што патријахално ѓубре е па сеа нека си седи со мајка му нека му пере тоа смрдливите чорапи.
Мора да си глуп и наивен или па многу заљубен да не процениш човек.дали е за тебе или не е.Како што кажа „ Tanjamm.За црквата БРАКОТ е свето нешто и за вистинските верници,за другите црковен брак е церемонија. .Или да се направат едно 10 проби вакви ,па можда ке се погоди некој 11 ќе го венчам ?Одење на одмор заедно или со друштво е 7-10 дена,не мешајте ,ова вобрачното ми нема смисла и е друго имитација на БРАК,ама само имитација.На прва рандом карница ,ај чао,ама деца ако има тука не е баш така едноставно,и со брак и без брак.Па кога ќе слушам она - БРАКОТ Е САМО ЛИСТ ХАРТИЈА -НИШТО НЕ НИ ЗНАЧИ.Ајде бе,па можеш цел живот без тој лист да живееш заедно,што па воопшто ви треба?Тогаш нема потреба од листот ,потписот у матично де,живејте си како до сега Вонбрачно.
Глеам на вас големите верници во црква што сте се венчале на сите ви цвета бракот излеа разводите се на тие што не правеле во црква??
Реално ако е ,,пишано" да се пореметат работите и по 15 г брак некое рокче ќе порасне на еден од сопружниците. Имам примери кај шо се било ок до некоја точка и одеднаш партнерот станал насилен ,се пропил или прокоцкал. Па и тука низ теми сме сретнале изневерувања после 30г брак. Е сеа ,живеење заедно без брак да но до одредена точка,пример не знам да не е повеќе од да речеме 1г. Ајде и 1.5. Ама често ,мажите особено се навикнуваат на таа шема и остануваат на тоа. Иако и тоа живеење не е гарант,јас живеев 6м ,но после бракот посебно после првото дете многу се смени. А за црквата пишале погоре ,гревот се всушност односите пред брак а тоа веќе сите го правиме, без разлика живееле зедно или не со партнерот. Дека е само лист не би рекла исто и ако го немаш ама има тука дете ,пак не е баш едноставно се.
Ама како не било грев кога не се венчале во цркви? Кај во Библијата пишува дека така се венчава, па сите ритуали? Дали бракот те штити од грев ? Не. Можам и да ветам се пред поп и пак да не исполнам.. Или муслиманите се венчаат сосема поинаку што нивниот брак е лажен? А инаку да многу е лесно да изманипулираш некој во еден час да глумиш кога почнеш да живеете заедно не може да се глуми.
Во УСА пракса и проба е од други причини. На конкретнава тема ми се поделени мислењата и сум за во некои околности, иако не ми е предуслов изричито да морам да живеам со некој пред брак да стасам до таму. Убаво пишале погоре бракот не е само парче хартија со потпис туку има многу поголема духовна диимензија. Финтата е што сите ја немаат таа сила, цврстина да се носат со бракот и со се од тоа што тој наметнува. Да скратам сите не се мериџ матиријал и во ред е да не се впуштаат во нешто што не им е кап оф ти.
Христијанин сум и не ме навреди тоа што го кажа.. Без разлика што сум христијанин, читам библија, одам на литургии, постам, сепак сум обичен грешник и свесно прав работи надвор од она што ме учи Библијата, а сигурен сум дека и сите вие.. Дали е ова начин превоз на кој Христијаните си ја бранат верата? И јас и покрај се не верувам дека нешто менува дли ќе те венча поп, Бог може ќе ти помогне, ама толку фаворизирање попови и оџи.. Мислам дека скоро во една тема спомна дека е Албанка и ајде од тогаш мора сите во секоја тема да и се нафрлите, баш Христијански постапувате...
Кој ти гарантира дека ако живеете заедно, не те лаже или не те изневерува? Може да ги прави и двете. И во брак ги прават и двете работи и тоа со години, и измамените последни дознаваат. И демек ќе живеам со некој само да видам дали готви дома и дали чорапите ги фрла наоколу? Па има многу пострашни работи од едно неготвење и фрлање чорапи, како на пример пушење, пиење, коцкање, насилно однесување, мрзливост, нерационално трошење на пари, промискуитет, па и психички и физички болести. И колку тоа вонбрачни заедници се доволни? Оти во срединава има луѓе што се прават сингл, не се венчале никогаш, да, ама веќе биле во вонбрачни заедници, некои и по повеќе. На што личи тоа? Секоја година ли на различна адреса и со различен маж треба да живее една жена или пак маж? Ок, една вонбрачна заедница, па завршила со брак, во ред, ама повеќе од тоа, па прекинување на тие заедници, па муабети, па лоша енергија, па непријатност кога ќе го сретнеш во град, а те знаат како букварче, па багажот од тие заедници дали ќе им одговара на идните партнери, оооффф.
За кај нас за нешто си во право, за стигмата во помалите места и те како е така. Е тоа е лошото таму што секој за секого знае место да си mind their own business. За УСА ич не им е гајле за ова и да скокаат од вонбрачна во вонбрачна, пишав погоре од некои за нив разбирливи причини. Друго, има личности на кои им треба време да допроценат, не дека во врска не укапирале и донекаде процениле, но ете сакаат да проживеат малку заедно. Во заедништво се приметуваат и некои крупни нешта, а почесто ситници кои во дејтање не се толку очигледни, а ситни, ситни, мали нешта и те како можат да доведат до крупни- како прекин на врска, заедница, брак... Нема правила што е најисправно, што не, се е индивидиално и варира од врска во врска.
А што ти гарантира дека венчавка во црква или воопшто брак ќе те "спасат" од лаги и изневерување. Не постои нешто како гаранција, не е партнерската врска фрижидер, па да има две, пет години гаранција. Од живот со родители до живот со маж во брак, убаво е да се имаат етапи, затоа што не е исто да живееш со родители, цимери или партнер/ка. Едноставно не е исто. Ама дека за нешто има правило, гаранција, нема. Ништо не се мора, секој ќе си прави како што сака, а времето ќе покаже дали одлуката била исправна или не.
Немам појма кој е што,за верата моја ако некој ја напага ќе ја бранам.За попови никој не спомна тука туку за црковен брак и регистрација матично.Ако си толку против попови и црква можеш и дома да се молиш и читаш библија.Сите луге се грешни ,ама постои исповед и молитва.Друго не мора да те венча поп во црква ако не ти е важно тоа,зошто да правиш церемонија која не ти значи,делот што не го разбирам,исто не мора ни регистрација да се прави ,живејте си така цел живот.
Со други зборови, од твоја гледна точка (христијанската), бракот е тука да им го земе правото на избор на двете особи, да си проштеваат се и сешто, затоа што „бракот не е бајка“ и засекогаш да се заедно без разлика на се. Што може некому му звучи романтично, ама тоа обично завршува со жената да рмба по дома затоа што не знаела какви домашни навики има маж и' и ред други полоши работи. Баш е глупо намерно да не испробуваме се пред бракот, само за да му дадеме некое поголемо значење од тоа што го има. Нашите родители и баби и дедовци стапувале во такви бракови скоро на слепо, и потоа се прифаќале еден со друг затоа што развод не е опција, и никој од нив не е ниту среќен ниту компатабилен. Фала богу што живееме во модернизирано време кај што е нормално да ги проаѓаш сите овие работи пред брак и да си ја избереш личноста што ти највише одговара, а не да гледаме на брак како видео игра level hard, ко преживи причаќе.
Да, и треба да има закон ,,задолжително живеење пред брак". Порано оваквиот начин на живот се сметал за срамен, да живееш со дечко невенчано, пфффф. А кога ова било срамно, замислете па што значел развод тогаш, затоа и помалку разводи имало.
Зошто да има таков закон? Лично јас за себе сум против живеење заедно без да се има тој документ. Другите нека прават што сакаат.
Јас верувам дека човек никогаш не може докрај да се спознае (ма без разлика во какво најдобро/најлошо светло е спознаен во одреден дел). А сите си се мострички (секој си знае за себе најдобро тогаш кога си е сам) на свој начин. Секој секогаш знае за тој до него што е погодно, никој не си го гледа својот двор. И така.
Колку само нелогични глупости се изнатрескаа на темава. Просто, човек да не може да поверува дека се уште постојат луѓе што живеат во некоја христијанска бајка... Ама изгледа затоа има толку разводи, оти многумина веруваат во вакви бајки и после таванот им паѓа врз главата кога ќе почнат да живеат заедно. За жал, односно среќа, во реалноста не постојат бајки.
Прочитај коментари по темиве, за многумина и денес е тежок срам да живееш со некого невенчан/а, пошто најбитно е што ќе кажат другите. Порано биле ихахахааа каде каде open-minded, денес во животот само срамот ги движи луѓето. Битно пред комшии и фамилија све да е супер.