Јас не живеам за другите и не ми е гајле кој што ќе каже. Ама нема да живеам со некој ако не сум во граѓански и верски брак затоа што според мене тоа е правилно.
Сѐ е легитимно, ама не знам зашто се препознавате. Јас на пример не се препознавам во коментарите дека оние кои живеат вонбрачно се глупи. Според тебе тоа е правилно, според други не е правилно, според трети вака, според четврти онака. Ама ајде млади сте, верувате во тоа дека све е исклесано во камен
Овој мојов закон ,,задолжително живеење пред брак" е ригорозен и контоверзен, не го мислам за озбилно, скроз сум за слободна волја, беше повеќе пишан за да испровоцира неистомисленици, особено ради некои бумерски тези кои ги прочитав погоре и со кои не се согласувам.
A дали, според тебе, е правилно сопружниците да се разведат откако ќе стапат во брак и живеат заедно, доколку сфатат дека не си одговараат?
За другите не ме интересира. Лично јас не сум за развод. Не го разбирам тоа некого да го одберам и свесно да влезам во брак и после не си одговараме. Тука е исклучок само насилство.
Зошто упорно и упорно сама си донесуваш заклучоци за нешто што не сум го напишала и упорно ме цитираш? На претходното мислење каде што напишав цитирај ме таму кај што сум го напишала тоа мислење и го игнорираш тоа затоа што не можеш да најдеш такво мислење сега истото пак го пишувам, цитирај каде напишав дека е ок ако ме изневери. Тоа што го пишувам тоа го мислам, не читајте меѓу редови.
Па си пишала исклучок е само насилство ??? Што треба да значи тоа ? Не си пишала дека и неверство е исклучок?
Тоа значи како што напишав дека е исклучок само насилство на прашањето дали сум за развод или не. За неверство не дискутирам затоа што немам енергија стварно да објаснувам на некој кој е против Христијанството и некој кој ми се обраќа со" ти добра ли си со паметот". И тоа е тоа. Мислам дека нема потреба повеќе да се цитираме и тука завршува дискусијата.
Ние живеевме неколку години заедно пред брак и тоа беше најдобрата одлука што ја донесовме и двајцата. Нормално имаше коментари од типот ''па како така, не сте во брак, глупости“, ама добро кучињата си лаат, караванот си врви Познавам луѓе кои имале супер врски, но кога почнале да живеат заедно биле во фазон “се осеќам како со сосем друг, поразличен човек да живеам“. Така што, според мене тоа е сосем океј, да живеете заедно некое време пред бракот.
Е ова ! Затоа и сум ЗА живеење заедно пред брак. Не е исто да си одите на кафиња, на гости и да живееш со некој да делиш цел ден и простор заеднички. А роднини и околина се уште осудуваат вакво нешто ! Конкретно мојата свекрва немаше ништо против да живеам овде немажена, сама инсистираше еден период. Потоа кога живеевме веќе заедно, ниту еднаш не спомна дај верете се или венчавајте се побрзо "дека не личи работата". А од моја страна стринки, тетки, баби постојано тоа коментираа. Ама иронијата е јака сега, золвата одеше на преспивање само кај дечкото, свекрвата и кенкала, не личело.
Абе најдобри другарки што мислев дека ги познавам најдобро, кога почнавме да живееме заедно додека студиравме, сфатив дека не е тоа тоа. Дури од некои однесувања и постапки бев во шок, искрено. Се согласувам потполно - едно е по кафиња, одмори да идете заедно, а сосем друго е да живеете под ист покрив.
Исто ќе речев. Јас дружев со истите девојки и во средно, бевме ептен блиски. Ама кога станавме цимерки додека студиравме, кога делиш простор и парче леб со некој. Е тогаш можеш да го видиш тој некој во секакво издание. И тогаш сфатив со кого се дружам. За веќе следната година да се разделиме.
Додека не живееш со некој нема да знаеш каков е според мене , тие што се плашат да живеат со партнерот пред брак се тежок комплекс и се плашат што ќе речат комшиите . Ние со мм живеевме година ипол заедно пред да се венчаме. Дури баба ми беше како подобро е да живеете да видите како ќе биде и некако ми е просто неверојстмо толку затуцани мислења да има од жени што не се стари…
А јас се прашувам вака... 10 години бевме во врска. На 23 се омажив еве да не се омажев од 23 да живеевме само до кај 24 25 дали ако нешто не ми беше како што сакам (како што е нормално да имаш проблеми во "брачниот живот") Дали ке се разделевме Не венчани можевме секој по дома да си отидеме да се скараме квалитетно или пак да се смириме и да се вратиме да живееме Не знам, не живеевме заедно и имавме многу недоразбирања после венчавката но се мислам дека затоа што немам обврски спрема ништо сигурно од горделивост можеби и ке се разделевме А 10 години сме можеле да сме во врска како деца од 16 год Колку е сувишно да се разделевме само затоа што еве нешто не се разбираме кога сме во ист дом Ова е само мое мислење за НАС Се се учи се прифаќа се надоградува се попушта се прави компромис и еве после 2 години ние сме добро И ке се испокараме до момент да сакам да избегам од дома и да не го гледам дур не се смирам Ама не, мораш вечер со него во кревет Да не бевме во брак може кај мама ке преспиев Решив дека не може, ке се реши тоа вечерва или утре или задутре Можеби јас само функционирам подобро под мои закони, како тоа дека ако си почнала веке нема назад (не зборам за страшни работи) Ако имам простор за избор сигурно би го искористила тој простор за бегство Но не можеш да бегаш од тоа што ти се случува и тоа што си го познавала 10 години предходни 10 години Еве џп како толкува Спојлер За тие што не ме разбираат и ке ме осудуваат Малце подобро за тоа што сакам јас да кажам на темава Те разбирам што се обидуваш да си објасниш. И мислам дека во ова што го пишуваш има една многу важна разлика: не се прашуваш дали бракот ве спасил, туку дали самата можност да си заминеш би ви дала полесен начин да се откажете еден од друг. И да — сосема е можно. Но исто толку е можно и спротивното. Пред бракот, ако сте се скарале и не живеете заедно, најлесниот начин е: „Доста ми е, ќе си одам дома.“ И физички навистина си отишла. Следниот ден можеби ти недостига, се слушате, се смирувате и се враќаш. Тоа создава простор во кој конфликтот може да заврши со оддалечување, наместо со решавање. А кога живеете заедно, нема толку лесен „излез“. Се скарате → тој е во дневна → ти си во спална → треба да јадете → треба да легнете → утредента пак се гледате. И тоа може да биде ужасно тешко во моментот. Особено кога си во она: „Само сакам да не го гледам.“ Но истовремено, токму тоа ве тера да научите работи што како пар од 16–23 години можеби никогаш немаше да ги научите. Да научиш: дека не мора секоја караница да значи крај; дека можеш да бидеш лута и сепак да останеш; дека не мораш секогаш да бидеш во право; дека и другиот има свои навики и граници; дека некои работи се неприфатливи, а други само различни; дека компромисот не значи дека си изгубила; дека понекогаш треба да преспиеш, да се оладиш и дури потоа да разговараш. И мислам дека баш ова го кажуваш со „се учи, се прифаќа, се надоградува, се попушта“. Само би ти исправила една работа во размислувањето: Не е бракот тој што ве спречува да се разделите. Вие сте тие што, после караницата, повторно сте избрале да останете. Тоа што си велиш: „Да не бевме во брак, ќе отидев кај мама.“ можеби не значи „бракот ме зароби“. Може да значи: „Знам дека кога ми е најтешко, мојот прв инстинкт е да побегнам од ситуацијата. А бракот ме натера да научам да не го следам секој мој прв инстинкт.“ И тоа е голема работа. Но има и една важна граница: не треба да остануваш само затоа што си венчана. Ако некогаш има сериозно насилство, злоупотреба, страв или нешто што те повредува на опасен начин, „нема назад“ не е правило што треба да те зароби. За обичните брачни несогласувања, пак, мислам дека твојата мисла е многу човечка: Можеби да не сте се венчале на 23, туку само сте продолжиле да живеете како „дечко и девојка“, многу полесно ќе сте можеле да се откажете еден од друг во момент кога сте биле најлутите. А можеби токму затоа што сте биле принудени да останете во истиот простор, после две години сте стигнале до: „Добро. Не се согласуваме за ова. Ајде да видиме како ќе живееме со тоа.“ И тоа што денес можеш да кажеш „ќе се испокараме до момент да сакам да избегам, ама знам дека ова не мора да биде крај“ е многу различно од тоа што би го мислела на 18 или 20 години. Не мора секоја силна емоција да биде одлука. Понекогаш е само: „Моментално сум премногу лута за да бидам со тебе.“ А не: „Не сакам повеќе да бидам со тебе.“ И можеби токму тоа е една од работите што сте ги научиле за овие две години заеднички живот.
Мојата најдобра избрзана одлука во животот.. Нема ништо поубаво да живееш со саканата личност. Колку уствари само малку го познаваш партнерот пред заедничко живеење...
Во денешно време мислам дека горе-долу ова стана се поприфатено, ама дека има поединци од помладите што ова не го прифаќаат - има, само во моја околина не. Претежно се поконзервативни луѓе би рекла. И дај не барајте совети за посериозни теми со ВИ, мислам ... Па кога ќе видам и на други се даваат вакви совети по темите, подобро да не се ни пишува. Без разлика дали со некого си венчан или не додека живеете заедно, ако при кавга, недоразбирања или различни ставови првата помисла ви е да си се вратите дома - за доброто на сите разделете се, оти ако првата асоцијација за дома ти е да се тргнеш од партнерот и да се вратиш кај родителите, за тоа време додека сте биле заедно вие не сте ни створиле ваше дома. Тука нема ни зрелост ни подготвеност да се бориш за партнер и за она што е заедничко.