Јас ова не го разбирам. Ако имам потреба да се вратам дома при конфликт - како е функционално? Ако после венчавка јас не можам да се вратам дома при конфликт - како ќе знам дека тој брак е издржлив за мене? Сакам да кажам, парче хартија не менва. Само раскинот е поскап ако прво иди брак пред живеење заедно. Вие функционирате добро, и да живеевте заедно пак ќе ви беше исто по некое мое мислење. Кај дисфункционален пар живеење заедно пред брак очи отвора. Можи кажваш нешто поќе во следното мислење ама одбивам да читам AI slop. За мене, живеење пред брак заедно е неопходно. Да видиш какви рутини има другиот, дали после подолго време заедно иди до чести конфликти, дали решението е бегање на секој по дома итн. И последново ми е јасен знак за раскин пример. Дејтам зошто гледам иднина со некој, ако не можам да живеам со него без паузи е џабе. Парче хартија нема да смени како се осеќам и колку комотно ми е со партнерот. Врска и брак се засноваат на љубов, почит и компромис, ама не и преминвање на граници. Не се менва шо јас толерирам во брак и врска. Зато ми се чини и многу луѓе мислат дека партнерот им се менва во брак, прагот на толеранција и компромис останва ист. Зошто различни работи очекуваат од брак, различно се прикажуваат во врска, не живеат заедно за да тестираат тие граници и се тоа дирекно влијае на то да перцепираме дека сега особата пред нас се сменала.
За мене живеењето пред брак е скроз бесмислено. Ако веќе сме стигнале до тоа да делиме сметки, обврски и да функционираме како брачен пар тогаш не гледам што тестираме?
Одлука е де. Ама по секоја цена не можи некогаш да останиме покрај некој. Заедничко живеење спасило многу луѓе кои би биле заглавени во лош брак или би се разведиле при прва прилика. Знам неколку. За такви ситуации и врски е. Другите гледаат дека се е океј и се посветват уште поќе еден на друг. Јас и лично за себе го сакам ова, колку и да ми е совршен партнерот во мои очи и колку убо и да врвиме за викенди, одмори, седенки и колку и да имаме разбирање и да дискутираме за се - не е исто со делење сметки и одговорности шо ги носи заеднички живот, па и стресот од заедничкиот живот. И од ко ќе видиме дека односот не се менува - брак е следниот логичен чекор. Не велам дека не се годи кај некои парови и без живеење претходно заедно, знам и такви. Едноставно велам дека многу би се спасиле, шо ќе сфатат дека не се еден за друг со заедничко живеење.
Разбирам што сакаш да кажеш, ама тука баш не се согласуваме во основата. Јас не го гледам бракот како нешто во кое ќе заглавам ако после сфатам дека односот е лош, ниту заедничкото живеење како некаква гаранција дека тоа ќе го откријам навреме. Луѓе живеат заедно со години, па по бракот пак се разведуваат. А сметки, обврски, стрес, навики и несогласувања не почнуваат магично дури кога ќе почнете заедно да живеете. Мене не ми е логично ајде прво да живееме како брачен пар, за да провериме дали сме за брак. Ако веќе не сум доволно сигурна во него за да се омажам со него, не би била доволно сигурна ни да почнувам живеење заедно. А ако сум сигурна за сето тоа, тогаш не гледам што дополнително треба да тестирам.
Добро сеа има луѓе што размислуваат дека ако стапат во брак нема назад тоа е тоа си одбрал ќе си трпиш зошто е срамота да се разведеш
Во РСМ брачните и вонбрачните заедници се ЕДНАКВИ пред закон. Бракот може да ви има само емотивна смисла, на државата не и' е гајле дали ќе се потпишете или нема. Јас лично не сакам ни еднаш да се омажам, освен ако морам од правни причини (еден од нас е странец, на пример). Секако дека би живеела со партнер пак, едно со друго ми нема допирна точка. Ако решам да ставам крај ќе ставам крај, нема хартија што ќе ме спречи - и се надевам дека ако тој сака да ме остави ќе ме остави, независно од хартија. Прекраток е животот за да бидеме со луѓе со кои не сакаме да бидеме.
Не е исто да одиш на одмор и да искачаш неколку пати во недела со партенерот. Каков е тој човек зад затворени врати скроз е друго.
Кој може да живее пред брак ич да не се мисли. Не е залудно потрошено време, ниту пари, туку златна карта дали има шанси да успее бракот или не. Точно е дека човек никогаш не знае што и како ќе биде. Другарка моја одеше со дечкото некои 8 години. Во тие 8 год дали два пати имаше отидено кај него. Едноставно ништо не знаеше за нив ниту тој и кажуваше, додека тој често одеше кај неа. Кога се земаа(на сила беше и тоа, таа се лутеше зошто не се земат) кога отиде кај него да живее невиден шок. Прво семејството кога го запозна негово и дојде толку многу наеднаш, се најлошо значи од пиење до тепачки, кавги.. Затоа сум ако сметаш дека ти е сериозна врската сакам се да знам за него колку можам. И карактер и неговото семејство, а не еден ден да си акам главата со дете плус, со него и неговата фамилија.
Зошто другарка ти била толку години во врска со некој и тоа не одела кај него? Нема логика. Нормално дека после ќе е неуспешен брак ама не поради тоа што не живееле пред брак заедно туку баш поради тоа долга врска и на сила земање.
Затоа што тој не ја канеше. Тие 2,3 пати кога одела било после излегување во 2 ноќта. Секој би се посомневал ама ете таа се залажувала.
Ама самиот став „Да живееме заедно, да видам каков е?“, зарем ова не укажува на несигурност дека е направена добра проценка? Кај нас народот се самопонижува, посебно женските, седат во токсични врски пола младост, значи трпат токсичност и тоа ескалира потоа поради тој низок критериум, искривена реалност, не поради тоа што не живеела во семејство каде има пиење и тепачки. И како една пијаница ќе се крие цели 8 години, дури и ако не живееш со него? Тие што се пијаници, лиги им течат штом ќе видат алкохол, контрола немаат, а и најчесто се од традиционално алкохоличарски семејства. Државава е толку мала, значи премала, лесно се дознаваат работи, а 8 години посебно па ако сте од ист град, па и да не сте, се дознава и открива се.
Ништо не е гаранција дека бракот ќе успее и колку долго ќе трае, ниту живеење заедно пред брак. Сосема ги почитувам овие одлуки, но не ги оправдувам. Јас лично не би.
Па нормално не знаеш навистина некој додека не живееш со него и жално е што некои млади имаат такви мислења застарени дека е срамота да живееш пред брак и ми е многу чудно тоа замисли во 2026 да мислиш дека е срамота да живееш со дечкото ако не си во брак
Ама тој може како сака да се однесува. Не го оправдувам, меѓутоа јас нема да дозволам некој друг да ми го управува животот и после да се тешам ете сум се залажувала.
Ништо не е гаранција во животот, ама барем мала проценка можеш за направиш за некого кога живееш со него, би му го знаел секојдневието, навиките, како функционира, колку е уреден, колку ги извршува домашните обврски, итн... Колку и да глуми некој, не може повеќе од неколку месеци да глуми. Задолжително треба да е да живееш со некого пред да стапиш во брак, па и не ни мора во брак да си, заедничко живеење и сосема доволно е.
Зарем навиките не можат да се променат? Се согласувам со делот дека го запознаваш некој нијанса подобро доколку живееш заедно, но пак ќе кажам гаранција дека нешто ќе успее нема. Не е застарено мислење, ниту е срамота да размислува така. Едноставно принципи се во прашање. И различни погледи на работите.