Некои навики човек не може да ги смени на 30+ години, колку и да пробуваме нема да го смениме, затоа е пожелно да си живеете заедно со партнерот, ако не ви одговара секој по својот пат, кога си во брак со деца, многу потешко и покомплицирано е за да го изведеш тоа. Гаранција немаме никогаш за ништо, ама пак ќе кажам, многу е полесно да си заминеш од заедница каде што нема деца и склучен брак, ако не ти одговара.
Работите треба да се нарекуваат такви какви што се а не како ни одговара. Да се поставуваат вистинските прашања и да се слуша. Да се гледа однесувањето а не да се замислува нешто што не постои. Толку. Заљубеноста кратко трае а и возрасни луѓе смешно е да се вадиме на заљубеност.
Нема правило, а ова ти го зборувам од лично искуство. И врската беше долга, и живеевме заедно и пред да живееме заедно официјално, па на крај се разделивме и за двајцата беше тоа исправна одлука (за мене сигурно). Зборувам за 15 годишна врска скоро, со години заедничко живеење. Разликата да бевме во брак ќе беше само поголема компликација при разделбата. Инаку, дур не чувате валкани чорапи во иста корпа (фигуративно), не знаеш дали е тој за тебе (и ти за него). Ниедно заедничко живеење пред вистинското заедничко живеење (претходно кај мои или негови бевме секој ден, без исклучок) не може да ти покаже одредени работи кои ги воочуваш само кога живееш со некој. Не знам зошто е ова толку табу, барем во приватниов живот познавам многу парови кои и пред брак живееа заедно и такви што живееа заедно и се разделија, и такви што живееа заедно се венчаа па се разведоа. И секако, и такви кои освен на одмор немаа заедно живеено, па се разделија (и разведоа). Нема гаранција никогаш и не ни треба да има, не треба да сме со луѓе со кои не сакаме да бидеме, ниту гледам смисла некој да останува со нас иако не нè сака повеќе.
Точно дека треба да се гледа односот, но млада девојка нема да знае што прашања да постави. Јас го имам правено овој муабет со сите мои бивши дека нема да живеам во заедница со родители и сите главите ги климаа, па ете неколку си ги земаа дома. Сите сме имале идеја каков е нашиот партнер според манири и однос, но реалноста е дека и они се луѓе со емоции, па на крај испаѓа ние се лажеме самите.
Па децата денес ни родителот не го слушаат, ама важно им било што ќе кажат други. Напротив, мене ми се чини дека добар дел живеат со партнер, партнерка, само за пред другите да се прикажат дека не се сингл. Еве што мислите за лице кое има зад себе пример 3, 4, 5 вонбрачни заедници? Дали би биле со такво лице вие, другите секако ќе ве коментираат и тоа е најмалку битно, туку дали вие ќе бидете со некој што живеел со 3, 4, 5 жени пред вас?
Многу некои потценувате какви можат да се луѓето кога се во свој простор. Можат да се најдобри на свет и совршени додека се враќате во детските соби на крајот од денот, но друга да е приказната кога ќе му ги видиш навиките. Нема никаква причина да не поживееш со партнер пред да се земите, буквално така ќе го запознаеш најдобро. Живеам сама веќе 4+ години, па нема шанси да трпам некој што си фрла на под неиспрани гаќи и чорапи, на пример. Но потешко е некако кога тоа ќе го сфатиш после потписот во матично.
Немав никаква намера дополнително да продолжам со анализирање и да влегувам во бескорисни полемики, но со оглед на тоа што упорно инсистираш, ајде нека ти биде. Прво, погрешно е и крајно површно да се свртува дискусијата кон некаква застареност или срамота. Тоа се евтини етикети за кога одбиваме да ја видиме длабочината на личниот избор. Не станува збор за страв од дознавање нечии домашни навики или за пробен период (како што го нарекувате) на нечиј карактер, туку за сопствена вредносна рамка и личен морален интегритет. За мене, заедничкото живеење не е обичен експеримент за да видам дали некој знае да собере чинии по дома, карактерот, самодисциплината, зрелоста и културата на еден човек се гледаат во секојдневната комуникација, постапките и односот кон другите, без за тоа да биде потребна симулација на соживот. (И овде пак ќе кажам, со заедничкото живеење го запознаваш некого нијанса подобро). Второ, сè зависи од тоа какво суштинско значење му придава човекк на бракот. За оние што бракот е само формален чин, правна администрација или парче хартија, сосема е логично и природно да му пристапуваат преку претходни тестови и пробни фази. Зза мене бракот претставува света заедница, духовна, морална, емоционална сплотеност која бара целосна посветеност, свесно преземање одговорност и зрелост, а не фазно тестирање со одрезервиран излез доколку ситниците не се совпаднат. Не станува збор за застарени сфаќања, ами за судир на фундаментално различни животни концепции. Секој има право да го избира сопствениот пат, но барем обидете се да ја разберете разликата помеѓу длабок личен принцип и чист прагматизам пред неосновано да судите.
Значи ти ако имаш дечко одиш кај него или во кола ќе се изебете и после секој по дома ?Такви ви се принципите или како? Не разбирам баш ме интересира.
Добро прашав затоа што ме интересира , значи ќе си се видиш со дечкото ќе се изебеш ќе прошетате и после секој по свој пат ?
Не гледам проблем во тоа што некој имал живот пред мене. Не ми е партнерот имот со фабричка гаранција да мора да биде неискористен. Мене многу повеќе би ме интересирало како се однесува кон мене и зошто тие односи завршиле, отколку што ќе кажат другите. А искрено, ако главниот аргумент е “што ќе кажат другите“, тогаш повеќе би се загрижила за тоа отколку за неговото минато. Не гледам никаков проблем во живеењето во вонбрачна заедница. Ако двајца возрасни луѓе имаат можност да живеат сами, зошто да не? Не го гледам тоа како ‘проба’ пред брак, туку како природно консумирање на врската и заедничкиот живот, онака како што доликува на двајца возрасни партнери. Мислам дека понекогаш зад инсистирањето на бракот како услов за заеднички живот стои страв од напуштање, од самостојност или од тоа што би можеле да откриеме за партнерот кога ќе почнеме навистина да го делиме секојдневието. Бракот не треба да биде гаранција дека некој нема да си замине, ниту формален договор кој ќе ја замени сигурноста во самата врска. За мене, вистинската сигурност доаѓа од тоа што двајца луѓе свесно избираат еден со друг да го делат животот, а не од фактот што се потпишале на хартија. И ако веќе постои можност за свој дом и приватност, искрено не би сакала интимниот живот да ми се сведува на тоа да внимавам дали неговите родители спијат во соседната соба додека изведуваме сексуален акт во детската соба. Тоа едноставно не е начинот на кој јас го замислувам партнерскиот живот.
Они се најсигурни и у себе и у партнерот. Совршените најсовршено бираат Смешно е коа истиве членки зборат за одлуки, проценки, зрелост итн. Вака испаѓа дека не дај Боже нешо да тргне на лошо, ќе си трпат и ќутат, и јадат себе си за таа лоша проценка, оти ништо не е сигурно у животот А би трпела мачен живот само зашто бракот бил свето нешто? Баш ме интересира што мислиш. Инаку, како што не треба да се критикувате ако неќете да живеете пред брак, така не треба да се демонизира 'пробниот' брак. Пробен брак бе Баба ми, 40 то годиште вака го нарекуваше
Пробен период, па не е, па фазно тестирање, па не е... И воопшто не е нијанса разлика. Апсолутно не можеш да дознаеш какви домашни навики има човек ако не си со него меѓу 4 ѕида и во период кога сѐ е нормално, и кога имате куп сериозни финансиски и проблеми, па треба заедно да планирате и да се справувате со ова, кога треба да се поделите околу грижата за домот подеднакво, кога едниот е во лоша состојба, па другиот треба да преземе итн итн. Ништо од ова не може да се види преку излегувања на кафе, одење на кафе по дома едниот кај другиот, или пак одмор. Баш одмор е најголема заблуда, со оглед на тоа што е буквално одмор од сѐ во секојдневието и единствен проблем ви е дента која плажа да ја посетите и во кој ресторан да јадете морско. Друго, сум забележала дека и (во одредени случаи екстремни) религиозни гледишта имаат влијание врз тоа како одредени луѓе оформуваат став на темава, така што и ова игра голема улога тука.
Како сакате гледајте си го бракот пред Господ. Не е секој за венчање, не е ни секој да стане родител. Пожелно е да знаете со каков човек ќе се венчате, не е довилно само добри зборови од комшиите и роднините да слушате, затоа вонбрачно живеење постои. Не е грев ни ако се разведете, поголем грев е децата да трпат нестабилен домашен живот. За жал, многу наши баби имаат страдано и жени сега се лажат дека нешто ќе се смени, а седат и трпат зошто се плашат.
Точно! Секој има право да ги гледа и толкува работите како сака. Меѓутоа, како што јас ги почитувам одлуките за живеење пред брак, многу нормално е да очекувам така и другите да ги почитуваат моите одлуки. Никако! Не мешај работи, и не ми ставај зборови во уста што не сум ги кажала. Подобро среќен развод отколку дисфункционални брак. И од двете има последици, но од ова второто се поголеми, а децата го влечат најдебелиот крај.
Па никој не рече дека си не го одговараш го извртуваш прашањето затоа што ти направив шах мат.Ако имате секс пред брак небитно каде ,зошто тоа ти е океј а не ти е океј да живееш со него пред брак? Логиката позади тоа ме интересира?