Ако јас сакам да живеам со некого, ако тоа е тоа, ќе се венчам. Aко сум сигурна, нема што да го тестирам. И од мое искуство, ама брзо, брзо се гледа дали некој е шкрт, а ако е шкрт како ќе чувам деца со него, ако е алкохоличар, невработник и тоа исто се гледа, ако е користољубив и тоа се гледа, ако е промискуитет исто се гледа. Ако сака да понижува, навредува, пцуе, исто се гледа. Ми се случило втор пат излегувам со некој, почнува со гаслајтинг, замена на тези, емотивни манипулации. Чао уште истата вечер, го сретнав после две години во автобус случајно, се срамеше да ме поздрави. Абе што имам да тестирам?
Друго е кога излагаш со дечко ти или кога идеш кај него да се ебете а друго е да живеете заедно баш да ги запознаеш сите негови карактеристики, не можеш да запознаеш човек подобро освен ако не живееш со него и тоа е факт и не е тестирање туку само подобро да го запознаеш.
Eпа во шок беше од директ клоцата, на второ излегување го откачив, штом видов дека прави гајлантинг финти, а познаници бевме долго, ама онака од видување го знам, ме уби од молење да излеземе, реков ајде, да видиме што човек е, и после две години срам му беше при случајна средба во очи да ме погледне, се збуни, незгодно му падна, не знаеше кај да гледа. @Medea абе среди речникот, што е тоа „да се ебете“, аман. Не личи на женско да користи речник на закоравен селски маж што само збори „да се ебете“. Не сме животни, ок е, никој нема да си оди од светот без да има секс, аман.
Не знаеш што да кажеш па селски речник ми се фати? Така се изразував за да ти доловам дека нема смисла тоа да осудуваш ако некоја живеела со некој пред брак и дека доколку некоја се одлучила да не живее пред брак дека не значи дека тоа ја прави подобра во никој случај.
Мое мислење е дека не можеш вистински да познаваш некој освен ако не си 24 часа со него дома, гледаш како се однесува цело време, а не во тие одбрани саат-два кога сте на дејт.Според мене, живеење заедно 1-2 години минимум пред брак не да е препорачано, туку треба да биде и задолжително
Лично сметам дека живеењето заедно пред брак, е најдобрата работа која може да ја направите за вас и за вашиот партнер, пред да се решите на следниот чекор. Не гледам ништо лошо, баш напротив, сметам дека е единствена прилика многу подлабоко да го запознаете човекот кој го избирате. Не сте ни свесни колку работи баш тогаш излегуваат на површина, и не, не е ни приближно исто со повремено одење кај едниот или другиот, или пак летен одмор. Многу е важно како ќе функционирате при заедничко живеење, кој какви обврски ќе превземе, финансиски како ќе се поделите, како ќе се носите со стресови или проблеми од работно место, итн, итн... Бидејќи заедничкото живеење не е гледање само кога сакаш и си во добро расположение, туку поминување време заедно во секој момент и во убавите и во не така убавите моменти. А верувајте сакате да знаете како некој се носи со притисоците и стресот во секојдневие.
Многу си закоравена со размислувањава. Ебење не е табу збор. Веќе кога збориш за елоквентни зборови, за секс можеше да кажеш извршување на брачни должности. Делува господски, поштено, невино. Од ова срамота било женско така да зборува, темите за секс се преполни со мислења дека еден пар има секс само кога маж сака. Зашто нели, ние сме жени и треба суптилно да дадеме знак дека ни се ебе. Не смееме да кажеме на глас.
А што со однесувањето кога си во врска и имате проблеми на работа? Глумите дека немате? Глумите дека сте расположени? Не сте нервозни? Не разговарате тој ден? Не разбирам стварно.
И те како може да се увиди дури и во врска. Ако се сака нормално. Ако не, розеви очила. Не е табу, само ми нема логика.
Секој различно се носи со стрес и проблеми, некој не сака воопшто да споделува и да разговара на таа тема. Но кога живеете заедно нема бегање од ниту еден проблем, и да не сака да разговара, се осеќа по енергијата дека нешто не е во ред. И многу важно е да познаваш некој во секој момент, во секоја смисла на зборот. Утре ќе створиш и семејство со тој човек. Воопшто не е исто, само не знам зошто не верувате кога немате искуство. Јас бев во врска 10+ години пред да стапам во брак, и многу работи научив од заедничкото живеење иако може да се каже дека целосно го познавав нели?
Што значи тоа немаме искуство? Никогаш не би прифатила да живеам со некој ако не сум во брак. Ниту пак би била во долга врска затоа што нема смисла. Каква е таа врска ако не споделуваме што ни се случува во животот?
Јас бев во врска 9 години пред да почнеме да живееме заедно. Заедничкото живеење откри многу многу нови работи кои не може да се откријат ако си само во врска без да си заедно цело време. Ич не е исто врска каде што секој си оди дома да си јаде дома, да си се пегла дома, да си спие и крчи дома, да си збори со другари/другарки по телефон дома итн, итн. Друго е да си на одмор заедно кога е се релаксирано, а друго е да си заедно и кога си нервозен и кога си напнат и слично. Не е да споделувам што ми се случува, туку да видам во живо како некој спие, оди во тоалет, си го реди плакарот, си готви и слично.
Очигледно немаш искуство со живеење со некого за да разбереш за што зборувам. Зошто не би прифатила? Мислиш дека е подобро прво да стапиш во брак а потоа да откриеш работи за партнерот кои можеби нема да ти се допаѓаат, а си имала прилика и претходно да ги дознаеш? Нема смисла да бидеш во долга врска? како тоа?
Во врска можеш се да откриеш освен ако не сакаш да гледаш некои работи. Која е поентата со некого да сум во врска со години? Зошто да си го трошам времето?
Има и такви што не би живееле заедно пред брак баш ради ова. Многу жени го гледаат како "обврска" да му дадат кога он ќе бара и подобро им е да си чекаат. И да живеете со партнерот може да се чека и тој ако ве сака, ќе ви ја почитува одлуката.
Не, не можеш. Мислам можеш да се лажеш себеси нема проблем, ти кажува некој кој една деценија бил во врска пред брак и патем на периоди и живеел со партнерот по месец/два па пак е многу поинаку. Како која е поентата да си со некој со години? Трошење на време ти е да имаш стабилна врска која трае долго?
При заедничкиот живот можеш и тоа како да дознаеш многу работи за него. Во најмала рака ќе видиш дали превзема домашни обврски или ќе чека се на готово, дали е уреден и какви му се хигиенските навики... Плус кога си цело време заедно ќе доаѓаат и не баш пријатни ситуации па ќе имаш прилика да дознаеш како реагира во такви моменти. Не е исто само да излезеш со некого на два саати и да живееш со истиот тој човек. Колку и да се обидува некој да глуми ако си цело време заедно ќе си го покаже вистинското лице.