Еми така де, срамота е да живееш со дечко ти пред брак, али да се ебавате пред брак и тоа по коли, паркинзи и прчварници за 20 евра вечер не е...
Кој сака нека си живее со дечко, кој сака нека си седи сам додека не´ се oмажи. Мене искрено ми е најубаво со партнер да живееш пред брак. Тогаш излегуваат на виделина сите добри и лоши навики од партнерот и од тебе. Па еден со друг си помагаме да се подобриме, да ги откриеме различностите и да ги прифатиме како дел од нас. Јас лично сакам да сум сигурна 100% кога влегувам во брак со партнерот каков човек е и со какви навики е, тоа е многу битно за понатамошен мир во заедницата.
Луѓето на месечината се качија ние овде што дискутираме. Нема подобро нешто од живеење заедно пред брак, затоа што тогаш вистински го запознаваш човека со сите маани, доблести и слично. Ние со дм се преселивме сами да живееме на 21 година, убаво заработуваме и топ ни тргна. Тогаш на виделина излегоа како он се однесува со домот, како со родителите кога не живее веќе под нивен кров, како се однесува во врска со домашните обврски и нема подобро нешто од живеење заедно пред брак. Не го знаеш човекот вистински само од неколку одмори заеднички кадешто си го гледал 7 дена. Така што ако имате можност, сите да си живеете бар една година пред брак заедно, нема поубаво.
Верувај, не може такви ситни работи кои можеби партнерот ни сам за себе не ги знае - исто како што имаш и ти ситници и навики за кои не си свесна. И тебе ти се твоите океј зошто сите на себе сме си океј какви што сме, тоа не значи дека партнерот ќе биде океј. Исто како што ти не знаеш во која мера ќе ти пречат некои работи. Заедничкиот живот и убавото и неубавото одлично го вади на површина, единствената разлика во тоа живеење пред брак е ако дојде до потреба за разделба, неспоредливо е многу полесно административно, а и еве пошто ти е важен црковен брак и од тој аспект. Во други ситуации (пример на работа) можам да си отидам дома и ич уво да не ме чеша, фората е дека домата, безбедниот простор за тебе, не може да биде место кое е и извор на најголем стрес. На крајот на денот нормално, како мислиш така прави, ова се наши искуства.
Да бе. Баш си ја разбрала мојата поента. После ќе се жалите како маж ви се сменил, во врска бил поинаков. Уствари, ти си го гледала само 3 часа, во онаа верзија која што тој сакал да ти ја претстави и да ја знаеш. Јас од искуство можам да кажам дека не е исто да се гледаш по неколку часа и да живееш заедно. Се гледаме во секакви верзии, и утринска нервоза, и плачење, без шминка, не избањати, ги адаптираме заедничките рутини, оброци и што е најважно, вечерта легнуваме заедно. Во врска со сексот, вие уствари не знаете ни која е убавината на утринскиот секс. Да не зборам за тоа колку се подобрува сексот кога живеете заедно. А не во тие три часа, еден час поминува за пресек на деновите да си раскажете што се случило кога не сте биле заедно, еден час за јадење и еден час за секс. Направи ја математиката, ако вечерта не сакал еден од нас секс, надокнадуваме наредното утро. Ниту ќе се сексам ради реда, ниту некој од нас ќе “дава” на другиот бидејќи времето било ограничено. Вие уствари дали имате време и да разговарате за секс?
Те разбирам што сакаш да кажеш ама зборуваме очигледно со различни погледи. Лично јас ако сакам да живеам со некој тоа по дифолт значи дека сакам брак. Едно од друго не се одвојуваат, пак ќе речам за мене. Ако јас сакам брак со некој тогаш тешко дека утре ќе ми пречи неговиот начин на функционирање. Многу ми е потешко да се одлучам за врска, како минуваат годините очигледно дека и се потешко ќе биде да примам некој во мојот живот. Ама дефинитвно дека не може да е причина да ми смета нешто по дома, на пример чорапите кај ги става, банално е навистина тоа да ми одредува дали некој ќе го сакам или не.
Од оваа перспектива ти делува банално, ама ако во брак се враќаш од работа и се е на тебе, од пазарење и земање на деца од градинка и правење ручек до миење на чиниите од вчера и справување со тантрумите на синот/ќерката, додека маж ти си лабавее на троседот со расфрлани чорапи и чека од тебе салата да замези со ракијата, па уште и те прашува кај му се жолтата маица и зелените шорцеви за да се пресоблече, ќе видиме дали ќе ти биде банално. Тогаш ќе сфатиш што сите се обидуваат да ти објаснат, дека да бидеш во врска со некој и да се глеаш по неколку саати, а после секој по дома и да живееш со некој се сосема различни работи. Во врска го гледаш дечкото стокмен и намирисан како доаѓа да те земе ама не си свесна кој хаос го оставил дома додека се облекувал и дека мајка му собирала по него и му давала што да облече.
Буквално бившиот мој мајка му ми кажа дека пред да дојдам кај нив на гости она му ја чисти собата и му менува постелина затоа што он не знаел сам… Дури еднаш кога останав на спиење и он вика ќе одел да се бања и зема алиштата си ги соблече во соба си облече бањарка на него а тоа гнасните алишта ги остави на стол му викам а алиштава тука ли ги заборсви нели треба на перење ми бика не бе мајка ми ќе ми ги собере кога ќе ми ја чисти собата, замисли да се омажам за таков и така да видам после тоа дека функционира? Ќе треба после прв ден свадба да поднесувам за развод Највеќе чудно ми е што луѓе баш што доаѓаат од многуу дисфункционални семејства место да пазат баш за да не бидат пак во таква средина они лагано без размислување би се омажиле..
Затоа се поставуваат прашања. На пр. ако го прашаш како го поминува денот, кои му се дневните навики и сигурно нема да каже средувам дома ако не средува.
Па апсолутно нема да ти ги менува ставовите меѓутоа поинаку ќе почнеш да размислуваш кога ќе имаш партнер и ќе сфатиш што сме збореле наназад во темава
Мислиш ќе ти кажи расфрлам по дома и мама ме пери и ми чисти? Едно се зборови, друго се дела. На зборови сите се најдобри, треба да го видиш директно на дело каков е, тоа не можи да го крие долго. Ама вие си знаете.
Апсолутно дека нема така да каже. Само што нема да го каже тоа што не го прави. Ако го прашаш дали чистиш дома нормално ќе излаже ама ако го прашаш како му минува денот дома, кои му се дневните навики и слично тогаш нема да му текне да каже перам и чистам ако тоа не го прави.