Да, стварно би било чудно маж да лаже, особено кога од тоа му зависи редовниот пристап до дунда. Oh, you sweet summer child...те чекаат мн непријатни изненадувања.
Во математика при опис на круг во степени се користат вредности од 1⁰-360⁰ (или 0⁰-359⁰ како сакате) каде 0/1 и 359/360 се всушност истата точка - почетокот и крајот. Ако сакаш да кажеш ќе има спротивно мислење, се вели "ќе го промениш мислењето за 180⁰ степени"
Арна ти е мисла се ко што кажа ,ама гарнција за ништо во живот нема ни 70% ,не па ова твоево.Идеализам до бесвест.Убава е наивноста и високите очекувања.Дај БОЖЕ се да ти биде ко што си замисли.
Во долга врска нели се разговара, на пример од што правиш или што правеше денес? Од обични прашања, подолг период просто невозможно е ништо ама баш ништо да не увидиш и да се ослонуваш на тоа кога ќе живеете па ќе видиш.
Значи тестирање преку живеење заедно не е во ред, ама тестирање преку вакви прашања во ред е. Ако треба при спонтана комуникација вакви математики да правиме, пиши пропало. Таков извештачен однос не води кон ништо. После милион аргументи и споделени искуства од сите, џабе се збори. Ќе речам само ќешки да не се изгориш во животот и да не заглавиш во лоша врска, ти посакувам само убави искуства, толку.
Многу жени се плашат да почнат да живеат со маж затоа што мислат дека ќе му готват, перат, робуваат на мажот без прстен на рака, и тој нема да гледа поента да ги запроси во скоро време. Јас го сфаќам тој начин на размислување, ама истите тие жени не сфаќаат дека ако не живеете заедно барем една година нема да дознаеш дали ќе стапиш во брак со некој што ќе му робуваш или со некој со кој ќе ги поделите обрските. Живеењето една година заедно е поисплатливо од развод по мое мислење. Со вистинскиот маж нема да прави разлика без или со прстен, ама колку си сигурна дека е вистинскиот?Дали си спремна да се коцкаш со тоа?Јас не сум
И најубава и најмирна, и по сите прописи и правила да е врската заедничко живеење е сосема друга работа. Ете јас откако живеевме заедно увидов многу работи. Не знаев дека е толку снаодлив за било што, немаше да знам и дека е толку лош готвач , немаше да знам дека чисти пиц пец што за мене е многу важно. Немаше да знам дека за мене секој нерешлив проблем го решава смирено без тензии. Немаше да знам дека наутро ќе ме остава да се наспијам. Дека кога сум уморна и не ми е ден не очекува брда и долини и дека ручек секогаш мора зготвен да има на маса. Често знае да каже не готви ќе нарачаме нешто а мене тоа ми е како некој за врат да ме фаќа. И најважно од се немаше да знам дека кога има некој,, поголем проблем" со работа, првин го решава смирено без да знам за да не се нервирам и паничам, откако решава ми кажува. Навистина немаше да знам дека толку заштитнички е настроен. Уште на почеток кога бевме во врска, помлади со мали плати и на одмор кога одевме, тој ранобудник отсекогаш ќе станеше порано и ќе спремаше појадок. Е според ова ако не живеевме заедно ќе мислев дека е супер готвач а уствари успева само најосновни готвења, како пржени јајца на око морам да признаам дека најубави ги прави, макарони, лепчиња и слично. Е кога почнавме да живееме сфатив дека готвењето му е слаба точка. Не ми смета искрено тоа ич, ама хигиената ми е многу важна. На пример во сите овие години јас освен секојдневно поминување на купатило никогаш немам рибано како што риба тој. За некој ова се глупости. Ама мене ми е многу битно што си ги знаеме слабите точки и со поглед се разбираме. Што вели мајка ми те познава како дишеш. За мене ова е многу битно затоа што баш тогаш се запознавме со сите маани и доблести. Во врска се видеш на два саати и секој по дома. Се слушнеш на некоја минута и тоа е тоа. Дај Боже да ви биде како што мислите ама тоа е реткост.
Не одеше кај него на гости на ручек и не ти готвеше никогаш? Никогаш не сте зборел за тоа кој што готви дали сака дали не знае? Ако варел само макарони мислеше дека е можно да прави манџи секој ден? Не знам јас сум во заблуда или зборуваме за различни работи.
А колку години имаш? Можеби си и во 20ти и не си помала од тоа, не знам...ама имаш наивни размислувања, маалце средношколски. Не знам на што се должат, не сакам да те навредам, само чисто земи си предвид тоа што ти укажуваат сите затоа што ќе ти помогне многу повеќе од некое вакво идеалистичко размислување кое сега си го зацртала.
Заедно живеевме после некое време од врската. А тој со неговите од 20 год не живее заедно така да на почеток од врската надвор јадевме, на одмор готвеше едноставни јадења, а кога одевме кај неговите на гости мајка му готвеше. Искрено за мене готвењето е најмал проблем не ми ни смета што не знае да готви. Ние сме заедно скоро 20 години. Би ми сметало да е мрза, да остава позади себе чинии валкани, да не знае каде му се алиштата, да не пегла, да не чисти, да не знае сам да си принесе, да не знае каде се работите во куќа. А да не зборам за психичките лабилни карактери како што има љубоморни, посесивни, кавгаџии, се по нивно. Или мажот бил многу чист ама не знае да исчисти, што значи сака да е чисто ама друг тоа да го прави. Има многу ситници кои мене би ми сметале, за некои ова се глупости ова ама мене ми се битни работи.
Да, ваков е, се надевам нема да го фати некој пубертет, се шалам, ама одговорноста ја сносува исто како и јас. Нема ми помага, туку заедно работиме. Имаме маани и јас и тој ама си ги знаеме уште пред бракот. Тоа уште тогаш ни било прифатливо и затоа тераме. Едноставно не сакаш некои работи да ги увидиш што ти ги кажуваме. Џабе е и до утре да зборуваме, тоа ќе е. Еве прави и кокошка, и лазања, и манџи ама едноставно не ги погага ако тоа е најважното
Премногу си била наивна ти, не те замислував ваква.. Инаку од кои причини ти нема поента заедничкото живеење? Чист принцип или што ќе каже свекрвата, комшиите итн.? @sino.o.oka јас не ти стаив зборови у уста, само те прашав што мислиш, со оглед на тоа што го пиша ова:
Не знам како ме замислуваше и како ти изгледам, мене ми е тоа скроз неважно. Не знам колку пати веќе напишав зошто ми нема поента. Што е наивно? Тоа што се се гледа во врска? Колку пати пишуваат во темите во брак, се сменил не беше ваков а тука пишувате во врска не се гледа ништо. Тој си е истиот, не се менува ама тоа е наивно да мислиш дека се сменил. Ако не се залажуваш себеси и не ги романтизираш црвените знамиња, многу работи можеш да ги видиш уште во самата врска.
Јас мислам кај некои не се сменил само не гледале или не им сметало толку. Ете на другарка ми тогашен дечко многу излегуваше, од работа со друштво до ноќеска, неа ја запоставуваше, неа тогаш не и сметаше. Откако стапија во брак истото си го продолжи и вика се смени. Е како се сменил кога истото го правеше и тогаш, само што мислела дека преку ноќ ќе се смени и ќе биде 24/7 дома. Само што овој пат си одеше дома да јаде и си тераше пак по кафичи забави. И разликата е што секоја вечер сама легнува, како и во врска кога беа ама да живееја заедно ќе увидеше дека ќе и смета така ако прави. Некои се менуваат, некои се заљубуваат во други, ова второто на секој може да се случи, само што секој нема да си остави семејство поради краткотрајно заљубување за замена за љубовта што ја има дома. Ама се е дел од животот.
Ние не живеевме заедно, па уште сме во брак. Не мора да си дишете 24-7 за да ги видиш мааните. Се гледаат, кога доволно долго сте заедно. А ако барав некој точно по сите мои критериуми, ќе го најдев, некаде на некоја далечна планета надвор од сончевиот систем. Секогаш нешто ќе ти пречи, мислам со машко ќе живееш. Па дури и со најдобра другарка, од дете да се знаеш, секогаш ќе и најдеш маана. Никој не е толку совршено компатибилен. Битно е за тоа време додека сте заедно да видиш како размислува, како се однесува со тебе, бидејќи тоа ако е во ред, ситници што дополнително ќе ги осознаваш, ништо не менуваат. Барем иницијално. Исто така, луѓето цел живот се менуваат. Стрес, трауми, болести, го менуваат човекот од корен. Не значи дека ако живееш 3 години заедно пред брак, четвртата нема да добиеш друга верзија од човекот. Имаше убаво видео, тајната за среќен и долговечен брак е да ја сакаш и да се акомодираш на секоја верзија на партнерот. Па, според мене живеењето пред брак, ама ништо не ти гарантира, онолку колку да седите раздвоено. Што е тоа што толку би се осознало ако живееш пред брак со дечко ти, а не го знаеш веќе кога не живееш?