Ова е тотален булшит. После толку време човек да не се смени, тоа не е возможно. Ти иста си, како кога се запознавте? Можеш да ја запознаеш верзијата на идниот ти маж во полна резолуција во тој даден момент, но не можеш да знаеш која верзија ќе ја добиеш за неколку години. Особено после деца, се се менува. Па и не само деца, преселба во друга држава ти го менува комплетно идентитетот. Јас не сум против концептот да се живее заедно пред брак. Но, не знам зошто мислите дека ништо не можеш да дознаеш за некој и ако не живееш. Сме седеле со недели заедно, одмори, сме си преспивале еден кај друг. Не знам како си го замислувате тоа, ама не дека се гледавме преку прозор, па да ме изненади нешто од него.
Читате некоја пишала „сакам да видам дали готви и каде ги фрла чорапите“(ова е веќе сериозна недоверба и потценување на партнерот, излегуваш со некој што нема основни хигиенски навики?) и сите го повторувате истото, мислиш во иднина само ќе седите дома, нема да одите 6 дена неделно на работа, и само тој ќе готви, а вие ќе дегустирате јадења. Денес со една плата не си ни живее, работат луѓето, трчаат на сите страни, за некој побогат ручек што бара готвење од 2 или 2.5 часа останува само недела. Абе дали било средено? Еве имав дечко во соседна Србија, запознавањето беше филмско, најде начин да создаде ситуација да се запознаеме, ок, фин, се тоа, добродушен. Ме покани на кафе кај него во станот(не за секс), за кафе ме викна човекот, ептен тазе бевме, само што се запознаваме, гледам несреден кревет, не го ни мести, си живее сам и ми вели „извини за нередот“, ми донесе кафе, гледам рачката на филџанот се клати некако, со вниманмие го испив кафето да не се истури доле. Не ми пречеше нередот во станот. И се тоа ок, дечкото фин, културен, пристоен, почитува постари, сите го сакаат во маало и го почитуваат, но, кога почна да покажува сериозни намери(а пребрзо е, само што почнавме со врската) онака низ муабет реков дека гратчето им е неперспективно, работа нема, од една плата не се живее таму, ни овде, ни никаде, а јас просто не сакам да седам така и да не правам ништо, на ова добив коментар „Ти многу се оптеретуваш со пари“. Свесно или несвесно кажано, овој став не ми се допадна. Сигурно нема од воздух да живеат кога ќе се ожени. И тука прекинавме, фино му кажав дека јас овде си имам свој живот, имам работа, не сум спремна за врска на далечина, ние се познаваме малку и тоа е тоа. Фино и културно без кавги се откачив од човеков. И се ок, и денес сме во добри односи, ама како пријатели, си пишуваме повремено, но, едно големо НО, човеков на семејство, пријатели, роднини, на сите имаше кажано за мене, што не ми се допаѓа, не сакам изнесување на лични работи пребрзо пред фамилија, полека, кочница треба да се има. И потоа откако си комуницираме како пријатели сега немам дилема дека е наивен, секоја нова врска што ќе ја почнеше, веруваше дека како тој што е добар, така и сите се добри, и на крај беше извисен, искористен, изневерен. Дури една од девојките паралелно била во врска со двајца, тој последен дознава. Со друга имаше пострашен кикс, била љубовница на локален бизнисмен, со секс фотки објавени насекаде со чичето, значи имала секс за пари, се проституирала, цел град знаел, овој последен дознал и ја откачил. Наивен, не ги проценува луѓето, се залетува, а со тоа прави и киксови. Инаку, беше убав, не пие, не пуши. Си имаше свој стан, си работи, иако работата не е нешто многу платена како и овде де, но пресуди тој муабет „Ти многу се оптоваруваш со пари“, и таа наивност кај него, сите се фини, добри, ама го зафркнуваат и сето тоа изнесување на лични детали предвреме на други лица.
Еј у право си,гајле ми е за дали готвел,абе јајца варени знае само да свари,и тоа си остана .Ама ако е работлив и дава за фамилија и мисли е ДОБРО.Може да нарача и чисти добро.Ова со финасиите све нешто наивни се правиме и мутави колку се важни.Ама еве ТАЊЕ,го плесна јавно.Совршен маж и жена нема,живот СЕ НОСИ.Чорапи ги фрла во близина на корпата.Барем да не ги барам под кревет,знам тука се .
Кога ве читам и сите сте во право и никоја не е во право И мислам дека не постои правилно и неправилно тука. Како ви е убаво така Да се надоврзам на собирањето алишта дека некоја го видела дека ги собира а тој што не ги собирал не ви се допаднало - на сестра ми дечкото со ништо му немаат допрено и помогнатл неговите се сам си правел и перел јадел готвел диплел за сега кога де ожени да не допира ништо ни со прст? Па што ако го видеше сестра ми дека средувал дома доддка живеат заедно кога тоа понатала скроз се смени И сакам да се замислам како мојата керка има не знам еве 25 год и решила да живее со еден потенцијален дечко и живее еве една година Поради некоја причина раскинале Наоѓа друг секако ке биде во врска пак ли тдеба да живее или не овој од далеку са го запознае Еве и трет дечко нека не е секој потенцијален за брак ама нели треба да знаеме дали е а викате да се живее со него ок Како јас како мајка да го сфатам тоа дека керка ми сака од блиску од дома заедно да ги запознава мажите Дека може 3 пати по една година ке живее со друг маж а на крај треба да се омажи и остане? А ако тој најдобар одбран маж не ја смета за брак? Него му е убаво така заедно да си бидат заедно домче? Еве супер е ама после 6 7 месеци неќе браак таа веке двајца пробала што ке го остави и дома ли ке си дојде Па мене бре на 20 години уште ме чекаа дома да си дојдам до 12 до 1 а не да спијам и уште татко ми да знае дека вака зе запознаваме ние Па и маж ми не би сакал да воопшто знае дека ова е новото нормално и тој да не знае дела керка му има дечко со кој живее денес ама утре можеби со друг ке е И да не зборам нека над 22 години родителот не може да влијае многу на керката. Штоако таа скршне од патот и веке вие не знаете кај спие и дали таа го проучува него за брак или спие за секс или бега од вас дома или за пари или денес се скарала со дечкото ке отиде кај тој што се допишува Немојте да ми зборите што треба да правам во вакви ситуации и кој е крив и зошто што се скучило Вие зборите за вас ама дали истото би го дозволиле на керките и ке знаете се дека е така како што треба да е? И не ве познавам, ако вие така сте израснале така ке израснат и вашите деца Ама очигледно ова е ново време и се што беше неприфатливо сега е за гордеење Од 16 год бев во врска 10 год со истиор комплетно можев 2 3 годиби пред да се омажам да живеам со него ја би потонала во земја да живеам со него и да дојде тетла стрина браручед дсвојчево на 21 22 23 живеела кај дечко и да им рече некој на моите леле како можете и моите треба да се гордеатби горделиво да кажат дека така треба? Дека не пазеле и чувале и израснале и ние сме толку паметни да решиме да живееме со дечкото Да може вие тие над 30 што не се омажиле да си барате чаре да се омажите зошто до сега не сте И вие можете да одите и да викате дека е океј да живеете пред брак зошто сте веке повеке од само возрасни Затоа што гледаме и какви се младите сега овие генерации а и ги гледаме нивните родитечи ондносно ние "нашата генерација" Напраднете тоталка сега ве читам пет дена без прекин и ми се смачи да се пропагира нешто што за некој е ок за некој не е Кажете дека вас ви одговара така а не дела ние што вака мислиме сме застарени Вие сте модерни
Значи ти не би живеела со него само поради тоа што другите еднакво затуцани луѓе околу тебе ќе те осудуваат?
А зошто они затуцани? Затоа што било срамота порано да одиш кај што не ти е место? Како што одиш ни мајка ни сестра ах женска му била И може да си се вратиш домче и да не му бидеш жена и утре и со друг И мајка му да ме гледа и да си вика ах еве уште една а таа знае уште колку поминале да "живеат" со него Затоа што моите имаат 50 години и не се 30 за да ги разберат вашите нови модерни начини на живот затоа што тогаш се знаело што и кога следо во животот имало ред А ти на све што кажав се фати за народот?
Со неа само ќе се објаснуваш објаснуваш и нема ништо да те разбере, и за инат ќе ти ги испреврти мислењата јас веќе се откажав од одбјаснување.
Да така е сите што живеат пред прстен се курви распали!!! Се знае се упознаваш се мажиш и да не ти одговара не смее развод срамота е од другите.Што да праиш таков ри се паднал боље да трпиш него комшиите да зборат. Треба сите што не живеат пред брак да се прогласат за светињии!!!! А другите за курви распалиииии Се знае со тоа се докажува поштеност и достоинство Хахахаа алоо имаш поголеми проблеми од тоа да ме оговараш на секоја членка
Ако главна причина да не постапуваш на одреден начин ти е што ќе рече стрина ти, тетка ти, жал ми е што не живееш. Стварно ми е жално. Уште пожално е што ако на 30+- се осеќаш мизерно оти се уште си во врска/сингл, а не си мажена. Почнете да живеете за себе, не за другите.
Затоа што порано пред 18год излаз беше до 11 После 18 беше до 1 до 2 Е сега на 22 23 може до 5 сабајле така? Е на 25 порано се мажеле ама не сега на 25 ке се пресело кај дечкото и до 30 ке се прави важна дека ако не си ги собира алиштата од земја ако не готви и не ме остава да поспијам до 12 не чини и ке си одам дома ке барам друг Дека не должиш објаснување на татко ти и мајка ти дека на 25 и 30 год наместо са учиш факс или да се омажиш ти решаваш да видиш каков е прво Дека порано не чекаа да се вратиме од излагање а сега е фалење дека мајка ми не ме чека и ке се вратам кога сакам а сега АКО НЕ САКАМ И НЕ СЕ ВРАЌАМ Уф нешто се изнервира? Познато ти дојде? Дека порано брачните проблеми се решавале а сега дека расфрла и не е уреден наместо да се разведувам ич не се ни мажам ке ги проверувам И да ти ме натета да ти кажам дека све дозволено за мене е распуштено Упорно не прифаќате дека се си има свое време кога и што треба да биде а вие сакате се сега и одма и да сте на чисто да не треба да се разведете ако дојде до тоа
Хахахахха па не сме порано, буквално размислуваш као бабине што се собираат пред зграда и имаат по 70 години, ниту се изнервирав ниту живеам за другите мене не ме интересира што мислат другите за мене мене ме интересира да бидам среќна и да шетам а што ќе кажат некои клошарки за мене ме заболе . Не знам зошто споредуваш со порано ? Ваљда си израснала со баби во некое мало место па затоа така размислуваш, излези малце види го светот може ќе почнеш да размислуваш по реално
Затоа сега не се мажат на 25 нели живеат што викаш и се мажаат на 30 и 35 и затоа што се сакате и цените себе деца се раѓаат на 35 год и кога тие ке имаат 25 години вие ке имате 60 затоа што сте себични и ке бидете баби кога тое ке бидат млади И се тоа заради вашето да се изнаживеам и да го најдам принцот од соништата и правите се што вие сакате незнаејки дека штетите и дека излагате надвор од контрола на периоди во животот Се откажувам натегајте се никогаш нема да постои вистински избор и вие сте свесни за се ама така ви одвовара зошто стњ заљубени во себе и во вашиот мир Чаос
А тебе зошто толку те заболе и се тригерна? Зашо едноставно не си глеате своја работа и да ги оставите луѓето да си живеат како сакаат, дали ќе се венчаат на 25,35 или ќе останат невенчани? Дали ќе живеат со партнерот,со мачката или сами? Не ве разбирам навистина
Еве и 2026 година скоро помина, малтене третина 21 век, уште се исмеаваат луѓе што сакаат добро да ги запознаат партнерите пред да влезат во брак со нив, просто запрепастувачки е.
Никогаш не е само кај ги става чорапите, туку целиот карактер на личноста, навики кои не се менуваат и кои едноставно не ги знаеме додека не живееме со некој - и тој со нас, секако. За најголем дел од луѓето брак се подразбира како следен чекор, само измеѓу го додаваат и овој период. Не е "пробен" период, туку го сакам Петко, арно ми е со него, сакам да живеам со него затоа што го сакам и ме сака. Ако двајцата се сакаме и сакаме брак следен чекор е брак. Верувај 90% од проблемиве во брачни проблеми би ги немало да живееле претходно заедно