Лмао, колку ми е тажно што читам дека живееш за што ќе речат другите. Чим толку се спротиставуваш на живеење заедно пред брак и си многу против "модерните вредности" ваљда беше и невина пред да стапите во брак, можеби и чаршав им изваде после првата брачна ноќ? Бидејќи нели, најбитно е другите што ќе помислат. Да, немажени сме на 30 и не сакаме да одиме одма од кај мама кај свекрва. Побитно ни е со каков човек ќе влезиме во брак наместо што ќе речат комшиите како небаре тие ќе ми го средуваат животот кога срања ќе се десат бидејќи сум сакала што побрзо да се омажам. Аман, баба ми немаше толку затуцани мислења како овие.
Мене ми е запрепастувачки како па не се сфаќа на темава, дека и да не живееш со некој, можеш одлично да го запознаеш. Не дека ми смета живеењето си некој, ние решивме дека најпрактично е наместо за кирија да фрламе пари, собиравме. И купивме стан. Стапивме во брак, фрлаше чорапи. Престана, па сега јас ги фрлам, ќе престанам и јас, може и тој ќе почне. Камо само таа маана да му е. Ќе раскинувам зошто чорапи расфрлал. Битно ми е да е амбициозен, да ме почитува, да ме сака, помага, да се грижи за домот, да биде добар татко. Ако сака и на ѕидови нека лепи чорапи, мислам какви банални работи се критериум дали ќе продолжиш со некој или не. Не живеев со него, а знаев и како дише. За неговите и моите не ни беше битно дали ќе ни се мешаат, затоа што јас и он го имавме последниот збор. Она што сакам да кажам, се си дојде на место и не се каам што не живеев претходно со него. Доволно го знаев и верував без тоа, за да му се доверам со себе. Сметам дека не е најголемиот проблем за да продолжиш со некој, живеењето или неживеењето со него, туку колку двајцата сте иживеани во паметот.
Јас сама што живеам и деца не раѓам штеточина невидена Инаку за болдот си скроз во право. Вљубена во себе не сум, ама мирот за никој не го давам, нека е "себичност", ми е гајле
Кога ја отворив темава, пред 16 цели години немаше вакви мислења ко последниве и вакви осуди. Жално. Не се тригернувајте толку од мислења и избори кои никако немаат влијание врз вашиот живот. Можете смирено да си го кажете вашето мислење, без навреди кон оние кои поинаку размислуваат.
Не идат ни на одмор. Спиење со маж????????? Или еве да речеме идат, ќе се гледаат само така другарски, оти е неморално! Шо ако му текне земе и ја скине пред да се омажат Размислувањава бетер од бумери Не ми се верува дека немаат ни 30. А можда некој не бил па у врска, затоа и вака мисли Пуштете ги да се изгорат, па ќе праиме муабет
Читајќи ги мислењава на темата, повеќе ми изгледа исмевањето е обратно насочено. Живеете како сакате, како сметата дека е соодвето, но, не го омаловажувајте и потеценувајте мислењето на оние кои не мислат исто како вас.
Честа грешка во браковите ширум светот, не само во Македонија, е што брачните другари спијат постојано заедно во иста соба. Тоа, особено кај почуствителните луѓе, со тек на време може да создаде дисонанции кои потоа се претвораат во напнатост и кавги. Љубов се води заедно(секс), но задоволување на потребата за физиолошки сон може да се прави одвоено. Затоа е пожелно доколку станбените прилики дозволуваат(ова подразбира и благовремено планирање пред брак), секој да има своја макар мала собичка која ќе ја уреди како таа/тој сака и каде ќе го има својот мир кога за тоа ќе се јави потреба. Тоа врската може да ја стабилизира, освен ако апла не си одговараат луѓето по карактер.
Она коа роднината у усран брак ќе те праша коа ќе се мажиш, оти не може да поднесе само она да има мизерен живот... Чаос.
На прва брачна ноќ задолжително на бел чаршав крв да се покаже дека е невина па свекрвата да игра оро со чаршавот инаку ќе ја враќаат со магаре кај татко и Лелеее не ти било срам што ќе речат комшиите, стрини,тетки??? Се знае порано како било до 11 излез и сите поштени ти излеа и после 11 си излагала затоа така..
Јас ако живеев според туѓите мислења досега ќе бев мажена и со дете што веќе оди во школо. Ама ич не ми е гајле кој што мисли, секој нека си го креира својот живот како му одговара, дали во брак или сам.
Аууууу ова го пропуштив Зар си озбилна????????? Нека не те боли патка кој коа и дали ќе раѓа Колку сте закоравени, мизерни и никакви. А ти си закаснала исто така, 23 си имала, стара мома малтене, на 17 требаше. Дете немате уште? Коа планирате? Убрзај оти биолошкиот часовник знаеш С В А Ш Т А
Јас не знам дали претерав. Се скарав со другарка, уште пред 2 години беше ова . Имав дечко тогаш и викам ,ќе одиме летово на одмор заедно...кога ми се сипа, ау зарем твоите би те пуштиле да идеш ? Леле какви родители се тоа , мене нема шанси да спијам во иста соба со дечко ми. Исто на море кога бев еднаш , цинично ме праша како сум седела на море и како сум се бањала ( ме гледале машки полу гола во бикини) . Во ред е човек да има поразлично мислење ,ама не ми се верува до кој степен тераат некои луѓе , нема потреба да бидат во моја близина.
Свашта нарекувате ,,другарка", камењарка која се чуди како се бањам у бикини на море у 2026-та, а не у скафандер, треба да биде третирана исклучиво на левел трач-муабети или рецепти за топени благца, за нешто подлабоко нема капацитет. Блокирај ја секаде.