Ич да не се замараш со тоа што ќе кажат твоите. Јас сега сум и мажена па моите уште крескаат и прават операции преку други луѓе да не разделат а ги убедуваат преку ветувања у стил ги познавам професориве ваму и ваму детето ќе ти дипломира без проблем незз шо. Ние се преселивме и живеевме сами една година пред да се земеме и да ти кажам искрено, тоа е најдобрата можна варијанта за да видиш дали навистина врската функционира, да видиш дали можете да си ги прифатите навиките итн итн (друго е коа излегувате заедно на кафе а друго е кога сте заедно 24 часа и во најлошите изданија). А за моите, јас не сум човек шо може да крие така да знаеја од првиот ден а и мислам дека не ти се исплати, од врската само секирации ќе добиеш, јас ги молев некое време да прифатат коа видов дека се спремни и на драстични мерки едноставно реков „не може? епа чао!“ И што е најважно: сеа ми е супер!
Пробен брак - задолжително. Па тоа уште од времето си постои, само што тогаш живееле заедно откако ќе се верат, па после ако не бива се растура работата. Мене тоа моите од мала ме имаат советувано, а и јас не би се мажела без живеење претходно заедно. Тоа одмори од по 10-15 дена не е пробен брак, живеачка класична заедно од минимум година, па после ќе видиме што понатака.
Јас со дечко ми веќе 2 години живеам заедно. На почетокот имаше несогласувања на родителите од двете страни, ама ние си теравме по наше , како што ни одговара. Не можевме да си дозволиме било кој да ни се меша. Наша беше идејата и ја остваривме. Ние сме од различни градови, на дечко ми му дадоа работа во Скопје и јас не чекав ни месец и јас се преселив тука.Па 6 месеци живеевме одделно, а цело време бевме или кај него во стан или кај мене, видовме дека најубаво е да живееме заедно. Да сме се земале, па еве и тој ден дојде, ни успеа да направиме бебенце и сега ќе си се земеме. Така да едно големо ДА за заедничко живеење пред брак, така ќе се соживеете со партнерот, ќе видите дали потполно ви одговара,што ви пречи, можете ли да се справите со тоа. Ако одговорите на сите овие прашања се потврдни, тогаш со среќа и само напред
И јас сум за ДА, за заеднички живот пред брак.Аргументи не изнесувам за да не повторувам некои зборови на чирибирибела ....
се изненадив од тоа колку родителите на поголем број од тие што напишале се бунеле во врска со тоа да живеењето заедно. ние еве година ипол скоро живееме заедно и искрено не се ни сеќавам како почна се, вереникот со години живее во скопје и јас кога се вратив од студирање се знаеше дека ќе барам работа во скопје и моите очекуваа дека ќе живееме заедно, некако не им ни дадовме за право да искажат мислење во врска со тоа ама никогаш не ми ни преговориле. да се навратам на темата нели нормално ДА за живеење заедно пред брак, ќе се запознаете најубаво и тоа ќе ви биде еден од најубавиоте периоди во животот. но да се разбереме да се живее заедно со некој со кој што сте подолго време и имате и двајцата сериозни намери па подоцна и да не функционира здравје нели но да не се решавате на таков чекор со некој од вчера што го познавате сепак домот е најголемата интима за еден човек сигурна сум дека не сакате да ја делите со секого...
Од мое искуство дефинитивно е подобро да се живее заедно пред брак. Затоа од мене едно големо ДА и немојте да им дозволувате на родителите да ви се мешаат во вашата одлука.
Леле јас како сакам да си живеам со дечко ми. Ама се' уште нема услови за тоа. За волја на вистината, не сме ни разговарале, ама јас сакам Инаку, не го сфаќам моментот мешање од страна на родителите. Поентата на заедничкото живеење е да видите дали сте компатибилни за соживот. И за брак. А родителите настојуваат да се официјализирате и верите, па после живејте заедно . И? Што е тука поразлично од тие што живеат заедно и се во брак и од тие што се верени и живеат заедно? И вака и онака си направил договор и си се обврзал. Нека ја имаат таа среќа моите или неговите родители да предложат таква глупост ако се решам да заживеам со дечкото ...
Јас најверојатно сум паднала од некоја чудна планета...ама ќе ми објасни некој зошто нечии родители се мешаат и велат дека мора да се официјализира прво врската за дечкото и девојката да живеат заедно пред брак? Некако овој дел не го разбрав. Демек срамота било или...? Секако сум за заеднички живот со партнерот. Поготово во мои години, не станува збор. Мене родителите не дека ме избркаа од дома ама самите ме туркаа кон самостоен живот. Ми рекоа дека е потребно да почуствувам како е да се живее на сопствен терет без мама да меси а тато да носи. И многу сум им благодарна за тоа. Истото е и во врска. Ако сте во сериозна врска и мислите дека можете да си го дозволите тоа, зошто да не. Да испробате заеднички соживот, затоа што верувале или не, многу работи во една врска дури тогаш избиваат на површина. Остајте пијачки, џиги, миги преку ден или викендашки. Домашните навики ќе ги воочите најмногу во заедничко домаќинство и секако ќе видите до каде оди границата на вашата толерантност На крајот на краиштата, ако не дај Боже нешто пукне пред брак (може да се случи, не е исклучено како можност) подобро што крцнало ПРЕД а не ЗА време на брак. Значи едно големо ДА за живеење со партнерот пред брак!
Срамота било невенчани или неверени т.е необврзани да живеете заедно. Барем моите така ми кажаа. ЗНачи муабетов беше а што да им кажеме на роднините, кај си отишла? И јас ова не можам да го разберам никако, ама ете за нив има некаква си смисла. И кога и така и така имаме намера да правиме свадба се веривме нели, за мирна да им биде душичката, а да не лаат другите многу многу
Јас ова го оправдувам и искрено кога би имала можност,прво би живеела со дечкото определен период сама,пред да се земеме. За џабе не рекле ако сакаш некој да дознаеш каков е,отиди со него на одмор неколку дена. Друго е гледање повремено,а друго е да си постојано со него.Башка е многу поубаво... Ќе ги дознаеш неговите мани,доблести, уште повеќе и ќе знаеш и ќе се осигураш дали е тој човекот со кој сакаш да бидеш понатаму.
Е ова ме нервира мене што ќе кажеле роднините, што ќе речел овој што ќе речел оној. Таков ни е менталитетот тука, уште се живее како порано. Сите одат напред, а ние тапкаме в место. Балканци. Се уште сум мала за ова, но гледам што се случува бидејќи сум имала и бариери во мојата врска од ваквиот тип. Во поразвиените земји, стануваат полнолетни па се осамостојуваат и нормално е да си живеат заедно пред брак, а кај нас? Знам дека толкави ни се можностите во нашава држава, не може секој да се осамостои, но тоа го нема ниту во свеста на луѓето. Се живее со свекор и свекрва, така треба. Аха, да. И ако случајно успееш да го изведеш тоа, да живееш со партнерот, мораш после да се земеш со него. Оти срамота било од народот, што ќе речеле
Изгледа дека јас сум единствената што размислува поинаку Не ми е воопшто битно што ќе зборат луѓето, но јас не би сакала заеднички живот пред брак од неколку причини. Прво, мислам дека за годините што сум со дечко ми , го имам совршено запознаено, и не ми треба да живеам со него за да сфатам дали ми одговара. Му ги знам и позитивностите и негативностите и истите ги имам прифатено, а и тој моите. Второ, не сакам да се ставаме на проба, бидејќи за овие години доволно се испробавме, и околу извршување на обврски и околу реакции и кој каков карактер има... Трето, не ми се брза, сакам уште малку да си бидам со мама и тато На пр. сме почнале да живееме заедно и за кратко време воочуваме дека нешто не е како што треба. Што треба, да раскинеме и јас да се вратам кај моите ??? Или ќе се потрудиме заеднички да го надминеме проблемот? Секако дека второто, па исто така би функционирале и во брак. Некој спомна дека 15 дена одмор не се доволни за да видиш некој каков е. На мене ми беа доволни да видам дека многу крчи ( и тоа го прифатив ), дека сака да ја дели работата на два дела, дека не чека јас да го служам, дека оди да пазарува, си ги редеше алиштата и ред други работи. Четврто, во машката психа не е исто да сте му девојка и да сте му сопруга. Едни се обврските кога сте му девојка а други се во брак, па тоа парче хартија служи и машките и женските да ги потсети дека не се веќе под закрилата на нивните родители, туку дека се посебно семејство. Тоа е мое мислење, секако, немам ништо против ако некој живее заедно пред брак, но јас не би сакала
Јас живеам со дечко ми веќе 3 години,но само како цимери додека студираме,а кога се враќаме во нашиот град,секој си оди дома,ама тоа се само 2-3 дена во месецот,и некој месец на лето.Искрено од моето искуство можам да заклучам дека живеењето пред брак има свои предности и недостатоци.Предност е што подобро ќе го запознаеш,ќе видиш кои му се навиките,па така имаш можност да одбереш што понатаму и свесно влегуваш во брак.Верувајте 15 дена не се доволни за да видеш каков човек е некој.Е во првите месеци други се ама после некое време гледаш каков е всушност.Додека пак,недостаток е тоа што многу парови можат да се презаситат и да се разделат,повеќе се караат итн.И секако поубаво е колку можеш повеќе да си до мама и тато.Сепак кога би требало пак да одлучам дали да живеам со дечкото или не, би го одбрала истото само би почекала уште една година.Од живеењето со него видов каков човек е,многу е подруго кога сте во иста куќа,делите буквално се,те гледа во секакви ситуации,го гледаш и нервозен и болен.Е тогаш кога ќе видеш со кого живееш, можеш слободно да донесеш одлука и свесно да влезеш во брак, и после каков и да е ќе си го трпеш затоа што знаеш со кого ќе го делиш животот.Јас сум за едно големо ДА за живеењето заедно пред брак.
Мислам дека живеењето со дечкото заедно пред брак е добро и за двајцата партнери. Како што кажа к.и.м кај нас уште е таков менталитетот се замараме сите што ќе кажат. Правете како што ви одговара вас и не се замарајте многу со она што ќе кажат луѓето, бидејќи ако некој сака да збори за вас и да не живеете заедно ќе си изнајде друга причина и ќе збори. Во секој случај јас сум за :up:
lugeto od dosada i od nemanje druga popametna rabota sekako ke zboruvaat, taka da nivnite komentari od tipot sramota bilo, se veke staromodni, jas i mojot soprug ziveevme zaedno 2 god. pred brakot i mozam da tvrdam deka, toa samo pozitivno se odraz i i e kako mala proba pred brakot, taka ke svatite navistina dali vie mozete so toj covek ili ne.
Јас ќе кажам само едно што мислам дека ти би требало да го искористиш како аргумент пред твоите : Подобро да живееш заедно пред брак за да имате можност и двата да се запознаете отколку да стапиш во брак па потоа ако нешто не дај боже тргни надолу па да се разведуваш. А луѓето, роднините, комшиите... тие посекако ќе зборуваат и немој да мислиш дека и сега не зборуваат и без заедничкото живеење.
Немам ништо против живеењето пред брак, а најмалку би се потресила од тоа кој што кажал. Ако веќе знаеме на каде оди работата, зошто да одолговлечуваме, кога и онака постојано сме заедно. Ама, мене искрено ми е страв. Страв ми е од тоа немој да не можам да се навикнам, да се презаситам од него... Страв ми е од тоа како ќе функционирам, и дали воопшто би функционирала на некој начин. Значи ние можеме и цела недела, и две да поминеме заедно во станот... и месец... ама не е исто. Можеби сега вака размислувам оти не сум спремна на таков чекор (иако на моменти многу посакувам, ама тоа е само тогаш за тогаш). А гледам некои форумџики спомнуваат демек ако живееш заедно ќе го откриеш кој всушност е тој. Па што сум правела 5ипол години па да го откривам тогаш? Доволно се познаваме, си ги знаеме сите недостатоци, сите убави работи... знаеме во која ситуација како да се однесуваме еден кон друг... затоа и сме опстанале заедно. Не е потребен ист кров за да го запознаеш дечкото. Па значи ти си била или слепа, или си мижела кога си го изговарала неговото име. Освен, ако е некој ептен добар глумец па да се крие самиот во себе тооолку долги години.
Живеењето заедно пред брак го подржувам 100%!!!!! Кога си живееш заедно со некоја личност ја запознаваш многу подобро, ги запознаваш нејзините маани, доблести, што и се допаѓа, што преферира, што не и слично.. Па така ќе знаеш дали сакаш да стапиш во брак со некоја личност или не.
Вака сега, забележав сите спомнавме дека НИЕ немаме ништо против живеењето со дечко пред брак. Значи во оваа ситуација зборуваме само ЗА НАС, а не и за нашите родители. Но еве да не ги мешаме нив во она што ние мислиме дека е добро. Ама стварно ме погодува тоа што некои форумџики кажуваат демек подобро ќе го запознаеш, па ако не бива, ќе си заминеш, па ќе знаеш дали да градиш брак со него... Девојкиии, не сме во Америка, па со секој дечко да седнуваме заедно и да видеме дали ни одговара. Па во долга врска сигурно веќе ќе се познавате убаво, и ќе си бидете отворени еден кон друг, ќе се подржувате... За тоа не е потребно седење заедно па да го сфатиш. И не може тоа така да биде, ај не ми одговара овој после 6 год видов каков е и пријатноо. После некој месец па со друг... Па и тој не одгвора... Па ајде со трет... Кога така било? Никогаш! Е па нема ни да биде. Да живееш со некој не значи кога ќе ти се ску*че или ако не ти се бендиса нешто кај него (што до тогаш не си го забележала) па да си заминеш, едноставно да не ти одговара! Туку да живееш со него и да го прифатиш таков каков што е, со сите мани и доблести.
Едвај чекам искрено. АМа ке почекам уште една или две години додека да се снајдеме со работа и редовни приходи. Сакам да живееме заедно за да видиме дали ке се погодиме. како што вика баба ми Љубов по улица и љубов со сите сметки на маса не е исто. Некоја година заедно, па потоа и прстенче ако е се супер