1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живеење заедно пред брак

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 7 јули 2010.

  1. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    апсолутно,може ќе нема во се да се согласувате така да ќе видите кој какви табиети има :D :D
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Во врска со ова запознавањето и откривањето на некои навики што инаку не се гледаат, сакам да кажам јас и он откако живееме заедно ништо што претходно не сме го знаеле не излегло на виделина. Исти сме си. Откривање на нешто такво мислам дека може да излезе само ако и двајцата се преправале, глумеле нешто што не се за да ја одржат врската, ама кога сте нон стоп заедно, нема бегање. Ако се познавате вистински, тогаш нема непријатни изненадувања.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јас веќе споменав дека сум дефинитивно ЗА заедничко живеење пред брак, а некои од девојките си кажаа мислење дека доволно си ги познаваат партнерите и без овој чин и дека некого можеш да го запознаеш каков е, со сите маани и доблести и на одмор од 10-тина дена.
    Им завидувам, секоја чест, ама ќе кажам зошто јас не се согласувам со ова.

    Реално и да не се лажеме сега, на одмор сите се расположени, опуштени и сакаат да се забавуваат и да си поминат убаво.
    Таму нема работа, нема некои нервози, нема сметки за плаќање, нема купишта нечист долен веш, и некој ја чисти собата позади вас, а некој ви сервира појадок, ручек и вечера.
    Таму има уживање, нема обврски, ништо друго освен релаксација и секс 24/10.

    И како таму јас ќе откријам дали би функционирале ние во иста квадратура со реалноста наречена живот?
    На одмор може да е херој и мачо мен, а дома при првата пречка може да почне да паничари и да крене раце.
    Ете затоа е потребно малку се поживее заедно пред да се земете.
    Не дека и ова е 100% гаранција за успех, ама лично јас барем ќе си бидам на чисто самата со себе.
     
    На macence05 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Трендафилка по години излегување не е можно да не му го знаеш темпераментот, да не знаеш како ќе реагира во определена ситуација. Тогаш глумел лудило цело време, па потоа го открива вистинското лице.
    Или треба да носиш тегласти розеви очила, да си заслепена, па да не го гледаш што човек е, па кога ќе живеете заедно да ти се разбистрат некои работи.
    Ова не важи за кратки врски. Тогаш нормално може да следат изненадувања.
     
  5. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Јас кажав дека се доволни 10 дена на одмор но за повеќегодишни врски :!:
    Сме престојувале и во хотели но јас пишував за сместување во апартман каде можеш да видиш: дали ќе оди во продавници, дали гаќите и чорапите ќе ги остави до креветот, дали ќе испржи нешто, дали ќе направи мезе за седенка, дали ќе ги распореди парите да стигнат за 10 дена, дали ќе го фрли ѓубрето.........Јас мислам дека ако на одмор ги прави некој овие работи ( кога е време на секс и уживање ) ќе ги прави и дома.
    Друго при секојдневни гледања можеш да забележиш каква му е собата, дали сам си ги средува алиштата или мајка му.
    Ако јас за 3-4 години интензивно поминато време заедно не сум проценила дали е паничар или човек што смирено реагира при проблеми - тогаш има некој проблем. Или сум носела розови очила и не сум сакала да видам или тој глуми неколку години, што не е возможно
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Долга врска не се заснова на 10те дена одмор. Значи со него поминуваш 20 часа во денот.
    Со него не споделуваш само убави моменти од животот, со него не се смееш само... Едноставно, вие си имате долга и озбилна врска и делите многу повеќе од обични љубовни моменти.
    Разменувате идеи, се надополнувате, советувате... ќе се изнервирате, ќе поразговараш со него...
    Не можеш некој да не го познаваш после 6 години. Неговиот карактер и темперамент се пред се'.
    И еве ќе седнеш со него, и на крај сфаќаш дека тој или глумел, или ти едноставно не си сакал да прифатиш каков е?
    И што правиме тогаш? Ќе си заминеш?
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    А која е гаранцијата дека подобро ќе го запознаеш кога би живееле заедно него ли кога сте секој на свое?? :^) Никоја!Цел живот да си со некого не можеш да го запознаеш 100%...Едноставно кај човек моментите(се мисли на секакви однесувања,реакции..расположенија итн) во животот можат да сменат секаков тек на настани.
     
    На BeautyGirl29 и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ах бе Бројче :) Точно е не сме Америка, аме доволно сме паметни и интелигентни да знаеме што сакаме нели?
    Ајде еве ти пример. Си искачаш со типот неколку години, тој кај тебе дома, ти кај него, ќе ти свари кафенце, ќе ти направи вечера, ќе измие садови. Ќе те испрати дома. Забави, романтики, се е во најдобар ред.
    Се вселувате во заеднички стан, се враќа дома од работа, не сака да поправи ништо, не сака да ти помогне во ништо, не сака да измие ништо, не се прибира дома, цело време со другарите за да одмори нели од заедничкиот живот со својата девојка. Кафе правење? Заеднички доручек? Вечера да ти зготви? Или пак некаква друга иницијатива? Заборави.
    Му велиш после некое време да инвестирате во станот, да си направите поубаво катче за вас двајцата. Не сака. Не му ни паѓа на памет. Битно он има кров над главата. Итн...и овие ли се мааните и доблестите кои треба да ги акцептирам по секоја цена? Битно сум во брак и имам маж. Браво за мене! Уа за кутрите ми живци кои цел живот ќе ги кинам додека се мислам како да побарам развод :)
    Море шуќур што сум открила на време каков е! Не ми треба паразит по дома, или мамино синче, сакам МАЖ!

    Значи уште еднаш едно големо ДА за заедничко живеење пред брак. Не за да експериментирам со дечковците кој ми одговара а кој не, туку пред се затоа што ми е тоа сосема нормално и природно, и затоа што сакам.
     
    На srcekrsacka, Caramelle и joelle им се допаѓа ова.
  9. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Некој рече нешто во стил: доколку се разделите по заедничкото живеење, ако не сте верени, тоа е рамно на развод.
    Па сепак е подобро тоа да се случи (доколку треба да се случи) порано, пред сите тие формалности да бидат завршена работа, отколку потоа да се влечкаат и двајцата по судови, па уште ако имаат и деца за брзо време од ко ќе се склопи бракот, уште поголем проблем - ова е мое, она е твое..
    Затоа, сум и тоа како за заеднички живот пред брак.
    Фала богу дека врска/гледање/излегување/спиење заедно/одење на одмор =/= заеднички живот.
     
  10. anjuskaa

    anjuskaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    9
    Јас се согласум за заедничко живеење пред брак,но живееме во таква заедница со патријахално воспитување,и со тоа што ке кажат роднините и комшиите.Искрено секој треба да си живее како му на него одговара,на народот никој неможе да му угоди тие секогаш си зборуваат и ке си зборуваат без разлика дали има причина или не,едноставно некои луѓе немаат свој живот и се занимаваат со туѓите животи и единстена занимација им е оговарање.според мене подобро е да живееш со некој и да го запознаеш подобро,околку секоја ноќ да одиш и спиеш со некој трет :)
    јас и дечкоми сме заедно 6 год,и сега почнавме да живееме заедно,случајно се случи,јас морав да заминам во друга држава на специјализација и тој дојде за да биде со мене да бара работа за да не бидеме разделени,кога им кажавме на моите првата реакција наравно дека беше како тоа што ќе кажат другите,меѓутоа им обаснивме дека планираме да се натаму и вереме и земеме нема потреба да поради другите да ги пореметуваме нашите планови планираме прво да се вработиме се друго ќе си додје само по себе.заедно сега живееме веќе 3 месеци,убаво ни е и многу ми значи што е со мене.Тој бара работа тренутно сме во мала финансиска криза,но многу ми значи што заедно поминуваме низ таа криза и така мислам дека најдобро можеш да го запознаеш партнерот,не е доволно само даги знаеш неговите навики,треба да знаеш и како е кога ке дојдат кризните моменти,оти најголемите неспаразуми се управо случуваат кога ке додје криза.Сега за сега добро ни оди нашите родители ни финански помагат колку можат,а што се однесува до заедничките обрски заедно ги извршуваме неможам да се пожалам ми помага усиса,прашина избрише ручок направи,сеа садови не мие ама неможам да тражам се он да праве нешто треба и јас зар не? :rofl:
     
  11. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Да да и да! :) Апсолутно.Ако се излезе како што планирам и јас би живеела некое време со дечкото пред да стапам во брак.Не би сакала одма брак.Нема ништо лошо или пак неубаво во тоа да живееш со некој и да видиш како ти е.Подобро така,да видиш дали си одговарате,отколку после да се каеш.Не дека и тогаш неможеш да си спакуваш работите и да си отидеш,ама вака ќе е полесно,ќе знаеш дека сте само партнери и ништо повеќе.
     
    На Pandelka.o.O му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pandelka.o.O

    Pandelka.o.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    14
    Многу паметна работа е тоа, да живееш со дечкото...Само тоa имам да кажам :D

    А и да, познавам пар што живеат заедно скоро година дена и баш им е добро. Се било како под конец... ;)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ја нема онаа тензија- Леле во брак сме :sweat: :worried:
    Него баш е некако поопуштено... И мислам дека стапувањето во брак потоа, веќе не е така трауматично :) Јас го препорачувам ова :!: :)
     
    На JuLleE, LivingGlam и gami им се допаѓа ова.
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас би сакала да живеам заедно пред брак со дечко ми. Целосно ги подржувам оние кои се одлучуваат на ова и се надевам за неколку години ќе ве известам дека и јас живеам заедно со дечко ми :inlove:
     
  15. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Зошто да не! Поубаво ќе го запознаете партнерот и ќе знаете што можете да очекувате од него во бракот. Пример како се снаоѓа во домашните обврски дали помага при средување дома, дали готви, дали чисти...
    И ќе видите колку е уреден и ем ќе си се изнауживате кога сакате :lol:
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Многу би сакала... Не толку за запознавањето, туку за блискоста, делењето, топлината...
    Што ќе кажат Петко, Здравко ама ич не ме интересира. Сакам да живееме заедно и да делиме се’.
    А за брак мали сме уште :D (читај неподготвени).
     
  17. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    najubava stvar e toa ziveenje pred brak barem spored mene ;)
     
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Еве и јас да си кажам дека здравје за не цел месец јас и дечко ми ке почнеме да живееме заедно :)
    Среќна сум, одиме си купуваме за дома, да си го опремиме станчето, преубаво ми е, си правам планови, списоци, што треба да се докупи :)
    Само незнам како моите ке го прифатат тоа???? Не сум мн блиска со нив, не им кажувам се. Малце тоа ме мачи?? Незнам како да им кажам? Советче некое ако имате, би ви била премн благодарна да прочитам :*
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ти битно си се спремаш, а уште не си им кажала?
    Мој совет ти е што побрзо да си го расчистиш тоа, ипак родители ти се, и они имаат право на глас. После мирна глава. Седби ги и убаво, смирено објасни им каква е работата и кажи им ако е во ред со нив, дека би била многу среќна. Само без расправии и сцени, да не се заврши на лошо. А мислиш ќе имаш проблеми или ќе бидат океј?
     
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Инаку знаат дека сум со него, доага и кај мене, супер "стоеше" со моите, сега се онака односите. Се скаравме пред 2 месеци, мн ме навреди и повреди, тогаш мајка ми ја знаеше целата ситуација, ми рече твој живот е како мислиш ти дека треба така направи, несакам да ти се мешам во донесување одлуки, ако мислиш дека заслужува да му простиш, ок ако не прекини.
    По скоро време се смиривме, моите сега знаат дека сум со него, дека излегуваме, се гледаме секој ден итн. ама не доага кај мене- него му е незгодно, ниту јас одам кај него. Инаку јас одев кај него, се случуваше и да преспијам кај него,мн ме сакаат неговите, бевме летово надвор од земјава 4 месеци. Моите се тоа го одобруваа. Го сакаат човекот, супер им е.
    Мислам дека да не се скаравме, мн лесно ке ми беше да им кажам и да ме сфатат и да одобрат, отколку сега. Затоа се мислам како да им кажам??? :?: :?: :?: