Јас моите ги припремав малку по малку, го испитував теренот за да знам каква реакција да очекувам. Прбоај прво малку по малку, не одеднаш да им шлапнеш се, па ќе знаеш што да очекуваш, ќе можеш да се спремиш за реакцијата.
Е па тогаш немаш гајле, ќе бидат среќни, не знам што се мислиш како да им кажеш, тоа се мислат само оние што знаат дека ќе имаат проблем И ај честито
Бејби, ама може не е лошо да им кажеш побрзо. Ако веќе за нецел месец се селите, не им кажувај од денес за утре. Сепак е промена на која им треба време да се навикнат
Фала ви за поддршката!!! Незнаете колку сум среќна! Се мислам поради тоа што ме повреди многу, па сега сме пак заедно итн. Ама како и да е се надевам на најпозитивна реакција. Од друга страна си викам вака, ке се всели он, јас ке си останувам таму на спиење (3-4 пати во неделата), и на крај да ни здосади оди -врати се, оди-врати се, па да им кажеме дека ми предложил да си останам таму и да живееме заедно????? Што мислите за ова?????
Бејби, какви ти се овие размислувања, па 20 години имаш и ќе живееш заедно со дечко ти, а вака незрело размислуваш. Уште утре треба да им кажеш на твоите какви ти се плановите.И тоа се по ред, како што е, па во зависност од нивната реакција ќе реагираш.Ако се сложат супер, ако не ќе разговарате повеќе пати. Нема поголема навреда за родител од тоа детето да го исклучува за толку битна работа.
А ти сигурна ли си за ова? Сто посто? Еднаш те повредил, не сте долго време по смирувањето заедно, ова не е мала работа...
Поентата е што не сум блиска со моите, ама стварно не сум блиска. Кога морам тогаш кажувам нешто! Затоа можеби вака ке биде подобро, полека полека, ке се привикнат, па после конечно да се вселам. Незнам како да им кажам поради целата моја ситуација што се случи претходно. Да беше се ок како до пред расправијата, сега ке бев мирна и спокојна. Едноставно неможам да им кажам на моите ни дека сме се смириле, незгодно ми е, не сум навикната да разговарам со мајка ми (по моја вина, она се труди постојано да ми извлече од уста некоја информација, мајка ми е и ја интересира што правам). За мои планови можам да им кажам само околу факултет и работа, др никако. Кога и да сакам да и кажам на мајка ми нешто се кочам целата, незнам ни сама зошто??? Затоа и прашувам??????
Се мислам поради тоа што ме повреди многу, како ке прифатат моите родители сега заедно да живееме. Инаку јас сум 1000000000 % сигурна, во одлуката за заедно да живееме
Те разбирам, но сепак битна работа е не можеш тукутала.Не им викаш дека идеш до продавница, се селиш.Ако ништо друго излажи ги дека ти е битно нивното мислење. Колку и да ти е незгодно мораш да кажеш, сепак тие ти се најблиски и најдобро ќе знаат.
Така е, се согласувам со тоа што го казжуваш, ама како да им кажам??? хахахаха сега ми текна (малце е надвор од темава) кога добив прв пат од што ми беше срам и незнаев како да и кажам на мајка ми, и пишав на ливче и и го оставив во спална на перница. Епа сега пробај да ме сфатиш колку ми е тешко Како и да е ке морам барем нешто од нешто да спомнам, за да не биде ептен неочекувано.
Јас не сум за....незнам зошто...едноставно така.......И откако дадовме збор, јас останав домче..... си заминав точно на свадбата.... Според мене нема правило, секој ккао чувствува и како му се редат коцките...
Јас сум дефинитивно за. Еве на пример јас не сум во брак,но секогаш кога сакаме малку повеќе приватност со мојот дечко,одиме во неговата куќа и остануваме понекогаш со месеци ,што ни доаѓа слично како да сме во брак,барем во однос на обврските и должностите.Инаку ,многу го оправдувам живеењето заедно и пред брак,затоа што многу убаво може да се согледа како двајца луѓе функционираат заедно во заедница ,како ги делат обврските,колку се одговорни,а и може ако сакаат цело време голи да шетаат и да уживаат, што во една врска ретко кога може да се увиди.
Мислам дека не сум за. Дечко ми сега живее во стан сам и секогаш кога сакаме се гледаме, а никој не ни пречи. За заеднички живот би сакала точно кога ќе дојде време, кога и јас ќе се вработам и ќе бидам спремна да си го плаќам мојот дел од сметките. Знам дека во брак нема мое твое, ама неугодно ми е пред брак да живеам на туѓ товар. Сакам сопствена кариера, па се по ред.
Да :up: најпаметно нешто само штета што не може ова секој да си го дозволи . Зошто да ?! затоа што тоа е еден чекор пред брак односно генерална проба да видиш како би функционирале заедно тогаш може да согледаш реално ситуација не викам дека тоа треба да трае 100 години но секако дека е добро некое време да видиш како течат работите . Една девојка го направи ова во врска беа околку 2 години ако не се лажам почнаа заедно да живеат не издржаа повеќе од 4 месеци значи среќа што испадна како што испадна се спасија од многу нервози трауми разводи и останатати глупости сфатија дека не може да функционираат заедно и секој на своја страна
Јас и мојот сега веќе сопруг живеевме заедно пред брак... е сега среќна околност беше што и двајцата бевме од друг град,а во Скопје студиравме,но почнавме да живееме заедно откако завршивме. Јас немав некои поголеми проблеми со моите родители иако малку мрчеа ...ама си легнаа на брашното, а со ќе прават друго . Уствари сакав да кажам дека не е лесно да живееш со некој, дома е друго со мама тато, кога си до дечко гледаш една друга страна, други навики... најважно од се за да се успее е да се право компромис....без тоа ништо,,, е сега и јас и он сме малку повеќе од потребното ( леле звучам како нашиот претседател Ѓорѓе ) инаетчии ама многу добро функциониравме.... а богами и сега во брак ( леле се испофалив) ....значи девојки пробајте да живеете заедно, ама треба да имате на ум дека е многу поразлично отколку во врска... и попуштајте,,, па нели попаметниот попушта ... среќно .
Да. Планирам да го направам тоа и мајка ми уште од сега ми одобрува. Колку толку повеќе би знаела со кого си имам работа. Жива педантерија сум и перфекционистка, ќе знам барем во што се впуштам после. Но од друга страна фуфка ми е бидејќи сакам да си ја чувам невиноста до прва брачна ноќ, односно имам желба. Е како ќе издржам бе? Ми излезе од туш, мокар, со пешкир замотан само. Ок, во пмс сум, поинтензивно размислувам на поле секс деновиве.
И на мајка ми кога и реков-на 24години-ми вика-ааа прво дајте си збор ,немора веридба да правите потоа веридба -сега збор меѓу себе да сме си дале абе и се изнасмеав,а и таа некако се збуни па така почнавме стан да си бараме,си најдовме,а таа нонстоп не прашуваше-најдовте ли,каков е,што има,голем ли е итн....абе срцка...сега си седиме заедно и на сите им е нормално,а нас најубаво Порано сум слушала муабети демек-ќе се верат ,па седат заедно да видат како им функционирало ,па ако е ок-тогаш се зимаат ако не-чао ,пријатно а сега се си доаѓа спонтано,ние пред да седиме заедно не ни зборевме за брак,еве сега после една година седење заедно почнавме да спомнуваме....
Ако сте решени да се земете, зошто да брзаш? Верувам сте оделе заедно на годишни одмори, патувања или било што такво каде сте само вие 2ца па барем на 10тина дена или неколку дена не мора да се 10 сте виделе како е да живеете барем на период сами заедно..штом твоите ти викаат не сигурно не е ради тоа што ќе речеле роднините само или комшиите или не знам ти што, викаш планирате да се земете..штом е така,не брзајте терај си го животов ваков со него потоа ќе бидеш дај Боже цел живот па ќе се каеш, не брзај зошто кога ќе се омажиш ќе сфатиш дека си требала со твоите да поживееш заедно, нема ли да ти недостигаат ? Чекај да дојде тоа време, кога ќе те земе за жена нели ќе ти биде филинг од дома да те изнесе и се тоа, ама да биде вистинито а не,да живеете заедно па да се враќаш дома за да те земе и сл. ? Остави работите да течат по својот тек не ги избрзувај, ќе ти фалат твоите после, цел живот ќе бидеш со дечко ти, ама со твоите? И не го нервирај татко ти, мое мислење греота човекот ти си за него гордост, тој знае дека си веќе возрасна и сето тоа, ама зошто да му причинуваш нервози? Тој само сака се да биде по својот тек..исто и мајка ти, претпоставувам..Немој, ќе се каеш ќе ти недостигаат твоите, со дечко ти уште еднаш ќе кажам ќе бидеш цел живот ДАЈ БОЖЕ ама со твоите нема! Немој :/
јас сум врена но некако незнам не ми се иде нон-стоп таму. Не живее сам туку со мајка му и баш си правам тури еден ден таму еден ден дома па ме нема дома 4 дена па си се враќам. Некајко ми е по интересно. Иако тој сака да се преселам целосно сепак решивме вака да остане до свадба или до оној момент кога нема да ми пукне и да речам неможам да влечам работи. Сепак и моево е некако живуцкање пред брак заедно така да ги подржувам сите оние кој сакаат да живеат пред брак заедно но да им е во глава бар првиот чекор збор или веридба