Ако оди се по планот во јуни заедно ќе живееме Не ги ни прашувам моиве, нити ми се мешаат до некаде сум веќе навикната на ова, сме биле и подолги периоди заедно (најдолгиот ми бил 5 месеци) така да, веќе знам што ме чека Е сега, дома си е дома, ама Кога сте сами 24-7 нема ништо подобро! Вака најубаво можеш да го запознаеш! Да му ги запознаеш позитивните и негативните страни, што при 2-3 па и 7 саати на ден да си со некој не би ги дознала Така да доколку се има можност зашто да не Јас сум за
Јас со мојот сега веќе сопруг, живеевме пред брак и тоа после 2 месеци од нашата врска, се испадна така спонтано што и да го планиравме тоа немаше така да испадне. Јас инаку не сум во МК и се запознавме во Гр.кадешто сум многу години и работев таму и откако се запознавме се сменија многу работи, јас пред тоа си иамв зацртано во глава да напуштам од работа затоа што ми беше преку глава веќе од се и сакав да заминав во Мк да се опуштам, изрелаксирам и да сменам нешто во мојот живот, ми беше здосадено од се!!! И кога оп, се појави мојот сакан, значи љубов на прв поглед! , се запознавме, идевме некои 2 недели и веќе почнавме со планови и пошто тој беше од друг град, а јас во друг град живеев и така ми предложи да се преселам кај него на извесно време, ем ќе променам средина, ем ќе си бидеме заедно, ем да видиме дали можеме заедно. И јас на сето тоа реков wauuuuu..ми се допадна сета идеја , но проблемот беше како ќе им кажам на моите ? Лелее не спиев со денови од мисла што ќе речат, мада нормално е да ми кажат дека не го познавам сеуште, а ќе одам кај него итн. и така на почеток им кажав дека ќе идам само на викенд кај него, така и беше, потоа отидов после 1 недела пак на 3,4 дена и третиот пат беше for ever Значи на почеток моите многу се грижеа како ќе биде, рано е уште, ми велеа немој толку рано да седите заедно и ред други работи што може еден родител да сака за своето дете, но проблемот беше што јас не живеев зимата во Гр.туку во Мк и за да не ме изгуби моето мажуле ми предложи да живееме заедо и кога ќе посакам ќе одиме во Мк кај моите и нон стоп селење од едно н адруго место, а и не сме близу, сепак во друга држава сум и ете така и беше. И еве до ден денес е се ок, ние функционираме одлично, моите го обожаваат зетот и сега сме сите happy Моја препорака е да се проба да се живее заедно пред брак, не можете ништо да изгубите, само можете да добите нешто плус, па ајде со среќа на сите девојки кои се двоумат
Ете и јас живеам со дечкото, и одлично функционираме заедно, но сега да се врати времето не би го направила тоа, или би го направила малку подоцна. Се се случи така непланирано, бидејќи сме на работа во Скопје, тука бевме и на студии, и многу подобра варијанта беше да земеме стан заедно, наместо да живееме со цимери па да се влечеме од кај мене до кај него. Да останев во мојот град никогаш не би се решила да живеам со дечко, едноставно тврдам дека дома си е најубаво, може дека долго време сум настрана од моите и сама се грижам за се па ми недостасува домче За година повеќе или помалку таква е женската судбина да го напушти домот, и тоа е тоа што не чека, да отвориме нов дом и да се грижиме за него, за тоа уживајте дома додека можете, баба ми и дедо ми се ни познавале кога ги ожениле па беа среќни заедно до последен ден. Може ако не живееш со него нема да знаеш каде ги остава чорапите кога ќе ги соблече но неможеш да не знаеш каков карактер е и што можеш да очекуваш од него. Во бракот за да успее мора да сте спремни да правите компромиси и да се прифатите еден со друг за да успеете заедно, ако сте спремни да го прифатите таков каков што е и тој вас и да не се трудите многу да го измените ќе успеете без разлика дали ќе живеете предтоа заедно или не. Јас живеам со дечкото заедно скоро 3 години, па не сум сигурна дека после 2-3 години се ќе биде исто и дека тој или јас нема да се промениме. За тоа седете си дома да не се замарате со неплатени сметки, не испеглани алишта, со незготвени јадења, неизмиени садови не е лесно
Во никој случај. Не сакам. И зошто сега бракот не ни е интересен? Секс пред брак, живеење пред брак... и после досадно било Јас и сега одбегавам и кога имам дечко, да не биде секој ден гледање. Го обожавам онај момент кога си недостигате, ти се зголемува желбата да го видиш и после БУМ, земјотрес. Кога сум била со некој во стан по 3-4 дена, убаво ми е, али последниот ден кога ќе дојде 4-ти, ми доаѓа силна желба да се тргнам малку, да се видам со другарки (јас сум човек што не може без другарки, за ништо на светот не го заменувам другарството). Ми доаѓа желба да излеземе со нив за викенд, да се изнаиграме, да шетнеме... Не ми се допаѓа живеење со дечко, ко жена уште од сега. -.- Има време, јас не брзам, и онака цел живот ме чека тоа па на крај ќе си ску*чете. Единствено ете по неколку дена заедно, можам и преку тоа да видам дали си функционираме. Ама само неколку дена!! Па така би ми било поинтересно кога ќе стапам во брак. Јас само ќе кажам, правете кој како сака, само не заборавајте си ги другарките. Оние вистинските.
Јас и љубениот мој, чекаме да ни стигне спалната (утре) и оп во љубовното ни гнездо. Заедно сме 2 години и се решивме на ваков чекор заедно, спонтано. Се надевам се ќе биде ок, зошто и до сега ние си живеевме 3 дена кај мене, 5 дена кај него ....... Е сега кога ќе дојдат сметки , фрижидер, гардероба , ќе видиме како ќе оди Едвај чекам да се песелиме
На моиве неполни 21 година би живеела со дечко ми. Заедно сме скоро 3 години, сме биле и на одмори и по неколку дена кај него дома сум спиела.Би прифатила зашто пред се, би поминувале многу повеќе време заедно, а и зашто знае и да зачисти и да раскрене и да зготви, што ми е многу важно. Значи, кога би ми предложил да живееме заедно, би прифатила, ама не би сакала уште сега да се верам, тоа ми е веќе ептен сериозно.Не дека не сакам со него, не сакам на 21 година, иако и веридбата не значи ништо конечно.А и кога веќе би дошло до тоа, секако ќе најдам работа, било каква, иако он би покрил се, ама сакам и јас да имам некакви приходи, макар 2000 денари, ама да знам дека и јас нешто сум придонела, а не он или моите дома.
И чисти и готви и во се сме заедно, нема женски - машки работи, и излегувам со другарки, значи се ми е супер ама не е исто и како што кажа Лакримоса тоа чувство кога ќе се видете после неколку дена или малку ќе си недостигате... тоа е нема назад
јас живеам со вереникот и супер ми е. Уште пред да се вериме живеевме зедно неколку месеци. Бевме од различни градови и само патувај тој до кај мене, јас до кај него. Поради тоа патување трескање со автобусот, навму натака ниту јас ниту тој можевме да имаме стабилна и убава работа, Сега е поинаку, знам после работа тој е дома ме чека, не мора да брзам да фатам автобус. Воедно и врската ни се зацврсти, се запознавме комплетно и здравје на есен свадбичка
Плавуша, веќе седум месеци си живееме заедно Супер ни е, ни за една секунда не сум се покајала за оваа одлука. Напротив, ќе се гризев да не го направевме ова
Сум за живеење заедно пред брак. Да видиш како би идела целата работа. А не мажи се и после не идело, ти сметаат неговите секојдневни навики што онака не си можела да ги приметиш, па кавги, па дури и развод. Не, не, вака си пробувам и си знам на што. Ако ми се свиѓа - терај натаму, ако не иде работава - ќе си знам на време
Јас на моите доволно пати им докажав дека што и да ми речат јас ќе направам по мое, а за комшиите роднините..... кои се па тие во мојот живот? До душа, никогаш не ми забранувале нешто посебно, најмногу затоа што не сум лажела и како мала ќе сум дојдела дома - јас така и така направив, или така и така ќе направам. Неколку пати татко ми ми кажал ,,не може?“ а јас само имам одговорено ,,сакаш да се кладиме???„ Јас би ти рекла да не се замараш и да го направиш тоа што ти сакаш, на збор или не на збор, верена или не, голема работа, бракот е како врска во денешно време, денес се мажиш, задутре се разведуваш. Мада јас не ги почитувам тие безвезе ,,зборовни,, традиции, ама секој со своето. Само биди среќна, се друго.... мање битно.
Баш убаво,повеќе се навикнувате еден на друг се правите заедно,се делите:Нормално нема јас да одам да живеам со некој после 1 недела врска,знам дека ми е сериозна врската и дека утре нешто може повеќе да биде од тоа па зашто да не си живеам со него.И моите знаат да речат друго е верена е што е друго демек некоја гаранција ми е пртенот,глупости зашто за комшиите и роднините да не збореле,они па многу се секираат јас што мислам и што зборам за нив.Значи да јас сум за и дај боже во најскоро време да ни се исполнат плановите со дечко ми па ида си живееме заедно можеби.
Го поддржувам заедничкото живеење пред брак, мислам дека треба да е задолжително. Посебно за млади луѓе кои мислат дека бракот е играчка, да почуствуваат што се обврски и одговорност.
точно така,се согласувам во целост,а не после мислат дека е бракот мачкина кашлица и ајде по година-две ќе се разведуваме.Проблемот во денешницава е дека не секој има можност да го искуси тоа за жал,а убаво би било
Добра работа е ова...не е секој ист дома и надвор...некогаш има голема разлика...не само во ситните работи дали бил уреден или не...туку комплетно и во однесувањето... така да добро е да се види со што се има работа...за да нема непријатни изненадувања...
јас сум ЗА живеење заедно пред брак, подобро е прво убаво да се запознаеме меѓусебе отколку набрзина да се земеме па потоа да следува развод нели ?
prvin da vi kazam zdravo na site .jas veke godina i nekolku meseci zivejam so deckomi i odlicno mi e i da vi kazam najubavo bret brak da zivete so deckoto zasto taka ke vidite dali ke vi odi nie i dali ke ste spremni za zaednicki zivot pos i da znaete naj top e koga zivete so partnerot
Големо ДА! Како прво така најдобро ќе се запознаат и ќе видат како им оди и дали можат така да продолжат. Денес многу бракови се растураат бидејќи недоволно добро се знаеле партнерите, биле млади и заљубени но не и свесни дека љубовта бледнее. Една сум од тие што веруваат во еден брак за цел живот но само со човекот со кој сте спремни да делите се, да излезете од секоја можна ситуација и заедно да се радувате на работите.