Секако. На тој начин многу подобро ќе го запознаеш партнерот и уствари ќе видиш дали функионирате нормално кога сте постојано под ист кров. И само на тој начин ќе сфатиш дали треба да се направи следен чекор или не. подобро на тој начин да видиш па на време да се прекине врската ако не оди отколку подоцна да се чудиш што да правиш (и што ќе каже тогаш фамилијата, глупости) а си се влечел години наназад за џабе
Јас и дечко ми живееме заедно речиси од самиот почеток на врската,значи скоро 3 години и се ни е во ред,ретко се расправаме ,особено за некои негови лоши навики.Инаку се е вво најдобар ред.Тоа значи -поддршка до сите парови кои сакаат да живеат заедно - забавно е и не боли ,нема испраќања, па треба да си одам дома ,па не знам што ...
Секако дека сум за, затоа што тоа придонесува за подобро меѓусебно запознавање на партнерите, нормално дека не сме исти кога сме надвор и кога сме дома. Вака може да се види дали партнерите можат да функционираат заедно под ист кров.
сум за живеење пред брак....така можеш да се запознаеш со партнерот и можеш да увидеш како е навикнат да живее какви се неговите принципи, он/она да увиде какви се твоите принципи и така .... што ке ми е јас со него да сум заедно 10год (а да не живееме заедно) и откако се венчаме оп, друга личност...ее нејќам така
јас си живеам со него и ептен убаво ми...бев дома неколку дена сега и мислам дека ке полудев толку многу што ми фалеше....
здраво на сите, многу убав форум секоја Чест, браво за фемина и за сите девојки, Жени итн.. многу убави размислувања, просто останав без зборови....епа вака јас веке дооолго време не Живејам во македонија и сакам да ви каЖам дека овде дека јас Живејам секој втор пар Живејат сами разделени без верење и такви работи.. е сега како што викате вие дека во македонија вакви работи Често не се срекаваат..тоа е вистината за Жал, али јас мислам дека ако некој се сака и се потруди моЖе да успее во тоа не е уопште невозмоЖно, а остајте ги родините и народот тие секако за ова или она ке си зборуваат позз до сите ваз.
Јас не сум за, не знам зошто ...едноставно не сум, некако не сум по експериментите кај мене е или џа или бу...или ќе биде скрос или нема да биде. До душа не ми понудил никој заедничко живеење пред брак, па не сум ни била во дилема...ние се веривме, си седев кај моите до свадба, па после свадбата се преселив. Претходно бевме само на зеднички продолжен викенд во Охрид кој морам да признаам дека убаво си го поминавме, ама и двајцата си пазевме што и како правиме, се истручававме, двајцата гледавме да не ја уплескаме работата како демек еве сега заедно сме 24/7 па да видиме дали ќе не биде или не. Можеби е добро заедничкото живеење пред брак затоа што си ги дознавате навиките, почнувате да се прилагодувате еден на друг, ама тоа може и во бракот да се прави, што знам Сепак мислам дека заедничкото живеење не е пресудно за цврста брачна врска, во смисла-еј супер ни е, си одговараме, дефинитивно ќе не биде, нема да се разведеме...може сега брак. Се` е индивидуално...кој како сака така нека си прави, кому како му одговара. Тука мислам на двајцата кои се решиле заедно да живеат, а оние што немаат попаметна работа освен да оговараат и да трачарат-еј ќерка му на Трајко живее со син му на Петко, не треба да се ставаат ни под точка разно.
Дефинитвно сум за. Живеењето заедно е сосема нова димензија на врската. Кој може нека си го пружи тоа задоволство, зошто навистина е доста корисно, за понатамошен заеднички живот. Навистина не е исто па макар и секој ден да се гледаш со дечкото, и незман колку пати да сте биле заедно на одмори. Бракот или заедничкото живеење е сосема нешто друго. Тогаш се согледуваат вистинските навики на човекот. Па затоа треба одредено време, како што јас го викам пробен период, за двајцата да се навикнат еден на друг, пред да ја официјализираат својата врска. Тоа е на некој начин тест за тоа дали партнерите се за брачен живот или не се.
Јас пред скоро една година го поставив прашањето за живеењето заедно пред брак И сега можам да ви кажам дека ни за една секунда не се покаав што се решив на овој чекор. Ниту пак ми беше нешто тешко како што мислев дека ќе биде, се му дојде некако природно. Како така да требало да си биде. Мислам дека ни во поранешната ми дома не сум се чувствувала дека толку припаѓам, како што се чувствувам сега за мојот нов дом. И фала ви на сите за советите и поддршката
Мислам дека е неизбежен чекор. Не би знаел ако не пробаш, а подобро е да пробаш пред да биде доцна. Ипак кога си со партнерот 24/7 ги дознаваш и оние ситни детаљи кои можат да те згрозат или да бидат причина за повеќе љубов. Некои го дефинираат како тест, но животот не е тест, ова е предизвик, ризик и паметен чекор. Ако не бива, не бива. Мазохисти не сме секако, и ретко кој си иде против свој г‘з.
За секој пар треба да стане задолжително заедничкото живеење пред брак. Додека не си со некој и не си ги видите навиките и карактерите под ист покрив, никој не треба да се решава на брак. Зборам за зрели личности кои си го средиле патот, а не деца кои се некадарни да имаат врска а не па брак и чекаат некој друг да ги здржува. Заедничкото живеење многу помага за запознавање и одделување на машкото од мамичка. Ако мамичка му ставала се под нос, треба да научи да стане и да си наполни чаша вода ако сака да пие. Ако издржат барем една година да живеат сами (тоа ќе значи дека се спремни за подолг заеднички живот), тогаш бракот ќе им е како песна. Кој има можност да не ја испушта. Нема нешто поубаво од заеднички живот со тој што го сакаш (ако и тој те сака).
Јас не сум за. Не знам кога веќе живееш заедно зошто да не се земеш?? После е мислам потешко да се решиш на тој чекор зошто ете, зошто да има свадба кога веќе живееме заедно. А и сметам дека е шоубаво кога нема да знаете пред свадба каков е заедничкиот живот. НО ова е мое мислење. Дечко ми индиректно мислам дека ми го кажува тоа. многу пати коа сме збореле, кажал коа ќе има барем едниот работа ќе си живееме заедно. Денес му кажав... Г....(дете каде што работам) ми кажа да се спакувам и да се преселам кај тебе- он само ми кажа убаво ти рекло детето. Сепак мислам дека се уште е рано, а и немаме можности, тој студира, јас работам на саат, и така не е возможно да се живее.
Статусот дечко и девојка е многу поинаков од статусот вонбрачни партнери кои живеат заедно. Тој чекор е еден вид тест за тоа колку партнерите можат да функционираат заедно 24/7. Не секое заедничко живеење подоцна прераснува во брак. А ако заедничкиот живот е усогласен и хармоничен, значи дека партнерите би можеле подоцна да функционират заедно во бракот кој сепак е многу поцврста врска отколку односот дечко - девојка. Заедно да донесуваат одлуки, заеднички да учествуваат во решавањето на проблемите, заедно да ги делат обврските и слично. Апсолутно сум за живеењето заедно пред бракот. Тука не се работи само за тестирање на тоа колку еден пар може заеднички да функционира, туку веќе се работи за подобро осознавање на партнерот. Кои се неговите навики, кои се неговите лични мислења за тоа како треба да се поделат домашните обврски, колку добро е организиран, среден и слично. Јас барам педантност од негова страна на највисоко ниво. Не можам да замислам да живеам со некој кој ќе ги остава чорапите кај ќе стигне, некој што нема да си ги остава работите кај што им е место и нема да му пречи да живее во хаос. Израсната сум во семејство каде обврските секогаш подеднакво се делеле. Што ако тој е патријархално воспитан, па според тоа ќе бара од мене да бидам домаќинка, да му перам, пеглам, чистам и да не бидам вработена? Тука веќе се согледуваат личните сфаќања на партнерот, а живеење пред брак е идеален тест за тоа колку би можеле да си ги прифатиме различните навики и да го усогласиме заедничкото живеење.
Јас сум ЗА и тоа како,го подржувам заедничкото живеење пред брак пошто дур не живееш со некого нема да го запознаеш целосно,кога би ми бил овој памет пред да стапам во брак не би мислела ни секунда.Здравје кога ке порасне син ми јас ке бидам прва која ке го подржам во таа идеја
Да имам можност одма би се нафатила да живеам со дечко ми. Сакам да видам како би функционирале под ист кров 24/7 иако поминуваме многу време заедно, ми одговара во се и не се сомневам дека би се промениле работите кон полошо.
јас сум за.би живеела со партнерот пред брак,ем ќе се навикнам,ем така си сакам за да не правиме до бракот иди ми дојди ми хахахах
обавезно, барем некое време да се навикнеме на нашите секојдневни обврски заедно, јас сум дефинитивно ЗА