Никогаш. Да живееме заедно и после неколку години брак. Јас никогаш не би се согласила. Ако сме заедно години тогаш веќе ги знаеме наши мани и доблести. Значи се познаваме премногу добро. И нема тука потреба од никакви тестови и такви ми ти работи. Значи немојте да ме разберите погрешно. Јас лично никогаш не би живеела. Но тоа не значи дека сум против. Сметам дека е добра одлука која има многу корисна лекција од која може да се научи Познавам многу ситуации каде се одлучиле за живает заедно без никаков план за брак. Не ни помислиле на брак а веќе живеат заедно. Само јас еве никогаш не би се согласила на таков чекор. Тоа е се
значи јас имам 21 год. живеам со дечко ми ама не сме сами, со цимери и супер ни е, за сами само ние можеби не би сакала, а вака е одлично, а за брак воопшто не ни размислувам ни сега ни во блиска иднина, ама многу време сме заедно и веке потполно се познаваме еден со друг за живеење заедно влијание има и тип на врска и карактер на луѓето во врска
Зошто не бих? Би се запознале подобро,ќе ги откриеш неговите мани,неговите желби и способности.. Нашите родители не мислат така бидејќи не можат да го сватат тоа,неможат да го замислат.. Тие живееле во поинакво време од тоа што ние денес го живееме.. Нас тоа не ни е чудно но нив му е.Не се навикнале на тоа! Јас сум ЗА!
Според мене секој кој има сериозна врска која подоцна би завршила со брак, треба извесен период да живее заедно и тоа сами под кирија. Не е исто во врска и брак и затоа е подобро пред да се потпишете да видите дали сте еден за друг, пред да се направат трошоци за свадба. Јас и мојот сопруг живеевме заедно пред да се земеме и тој период многу се каравме. Имаше он некои навики кои јас не ги знаев иако одевме 10 години исто и он некои навики за мене не ги знаеше. Се каравме кој да оди наутро да купи леб, зашто водата во бојлерот цела се потрошила мислам за такви глупости. Тој период беше тежок, но многу ни помогна да созрееме.
Би живеела зошто да не. Немора одма да се земеме ако живееме заедно али пак барем ќе си бидеме заедно постојано, ете ќе видиме и ќе пробаме каков ќе ни биде заедничкиот живот
Секако дека треба да се живее заедно пред брак за да видите како ке функционирате заедно. Ако ви оди добро, тогаш бракот е само формалност. Ако пак има проблеми и несогласуванje тогаш со време ке можат да се надминат и да се донесат рационални одлуки-да се продолжи кон создаванjе семеjство или да се разделат партнерите.
Зошто да не? Одреден период пред стапување во брак, пример 2-3 месеци онака да видиш како се функционира во една куќа заедно. Друго е кога ќе бидеш под еден кров, тогаш размислуваш за многу повеќе работи. Но, тоа би го направила кога би била двајцата скроз независни за да можеш да тераш како што одговара на двајцата.
НИКАКО живеев со дечко ми три години живеењето заедно е слично како во брак само што во овој случај ни ти е маж ниту пак дечко и по некое време ти пука филмот и за глупости се прават големи кавги и на крајот секој по својот пат .Така и ние живеевме што живееме и ни се здосади и се искаравме сега пак сме заедно ама како нормални дечко и девојка и вака е многу подобро верувајте ми сега некој ке си рече па вие не сте еден за друг штом ви се здосадило сега ке ви се здосади и во бракот ама не е така друго е во брак и да не излезеш со другарките нема да ти смета ке знаеш дека веке си во брак и тоа е тоа сама си избрала а вака ем си ко мажена многу работи ти се ограничени а ем не си мажена епа верувајте пука филмот додека можете уживајте во врската а кога ке се почувствувате спремни за заеднички живот земете се опростете се од девојачкиот живот и чувајте дечиња
Немој молим те, ако си во брак оправдано е да се десоцијализираш, да не излегуваш со е освен до пазар, престилката главен аксесоар а тавата и тенџерето главна преокупација, увек да се полни а куќата.задолжително на запршки и кромид да мирише, пошто нели ''домачица'' има. Мјаууу ако еднаш сте пукнале, во брак ништо поразлично нема да ѐ, освен што можда ќе носите исто презиме и ќе имате извод од матична книга на венчани и наравно ЦД од целото весеље тако звано свадба. Драга моја еден папир ништо нема да смени, ниту треба да дозволите да смени, треба и двајцата да си останете како и претходно, да си ги сочувате и одржувате пријателствата, да бидете заедно но повторно секој да си има време за себе, за своите пријатели, хоби и други интереси. Многу е погрешно сфаќањето дека после потписот у матично индивидуалниот-личниот живот на партнерите треба да заврши, дека ко тенџере и поклопец сегде заедно треба да се влечат, или дека повеќе нема излегување сами и сл. Баш напротив, во брак се основа семејство/дом/доаќинство но притоа ниту мажот ни жената не треба да ''страда'' или да жртвува било што за сметка на бракот. Живеам две години со вереникот и дури мислам дека откако живеее заедно подобро функционираме, јас си ги одржувам своите пријателства тој неговите, ниту еднаш сме немале проблем во однос излегувањето сами, во однос на навики, маани и доблести се ускладивме и навикнавме. Сега, после толку време сум сигурна дека сакам со него да бидам, да градам иднина без никакви стравови како ќе ни биде утре кога ќе решиме да го ставиме тој фамозен потпис.
Па би живеела заедно и пред брак секако дека да.Подобро да видам како ќе функционираме пред да стапиме во брак отколку од после.Јас навиките не би ги сменила,само би се прилагодила на неговите,а и тој на моите верувам.Во секој случај веќе имаме слични навики па мислам дека не би имало проблем околу тоа.Сепак и после бракот ние ќе си останиме исти ,нема да се смени ништо ва нашиот живот освен тоа дека ќе градиме свое семејство и заедничка иднина.
И јас сум за заедничко живеење пред брак.Тоа е прекрасна можност двајцата да си ги искажете и поставите правилата по ваш ќејф без мешање од страна.Можност да видите кој со какви навики е стекнат и дали тоа може да се прифати или корегира.Во такви услови може да се види кој колку е спремен за заедничко живеење, дали знае да се располага со семејниот буџет, дали се делат работите на машки и женски, дали се забранува нешто (!)....и ред други работи. Секако ова се работи за оние што се самосвесни и знаат што можат и што сакаат од животниот сопатник.Има девојки (прочитав овде) кои прават разлика од заедничко живеење и брак и вака или онака требало да се однесува некој кој е во брак а вака или онака ако живее без пусулчето од матично.Според мене погрешно.Има разлика помеѓу врска каде секој спие во домот на своите родители и заедничко живеење под ист покрив.Ако живеете под ист покрив можете лажно да се претставувате ден-два и толку се ќе излезе на виделина.Само тогаш може да се види кој какви ставови и сваќања има кој колку знае да раководи со пари, да готви, да чисти, да уклучи машина, да пегла, да пазари, да поправи ситно нешто низ куќа и ред други работи. Е сега нашиов менталитет и начин на живеење малце потешко го прифаќа ова. Тие што имаат стан посебно од родителите имаа можност да го искусат ова, поготово (и најчесто!) ако женското треба да се досели.Ретки се тие што излегуваат од домот на родителите за да живеат под кирија со партнерот а не се во брак.Тука одма постарите коментираат за непотребното трошење пари за кирии и наметнуваат брак и свадби.А и на повеќето од машките не им текнува или не сакаат да прават такви експерименти и притоа парите да ги потрошат за кирии и други потребштини за закуќување куќа кога сето тоа го имаат во родителскиот дом бесплатно. Имам приметено дека најчесто заедничкото живеење го има кај студентите или оние што се придојдени во Скопје по работа затоа што не се со родителите тука под ист кров.Иако од неколку девојки имам слушнато дека дечковците кога живеат овде одвоени од дома се однесуваат поинаку од кога ќе отидат дома кај своите родители.Овде можат тањири да измијат или да фрлат ѓубре ама во домот на родителите тоа не го прават.Двоен аршин или страв од неприфаќање на околината или нешто слично.
јас не реков дек не ни било убаво или дека не сме излегувале со друштвото друго е да си верен а друго е воопшто да не размислуваш за брак а да живееш заедно и тоа три години незнам некако се загушивме и сега вака ни е подобро можеби ако се вериме пак би живееле заедно ама додека не се решиме за тој чекор вака ни е подобро
Коментаров ми е малце збунувачки и ќе коментирам но не сакам да си помислиш дела лично против тебе имам нешто. Збунувачки е редоследот на збиднувањата.Според мене, желбата за заедничко живеење под ист покрив доаѓа од желбата да бидеш со дотичната особа што е можно повеќе време, да заспиваш и да се будиш заедно.Кога веќе се преминало на следниот чекор т.е. се живее веќе заедно и доколку се е ОК и двајцата успеале да се прилагодат и да си го фатат заедничкиот ритам се продолжува заедно па може (а и не мора)се одлучуваат за следниот чекор формирање на семејство, дете, деца итн.Но, доколку и двајцата увидат дека сепак разликите меѓу нив се непремостиви и се загушуваат еден со друг и неможат заедно да останат подолго време под ист покрив тогаш секој си го фаќа сопствениот пат и се разделуваат. Вашево ме чуди Ај да сте решиле дека повремено ќе се гледате затоа што можеби сексуално сте си компатибилни или само во јавност ве бива за придружба ок.Ама после лично искусено заедничко живеење сте се загушиле а и понатаму веруваш доколку сте верени поинаку би било.ШТО БИ БИЛО ПОИНАКУ?
Значи вака сега ке ти објаснам :јас не сум од бт моментално живеам тука цимерката што живеевме заедно ми се мажи и останав сама да живеам во тој период јас се фатив со него и воопшто не бев спремна да живеам со некој ама тој малку по малку си се всели кај мене не дека и мене не ми одговараше то ама така спонтано се одвиваа работите недоговорено значи немаше никаков муабет ниту за брак ниу за нешто слично и продолживме дур не се искаравме премногу заради глупости да бевме во брак сигурно немаше да се караме за такви глупости значи стигна работата до таму да го избркам од дома а да си во брак сигурно нема да го избркаш заради некоја си таму глупост по некое време се смиривме и сега сме ок и свативме дека вака е подобро се дур не решиме да се вериме или да стапима во брак.
И тоа како сум ЗА. Одсекогаш сум викала дека мора година дена барем да се живее со дечкото пред да се влезе во брак, највише за делење на финансиски обврски, зошто реално во секој складен брак проблеми се појавуваат кога ке снема пари, а вака колку толку ке запознаеш како ке се однесувате во такви ситуации. Со дечко ми сега не живееме заедно си има он свој стан со цимери и јас мој со цимерка, но многу често е он кај мене се гледаме секој ден и после 2-3 дена нон стоп заедно некако одмор ми треба и сакам 2-3 дена без него да одморам, ама он не пројавува таква желба, он би цело време да е со мене а јас не смеам да му кажам дај жити све да одморам, не сакам да се навреди Тоа е мора да се живее заедно пред брак, ако не се заколете тогаш ке успеете ваљда во бракот
By the way, само да потсетам дека 3 години заедничко живеење според Закон за Семејни Односи се третира исто како и граѓански брак, односно важат истите права и обврски како и за венчаните. Парчето хартија ништо не значи. Сите ние пред брак се тестираме на овој или оној начин. Дали заедничко живеење ќе биде тестот, се е работа на договор.
mjauuuuuu, не знам што подразбираш ти под брак, ама ако мислиш дека еден лист хартија со твој потпис ќе биде доволна причина да не се карате, грешиш. Велиш дека ако сте биле во брак тогаш кога сте ја спукале, немало да се карате за такви глупости. Мене тоа ми е неразбирливо. Или ќе функционирате заедно како што треба, или нема. Бракот не може тоа да го смени. Освен ако под тоа не подразбираш да си ќутиш на тоа што ќе ти го рече и да си трпиш, затоа што ете - сте во брак, па нема да се карате.