Јас пак мислам дека мјау и дечко и не биле доволно созреани и не размислувале за брак , туку живееле заедно бидејки им одговарало од практични причини . Ако ви треба цимер , а не ни размислувате за брак најдете си цимер нека не биде тоа вашиот дечко , живеењето заедно не треба да биде од практични причини , треба да сте зрели и спремни за обврски тој чекор е огромен и не треба да биде наметнат и во стилот леле немам цимерка дај дечко ми
i jas sum za i nie ke pocneme da ziveeme zaedno naskoro mojte ne smeat da pisnat moj zivot moja stvar [mod-kirilica160xzhw][/mod-kirilica160xzhw]
Ако „секое“ девојче уште од малечко сонува некогаш во животот да се види во бел фустан и да прави свадба, јас сум од оние (ако воопшто и ги има) кои сонуваат дека еден ден ќе имаат заедничко катче со љубениот. Зошто да не - баш би сакала да живеам со дечко ми, а притоа причина за тоа да не биде нашата веридба или брак. Мислам дека така најубаво ќе се види како ние всушност би функционирале заедно, и како би се справиле со нештата од типот - делење обврски, сметки, парични средства, заштеди ... Порано чинам ова беше уште една табу-тема, а посебно ме вадеа од такт размислувањата и коментарите „што ќе кажат луѓето за тоа, не личи така неземени да живеат заедно, па што ако се скараат и раскинат“ - па што e толку битно ќе кажат другите, сигурно тие нема да го бираат мојот дечко/сопруг - моја одлука си е тоа и готово, а ако сум одлучила да живеам со некој, сигурно дека тоа би се работело за личност која ја гледам како мој личен сопатник, а не со некој за кој немам сериозни намери . Проблеми секогаш ќе има - помали или поголеми, ама па и затоа сме се одлучиле да живееме во заедница, за да пробаме да најдеме заеднички решенија за сите и да видиме дали ќе се снајдеме со сите тие предизвици кои ќе нè снајдат. Последниве години, сè повеќе наидувам на вакви парови кои живеат заедно, слушам разни искуства и сè повеќе ми се засилува оваа желба. Баш ме интересира дали некогаш ќе успеам некогаш ова да го реализирам.
Ова ни е втора година од кога живееме заедно со дечко ми. Не почнав да живеам со него заради тоа што у близина планираме свадба, побогу, иако скоро сите што ќе слушнат дека живееме заедно, од постарите роднини знам дека го мислат тоа, но тоа мене воопшто не ми е гајле, исто и на моите дома. Пред да живеам со него, живеев две години со различни цимерки, и иако мислиш дека баш со нив ќе ти е најдобро, пошто сепак другарки, пријателки, ги знаеш со години, гадно можеш да најебеш, и баш од тие да се изненадиш максимално. Баш тоа беше и случајот со мене. Јас сум либерте, толерантна, воопшто не ми е дојдено до озборување ни до лицемерие, преубав ми е животот да се замарам со тоа, но очигледно бившите ми цимерки само до тоа им било, со исклучок на една, си знае она. Разочарана бев од нехигиената и злобата околу мене, општо и кај други другарки низ дома во Скопјето што гледав, сите ги скинаа маските во најбрз можен рок и јасно беше кои сме и какви сме. Дома кога кажав дека ќе живеам со дечко ми на мои 21 година, знаев дека татко ми само може да ме праша зошто реши така, нели е рано, пошто тој некако е позатворен, и не сака кога се наоѓа во незгодна ситуација а знае дека тоа го носе ова нашето заедничко седење со различни муабети и измишлотини, пошто сепак идам од мал град, каде за тоа се живее, одма би ме направиле трудна, спремна за свадба и што ли уште не. Но, нас тоа не не засега, кој што сака нека збори, јас бев убедена дека со него конечно ќе го најдам мирот и конечно ќе се опуштам, и бар во оваа 3та година од моето живеење во Скопје, конечно ќе најдам нешто слично на дома, каде што едвај ќе чекам да си одам, да си седам релаксирано и да ми е убаво на душичката. А и така ми е, не погрешив. Кога почнавме да седиме заедно, немавме план што и како. Воопшто не бев исплашена, напротив, бев пресреќна, пошто уште првиот месец, јас се чувствувам прекрасно и опуштено. Си преуредивме се дома, и ги поделивме финансиите околу плаќањето. Јас плаќам кирија овој месец, следниот тој. Сметките на пола. За јадење само кога заедно ќе си купиме, кога надвор ќе стигнам јадам, обично фрижидерот наизменично го полниме, јас од дома носам готвено нешто, или од ден за ден пазариме за ручек, а основни продукти гледаме скоро секогаш да има, де јас ќе купам, де он. А да дадеме например 2000 денари јас, 2000 тој и да го наполниме фрижидерот - никогаш не се случило, не функционираме на тој начин. Јас многу често држам некои си диети и режими, па знам да си купам од ден за ден, ама во принцип овошје, зеленчук, чаеви, кафе, млеко, леб, јогурт, мед си имаме секогаш при рака. Дефинитвно ви препорачувам живеење пред брак, или бар заедничко живеење неколку години иако има време до бракот, пошто баш тогаш се гледа точно личноста каква е и што ви одговара а што не ви одговара кај неа. Верувајте, недостатоците, нема да може да ги скриете, и сите ваши навики ќе ви ги науче. Но, доколку имате добра и квалитетна врска, секогаш ќе си имате приватност, време за себе, и никогаш нема да се гушите во заедничкиот простор, иако е 40 метри квадратни како во нашиот случај.
Е значи стварно ме нервира изговорот што ке кажат роднините, комшиите, бабите и незнам уште кој друг. Ако си верен па потоа одиш да живееш со дечкото имаш гаранција дека се ке излезе како треба? Оние кои сакаат да те оговараат секогаш ке најдат причина за тоа. Таквите воопшто и не ти ги треба. Ја сум ЗАААААААААААААА живеење заедно пред брак, меѓутоа да не излезе на крај пробав со еден да живеам пред брак па не одеше,па со друг па со трет............................. Е тогаш има право да се зборува. МОЕ МИСЛЕЊЕ
Мене некако не ми се допаѓа оваа идеја. Мислам дека ако постои голема љубов, тоа е сосема доволно за брак и сите други проблеми ќе се надминат, нови навики ќе се стекнат. Љубов и разбирање и не ви треба тест вожња. Мене ми е дури и чудно кога си ги земаат свршениците кај нив да живеат одма после веридбата, пред да се прави свадба. За ова што мислите и се практикува ли често? Јас прв пат слушнав од дечко ми, тој така сакал да ме земе а мајка ми уште од сега се изјасни против. Јас би прифатила затоа што сакам што побрзо да си живеам со него, инаку глупаво ми е, ја нема таа возбуда, ме земаат од дома, правиме адети и се што следува целиот тој ден (матично, црква, ресторан) и на крај вечерта си доаѓам во новиот дом кај мажето, како невеста. И онака би било исто, јас си одам дома и си ги тераме истите адети, ама мислам дека не е ист филингот ако ме разбирате.
Да ме посоветувате малку Дечко ми сака да се вериме кој и да е а јас не , и сака да одам кај него да живееме заедно (тој живее сам во ск таму и работи) Не да не сакам ,ама шо знам некако се плашам да не се излади или да не биде како што сме сега во добри односи, Сакам кога ќе си се вериме тогаш да почнеме да живееме заедно. А морам да кажам мој изговор е и шо ке праам у ск јас неам работа ќе треба по цела ден дома да седам
Апсолутно сум за ова. Не сум материјал за брак, и нема ни да бидам , но сметам дека едно од најубавите работи е да живееш заедно со љубениот. Тест е на љубовта, зошто тогаш вистински сфаќаш дека и ТОЈ, најпрекрасниот и најсовршениот, на крајот е само човек како и сите други што оди во веце, знае да ждригне после ручек и остава расфрлани чорапи. И ако овие ви се најголемите грижи, вие сте навистина среќна. И сметам дека сите парови ако веќе планираат брак, треба да си дадат прво шанса на ваков начин.
Јас сум ЗА , ама бидејќи живееме во вакво опшество не би било добро прифатен фактот да живееш невенчано оди во сите држави низ светот и низ Европа , со кој сакаш живеј си збор никој не ти вели, ама далеку сме ние од светот мислам дека има позитивности во тоа живеење, бидејќи ке се запознаеш со партнерот поубаво, тоа ти е како еден вид на пробен брак, ако не оди тоа е тоа. Полошо е да се земете и по 1 год да сватите како не си одговарате и не сте еден за друг ,одколку да се замараш да мислиш дека ќе зборувале комшиите или роднините
Мое мислење и искуство: ако се верите оди, пред да те побара за жена не. Не дека и тоа е некоја сигурност дека ќе се земете, меѓутоа моето искуство е тоа. Ако се сакате и те побара за жена оди, пред да те побара немој. Нема што да му даваш изговори, или да се правдаш, ете и самата велиш дека би одела доколку те побара така, како чувствуваш ти и ти е тебе најудобно така направи,неговите чуства нека бидат после твоите. Ти си си на прво место.
Мој совет ти е да не наоѓаш изговори, туку за се да зборуваш отворено со партнерот. Комплетно те поддржувам што не сакаш така да живеете заедно, дури јас би тек после свадба, ама ако сакате и така сте од различни градови за да си бидете заедно можеш откако ќе се верите да одиш да живееш кај него. И воопшто не се секирај да не се олади, таман работа ако беше така, што ќе се случуваше со младите брачни парови кога ќе почнат да живеат заедно? Љубовта и интензитот на вашата зависност еден од друг е иста, само се добива друга димензија и стекнуваат други навики. Имај доверба во себе и партнерот, многу луѓе живеејќи во непотребен страв, доцна се одлучуваат за брак. Остави желбата да те води.
Викторија-Ако сакаш да се вериш,вери се. Али претходно не мораш да живееш со него. Јас не би живееле неверена, барем збор, па после е друго, али искрено и не би одела право на брак. Живот заедно пред браке најдобро нешто во денешно време,знаејки какви се будали има. СО срека мила.
Моите изговори не се дека го лажам или не сум отврена едноставно секогаш викам :абе ајде уште малку има време Сепак фалаа ти многуу
Па викај ајде де прво збор (за да сум сигурен) па после веридба абе викам збор и веридба мене ми е исто Или не е така Го почитувам твоето мислење и јас не сум на право брак . Само секогаш викам ајде уште 1-2 години да поуживаме (животот е пред нас па не сме престарени ) Сепак DigY фалаа ти многуу
Ако сакаш да живеете заедно пресели се, зошто дома веридба? Прво види како ќе функционирате под ист покрив па после другото
и јас мислам прво да живеат заедно, да видат како е па после веридба. Вака ми иде како притисок, да го натера да ја побара за жена па да оди со него, хмм што знам
Хахаах абе јас не сум во дилема , може грешка се изразив.Знаеме дека ќе бидеме заедно иднината е пред нас но јас сум таа што сакам да бидеме (дечко и девојка) а маж и жена ќе си бидеме цел живот
Jaс за ова живеење заедно пред брак имам многу недефинирано и поделено мислење. Факт е дека е многу подобра опција еден период за да се помине заедно со партнерот да се осознаме и едниот и другиот како би функционирале заедно во едно домакинство,бидејки друго е кога со некој си постојано заедно и делиш ист кров а подруго е кога со некој се гледаш на неколку саати во денот ама на крај секој сам дома си заминува. Тука има многу ситуции кои би излегле на површини,хигиена,заедничко водење на домакинство,пороци, навики,начин на однесување кои ни на сон не би имале представа кои се тие доколку не сме постојано заедно.Цили мили лесно е ама кога ке искрсне проблем секој има простор на страна да води инает да се докажува и прекажува знаејки дека не зависи едниот од другиот . Од друга страна кога немаш на папир црно на бело ако недај боже утре по било кој основ дојде до разделба многу се комплицирани тие работи. Познаник мој во врска беше со девојката 10 години од кои 2 или 3 живееа заедно во станот што му го оставија неговите бидејки се знаеше дека нивната врска води кон брак. За нова година планираше да ја побара за жена официјално девојка му бидејки чекаше да досреди уште некои работи нему битни за да може на чисто да започне нов живот со нејзе.Е се ке беше супер ако еден ден коа се врати од работа , дома да види дека девојка му без збор си заминала и ја пратила мајка и да и ги собере парталите. Значи се му собра од дома го остави со една маса и еден тросед,кога ја бараше нејкеше ни муабет да напраи со него девојкава само му прати порака дека очекува да и исплати 2000 евра за животот што го поминале заедно и трошоците што ги имала она додека била со него. Нешто како емотивна оштета за изгубеното време со него. Шта речи,во шок беа сите . Многу лошо е дома да си дојдеш еден ден и да си го најдеш станот празен. И тоа материјално празен налет,празен во смисол на тоа дека личноста со која си ја планирала иднина без око да и трепне го напуштила вашиот дом кој со години сте го граделе и сте вложувале во него. Така да од една страна во ред ми е да си поживеам со него пред брак,ама од друга страна многу ме плашат и ме фрустрираат вакви моменти.
Viktorija,онаа шпанската изрека ја знаеш:лица гледаме срцата не ги знаеме.E таков е овој случај ,се има на овој свет пази се добро ,ама не може да произлезе ништо лошо ако вие навистина се сакате и си верувате,послушај го срцето бидејќи веридба и брак не е исто ко дечко и девојка.Cепак одлуката нека биде заедничка не прави како што на дечко ти му одговара,а бидејќи сама кажа дека го одложуваш моментот да живеете заедно мислам дека сеуште не си подготвена за таков чекор ,подобро да го одложите тоа отколку да се разочарате и двајцата.