Живеење под постојан стрес (пролонгиран, хроничен стрес)

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 12 март 2022.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    9.330
    Пол:
    Женски
    @violetblue @theowndemon @Ugly Duckling
    Еден гастроентеролог велеше цревата се огледало на психата.
    При стрес, по невролошки пат, цревата дополнително се стимулираат. Затоа многу луѓе првата физичка или физиолошка реакција на стресот ја добиваат во дигестивниот тракт - гргорење, зголемено движење на цревата, почесто празнење, зголемено лачење на желудочен сок и сл.
    Кај човек кој е под пролонгиран стрес, и реакцијата на дигестивниот тракт следува последователно - а стрес->реакција. Значи за разлика од ситуација кога нема стрес, овде реакциите се почести, поизразени и траат. Дигестивниот тракт со тоа може да се носи некое време, ама на подолг период се истрошува (особено ако има и генетски предиспозиции) и се јавуваат заболувања. Како на пр. гастритис, чир на желудник и дванаестопалачно, IBS (irritable bowel syndrome), заболувања на панкреас, жолчка, разни заболувања на цревата, итн...
     
    Последна измена: 22 март 2022
    На Flier, nevermet18, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.187
    Допаѓања:
    175.659
    Пол:
    Женски
    Па така е. :D Психосоматика 101. Зато и психосоматски реакции се одвиваат на неколку места доминантно, и едно од тие места е дигестивен тракт.
     
    На senjorita-v и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  3. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте биле под хроничен стрес?
    Мислам дека веќе три години од ко почнав да работам сум под стрес кој не престанува.
    Самата професија е многу стресна, напорна а мене карактерот ми е многу смирен и секогаш сум сакала хармонија, креативност, се полека да се одвива. Тука нема ништо од тоа, цела креативност ми е убиена, цело време сум внатрешно нервозна. Иако работата ја работам одлично длабоко во себе сум многу несреќна. Знам дека многумина ќе речат зошто досега не сум се префрлила на друга професија, но не е така едноставно и многу се ограничувам кога треба да се впуштам во нови непознати работи.

    Како сфативте дека сте под хроничен стрес?
    Сфатив пред неколку месеци кога едноставно после работа не ми се прај ништо освен да ставам пижами и да легнам.
    Буквално немам мотивација ништо деуго да прам. Ни да читам, ни зс филм се интересирам, ни јадење да си зготвам, немам волја до продавница да одам.

    Што направивте за тоа?
    Досега ништо затоа што не знам што да направам. Не знам од каде да почнам..

    Како се справувате со стресни ситуации кои траат предолго?
    Никако..си берам нервози во себе

    Доколку имате избор да се оддалечите од ситуација дали се оддалечувате или се доближувате повеќе и се обидувате да ја решите?
    Ќе пробам да ја решам ама не секогаш успева

    Дали имате посетувано терапија за хроничен стрес?
    Не..иако некогаш осеќам потреба да се искажам да ме сослуша некој
     
    На GirlLove, Boka98 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    9.330
    Пол:
    Женски
    Нема полошо од тоа да имаш премногу стресна работа и заради работата да немаш живот вон неа. Некое време ќе издржиш особено млад човек ама со време прегоруваш од напорот.
    А инаку за креативноста многу те разбирам зашто иста сум по природа и јас и најмногу ми недостига тоа што не ми е реализирано. Тоа нема шанси на работа да го искусам освен ако не сум некој занаетчија хахах. Така да уметноста и творењето на раат и во тишина ми се оставени само за дома и само кога имам услови (читај екстремно ретко).
    Јас викам ако нозете ми се враќаат назад кога идам на работа, значи треба да ја сменам. И знам полесно е да се каже отколку да се направи ама кој бара и добил.
    За почеток барем следи ги понудите за работни места што се нудат. Кај нас за одредени професии ретко се бараат луѓе и стварно треба да се начекаат. ама ако не ти се брза, можеш да бираш.
     
    На Mikha4 и JoanaS им се допаѓа ова.
  5. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    452
    Анксиозност,депресија,панични напади ... сето тоа собрано од детството и борба скоро цели 10 год. Психијатри,психолози,АД,седативи.....хронична мигрена разни лекови,инекциии...Стомачен вирус со 6 дневна дијареа и оп,бременост. Оставање одма АД со надеж ќе туркам некако. Еве ме, почеток на 9ти месец со ужасни болки во стомак,желудник,ребра,грб....10 доктори крвна слика со сите параметри мирна,стабилна,чудно им е...Напади со треска од болка, и веќе падната психички. Размислувам за пораѓајот, ОК мора да излезе некако, но постојан стрес,гадење,не јадење што ќе биде со мене?? Остана колоноскопија и гастроскопија, мене мислите ми се на најлошото, не излечиво. 24/7 со постојани болки, плачки,без сон....што ли е ова? ;(
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nesrekjna

    Nesrekjna Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте биле под хроничен стрес?
    Под хроничен стрес сум откако се омажив. Живеам со свекор алкохочичар кој по цел ден пие и се дере по сите, со секојдневни расправии. Свекрва и свекор кој сакаат да биде се по нивно и како тие ќе кажат, во спротиво има расправии.
    Живеам во куќа во која немам право на збор, право на живот, живеам механички, од што се мора ден за ден. Без никаква радост, без никаков мир.
    Плус маж кој нема никаква почит спрема мене, кој не разговара со мене како со жена, кој психички ме малтретира, кој ниту една обврска спрема жена и деца не завршува.

    Како сфативте дека сте под хроничен стрес
    Кога неколку пати паднав во депресија до степен да сакам да умрам, кога почнав да се тресам и да добивам тахикардија на секое повишување глас, кога нозе ми се враќаат кога се враќам "дома" од работа или од прошетка или од кај моите, кога ми доаѓа да се спакувам и да заминам без збор зааекогаш.

    Што направивте за тоа
    Им кажав на моите и на неколку пријатели. Немам подршка од моите за да заминам затоа немам храброст да превземам нешто.

    Како се справувате со стресни ситуации кои траат предолго
    Никако...

    Доколку имате избор да се оддалечите од ситуација дали се оддалечувате или се доближувате повеќе и се обидувате да ја решите?
    Се имам обидено да разговарам со маж ми. Ако е тој на моја страна, ако ме почитува мене и мојот збор, ако ми помага околу децава нема да ми биде важно ништо друго, ама еве веќе години јаа зборувам тој игнорира и не се менува, напротив уште повеќе ме нервира, не мд почитува..така да нит се одалечувам нит решавам.

    Дали имате посетувано терапија за хроничен стрес?
    Не ама би сакала зошто мислам дека животот ми виси на конец не можам повеќе да издржам. Имам болка на душава што ме јаде секој ден и не поминува.
     
  7. Nesrekjna

    Nesrekjna Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    @theowndemon дали ти си психолог? Би сакала ли да поразговараме малку преку пораки?
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.187
    Допаѓања:
    175.659
    Пол:
    Женски
    Вака, терапија преку пораки и пред да земам лиценца не се осеќам комотно пошто е сериозна ситуација и општо тргам линија меѓу слободно време и работа. Да те советувам - не смеам. Под поддршка колку што се мисли на роднини и пријатели, јас би предложила психотерапија. И гледајќи типот на проблем кој го опиша погоре имам и контакти шо мислам дека ќе ти се најдат. Очекувај порака, ќе ти пишам контакти каде можиш да се обратиш, шо се стручни за проблеми слични на твојот. И сум многу позитивна дека ќе ти бидат полезни пошто од нив учам и знам колку многу се спремни. Можиш да одиш сама, а и заедно со сопругот.
     
    На Kasiopaja221 и Nesrekjna им се допаѓа ова.
  9. Boka98

    Boka98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Сфатив пред неколку месеци кога едноставно после работа не ми се прај ништо освен да ставам пижами и да легнам.
    Буквално немам мотивација ништо деуго да прам. Ни да читам, ни зс филм се интересирам, ни јадење да си зготвам, немам волја до продавница да одаm
    I kako da go resam stresov
     
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте биле под хроничен стрес?
    Да,веќе 2 години. Откако се породив, година дена бев во депресија, но и по опоравувањето стресот не ме напушти. Под стрес сум постојано, на работа, дома, со дете, немам одмор, немам редовен сон. Имам смарт часовник кој постојано ми го мери стресот и ме предупредува да одморам, да пробам со вежба за дишење. Знам во текот на денот сите имаме стресни ситуации, не е тоа муабетот. Ама подолу ќе ви образложам како точно се чувствувам.

    Како сфативте дека сте под хроничен стрес?

    Па сфатив кога видов дека не се подобрува, секој ден е ист, секој ден замор, нередовен сон, а кога почна и на здравјето да ми влијае, е тогаш веќе знаев.
    Што направивте за тоа?
    Ништо. Што можам да направам? Од работа не сакам да се откажам, од мајчинство отказ не се дава. Единствено ми остана куќна помошничка да вработам, ама некогаш чистење дома ми делува терапевтски.
    Како се справувате со стресни ситуации кои траат предолго?
    Немам одговор. Не знам. Не можам да функционирам под стрес. Немам концентрација, едноставно седнувам да се смирам ако има услови. Се смирувам ако запалам цигара или излезам да се извозам до негде. Ама нема услови за тоа секогаш.
    Доколку имате избор да се оддалечите од ситуација дали се оддалечувате или се доближувате повеќе и се обидувате да ја решите?
    Се оддалечувам. Не можам ништо да решам под стрес.
    Дали имате посетувано терапија за хроничен стрес?
    Терапија за хроничен стрес не, а психолози и психијатри за депресијата и анскиозноста да. Воедно добивав совети и за стрес и стресни ситуации.
    Како тоа се одрази на вас?
    Кое ? Ако зборуваме за терапија, веќе реков добив некои совети за справување со стрес, но не секогаш ги применувам.

    Од друга страна хроничниот стрес и замор се одрази на моето психичко здравје, а потоа и на физичко здравје. На моменти добивам халуцинации, некогаш се губам и не можам да се сетам дали нешто навистина се случило или е производ на моја имагинација. Пример завчера не можев да разграничам дали некој муабет се случил меѓу мажот ми и деверот па он ми го прераскажал. Не знам уште дали тоа се случило или не, а во глава ми е дека се случило. Спомнав за смарт часовникот, пулсот ми е висок постојано. Нивото на стресни периоди ми е поголем од одмор во текот на денот. И стресот поделен е на Low, Medium, High. На пример вчера имав 4 часа и 24 минути висок стрес. Низок стрес околу 1 час беше, средно ниво на стрес 2 часа.
    На моменти се чувствувам како нешто да ми се случува по втор пат (не е дежа ву) туку во моментот и во муабетот како да знам што следно ќе се каже и случи. Мое мислење е дека тоа мое "предвидување" е последица и на overthinking.Затоа што ги имам направено сите можни сценарија во глава за многу ситуации. А overthinking ми доаѓа поради стресови и стравови кои си живеат во мене.

    Едит:
    Од симптомите: Намалена концентрација, замор преголем, дупки во меморија имам (не само за ситници, и за цели периоди од животот и ситуации се мачам да се сетам), ај шо немам редовен и квалитетен сон туку и се мачам да заспијам цела изморена, телото ми спие мозокот ми е 300 на саат, приметив дека почнувам да станувам избувлива (пцујам неконтролирано, му се развикувам на детето).
     
    Последна измена: 8 август 2022
    На Skorpija12, senjorita-v, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    истата сум и јас и плус цел ден после долго време панични напади ме убија,а тоа ми е од летово ем одмори,ем болести и сега вајда излегува тоа,се рефлектира во паничен напад
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JohnyStulic

    JohnyStulic Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Успеа ли да го стабилизираш стомакот?
    Мене првично ми се појави диареја, го средив тоа и имав смртен случај и операција на близок и од тогаш почна како напнат стомак, како затегнатост да осеќам во долниот дел. Некогаш и кркорење и гасови. Некогаш при замор и стрес проблеми инсо желудник.
    И рандом болки низ телото, хроничен замор итн итн.
    Крвна слика и урина се уредни.
    Иначе стресови со пандемијата, па отказ дадов, учење и аплицирање на проекти, во меѓувреме финансиски проблеми, болен човек, смртен случај, притисоци, кратење задоволства односно чувствував како да немам доволно време и како во секој случај да ќе се случи нешто лошо затоа грајндав со работа и учење и изгубив навика за спиење и физичка активност.
    Почна прво опаѓање коса, средив тоа.
    Потоа поради паднат имунитет габична инфекција на респираторен систем и појава на алергија.
    Тахикардии при неправење ништо.
    Губење апетит и ослабување 10кг.
    Само се трупаа црни мисли и еве се уште сум како под константен притисок и стрес.
     
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Во последно време ми се јавуваат чудни чувства и сензации. Кога ќе допрам нешто, како да лебди предметот. Кога седам како да чувствувам земјотрес, ама нема ништо. Погледнувам некаде, од страна како да поминува нешто, очите ме лажат.. под стрес сум, и плус многу уморна.. изгледа ќе се мрднам.
     
  14. JohnyStulic

    JohnyStulic Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Провери притисок обично од низок притисок се случува да тонеш и ако земјотрес може да се должи на недоволно течности и умор.
    И мене ми се случува "како нешто ситно у кош на око да ти претрчува или некој сличен "ефект".
    Пробај спиј повеќе, одмори.
     
    На Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Верувај би поврзала 3 дена спиење ама не можам. Немам таква можност. Течности пијам, многу. Психички ми е проблемот...
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Премор златна
    Таму сум и јас еве сега ми мрдаат буквите. Решив да исклучам соц. мрежи некое време и да намалам телефон.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Машки
    Ова е вистина од психички проблеми прво што се манифестира физички се проблеми со абдомен. Хемороиди може да се појават од стрес и да останат за цел живот. И не се наивна работа ако не се лекуваат и тие и стресот.
    Некој ќе се зачуди ама истражувањата што се правени се дека холестеролот и шеќерот во крв кај одредени пациенти со хроничен стрес и психички растројства може да се зголемат над границите па пациентот и да дојде во пред дијабетична фаза што се веќе хронични и неизлечиви проблеми што мора цел живот да се контролираат.
    А кога шеќерот и холестеролот во крвта ќе почнат да играат почнуваат срцевите проблеми или бубрежни и така во круг.
     
    На Cosmic Girl и DarkStormm им се допаѓа ова.