Дали ви стигнува некоја потврда на е-маил кога ќе нарачате играчка и за колку време вообичаено пристигнуваат наградите?
Мене не, се што имам порачано после 1 месец одам во краш да си проверам дали има нешто стигнато на поднесеното име. Обично има после 1 месец. Ова е за од СК а за од други градови незнам...
Дали мора лично од Краш да се подигне играчката? Јас мислев дека ќе ја пратат по пошта, затоа што во формуларот за нарачка се внесува и адреса. Дали на некој му има стигнато по пошта?
На мене ми стигнуваа во карго експрес поштата и од таму си ја зимав. Ми ѕвонеа телефонски да ме известат дека е стигната награда од краш. Отприлика месец ипол чекав.
Uste 244, 244 i 225 mi falat za dva albumi. Ako nekoj gi ima za menuvanje neka pise koi mu falat ke mu dadam poveke slikicki za niv
Што е ова со цениве , ги поканиле, сабајле сакав да земам од тие 4+2 во Макпетрол 135 ден, во кит го 122 ден и не зедов, зедов едно чоколадце само, ова е без контрола , не вреди за тие пари
Кам маркет ако имаш во близина околу 80тина денари беа со покачените цени. И така не вреди ама само како информација.
КАМ Маркет јас купив од понеделникот со нови цени 107 денари 4+2 пакување. Инаку најефтини се во ДИМ маркет 79 денари 4+2 дали им се тие уште од залиха незнам но сеуште се 79 денари (4+2)
Со огромна помош од неколку членки пополнуваме тие 2албуми и порачав тој галебот за кој плачевме , не знам кога ке стигне , а вчера на комшиите стигна лепка панда интересна се делчиња се лепат , сега и за неа вриеме и со оглед дека еден албум треба за неа и ни фалат уште 52 кода си викав ај до нова година некако ке купувам но вчера кога видов цените толку се изнервирав , па си викам одери се од плачење , заглавена сум кирија и струја не можам да платам за сликички ке плачеме Овие само за богатите ке се. Не можам веќе
Не ми е целта да ти држам предавање за родителство меѓутоа мора да ги учиме децата дека не може се што ќе посакаат да имаат и да е нивно. Ќерка ми е мала, но целам кон тоа, да се учи на тој начин. За сликички, ќе проверам дома дали имаме некој неиспратен код и ќе ти пуштам. Може да пишиш кои кодови ти фалат.
Се трудам да објаснам, но колку разбира е прашање, дури во ноември ке полни 5год премногу е мала да сфати некои работи, за ништо вака не ми прави освен за овие играчки а реално ги видов кај комшиите не се ништо посебно, додуша тој галебот дури и грд е, едвај чекам да стигне да видам дали нешто ке се смени. А за кодови не е битен кој е нели на страната се разменуваме за тие што ни фалат,
Овде имаше објавено фотографии од играчките еден член еве линк ако сакате да видите како изгледаат https://forum.femina.mk/threads/Животинско-царство.8837/page-52 На мојата ќерка не и се допаѓа тоа што горните екстремитети им се зашиени на сите
Еве едно интересно видео од јутуб. Човеков купува цела кутија цоколадца, па проценете сами колку лесно се собира албум
Нам денес ни стигна галебот лично ич ми се допаѓа но битно на керка ми убав и е, се изненадив бргу ни стигна нема ни месец дена како пополнивме уште 25 кода ни фалат да земеме една лепка и да завршам со ова , искрено ми скисна