Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животот и здравјето по прележување на вирусот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ketchup, 15 октомври 2020.

  1. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Позитивен на Ковид на 26.04, рентген снимкава е од Средата.
    Некој да знае да го протолкува извештајот?
    Матичната дури во понеделник ќе ја види снимката..
     

    Прикачени фајлови:

  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.205
    Допаѓања:
    18.320
    Не сум стручна да толкувам,но ако имало пневмонија сеуште не се чисти белите дробови. Така е кај мајка ми,после 2ипол/3м од прележување направи контролна снимка и покажа ковид пневмонија.
    Она не кашла,некогаш чуствува болка во грб но беше на пулмолог и рекла дека е последица од ковид и дека на белите дробови им треба време да заздрават.


    А јас сакам да прашам дали некој има искуство со треперење на делови од лицето,да не е некој пост ковид синдром?
    Почна прво да ми трепери брадата, па малку носот од едната страна,сега неколку дена наназад окото,долниот капак. Матичната ми рече Б6 да земам и ќе ми закаже на невролог.
     
    На nadenadia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Дечки, ми се случува навечер додека спијам да се испотам позади на вратот, баш кај пределот на косата. Штом го допрам, влажен е. Не претерано, ама сепак. На што може да е последица таквото потење во сон, што конкретно да испитам?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.545
    Допаѓања:
    201.667
    Пол:
    Женски
    Кај деца го поврзуваат потењето при спиење со недостаток на витамин Д. Не знам колку е точно, ама ете, така велат.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Релативно добро го помина ковид. Без температура, со малку кашлање. Мирис вкус неколку дена немаше само, едино што и ден денес се осеќа уморен.
    Додека имаше ковид матичната му даде ивермектим, плус и вибрамицин пиеше. После 4 недели правеше рентген и му видоа малку наод на плуќа па му дадоа некој си антибиотик јак. Го пиеше 3 дена, ама му правеше проблеми со вртоглавици, гадење и плус му се качуваше притисокот. Му го прекинаа а не му дадоа друго, и сега снимкава е после недела дена од тоа.
    Мм многу се паничи, али тоа е што е ќе мора телото само да си се врати во нормала и да оздрави.
     
  6. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Moze li da mi kaZete post kovid sto imate posleprelezeno korona
     
  7. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.164
    Пол:
    Женски
    На маж ми ептен му паѓа коса. Можно ли е да е последица од Ковид ?
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    12.680
    Пол:
    Женски
    Да. На моја познаничка и' падна целосно, ја скрати скроз кратко.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Да, мене почна да ми паѓа, а еве поминаа 4 и пол месеци од кога прележав. Користам Алпецин шампон против опаѓање, се надевам ќе се среди за брзо.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Да, многу се жалат дека после прележан ковид имаат зголемено опаѓање на косата.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.164
    Пол:
    Женски
    Така да читав и јас, еве најдов некои витамини утре да му земам.. :sweat: А некој проверен шампон против опаѓање на коса?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Koj ima bloki vo gradite i porbleli so disenjeto? Inace prelezev koronna so po balgi sintomi ama eve od vreme na vreme se osekam omalaksana mnogu i so disenje problemi inace napraveo rengen se vo red sto moze da bide drugo
     
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено порано кога ми паѓаше косата еден период никаков шампон за таа намена не ми помогна мене лично :(, во темите за опаѓање на коса да видиш на некои членки дали некој шампон може добро им делувал на повеќе, па да проба. :) Витамини, здрава исхрана, со тек на време би требало да се намали опаѓањето. :)
     
    На senjorita-v и mssuniquee им се допаѓа ова.
  14. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    18.028
    upload_2021-6-10_23-56-12.png

    Комбинација од овие две. Ги има во Зегин. Барем од таму јас ги земав. Еден комплет потрошив и сега сум раат. Ама продолжив само цинк да пијам после короната.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlsRule

    GirlsRule Нов член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Zdravo feminki...sakam da napravam kontrolen eho pregledi posle prelezan kovid pa me interesira da mi posocite nekoi privatni kliniki vo Skopje ...koi rabotat i vo sabota....pozdravce
     
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    4.760
    Пол:
    Женски
    Корона прележав во април. Последица намалено железо и хемоглобин, пијам терапија. Повремено ми се јавуваат како бодежи, како струја да ми минува на лева страна и рака. (како кога ќе истегнеш жила). Острата болка трае 1,2 мин и сама минува. Правено цтг на срце уредно, прегледана од доктор, крвна слика во ред, уредна. Ваквиот проблем го имам и пред корона, сега е почест. Иначе сум астматичар, на кортико терапија сум. Дали некој се соочува со ваков проблем?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Dali se cuvstvuvas i omalaksana ? Jas ne sum napravila vise krvna slika ama posle prelezan kovid eve 3 mesec ovie dve nedeli ne se cuvstvuvam dobro nekako kratod zdiv zabrzano srce visok pritisok ne znam kako da opisam kako se osekam ? Dali e post kovid iki nesto drugo ne sto moze da bide
     
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    4.760
    Пол:
    Женски
    Не, јас немам ништо друго освен овој проблем. Инаку бев на контрола во болницата во Јасеново.
     
  19. попкек

    попкек Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Слично како тебе се чувствувам и јас. Крај на април прележав, многу чудно чувство имам во главата, како некое ежење, струење, вртоглавици, покачен притисок, ретко тахикардија. Крвна слика, тироидна, екг се е ок. Вајда ќе помине, треба време.
     
  20. Simgeee

    Simgeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2017
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Ke proveram i jas tiroidna i ekg ke napravam i krvna slika treba da vidime do kaj sme ova cudovo li pravi vaka da se osekame