Форумџика на годината

Животот и здравјето по прележување на вирусот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ketchup, 15 октомври 2020.

  1. Lili93

    Lili93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Eve me 7 meseci od prelezhuvanje, grloto mi e sekoj vtor den kako nadrazneto, isusheno, neprijatno. Premnogu mi e osetlivo na bilo koja promena na vreme, parfemi, mirisi nekoj. Pred ciklus da ne pravime muabet, ne sum jas istata osoba, paranoja gubenje apetit vrtoglavici, vechito chustvo deka mi e ladno, chesto odenje pogolema nuzhda pochnuvajki od konstipacija se do dijareja vo tekov na denot, i chesta pokachena temp do 37.1 bez da osekjash ustvari, znam zoshto meram od sho sum chuknata vo glavava haha
     
  2. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    koronata gi unistuva nervnite zavrsetoci,seto toa ti e na psihicka baza,isto dum i jas,poj b 12,magnezium i sedativ
     
  3. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Луѓе имам проблем после ковидот никогаш не сум била избувлива да викам, да се карам ама сега како одеднаш да останав без нерви и малку треба некој да ме изнервира и да кажам секакви навреди. Инаку пијам Б комплекс ама не знам дали само од себе ќе се среди ова.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    А зошто секоја ситуација што ви се случува во животот поврзана со физио-психолошка состојба ја припишувате само на пост-ковид реакции? :^)
     
    На elimkd и AndyRad им се допаѓа ова.
  5. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Балкански менталитет, се некој/нешто друг/о ни е крив. Ние никако.
     
  6. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Zdravo,

    Jas prelezav kovid vo 21 avgust izlegov pozitivna,i ne bese lesno ic so antibiotici sve drugo terapija. sega se plasam da ne se zarazam pak, a mi rekoa deka vo stranstvo posle prelezan kovid po 45 dena se vakcinirat so phizer vakcinata, a maticniot mi vika deka treba 6 meseci da pominat.Antitela ne sum ispital seuste, da gledam dali imam imunitet?
    sega sakam nekoj so licno iskustvo so prelezan kovid da mi kaze posle kolku vreme se vaksiniral i kako reagiral?
     
  7. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Читам за новинарот, Пендаров, кој починал откако прележал Ковид19.
    "Почина новинарот Тодор Пендаров. Причината е Ковид 19, иако првично ја прележал но подоцна имал последици заедно со претходни здравствени проблеми на белите дробови."
    Како се смета дека ја прележал, ако причината е Ковид19?
    Посебно кога е познато дека некои негативни тестови може да се и лажна слика за позитивен резултат кај пациентот.
     
  8. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Секоја не може да е поврзана, конкретно кај мене после вирусот се промени трајно вкусот на млечните производи, едноставно скоро и да престанав да ги конзумирам бидејќи имаат вкус на нешто сосем друго.
     
    На Nena Jovanova и Kitten им се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Баш така. Нешто е очигледно дека е поврзано со вирусот, но се јавува непосредно после прележување, но после 6 месеци дефинитвно нема логика да се јавуваат нови дијагнози.
     
    На sheis и Pea им се допаѓа ова.
  10. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Затоа што нема ни 2 месеца откако прележав и ваљда се познавам себе знам како сум реагирала претходно, а како сега. Дефинитивно ги напаѓа нервите, со тоа што побарав совет дали овде некој се соочил со истиот проблем .
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Некогаш дијагностицирањето на нов здраствен проблем кој е последица на прележаниот ковид се случува подоцна а не веднаш после прележувањето ковид. Во тој случај болеста не се јавила наеднаш после 6 м. туку дури тогаш пациентот ја открил или дури тогаш ги препознал симптомите. Еве кај маж ми има промени на срцето и аортата, последица се од тешкото прележување ковид. Ги откри некаде после 6 м. од кога излезе од болница. Сигурен е дека се од ковид, зошто месец дена пред да се разболе имаше направено кардиолошки преглед, кај истиот доктор кај кој ја направи и контролата и немаше никакви знаци од тие проблеми на наодите пред прележувањето. И специјалистот го потврди дека е од ковид.
    За психичките проблеми пак и те како може да се јават подоцна одредени симптоми. Особено ако имал многу лошо искуство, како последица од стресот и траумата што евентуално ја преживеал пациентот.
    Истотака, има ситуации каде веќе постои почетна фаза од некој здраствен проблем (било физички било психички) кој самото прележување ковид го влошува и тоа прогресира. На пример артериосклерозата- масните наслаги на крвните садови. Зголемениот холестерол е причина за ова. Ама одамна е познато во медицината дека кај пациенти кои веќе имаат артериосклероза, по прележан грип (или ковид) буквално се зголемуваат масните наслаги, ја влошуваат состојбата и уште потешко се одвива циркулацијата низ крвните садови. Затоа некои луѓе доживуваат инфаркт месеци после прележан ковид (познавам лично ваков случај). Да не го прележале вирусот, можеби немало баш тогаш да добијат инфаркт, ќе добиеле најверојатно подоцна особено ако не се лечеле. Или немало да добијат ич, ако превземале нешто и сепак се лечеле.
     
    На tina2018, celineparis, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Вирусот го поминав со тт 37.5 ,болки и изнемоштеност и страшно стегање во граден кош и грб. Сатурација 97,рентген уреден .

    Имав две ситуации кога ѕвонев на брза помош бидејќи ми се појави тресење на цело тело до степен на сушење на устата и мокрење и дефекација ;( по што тел ме советуваа само да се напијам хелекс и толку. Значи не беше треска !
    Не можев око да склопам од притисок во градите значи не можев да дишам а всушност дишев , не знам ни како да го објаснам . Анксиозност на највисоко ниво :( многу вознемирена,концентрација намалена до степен да ме нервира. Врвот на носот ме боли со месеци и без да го допрам,отрпнатост во долна вилица ,воспалени и крвави непца . Косата ми стана тенка и мрсна .Се поправив над 10кг.
    Печење во неколку точки на рбетот , болки во нозете карлица грб раце сеуште ги имам. Болка и оток на десната страна на вратот. Појава на страшни главоболки и синуси кои никогаш не сум ги имала претходно ! Болки во абдоменот , проблеми со црева и желудник . Маглење во видот …затната ноздра константно 6 месеци а немав/м секрет нема кашлање ;( циклусот ми се подмести на 22/23ден … некои чудни акни по вратот грб и бутови:x За сетилото за мирис да не зборувам , сеуште не ми е стабилизирано. Тамам почна да ми се враќа па ми се поремети , непријатните мириси не ги осеќам , парфемираните ми се гадат , зеленчуци овошје ми се гадат ;(

    пред ковид ништо немав од ова , ниту сум имала. Два пати кај интернист еднаш кај невролог бев вели периферниот нервен систем ми е оштетен , диспепсија сум имала ,се ова било пост ковид , и толку . Само од себе требало да се среди . Да сум пиела нешто за смирување и фамосан за диспепсијата + пролајф за шмукање и еспумисан таб.
    Пиев аспирин ,неуробион , селен ,цинк ,ц, д ,магнезиум цитрат, глукозамин, б комплекс , ама и тие после подолг период ги прекинав. Користев и масло од диво оригано и чај од ѓумбир свеж пиев .

    Серумското железо ми 27 ,хемоглобон 150+ , се е регуларно и мирно по кс пукам од здравје , -а се осеќам болно и раскантена ! И еве си чекам само од себе да се среди си трпам болки си трупам депресијата … три деца сакаат енергија а јас како баба од 80год се осеќам :(

    Следна недела тироидна ќе испитам :drunk: ремонт ми треба(facepalm)
     
    На Nena Jovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Еве јас.
    Примив една доза синовак, се заразив со корона два-три дена пред втората доза синовак.
    Се ревакцинирав по 2 месеци од оздравувањето. Исто не испитав антитела, а вирусот го поминав до лесни симптоми.
    Иначе кој и да прашаш за ова сите различно ќе ти кажат, така што накрајот одлуката е твоја.
     
    На slimy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал што се осеќаш така, и штом е таква ситуацијата и треба да си направиш контролни прегледи за се што те мачи. Би ти дала совет и видот да си го провериш штом матно гледаш. Пази со ѓумбирот - ако имаш мака со желудникот не е лошо да го избегнуваш за да не ти направи уште повеќе киселини и болки.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    jas seuste povremeno osekam pritisok i steganje vo gradniot kos,ma da sum i pusac,a za nervniot sistem da ne pravime muabet, anks i nesonici isto i paganje na kosata,a saturacija mu bese 95-95 megutoa pominav vo bolnicki uslovi posto bev i so diareja i povrakanje i dve nedeli temp ,nazalost eve ne si edinstvena ;(
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.255
    Пол:
    Женски
    Денеска правев крвна слика и запрепастена сум, крвната слика џам, поубава не ми била 2г.
    Бев со 2ка железо летото, па едвај со Тотхеми дигнав на 6ка, па со коронава ми падна на 4ка. Точно 10 дена се поминати од последната крвна слика на која ми беше 4ка, а денеска ми е 16! И хемоглобин рипнат дури, 120 и сите други параметри (мцв, мцх, хематокрит) кои ми беа паднати поради анемија. Пијам едни мултивитамини, ама не секој ден, на 2,3 дена пијам по една кесичка, но во тие нема железо. Пијам вит Ц и Алое вера секој ден + си пијам пробиотик. А приметив ноктите ми се многууу зацврстени, лицето стакло чисто и свежо. Незнам до што е, ама сакам да си остане вака... Инаку само што прележав, сеуште сум дома до 6ти во изолација.
     
    Последна измена: 29 ноември 2021
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    После корона некој да има постојано затнат нос? Веќе 2-2ипол месеци откако прележав, се'уште не ми е отпуштен носов. Не знам дали е од тоа или друго е проблемот.
    Ако имате вакво искуство, како сте си помогнале?
     
    На Ivaaaaaa92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    7месеци поминаа кај мене и сеуште имам една затната ноздра. Ќе пробам сега со инхалации со масло од диво оригано , чај и спреј исто од диво оригано. Па ќе се пофалам или пожалам тука.
     
    На Ambrosia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Ковидот го сметаат за болест и на крвта, а не само респрираторна болест. Баш за него е карактеристично тоа што влијае на серумското железо. Во првиот дел од инфекцијата често имаат пациентите ниско железо, намалени леукоцити (како и при други инфекции) затоа што се тие се вклучени во првичниот одговор и одбрана од вирусот. Подоцна, како последица на цитокинската бура кај потешките случаи и оние кои се хоспитализирани може да се покачи железото. На клиника прават кај хоспитализираните хематолошки прегледи кои им даваат подетална претстава за состојбата на пациентот.
    Веројатно си во некоја завршна фаза од вирусот, после која би требало да се вратиш на нормала. Многу пост ковид имаат во првите две недели супер крвна слика, а после 2-3 месеци исто лоша или полоша од пред ковидот. Обично штом луѓето видат добри резултати се опуштаат, прекинуваат да пазат на терапија за хронични болести, се враќаат на старите навики - лоша храна, помалку витамини, недволоно движење, па им се враќаат и старите проблеми. Така да чувај си и понатака здрави навики.
     
    На gogimica, tina2018 и mariz им се допаѓа ова.
  20. Lili93

    Lili93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Zdravo :) za zhal ne si edinstvena, mislam deka ima mnogu kako nas. Jas pred 8 meseci imav kovid i bev so prilichno lesna slika 37.1 ( shto mozhebi beshe od menzisot ), pospanost najverovatno od edni tableti shto mi gi prepishaa, dijarea imav okolu 3-4 dena no meseci pominaa seushte znae iznenadno od chista mira da se pojavi, izguben abetit, vkus miris izguben od koj vkusot ne mi vraten kako shto treba. Krvna slika za vreme na kovid beshe okay, 1 mesec post kovid imav pokacheni d dimeri do 660 pa so aspirini so meseci padni kachi se beshe, a post kovid da ne pochnam da nabrojuvam. Prvichno mi se javi aneksioznost shto najmalce se nadevav na takvo neshto, najverovatno pretrpen stres i trauma spored toa deka mazh mi go pomina mn poteshko nego shto zamisluvav. Potoa trpnenje na race i noze, bocki vo race, vrtoglavici zatnuvanje na ushi i zuenje, magichno bolka vo bubrezi pa se ispostavi pesok i malo kamche vo bubregot, vechito kako isusheno grlo nadrazneto kako da saka da pochne da chesha a ne pochnuva, grutka vo grlo, chesto zemanje na vozduh dlaboko, raspolozhenie na 0, trpenie 0, koncentracija 0. Stolica katastrofa ili zapek ili dijarea, grchevi. Pms simptomi totalno izmeneti, proprateni so gadenje i nagoni za povrakjanje, paranoja x10. Kosata da ne pravime muabet strav mi e da se banjam mi ispopadna cela i seushte eve posle 8 meseci mi pagja. Oslabena 10kg. Strav od bilo kakov kontakt so lugje, cheshanje na delovi od telo a nema nishto. 2 nedeli se chuvstvuvam preodlichno i narednite 2 nedeli taka od preku nokj mi stanuvaat horor. Sigurno ima ushte najmalce 10 raboti shto mi se sluchuvaat a vekje ne ni pamtam. Nishto od ova ne mi beshe pred koronata. Posledna krvna slika pred 2 meseci se okay i d dimeri i drugi parametri, seushte pozitivna na antitela ( koi sekogash bea malce ), eho na srce uredno samo edniot zalistok mi bil minimalno izdolzhen ( shto navodno nemalo vrska so nishto shto mi se deshava i ne bilo strashno), eho na gradi uredno. Urina uredna. Znam deka pola raboti mi se od aneksioznost no ne znam kako da gi sprecham tie misli.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.