На два три пати ми се има десено по јака алергија или настинка неколку дена да не знам ни што јадам ни што пијам и агонично е скроз. Да не го имав осетено тој грд момент на неразликување на храната пиењето и општо на се околу себе што реално и е тотален хендикеп и ужасно психичко чувство, до сега ќе се уфурав 100 пати дека имам корона, затоа што честопати се случува да се двеве чула намалени, како резултат на пушење цигари, прекумерна употреба на капки за нос или синусна инфекција со или без шлаем. (Dry sinuse headache). Баба ми што умре пред 15 години, последните неколку годони немаше никакво чуло за мирис и вкус. Можеби е ова симптом на корона, не викам не, ама не секогаш причинител на аносмија е ковид. Си постои тоа одамна и си се јавува како резултат на многу работи.
Па на баба ти сигурно не и било Ковид, де. И јас со гнојна ангина 3 дена залегната лимон јадев без да осетам киселина, и компир што ми немае никаков вкус. По 3 дена дурис сфатив дека не сум го ни сварила убаво. Во секој случај, се разликува аносмија од инфекција на горните дишни патишта и од невролошки чинители. Аносмијата и не е толку честа да кажеш "немате вие ковид, нели ви се случило и друг пат", посебно не на некој што нема апсолутно никакви други симптоми освен аносмија.
Имаш проблем со суви синуси. Ете, решивме. Вика симптом е се што не можеш да си го објасниш со некоја друга состојба. И мене ме боли грло секоја втора недела и по секое носење на маска, уште не сум рекла дека е корона. изричито стои: што не може да се објасни од некоја постојана состојба.
Абе сакаше да каже не е честа појава кај популацијата, не кај тебе. Ти знаеме дека и да имаш ковид ќе речеш алергија ми е.
Здраво, вака се заразив со корона пред околу 1 месец викендов ми завршува изолацијата, веќе недела дена немам никакви симптоми(инаку имав 10 дена болки во мускули, омалаксаност, немав осет за мирис и вкус, 37 со 4 температура,2 пати само качив над 38, други посериозни симптоми немам примив сумамед 2 дози е сега ПРАШАЊЕТО ми е дали сте почуствувале во граднииот кош(бели дробови, плуќа) некое чудно чувство не е болка туку е како да продира ладно нешто кога ќе земам воздух.
Јас кога бев заразена такво чувство имав четири дена по појава на првите симптоми. А прв симптом и единствен ми беше температура 3 часа, еден ден 37.5. Кога ми се појави тоа чувство почнав со сумамед, претходно ми немаа дадено. Сега еве по 2 месеца од прележаната корона повремено чувствувам стегање во градите или пецкање.
Здраво на сите. Бев позитивна на COVID, со симптоми од 1-ви октомври, тестот го направив на 6-ти и покажа позитивен. Се лекував дома по препорака на матичната со витамини и сируп за имунитет. Тие 26 дена додека бев во самоизолација ги поминував ужасно, каде физички бев лошо поради болеста, но и имав константно панични напади, константно страв, анксиозност поради болеста и неизвесноста, немав воопшто апетит и никаква физичка активност, само лежев по цел ден, пијам 3-та недела по препорака на психијатар пијам дијазепам за смирување и само тоа малку ми помогна со паниката. Сега ми заврши изолацијата и почнав со прегледи за да видиме каква штета е направено (дел и поради мојата реакција која уште толку ми го истроши организмот). Пробав да пешачам, но немам сила воопшто... буквално после 10 мин многу се заморувам, немам ни енергија за секојдневни активности и тоа многу ме загрижува бидејќи пак сум затворена дома, а треба да почнам и од понеделник со работа. Дополнително чувствувам болки низ телото, мускулите ми "играат" постојано, а имам и гастритис и проблеми со дигестија, претпоставувам тоа што долго јадев само течно и многу малку калории си го направило своето... Се трудам и покрај тоа што немам сила да направам некоја минимална вежба, да излезам на 5 мин барем, само си мислам дека никогаш нема да се вратам во нормала, колку ли ќе трае сето ова... Дали можете ве молам да споделите ваши искуства, како се чувствувате после болеста, дали е ова нормално и после колку време би се вратило сѐ во нормала? Како вие се справувате?
@Annath и @NovusOrdoSeclorum кај Корона се губи чувство за мирис заради невролошки проблеми, кај другите типови на респираторни вируси заради оштетување на слузокожата на носот. Сосема е различна етиологијата. Субјективното чувство е исто така различно. Јас имам хроничен синусит па знам како изгледа да не мирисаш заради тоа. Прележав и Корона и различно е чувството. Кај Короната се губи некако нагло мирисот и ништо ама баш ништо не се чувствува иако носот може да не е затнат. Ние дома повеќе луѓе поминавме низ тоа и освен мене (заради проблемите со синусите) никој друг немаше затнат нос, па не чувствуваа мирис. Мене носот ми се затна откако изгубив мирис и ми остана затнат откако ми се врати чувството за мирис. Едно со друго врска немаа. Не пишувајте нешто за што не сте доволно информирани. Инаку за сите други, јас и маж ми правевме РТГ на граден кош и крвна слика по Ковидот и се беше во ред. Јас испитав анти-тела кога требаше да појдам физички на работа едно три и пол месеци по негативен тест и имав анти-тела. @vivien_an кај некои луѓе опоравувањето трае подолго време. Маж ми на пример доби нешто налик на панични напади со потешкотии во земање воздух после Ковид и испадна дека нема ништо после испитувањата. Само што тој не ни чувствуваше замор или нешто слично. Матичната му рече да проба со Дијазепам да се опушти ама ние дома нит имаме такво нешто нит па сакавме така да одиме. Кога доби негативен тест се подопушти малку (тогаш сеуште имаше негативни тестови како услов за укинување на изолација) и со Бедоксин ја преброди кризата. Пробај да правиш активности што ќе ти годат за опуштање и не се преоптеретувај со симптоми. Тоа само може да ти ја влоши состојбата. Види и психолошка поддршка да добиеш од некое место.
@JoyJoy имам на два пати нагло изгубено чувство за мирис и вкус (често одат во пакет), еднаш поради нелечена синусна инфекција, а еднаш поради долгорочна употреба на капки за нос, поради алергија. Значи, отвараш фрижидер, јадеш пиеш и што и да ставиш во уста, како песок да џвакаш. Единствено што осеќаш е алкохолот од парфемот на тебе, дури ни тоа. Значи, ако сте прележале ковид со аносмијата, не се правете како сега да сте ја измислиле. Чуватвото е агонично, знам, но постоело и ќе постои како резултат на спектар други причинители. И јас те замолувам да не изигруваш корона-експерт со невролошките причинители, само поради тоа што си немала мирис три дена. Интересното е тоа што многу луѓе, позитивни или не на ковид, се убедени дека им изостанува чувството за мирис и вкус, само поради намалената сензација (што еве кај мене пример е честа, поради пушење цигари и хроничен синусџија). Секој што не почувствувал тотална аносмија, што е хендикеп и одвратно чувство, ќе ти тврди дека изгубил мирис, ако инхалира перен пешкир пола саат и го чувствува само вртипопот, а не и лавандата.
@JoyJoy не напишав ништо погрешно, аносмијата или губењето на чувството за мирис и вкус не е ексклузивен симптом за ковид-19. Нема ништо погрешно тука, а има луѓе кои, замисли, имаат аносмија од икс причини, а не поради инфекција со коронавирус. Споделив информација дека кај оние со кои сум комуницирала, а биле болни од корона, ми кажале дека носот им е затнат, за двајца сум сведок дека постојано шмркаа, исфрлаа секрет од носот, и плус им беше затнат, мажот имаше и воспаление на синуси тогаш, за што си доби соодветен антибиотик. Не значи дека носот нема да тече при инфекција со коронавирус, нема правила, ако ти си имала една клиничка слика, други имале поинаква. Ниеден од симптомите на ковид-10 не е ексклузивен за тоа заболување, затоа и не треба веднаш да се мисли дека се работи за коронавирус. Башка што, лаик од каде би знаел дали губењето на сетилата за мирис и вкус се од невролошка или локална природа? Ама океј, темава не е за нас, непрележаните, ние ништо не знаеме.
Во моментов лежам корона без никаков друг симптом освен немање чувство за вкус и мирис. Носот не ми е затнат, не користам капки или спреј зошто со дишењето немам никаков проблем. Веќе 8 ден е ова и нема никакво подобрување. И не зборам за не чувствување одредени мириси само или намалено чувство, туку целосно никакво. Ниту парфем, ниту средство за чистење (како полирапид на пример што е доста силно), воопшто ништо. Буквално каква храна и да пробам не знам што јадам. Со синуси имам мака доста често ама не ми било вака. Ова е мое искуство не значи дека сите така поминуваат
Јас дефинитивно во минатото, при грип, осет и за вкус и за мирис сум губела. Така што не е ова ексклузивен симптом на ковид. Е до сега беше рано за грип, ама сега пошто му почнува сезона, башка и на сите можни риновируси, нека ни' е со среќа.
Рачунај дека после месец дена дома, си изгубила и голем дел од кондицијата. Полека. И мене ми требаше време после вкупно 37 дена. Не можев ни до контејнер да појдам без да се задишам. Не се преоптоварувај, полека ќе се навикнеш. Мене уште месец ми требаше за да не се мачам на работа, не можев да издржам концентрација да имам 8 саати без проблем.
Фала ти најмногу за одговорот! Дали би можела да ми споделиш како постепено ја враќаше силата и кондицијата? Јас после 1 месец во кревет пробувам секој ден по 20тина мин да прошетам, после тоа сум многу уморна и срцето брзо ми чука. Не можам да замислам да поминам повеќе време надвор некаде... Исто така чувствувам дека мускулите многу ми се ослабени и не знам како да ги вратам во нормала, така ми треперат, пробувам да правам некои лесни вежби, но не забележувам големо подобрување...
@vivien_an сметам дека задишувањето не е губење на кондиција заради долгиот период поминат во лежење, туку респираторен симптом, а тие се повлекуваат најдоцна. Не се заморувај, кратка прошетка е доволна, кога ќе почувствуваш недостаток на воздух одмори, врати се дома. Дај му повеќе време на целиот организам да се опорави целосно.