Мене афродита шампонот од лук уште толку ми ја плетка косата и ми паѓа.. Јас единствен спас имам најдено од Биоблас шампонот, уште ми паѓаше ама многу помалце од вообичаено. Исто ставај си и рицинусово масло, тоа не е за против опаѓање туку за регенерирање на косата и растење нови влакна. Стварно помага, ама си треба упорност со месеци. Исто и немој да користиш маски и регенератори неколку месеци, само шампонот и маслото. Мене ме интересира што земате за имунитет, како си го поправивте имунитетот после короната? Ај што имам и јас хроничен умор, туку малце да дувне ветар и следниот ден сум со 40 температура и потечено грло. Имунитетот ми е катастрофа, секој месец сум болна, и тоа баш убаво болна.
Сама си го правам, свеж рузмарин ставам во маслиново масло. Треба да стои околу 30 дена потоа може да се користи. Исто добра опција е да се свари чај од рузмарин, да се нанесе на коренот и да се остави така без да се мие. Иначе јас го нанесувам маслото од рузмарин минимум еднаш неделно само на коренот и го оставам најмалку 2-3 часа, на врвовите користам кокосово и арганово.
Од мoе искуство, овој е добар А имам читано и за Bioxsine, во аптеки ако го најдеш него. Јас земам кесички цинк+вит ц+ вит д на Др.Витон, шумливи таблети, мед и пијам разни чеаеви и има ефект
Да, тие. Околку 420 денари е цело паковање, со 30 кесички, можеш да си земаш и на делење. По едно кесиче на ден се зема.
Добро видео објавено деновиве каде преку случајот на една светски позната девојка - подкастер Dianna Cowern (https://youtube.com/@physicsgirl) која веќе подолго време има Лонг Ковид се прави осврт до каде е науката на темава и детално се опишуваат сите проблеми кои може да настанат по прележување на болеста. Девојката инаку е млада и претходно, пред крајот на 2022 кога се разболува, е постојано физички активна, а нејзините видеа се така интересно направени за да може обичен човек и деца да научат нешто преку нив. Има милиони следбеници. Се уште се случуваат овие работи со Лонг Ковид на луѓе, за жал...