Ве молам за препорака што да се пие после прележана корона за јакнење на имунитет? И какви испитувања освен крвна слика и ртг на бели дробови е пожелно да се направат?
Негативниот тест на коронавирус по неколку недели битки со болеста, не значи и крај на маките. Отежнато дишење, малаксаност, изгубено чувство за вкус и мирис се дел од симптомите кои што една третина од оздравените пациенти од ковид -19 и натаму ги чувствуваат, односно по добивање на негативен тест. Според податоци од светската статистика, 60 проценти од тие кои што биле тешко болни од ковид-19 и неколку месеци по оздравувањето и натаму чувствуваат најмалку еден симптом, од кој начесто е губењето на чувството за мирис а поретко за вкус, а околу 30 проценти имаат повеќе од еден симптом и по оздравувањето. Од Инфективната клиника пак, велат дека се уште е потребно време да помине за да може да се утври дали последиците ќе можат да се поврзат со ковид-19. Според нив, потребно е да помине 6 месеци до една година за да може да се направи конкретна анализа за тоа какви последици остава по здравјето на пациентите кои извојувале победа против коронавирусот. Source - https://www.slobodnaevropa.mk/a/30800458.html Ме интересира какви последици сеуште чуствувате после прележан Ковид. Јас го поминав вирусов многу лесно и брзо (фала му на Бога), но многу сум изненадена на постојана изнемоштеност. Има денови кога имам нормално ниво на енергија, па после во попладневните часови едноставно многу нагло ме напушта енергијата и се чуствувам преуморно, иако немам потреба за сон и не сум била нешто посебно активна кроз денот. Исто така чуството за мирис и вкус не ми е целосно вратено, има денови каде што на моменти можам да почуствувам одредени мириси, други денови се целосно без мирис и вкус. Доколку вакви дискусии се водат по другиве теми, се извинувам, слободно информирајте ме.
Истото чувство на изнемоштеност после повеќе од недела дена откако се чувствувам супер. Ми е страв да не ме повтори. Бев добра и сега одеднаш се чувствувам изнемоштено, веројатно не сум закпрената како што треба, ама сепак не ми е сеедно. Некој што поминал да сподели искуство?
Те разбирам комплетно и мене ме фати страв. Истражував доста на темава па да споделам неколку линкови. Помага да ги прочиташ и коментарите од видеава Очигледно не можеме да очекуваме дека ќе се вратат работите во нормала. Некои луѓе без проблем си продолжиле со своето секојдневие, други ете сеуште се борат. Јас лично заклучок што извадив е следново- - Биди свесен дека ќе ти се случуваат големи падови на енергија. - Со бавно темпо да се извршуваат дневните обврски дури и да се чуствуваш полн со енергија. - Продолжи со витаминска терапија, пиј многу вода, и вежбај. При вежбање немој да се форсираш, доволно е само малку раздвижување. - Повеќето луѓе кои се вратиле на старото темпо на извршување активности, следните денови почуствувале преголем умор, некои не можеле од кревет да станат. Закрепнувањето е споро и малку нестабилно. Не можеме да предвидиме ништо Јас не сум енергична како што бев но се надевам дека во иднина ќе можам да функционирам како порано.
Месец по прележување се задишувам правејќи работи што порано сум ги извршувала со леснотија... ова не се случува цело време туку одредени денови, но, сепак ме прави многу нервозна. Јас би сакала да знам што е со вашиот социјален живот? Наидов на одбегнување од многу личности, однос како сè уште да сум заразна, избегнување на било каков контакт и од далеку...
Ти благодарам Да да секако, витамини, вода, цинк, прошетки сето тоа е клучно за побрзо закрепнување. Не е баш одма помина изолацијата и готово е, треба пополека враќање во нормала за да се врати енергијата и темпото. @sierra покрај сета паника има многу што се плашат... Ако си прележал одма поинаку те гледаат. Отворено со сите, воопшто не е страшно ниту срамно дека си прележала, напротив добро е да споделиш искуство и да им укажеш да превенираат. Може чудно ќе те гледаат, ама кога ќе сфатат дека нормално е да си имала корона и дека сега ја немаш ќе се вратат во нормала.
@SeaMermaid секако, стравот никому не можам да го оспорам, ниту да замерам на оние што се во паника. Тоа што не можам да разберам е зошто односот е непроменет кон оние што не биле заболени и се во секој случај поризични контакти, а е тотално поразличен кон мене како веќе оздравена од вирусот. Притоа, додека бев во изолација постојано имав поддршка, а од моја страна целосна транспарентност во комуникацијата на оваа тема, но сега е сосем поинаку.
Немој да замеруваш искрено некој луѓе се во паника, пример брат ми ако имам корона сигурно би ме избегавал уште 3 месеци. Не е ништо лично верувај во паниката нема место за рационалност.
Јас пијам Витамин Д3, Бета каротен, Витамин Ц, Цинк, Магнезиум мнг овошје, зеленчук и чајчиња..и одмор. пс: уште не сум вратена во нормала ама полека полека...
Дали после прележување на вирусот брзо се заморувате ,имам чувство како да треба длабоко да земам воздух почесто
да, да, како што пишав погоре мнг брзо се заморувам и спијам мнг околу 10 часа (порано со 5,6 часа сон поминувам) Не, немам сеуште испитано ддимери и слично, би испитала приватно можеби ама ќе видиме (морам финансиката состојба да ја проверам/организирам) Ова е само моето искуство, како што прочитав од другите скоро сите препорачуваат да си провериме ддимери после прележување Сепак мислам дека најдобро со матичната да се консултираш за било што
Тоа е супер, сега само трпеније, смиреност и многу одмор. Треба време да се закрепне целосно. (и јас кашлам и не се осеќам како порано) Сепак доколку состојбата не ви е стабилна ве молам со матичната да се консултирате.
Би сакала да знам после колку време би била пак изложена на зараза , пошо сметам дека ми е прележан вирусот тие беа симптомите. Денес осеќам студ , трески. Ама бев изложена на студ ,ваљда од тоа ќе да е.. Не знам дали имам антитела , бидејќи не ми ни направија ни ваков ни тако тест. Искуства?
Јас уште сум со 60% мирис/вкус вратен по 1 месец од инфекција. Ништо не исконтролирав, освен антитела и уште еден брз пцр но тоа беше за на работа да почнам. Димери и плуќа снимање ниту препорачуваат тука ниту пак ке ми дадеа упат да испитам. Пијам Д витамин, цинк и селен,но тоа пиев и претходно.
Мене ми е 20ти ден. Пишувам тука бидејќи се сметам за оздравена. Се надевам така е. Вкусот и мирисот ми се вратија после 10-12 дена, но сеуште не ми се 100%. Некои послаби миризби не ги осеќам сеуште. Кај мене исто како кај повеќето се случува да се осеќам полна со енергија и после наеднаш да ми падне и да се осеќам преморена, а не сум правела ништо посебно за да се уморам. На моменти се осеќам како изгубена, пример може да ми збориш нешто, да те слушам ама прашај ме за две минути што си ми кажал нема да знам.. Многу чудно некако.. Болките во грб ми останаа, поблаги ама ги осеќам.. Други симптоми немав. Во принцип не јадам многу овошје, да не кажам ич. Сега од кога се разболев почнав сокови да си правам на соковник и ставам по повеќе овошја, по два-три на ден пијам. Витамин Ц, Магнезиум, Д3 и други витамини, продолжувам уште со се тоа цела зима зошто секако многу слаб имунитет имам. Се облакам многу за надвор, се плашам да не се разболам или да не ме повратат пак симптомите.. Денеска сликав плуќа, супер е. Се плашев бидејќи имам многу шлајм. Деновиве во план ми е крвна слика и ддимери... И тоа е тоа.. Ви посакувам на сите побрзо враќање во нормала.