Тие што прележавте, дали имате информација дали можи, и ако да, по колку време да повтори коронава? Не дај Боже.
Здраво на сите, сакам да прашам дали кај некоја од вас имало промени во менструалниот циклус после прележана корона? Јас имав менструација баш кога се инфицирав, не ми беше како обично, ми траеше пократко и не ми беше обилна. Еве веќе 7дена ми касни. Бременост не е во прашање, друго не знам што би можело да биде (кај септември правев пап и брисеви и се беше ок), а имам постојано стегање-грчеви во долниот дел од стомакот како секој момент да ќе добијам но нема ништо. На нет читав дека може да влијае врз циклусот но не знам колку се сигурни, зошто се сведоштва на два тројца заразени.
Не сум прележала корона, ама мене на грип ми се пореметува обавезно. Така да, според мене може да е и од короната, и од самиот стрес додека да оздравиш.. сепак нова соатојба на организмот. Олабави се ќе си дојде, и еден месец да скокне не е страшно, особено во вакви околности.
Кога се тестирав веќе претпоставував дека ќе биде позитивен тестот.И така и беше. Максимално внимавав на заштита ,носев маска,ракавици,ограничено движење работа/ дома но ете и работното место не е секогаш сигурно. Сеуште ги осеќам последиците.Сеуште со страв се сеќавам на чувството како е да не можеш да дишиш.Како да имаш некое стакло или нож кој ти сече во градите на секое вдишување,на секое издишување.Болката која ја осеќаш е поголема од сите претходни болки кои си ги имала при сезонски грип.Ти го напаѓа најкритичното место на телото и таму создава страшни проблеми. Сега,после поминати 2 месеци од болеста се фаќам сама себеси како викам јас пред и по короната.
незнам дали е темава соодветна ама ќе пишам тука незнам дали се има некому случено ова, ако да баш кажете Во ноември ќерка ми (2 години) се разболе од градинка.ама многу болна беше, 3 дена температура 39,не јадење воопшто ништо,трески имаше...со стравови ја однесовме во амбуланта кај матичната а потоа и во ремедика,и двете докторки рекоа дека има гнојна ангина као зациментирано и е грлото затоа неможе да јаде и затоа ја држи јака температура.Ни дадоа Оперил и за неполна недела се среди скроз. Додека беше она болна при крајот се разболе маж ми па јас...мм имаше два дена температура само ништо повеќе а јас само болки во телото (мислев дека се од умор зошто навикната сум да ме боли телото бидејки имам две мали дечиња) ме болеше два дена и главата ама онака нормално и се се заврши тука Толку буквално мислевме сме префатиле од детево као настинка дека малата и киваше и кашлаше ама нели гнојна ангина има Викендов бевме со пријатели на ручек, тие прележаа корона уште на почетокот кога удри,додека раскажуваа што им се случувало и какви јаки симптоми имале додадоа дека ќерка им имала корона а ја лечеле докториве од гнојна ангина а таа уствари имала корона. кога ми го кажа тоа ептен ми светна пред очи за моево дете, си викаме со мм да не се случило истово и кај нас решивме да се тестираме во авицена за антитела си викаме ако имаме ние антитела гарант детево имало ...но бевме и скептични бидејки ние немавме некакви симптоми јаки и плус траеа само 4 дена а ова беше и пред 4 месеци, аааама ајде да се провериме резултатите стигнаа за неколку саати се изначудивме дека изглегоа голем број на антитела и на мене и на маж ми значи сме прележале збореме со доктори рекоа дека дури може да даруваме к.плазма бидејки се во голем број антителата...рекоа демек јаки организми сме имале па затоа не сте ни осетиле како бе како? неколку дена по ред го мислам ептен...луѓе умираа од тоа бре,како тоа сме поминале? да не се грешни резултатие ама сепак сериозна лабараторија е... среќа никој не сме заразиле помеѓу нашите тоа ми е нај онака воедно да додадам дека јас не се напив ниедно единстевно апче бидејки дојам...освен витамин Ц другата мисла ми е, детево му згрешиле терапија двајца лекари не ми ни спомнаа никако да ја тестираме као дефинитивно ангина е...којзнае колку се мачела душичка лошо и било а незнаеше да каже среќа се добро се завршило луѓееее но навистина сум во прашалници сакам да додадам дека откако се разболе ќерка ми неколку дена предтоа учителката од градинка остана дома, демек имала конакт со заболен па во изолација беше и тестирањето нејзино заврши со корона (Ама таа кажа откако имала контакт со заболен не доаѓала на работа) и навистина ја немаше а детево ангина нели па ни на крај памет не ми ни текна тогаш дека од учителката е,бидејки таа си кажа и не дојде... сега препишуваме дека од таму се разболело детево мое па така и ние... животот и здравјето по прележуањето на вирусот е темава нели... исто е и пред и после очигледо за нас,а колку само ми беше страв да не фатиме..и среќа донекаде вака што испадна ама пак ќе кажам незнам што да мислам префрлете го рефратов ако е за друга тема
појави после нас, нос течење,кивање и кашлање ја однесовме и неа Рекоа настинка инахлирај само Немаше температура,еден ден беше доста ќенкава сега кога ќе ми текне ама тоа кој ќе ти каже,може да се заби,скок,грчеви,тогаш имаше 4 месеци Во глобала ништо страшно со неа како мене исто
После 3 месеца од прележан вирус, почна косата повеке да паѓа.. Купивме таблети Merz spezial, и шампони против опаѓање чуда ама нема ефект.. Ваљда треба време. Искуство?
Другар мој у ноември прележа, сега после неколку месеца има болки кај срцето и висок притисок, млад 25 години е, и денес пак го пратиа на тестирање па ке видиме, инаку имало и по трет пат, баш му кажале на него..
Незнам колку е точна информацијава,Но другарче што работи во Филип Втори ни кажа као едно антитело те чува еден месец Јас пример имам 6 антитела па 6 месеца ме чуваат од повторно заразување Но како што кажав незнам колку е така. Некои па викаат и мнг повеќе од 6м ќе штитат,ама по мое секој организам различно
Знае ли некој дали после прележан ковид,можеш да го пренесеш вирусот ? Или после примени две дози на вакцина? Всушност ме интересира има ли разлика или на исто се сведува?
Ние бевме болни лани у Март, у декември правевме тест за антитела и уште имавме, малце ама и тоа е нешто, значи после 9м.
Ако памтам добро и имавте после контакт со заразени и немаше ништо. Ми дава надеж ова да има толку заштита.
Имавме многу контакти со заразени, со моите, маж ми имаше колеги болни, јас другарка имав болна и ништо.