Не се расфрлајте со дијагнози. Што ако е некоја компликација од ковид, со отфрлање на "не ти е ништо, од главата е, анксиознот, од комшиката е" само штета се прави.
Не се расфлам со дијагнози, туку реков поверојатно ти е. Затоа што самата напиша дека е вознемирена, плаче и не може да спие.
Телото и умот не се посебни единки, неретко телесни промени влијаат на менталната состојба. И многу често, посебно кај жени, животозагрозувачки состојби се игнорирани оти "од главата им е", такви се, слаби, емотивни, растресени, се скараат со комшивката па веднаш се ги боли... Во здраво тели - здрав дух не беше? Или духот ќе го лечиме (маскираме), што ни е гајле какво е телото?
Леле како ми испреврте.Во ред е, не и реков да не направи никакви дополнителни анализи туку предложив од што друго може да биде причината бидејќи ми паднаа во очи тие неколку работи.Факт е дека многу луѓе во ситуацијава паничат повеќе од што е потребно и не можат да бидат смирени со позитивен тест.Не е за чудење, покрај се што се случува. Ова за жениве искрено не знам како го заклучи ама океј.
Здраво девојки, ја прележав короната и искрено ми беше тешко, ни вкус ни мирис освен тоа имав невидени болки во грбот, ајде помина тоа но во последно време забележувам дека од ништо имам модринки на телото.Да сум се удрила некаде не е, од дома учиме постојано сум во еден ист круг а освен тоа никакви болки немам на модриците.Искуство?
Многу ти благодарам само ме чуди што пред месец дена прележав а сега дури имам последици, се надевам да не е сериозно
Јас викав дека за имање корона-има, искрено дека е тешко-е, искрено самиве последици не ме иритираат толку колку невниманието од околината. 2-3 часа пред да дигнам многу температура бев на работа, имав рачен поздрав со колега, со уште тројца седев на иста маса, кога утрото ми дојде домашна посета ми рекоа мора карантин после позитивен тест.На работа кога кажав дека ќе ме нема шефката само напнато ме праша дали сум сериозна,дури ми викаше да одам ако се осеќам добро, другите колеги си беа на работа без воопшто да ги праша како се, можеше барем здравството да ми го плати и така бевме влезени во нов месец.Кога се вратив на работа имав искрено помалку енергија, едвај чекам да напуштам и да дипломирам за да најдам друга работа по струка. Полни паркови, полни плоштади, едина депресија им е што не им работат дискотеките.
100 дена од прв симптом. -Повремено ме фаќа главоболка. -Очите малку ме зезаат, може од екраните да ми е де, не ја исклучувам и таа можност. -Понекогаш ме фаќа тахикардија, иако скроз исфрлив сол -Косопад -Повремени болки во мускулите, особено во нозете -Ладни стапала, веќе поретко е тоа Антитела имам, крвта ми е ок, како и пред короната. Ама. Примам многу витамини, скоро секој ден јадам храна со многу железо. Сменив исхрана, повеќе се грижам за себе, сол не јадам, шеќер скоро ич, се обидувам стресот да го намалам, колку што се може де.
Јас сум некако зашематена, вртоглавици имам. Не знам дали е од короната или нешто друго. И во градите некогаш ме заболува