Уште веднаш. Се вратив на максимален отпор вежби, три часа на ден, секој ден. Иако мислам дека ова не беше баш најдобра одлука, мене само неколку дена после вежбањето кашлицата во потполност ми се редуцира и сега се чувствувам подобро и од пред да прележам! Инаку пешачев со часови на отворено на ладното во март уште првиот ден од ковид. Не си дозволив ни да спијам ни да залегнам во кревет.
Море, ковид мора да се одлежи, не се зезајте со здравјето Одморот е најважен, според мене. Инаку и јас сум тип, леле не можам сега да седам, дај сѐ сама можам, морам да станам бла бла... али како попче си ги одлежив 10 дена, без мрдање. Али ај, чим сте се осеќале ок... големи сте, си знаете. Јас за брзо се вратив во нормала со 10к ама уште не знам дали и кога да почнам со нешто друго. На познаник му рекле 3 месеци не, мене ми е малку... ту мач тоа.
Мислам веќе можеш да почнеш. Доволно време помина. И мене ми се лежеше првите 10 дена. А првите 5 со темп , не сакав ни до вц да одам. Си бара чудово одмор.
Дефинитивно, да го одлежиш и да го отспиеш треба. Со секоја болест е така, според мене. А вие како сте, помина ли? Welcome to the other side now
@duffi како пред мене, јас мислев во ист ден, баш договорени Јас на 21.04 После колку дена од контакт појави симптоми?
Сега сите топтан спремни за на викенд во Банскооо со потврда за прележан ковид во последните 6 месеци А кога планирате да се вакцинирате?
Јас за море се спремам, какво Банско Кога ќе има вакцини доволно за сите кои сакаат, па така и за нас прележаните Ако ме викнат во Србија за месец дена пример, ќе одам. Во Мк не верувам дека би, само затоа што нема доволно вакцини.
Таман сме. Од средата. За два дена. Иста ноќ со малото качивме темп. Јас можам кога било да се вакцинирам. Добив термин. Ќе чекам 3м да поминат.
Битно помина, за малку не те почека да се чипираш Не се тестирав, ќе правам ПЦР пред патување, тоа е. Малку ми нема логика да не прифаќаат со позитивни серолошки тестови, а да може со позитивен ПЦР, ама ајде.
Не се веродостојни, не се стандардизирани, секоја лабораторија си има свои референтни вредности, нема можност да се провери валидноста на тестот, има голема можност за фалсификација. Ти треба уште причини? Имаше во ФБ групите, некој бараше серолошки за патување и мораше да му пиеш во која држава е земен и не знам уште што друго, ни една лабораторија не можеше да му го исполни тој услов Она серолошкото тестирање за лепе очи ќе излезе на крај. Оти рече за потврда со прележан ковид Дузи, затоа питам. Инаку, пцр тест може и со месеци по прележување да биде позитивен, па со среќа...
Ама има одобрени серолошки тестови, пример VIDAS ELFA IgG е одобрен од FDA за итна употреба, може само тој да се прифаќа. Црна Гора прифаќа со серолошки тест колку што знам, а можно е и Грција, тоа Србите преговараат. Норвешка исто прифаќаше есента влез со позитивен серолошки, ама тогаш само ЕЕА земји можеа да влегуваат, сега никој. Е тоа... се надевам не сум тој малер
FDA и EudraLex се сосема различни институции. FDA на пример ги имаат одобрено и механичките филтри за филтрирање на крвта кои се користат кај Жан Митрев и тоа баш за употреба на пациенти со Ковид 19, иако тука цело време се кажува дека е експериментална процедура и не е одобрена. FDA прошли месец одобри и дигитална контрацепција, ама тоа е друга тема.
Луѓе знам дека можеби не е тука место за ова, но сепак се надевам дека ќе помогнам со тие што имаат потреба од кислород. Дедо ми за жал почина, зедовме концентратор за кислород од 10l, два пати кратко е користен. Овој апарат го продаваме, бидејќи веќе немаме потреба, а се надевам дека на некој друг ќе му помогне.
После месец и некој ден од прв симптом, навечер кога ќе легнам го чувствувам срцето како да ќе излезе од градиве, и кога се чувствувам така ќе измерам притисок секогаш ми е зближен, 110 со 90 100 со 70/80. Преку ден чувствувам некоја тешкотија како стегање на мускулот кај срцето. Мене ми беа качени тромбоцитите и пиев аспирин ама ги прекинав, ме болеше желудникот и после не отидов на контрола. Можно ли е овие знаци да укажуваат на покачени димери, згрутчување на крв, нешто слично да има доживеано некој од вас?
Земи Аспирин шумливи таблети , мислам дека колку толку нема да те боли желудникот ... Обавезно контрола и консултација со доктор околу стегањето на срцето .. Не сакам да те плашам , ама .. комшивка на мајка ми почина од тромб по еден месец од прележан Ковид .. Можеби и возраста има врска , жената имаше 50 години мислам , ама во ова лудо време ништо не се знае .. П . С . Помина 1 месец откако добив позитивен Ковид тест . Телото сеуште трпи замор , одвај се искачувам по скаливе до дома , но не е страшно . Како асимптоматски случај , не лежев ниту еден ден , иако ова чудо бара одлежување , јас се чувствував ок за да ги извршувам домашните обврски , па затоа и не залегнав . Само ме нервира што сеуште чувствувам замор , при подолго стоење на нозе или пешачење , или кога се искачувам по скали морам да одморам два до три пати додека стигнам дома . Ама се надевам дека ќе се среди .
Помина месец откако сум излезена од изолација, но сепак се уште е заморот тука, како и проблеми малце со притисокот. Некогаш ми е нормален притисокот, но имам мн тахикардии што пулсот ми е над 100, до скоро имав и аритмии. Де низок, де висок притисок. Сеа повеќе со тоа имам проблеми, и како што проаѓаа деновите мислам дека се повеќе и повеќе се тие проблеми. За разлика, грчевите ми поминаа и не се толку чести. Се надевам дека ќе пројде и ова.