Велиш чекаш да дојде плата, значи си активна, работиш, и ти денес не си истата од пред еден месец, сигурно сега знаеш повеќе од претходно. Ако ти мислиш дека стоиш во место, што да прави некој на пример што неколку години е без работа и не примил плата? Тој треба да умре од песимизам. Велиш да дојде лето, значи одиш на одмор, а што да прават тие што со години или никогаш не биле на одмор? Секако времето минува, секако ќе старееме, прифатете го тоа, секако дека голем дел од населението нема да има деца, сфатете, стерилитетот „коси“ од младо по постаро, секако дека има шанси за раѓање на дете со аутизам, размислете дека и тоа е можно. Се е можно и неможно. Живот. Денес кога размислувам за мојот живот, утре да умрам, остварив добар дел од моите цели(имало луѓе со бомбастични планови, се испаднало обратно, значи не испаднало како што сакале), ама има и такви што ги знаев од основно, средно, умреа млади, еден школски остана со ампутирана нога, кога го видов во инвалидска сфатив колку сум среќна што имам нозе, можам да одам кај сакам, да правам што сакам. Среќа е да си жив, здрав, прав. И џабе се тие споредувања. Некој се мачи со болест, некој со неплодност, некој со сиромаштија, секој човек има минус и плус, некој има убавина, некој има памет, некој има талент, некој е роден богат. И ако стапите во брак, родите дете, нема времето да застане, па да бидете така среќни, вечно млади, времето да тече бавно. Знаеме дека постои биолошки часовник, тоа никој не треба да го негира, ама тоа треба да го прифатиш, не да живееш со огорченост.
Да , често се осеќам така ама понекогаш ми ,,иде памет" па ќе си набројам се што сум немала и сум стекнала... возачка ,стабилна работа, децата здрави прави. Секогаш треба да се преиспитаме што сакаме и немаме но и што сме сакале а сега го земаме здраво за готово
Фали благодарност, затоа. Не ми е целта да звучам ко life couch, гуру, whatever, едноставно тоа е реалноста. Ќорави стануваме кон сè што имаме зошто се опседнуваме со сè што немаме. Губиме фокус. Не викам дека треба да се задоволуваш со помалку во животот, туку дека треба да препознаваш сè што имаш и да го цениш. Зошто може и тоа да го немаш. Како беше она: "доброто е дека сè може да се смени, лошото е дека сè може да се смени". Има луѓе што преку ноќ губат екстремитети. Ја губат способноста да одат. Го губат видот. Ја губат способноста да размислуваат. А здрави, прави, способни луѓе се жалат дека животот им.. одел... напред? Што воопшто значи тоа? Они не оделе? Напред? Што е тоа, па? Ви фали практиката на благодарност. Практиката на самосвесност. Практиката на самовреднување.
Не гледајте кој што прави на социјални мрежи и не си умислувајте дека им е поарно, може и да не им е, само се фалат повеќе и лажат повеќе.
Живеам како сакам и нит се мешам у туѓи животи, и не дозволувам у мојот некој да ми се меша. Не качам слики од храна или каде сум била, одамна тој период ми помина, само разгледувам по интернетов, си ја чувам интимата. Реалазирана сум и без тоа. Океј е ако некој тоа го сака, нормално, мене анонимноста ми е убава. У повеќето случаи некои прават лажна слика дека се многу среќни, нашетани, ко живот да им зависи од тоа што мисли околина за нив. Себе се лажат.
Се доведов до состојба во животот, каде туѓиот напредок за мене е рамнодушна појава. Јас сум таму каде што треба да бидам. Ако гледаме низ призма на тоа што општеството и родителите очекуваат од нас, можеби за некого каснам. Но, guess what, толку не ме допира, како никогаш до сега. Кој е тој што вели дека касните, Вие самите или тоа што ви било дадено како учење од околината? Мојот живот од овој аспект дури можам да го опишам како баш експеримент и искуства. Се борев против рамката која ми беше ставена. Што значи тоа, дека никогаш не потклекнав на туѓите очекувања. Секогаш знаев што е правилно за мене, иако изодев трнлив пат за да докажам дека јас повеќе знам за себе, него било кој друг. Да мислев дека сум назад, немаше да го добијам финалниот продукт кој сега го живеам, а го живеам благодарение на мојата ,,расипана" матрица. Можеби во моментот изгледа сурово и безнадежно, но погледнете ја широката слика. Животот креира нешто сосема различно за вас, можеби уште подобро од оние што брзаат да ја стигнат целта која е прашање дали навистина сакаат да ја стигнат или само очекувањата на својата околина. Ако се навратам на минатото, заглавував во слепи улици, вртев во круг и изгледаше како да доцнам. Но, јас доцнев само со вистината за себе. Наречето го судбина, но да не беа тие грешки, кои за мене во моментот се чинеа за фатални, јас немаше никогаш да го запознаам најдобриот човек за мене и никогаш немаше да го живеам овој живот, за кој би сонувала кога би го немала. Имам се или подобро кажано јас сум конечно дома со тој што треба да бидам. Што значи животот што ви е даден не е казна. Туку можеби намерно ве ставил на пауза, со тие мисли и чека токму тогаш кога сте спремни, да ви го даде она што е најсродно за вас самите. Само не го гледајте ова низ призма на материјализам и титули, затоа што само ќе продолжите да касните.
По facebook instagram и тн.. се прикажува само 1% од животот.. Се останато е реалност каде шо мора да се бориш со сите препреки..