Дали се чувствувате како животот да оди напред, додека вие сте останале во истата состојба?На пат сте, но сè уште не сте стигнале до вашата цел, иако вашата генерација веќе стигнуваl до неа. Дали мислите дека доцнењето на некои работи во животот е последица на нашата „мрзеливост“ или едноставно е „судбина што ни е запишана“? Се чувствувам уморно од оваа состојба и не разбирам зошто се случува. #студентка
Судбина, се е судбина, јас веќе се помирив со судбината,колку да одиш против неа, не можеш да ја смениш.
Никој нема иста стартна позиција, исти услови, ниту исти лекции. Кога целта изгледа предалеку мозокот се блокира и не прави ништо. Направи еден мал било каков потег денес и излези од зоната на комфорот. Подобро е да направиш несовршен чекор напред отколку совршено да стоиш во место и да чекаш работите сами да се решат. Ситуацијата е резултат на одлуки што ги имаме донесено од предпазливост, страв од грешка или чекање „вистински момент“. Кога премногу анализираме за да не погрешиме често завршуваме стоејќи во место.
Животот тече и (колку сурово и да звучи) не те чека тебе. Се живее во сегашниот момент, а сѐ друго е филозофија (а назад да гледаш, а напред). Човекот е суштество кое треба да си пронајде/создаде/изгради своја смисла на животот која ќе е вредна за него и ќе е доследен на неа во континуитет(!). Ако не оди во прилог, ќе се прилагоди нешто толку колку што се може, па живи и здрави.
@Zenzo Oz споредување со други е кратење/ крадење на својата среќа. Секој си има свој живот, не се води по шо кога треба. Води се према твоите потреби и цели. То е вистинскиот пат. Индивидуалниот.
zatoa sto samo gledas tugite zivoti mesto tvojot prodolzi so ljubomorata i nikogas nema ni da merdnes
Да али малце покомплицирано е од тоа. Не се споредува(ме) со една личност и заклучуваме дека сме назад, туку се споредуваме со околината, со врсници, со 70-80 % од нив кој гледаме дека се многу подалеку од нас во животот, било кариера, љубовен живот, патувања итн. Знаеме дека имаме потенцијал да го имаме тој живот но од Х причини сме далеку од тоа и самота помисла прави да се осеќаме уште подалеку и закочено.
Не, пошто ретко кој од мојава генерација ме инспирира, дури и не постои таков живот кој сакам да го живеам, повеќето ми се очај. Ирелевантна ми е Васето од моја генерација, која се омажила (wow), работи у човечки ресурси и отишла у Кипар на одмор со муж ѝ и синчето Иан. И таа Васе мечтае за животот на Ленче, Ленче се споредува и натпреварува со Трајче, Трајче со баџанакот, итн. И ,,судбината" е утеха за сиротињи и за луѓе што животот си го мерат според туѓите ,,судбини". И секогаш постојат подобри за да патетишеш, а полошите од тебе служат за ,,ќути, има и бетер", повеќето функционираат на тој принцип, што е тажничко.
Нешто што највише ме вади од кожа е тоа да ме споредуваат со другите, не сакам ниту јас да се споредувам. Мој живот, мои правила, мој животен тек, моја среќа, мои одлуки, и најважното: све у свое време
Дефинирај подалеку? Моментално има работа? Моментално има партнер? Моментално е венчан? Моментално патува многу? Се ова е менливо. Луѓе се разведуваат, вие се депримирате дека некој има моментално дечко/женска, а вие не. Или понапред е со испити (чисто оти членката пиша студентка), ко да не можи то да се смени до крај на студии и ко да значи по дифолт дека тој шо бил понапред е поквалитетен. А, и се ова е индивидуално. Просто ко грав. Ич не е комплицирано. Секој е на свој пат и секој треба да го прати својот пат за најголема автентичност и среќа. Да, некогаш сакаме да одиме на плус место, или да најдиме партнер одма сега. Ама некои работи се вон наша контрола и то е океј. Се дур не си огорчен и се обидуваш - ќе добиеш. Нема распоред на колку години каде треба да бидиш. Ништо не е толку комплицирано.
Е поблиску до смртта? Така се осеќате зошто така сте условени од општеството, ве научиле дека постои некаква шема на живеење, заврши школо, вработи се, брак, прво дете, второ дете, куќа. Ако не живееш по таа измислена шема, се осеќаш ко да си 'назад' у животот, неуспешен, ко да губиш. Ко демек награда те чека ко ќе умреш. За најправилно иживеен живот. Замисли утре на 25 години умреш, и? Game over.
Каде брзаш, искрено? Кој воопшто кажал дека животот има рокови по кои мора да дипломираш, да се вработиш, да се омажиш или да „стигнеш“ некаде? Ние сами си ги измислуваме тие стандарди, а после се казнуваме затоа што не сме ги исполниле. Најголемата замка е споредувањето. Ти ја гледаш другарка ти и мислиш дека е пред тебе, а таа дома се споредува со некоја трета, таа трета со четврта… и така сите по туѓи животи, наместо да си го живеат својот. Пробај да си го смениш мајндсетот од „Дали стигнувам до целта“ во „Дали ми се допаѓа животот што си го живеам денес?“. Читај, шетај, учи нешто што те прави љубопитна, пробувај нови работи. А таму кадешто треба да стигнеш, ќе стигнеш, one way or another.
Се вика биолошки часовник. И да, постои и кај мажите. На кратко: Понизок квалитет на спермата: Постарите мажи имаат помалку сперматозоиди што се движат и поабнормални форми. Подолго време за зачнување: На паровите им треба подолго време да забременат кога машкиот партнер е постар. Повисок ризик од спонтан абортус: Оштетената ДНК на спермата може да го спречи ембрионот да расте правилно. Ризици по здравјето на децата: Напредната возраст кај татковците е поврзана со поголема шанса за аутизам, шизофренија и генетски мутации. Пониски нивоа на хормони: Тестостеронот полека опаѓа со возраста, што може да го намали сексуалниот нагон и производството на сперматозоиди. Прашањето што ме мачи мене е дали всушност имаме контрола на нашава судбина или се е поставено и ние само ги гледаме работите да течат. Ќе речете сам си ја контролираш судбината, но во некој момент, нешто ипак ќе се спои да го направам нештото баш во тој одреден момент.
Да, биолошки часовник постои. Исто какошто постојат брчки, седа коса и побавен метаболизам со возраста. Ама баш и не можам да се сетам дека биолошкиот часовник да издава рок: „диплома до 23, кариера до 27, брак до 30, деца до 32 во спротивно неуспешен живот“. Поентата ми беше дека животот нема универзален распоред, не дека човечкото тело не старее. Плодноста е биологија; притисокот дека до одредена возраст „мора“ да имаш постигнато одредени работи е општествена конструкција.
истата сум. Ќе запрам во еден период и ќе речам - животот тера а јас ништо не сум направила,ништо не сум оставила зад себе се само од денес а утре. Чекаш да дојде лето чекаш да земеш плата чекаш да дојде нова година... се нешто чекаш а во меѓувреме си тапкаш во место. Годините врват ти не ги сеќаваш до одреден период и кога ќе запреш кога ќе видиш колку уствари ништо не си направила....
Понекогаш во депре момент ме фаќа мисла дека сум закочена и дека доцнам за некои работи. Но, одамна престанав да мислам на генерацијата. Немаме сите исто темпо. Ако сме закочени, не значи дека сме мрзеливи. Немаме контрола врз сè на светот. Животот поставува пречки или сопки. Наше е да го дадеме најдоброто од себе за да ги надминеме.