Се надевам не лажеш..грев е да лажеш за болест.. мани друго, ама за болести и умирачки мене ми е ептен страшно да лаже човек.Или да се шали. Не дај Боже да снајде Јас постов не сум го гледала @RainBow де ѕирни ова ip нешто, дали бил претходно најавуван
Ќе се самоцитирам: Mислам. Не нудам 100% сигурност. На крајот од денот можеби не е истиот човек. Има уште десеттици како него во Охрид.
Според инфото за себе што го даде, и јас мислам дека те познав, но не те знам лично. Не прашувај од каде, ќе кажам само заеднички пријател. Мислам дека постот не е лажен, не рипајте!
Не е лажен, не. Го знаеме и јас и ти, ама не е во наши раце ова, сфаќаш? Државата треба да се занимава со социјалните случаеви, а не луѓе на форум. Што можеме јас и ти? Толку се нервирам за вакви работи... Ај нема врска.
Да, сфаќам. Нема што да се направи од моја и твоја страна, има многу вакви случаеви во државата, често ги има и на социјални мрежи и на ТВ. Нека пише јавно, нека побара помош, нека оди во социјално и нека почне да се бори. Нека бара активно работа мора некој да го прими. И да го примат мора да е добар работник за да го задржат. Не се чека ништо на готово. Сите тука совети му дадовме, нека се заангажира, нека се потруди повеќе и се надевам дека ќе има позитивен исход.
Прво до социјално нека побрка работа човекот. Е сега нека бара и активно работа, ама додека да најде работа, нека прима социјална помош и веројатно го следува. Ова требало и досега да го стори. Толку е едноставно, ако најдеш работа и си пријавен, откажуваш социјално, оти па ако примаш и плата и социјално на сметка, на крај ќе бараат да им го вратиш социјалното ( имаше и такви случаеви).
Без разлика дали е лажен или не постот, прва и круцијална работа што треба да ја направи еден маж е да ослабне. Пополека, чекор по чекор, килограм по килограм. Драстично ќе ви се врати самодовербата, луѓето ќе почнат да ве гледаат со други очи. Како очекувате друг да ви помогне кога вие самите не сакате да си помогнете? Втора работа, нека не се замара да оди по некакво социјално, затоа што тоа уште повеќе ќе го направи мрзелив и ќе му ја убие сета волја да се оправи. Што треба да направи? Да отиде во црква, да разговара со свештеник, затоа што свештениците имаат многу познанства, многу богати луѓе донираат храна, облека, пари во црквата и верувам дека свештениците ќе му најдат работа преку конекции. Ако сака да работи. Потоа, кога ќе најде работа, тука почнуваат конекции, познанства, пријателства. Секој месец нека трга на страна малку пари и нека купи парче гардероба, нека се дотера малку, но примарно е да ослабнува, за да таа гардероба има на што да се облече. Кога самодовербата ќе му се качи, тогаш ќе биде и послободен да пријде на девојка, ќе биде поатрактивен во женските очи итн... Чекор по чекор. Помагање со пари, социјално, дрн дрн ништо не помага. Само одмага.
Те читав на фб. Не во групите кај што те читале другите, во друга група. Испадна лажно. Ако лажеш, земи фати нешто прави во животот, не постигнуваш ништо со ова. Ако не, ти дадоа и таму 100000 совети.