Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот без семејство, потомство, работа и пријатели

Дискусија во 'Психологија' започната од bobooh, 20 јануари 2022.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Фејсбук групи, форуми, ова-она, шпански серии, драми. Очигледно народот си има превише време, за да си креира tear-jerking приказни. Get a job...
     
    На Feminka22, prashinka и Аргентина * им се допаѓа ова.
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.708
    Пол:
    Женски
    И јас го познавам (не лично). Мал е светов...

    Не е лажен постов.
     
    На sunshinebabe, sj *O*, prashinka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    И јас можам да потврдам дека не е лажен постот, беше бивши дечко на моја пријателка ама ова беше одамна и не го познавам лично. Иако можеби приказната што ја напишал тука е конзистентна за најголем број работи, за некои од нив ми делува ко да не се баш највистинити, иако не го познавам лично да тврдам.

    Додуше, од тоа што го памтам од другарка ми, не е дека и другата страна била бајна и сјајна и за жалење. Ама нема да споделувам лични работи.

    Тоа што можам да кажам е дека дечкото исто во 2018 имаше профил тука и пишуваше за истиот проблем, и тогаш и сега ми имаше пишано во ЛП и не знам дали така на рандом членки им пишувал исто. Жал ми е, ама не знам како да му помогнам на човек што не сака сам на себе да си помогне. И пред 4 години му се давани совети, очигледно ниеден не послушал, исто и сега. Не може некој да ми каже дека никаква, ама никаква работа не може да се најде. Да, може во фирми некои не може, ама келнер, шанкер, хигиеничар, помошник готвач, салатер, садомијач се бараат цело време, секаде, а посебно би требало во Охрид како туристички град. Исто видов и во Охрид имаат отворено онаа фирмата Slice за Sales што е и слични работи, ако дечкото знае англиски може да си проба и таму, ништо не го кошта.

    После, да си ја среди исхраната. Манџичка и салата, овошје, многу се поздрави а и поефтини од тоа да се купува брза храна и газирани пијалаци. Да почне да вежба дома, ем времето ќе си го исполни, ем поздрав ќе биде, после тоа ќе почне да му се менува и физичкиот изглед а со самото тоа ќе му се крене и самодовербата, а човек со самодоверба се чувствува убаво и поинаку зрачи и привлекува.

    Ако има плус некој хормонален проблем, нека отиде да си испита хормони и ако треба да пие соодветна терапија, ете и брат му може да му помогне, дали финансиски, дали за друштво.

    Прв чекор јас мислам да почне интензивно да си бара работа, да пробува секаде и ако треба да тропне на секоја врата, а во меѓувреме дур го прави тоа, да се посвети на поздрава исхрана, вежбање, пешачење, така да си го исполнува времето, да не е цел ден пред екран и да се сожалува себе си. После ако има уште здравствени проблеми и упорно не му се спушта тежината, нека се провери како што кажав.

    А откако ќе најде работа и ќе се чувствува и ќе изгледа поздраво и посамоуверено, другите работи сами ќе си дојдат полека, и девојка и пријатели.
     
    На Oneo, Feminka22, poi и 10 други им се допаѓа ова.
  4. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.466
    Пол:
    Женски
    И јас го знам,потврдувам дека е точно.
     
    На sj *O*, cooll, Acronia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    12.758
    Пол:
    Машки
    Не разбирам како 2 членки излегоа со исказ дека е бивши дечко на пријателка/познаничка, а тој тврди дека немал досега девојка. :drunk:
     
    На Oneo, Feminka22, buba4e89 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.708
    Пол:
    Женски
    Многу одамна беше, ништо значајно изгледа. Но дечкото е тој, не верувам некој да прави лажни профили.
     
    На bobooh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Врската со девојката се случи многу одамна, пред нешто повеќе од 10 години кога бевме тинејџери и траеше кратко, можеби затоа не ја споменал.
    Девојката е одамна во брак со дете, додека дечково ни е генерациски близок, па затоа повеќето од нас и го знаеме.
    Имаме излегувано на слични места, кои нема да ги напишам поради безбедноста на членките.
    Без оглед на тоа како е напишано, поентата е сепак таа.
    Дечкото е во тешка физичка и душевна болка, можеби затоа приказната ја напишал во брзање па делува неконзистентно.
    Сепак, за истата неколку пати има пишувано на форумот.
    Знам дека е тешко да се поверува дека некој толку долго заглавил во канџите на сиромаштијата и покрај се`, но реалноста е таа...
    Ниту државата, ниту Црквата, ниту роднините ги интересира.
    Животот е понекогаш многу суров, за жал.

    Затоа помалку играјте детективи, повеќе помогнете (ако можете).
    Не прозивам никого, само еве веќе четири од нас се огласија и потврдија "приказната".
    Ако една лаже, другите три сигурно немаат интерес да го прават истото.
    Дечкото има хормонално нарушување и деформитет.
    Од мене на темава толку, поздрав.
     
    Последна измена: 22 јануари 2022
    На poi, темјанушка, sunshinebabe и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    12.758
    Пол:
    Машки
    Немам ништо против јас, но во неколку ФБ групи се огласија дека е лажен постот и со докази. А тоа со девојките, тој во уште еден/два поста на темава напиша дека немал досега девојка, не во првиот, затоа мене ми е соомнително дека всушност некој ја искористува неговата приказна.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако имате да пишете нешто на темава, некој совет, сторете го тоа, ако сметате дека е лажна само заобиколете ја или приложете доказ во порака, па ќе видиме, вака секако нема поента.
     
    На poi, sj *O*, prashinka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ама стварно нешто не ми изгледа во ред тука. Коцките не се спојуваат некако.
    Не викам дека лаже, еве некои од вас потврдија дека е вистинита приказнава.
    Туку, мислам дека едноставно не сака да се подобри. Значи не е можно толку долго да седиш и тапкаш во едно место сите овие години.
    Ако сакаш ќе почнеш од нула.
    Еве и јас многу совети дадов додека тера само во една дирекција а тоа е да се жали само.
    Значи мора да се почне од негде, а тоа само сам можеш да го направиш, ние не можеме да помогнеме никако.
    Најреално ова.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Јас и @Acronia зборуваме за истата девојка, изгледа иста пријателка/познаничка имаме. Тоа беше пред 10 години може, девојката сега е мажена со дете. Ептен кратко траеше се тоа, така што не можам ни да кажам дека биле дечко и девојка. Тоа е ко на 20 години да си излегол со некоја девојка 3 пати и после тоа 10 години да си сингл, ниедна врска, па и јас нема да го рачунам тој флинг од пред 10 години за имање девојка. Постовите на фејсбук не ги знам.

    Друго што сакам да додадам, е дека дечкото треба да излезе надвор од убедувањата што му ги има наметнато мајка му дека жена му треба да седи дома само, да нема работа, да пере и да пегла и да му готви, зошто неговата преповрзаност со мајка му знам дека уште тогаш му беше голема пречка и со девојкава. И можно е да е тоа голем фактор што тој не може да си најде девојка или другарки (ко што има веќе пишувано и на претходниот профил) зошто кога тие не се согласуваат со неговите убедувања, што е нормално, дури он самиот најчесто ги откачува или па ќе го откачат они. Така што треба малку да си ја смени сликата за како изгледа една нормална и урамнотежена врска, а тоа очигледно ќе биде тешко зошто има израснато во таков тип на семејство со изразена приврзаност кон мајката, што е веќе психолошки проблем и мислам дека би требало за тоа да поразговара со стручно лице... Ама тоа отом, потом..
     
    На poi, sunshinebabe, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.820
    @Abracadaver спомна вежбање, и тоа е ок, ако се работи за личност која нема здравствен проблем, а ако не некое хормонско пореметување, тешко дека за брзо време ќе му успее. Не мора цел век да е на социјално или со години, ама да не биде на товар на брат му или не дај боже да го маваат извршители после, подобро да прима социјално, оти и така има илјадници кои не ни се во државата, си работат надвор, а земаат социјално, а на 1-ви во месецот, имаат некој во АВРМ кој ги пријавува иако лично не се појавуваат. Па ако некој зема над 1.000 евра во странство, а е здрав, прави, си работи, и прима социјално, дечково со деформитет, одамна требало да прима помош од државата.
     
    На Abracadaver му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    А да, заборавив да кажам и за тој дел.
    Додека очекуваш да ти дојде жена што ќе готви, пере и ќе те чува како син, ќе си тапкаш у место.
    Жена ти не треба да глуми мајка.
    А и фала богу способен си барем за некаква работа.
    Малце сменете ги мислењата и не очекувајте друг да ве гледа, правете си свој пат.
     
    На Feminka22, sj *O*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Нека замине во странство, макар и како брат му, на Блиски Исток. Овде бадијалџии му извадиле име и постојано ќе има непријатни искуства. Инаку, не го зезаат затоа што е дебел, туку затоа што е сиромав и нема кој да му го чува грбот. Од она што гледам наоколу, оние кои лошо изгледаат, а добро стојат финансиски, никој не ги задева. Тој и на манекен да заличи, животот нема да му се промени многу при менталитетот во Мк. Но, секако треба да работи на тоа да го подобри изгледот, како што и секој човек не би требало физички да се запостави. И карактерно треба да се опрај, не да чезнее по друштво на особи кои бришат патос со него.
     
    Последна измена: 22 јануари 2022
    На Feminka22, sj *O*, Abracadaver и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.820
    Сега нема нашинци во Авганистан колку што знам, а прашање е колку скоро и дали ќе има. Таму сега на сила се шеријати и слични глупости, а и за таму колку што знам те прегледуваат, па и тежината беше фактор. Маж на колешка кажа дека машко не смее да е над 90 килограми и да има здравствени проблеми. Со лекарско ги примаат. Нека бара работа упорно, ама па да бидеме искрени, Охрид е тапа за работа. Тоа што во лето има туристи цели два месеци не значи дека е рај. Напротив тешко е, па кога слушнав колку плата им даваат на келнерите по хотелите, коса на глава ми се крена. Нека бара, ама ако има право на помош од државата, нека си го искористи тоа право. Лицата со инвалидитет имаат право на помош и досега тоа требал да го користи.
     
    Последна измена: 22 јануари 2022
    На Feminka22, sj *O*, Касија и 2 други им се допаѓа ова.
  16. bobooh

    bobooh Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Не да глуми мајка туку да биде домакинка сакав
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.084
    Пол:
    Женски
    А од што планираш да живеете ако не работи ни таа, ни ти?
    И зошто?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bobooh

    bobooh Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Затоа сакав да најдам работа јас бидејќи сепак сум машко и друго е
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.084
    Пол:
    Женски
    Што е друго?
     
  20. bobooh

    bobooh Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Затоа што кога би нашол работа ќе придонесувам и не би ми пречело дома да седи жената многу роднини ми се дома и секогаш им е средено