Друже мора да го смениш мислењево, какви се овие глупости дека жена треба да е домаќинка? Ако е по нејзина волја ок, ама не верувам дека некоја од младиве сака да биде само дома и животот да и е сведен на чистење и деца гледање. Друго, со 300 евра сам нема да можеш да се изгледаш не па жена и деца уште. На малата трошам само 200 евра месечно, памперси, влажни, млеко, за јадење намирници, па купка оваква излегло проблем со кожа, маст таков, па капки па ова она. Плус трошоци растат, а платите цупкаат во место, сметки, храна, се е поскапо. Извини, не е до средината, до тебе е. Штом некогаш си излегувал со девојки, не верувам дека не можеш пак. Ако не пак земи си жена од Албанија, што да ти речам, бидејќи со ова размислување никаде не одиш и ниту една девојка тукашна на млади години не би сакала да живее на тој начин. Слободно можете и другите да ме нападнете, ама штом може золва ми чистачка да работи, не пребира, ем од фирма оди, ем оди по згради приватно дополнително да заработи, прашува дали им треба, само да плати рата за стан и деца да нахрани, секој работоспособен може да најде работа каква било за да живее пристојно. Ти живееш сам, дома си. Средено ти е дома ? Пошто рече во околина им било средено, дома жените дека седеле.
И јас сега се потсетив, мислам дека знам дечкото дека пишуваше пред некоја година, ама јас имам сфатено дека е од Струга. Пишавме сите што мислиме, од утре стабилизирај се и почни нешто од нешто да средуваш.
Буквално да не можеш да најдеш било каква работа во Охрид (што е туристички град) е показател дека не сакаш да се потрудиш да најдеш. Има еден куп огласи за келнери, работа на рецепција по хотели, хигиеничари итн итн… Особено летото може да се вработиш на плажите како келнер и од тоа да земеш некоја пара. Работа има ама треба и желба. Ако мислиш дека жената треба да биде домаќинка ( ако е нејзина желба тогаш ок ) тогаш мноооогу си згрешил. Можеш да издржуваш двајца со 30-40 илјади плата, па белким треба да ти остане нешто пара, еве ќе сакаш некоја облека да си купиш,чизми,патики итн итн… Плус ете не дај боже ќе излезат болнички трошоци или било што. Не знаеш што може да те снајде и затоа треба да си имаш пари на страна ,а тоа со 200-300 евра не знам дали ќе може.
Chitav shto ste pishele i se soglasuvam: zhivotot na zhenata ne treba da se sveduva na chistenje i gotvenje. Pishuvate deka treba da ima pari na strana, a toa so platata ovde za eden ne e dovolno, a ne za dvajca. No, mnogu pobitno spored mene e: ne treba da raboti i zhenata samo za da ima povekje pari vo domot, tuku mozhe saka kariera da si gradi, da e uspeshna na toa pole. @bobooh smeni si go pogledot na rabotite. Zhenata ne e samo za vo kujna i krevet. Dobri soveti ti dadoa, veruvam deka ako se potrudish deka ke uspeesh.
Незгодно ми е да прашам, за каков деформитет се работи ? Дали тој деформитет ти отежнува физички да извршуваш некоја работа ? Доколку не, извини ама треба да засукаш ракави и да бараш работа. Социјална помош е за граѓани кои не се работно способни, а дупката у тој фонд постои, пошто мерката ја користи и тој кој треба и кој не треба. Настрана тоа. Немаат сите живот мед и млеко и на тацна сервирано, ама тоа не значи дека треба да дигнеш раце и да чекаш суден ден. Едино ти можеш да си помогнеш сам себе. Заземи став, стави си у главата дека мораш да промениш некои работа и тргни. Откачи се од минатото, било како било, гледај напред, доста е од само сожалување, кое те држи у место. Најди работа, ќе имаш обврски, ќе ти добие смисла денот, ќе запознаеш луѓе, ќе земеш некој денар. Околу ставот за жените, што да кажам. Колку и да е погрешно, ваљда ќе најдеш некоја која сака таква улога во животов.
@bobooh Велиш дека детството ти поминало во кавги и расправии, сте немале пари воопшто, мајка ти не работела, исто и татко ти, а ти сега сакаш да најдеш жена која ќе биде само домаќинка по дома, фактички сакаш да го продолжиш старото темпо на родителите, убаво ти кажаа дека со една плата не се постигнува да се живее. Сега гледај прво да се вработиш ти, да застанеш на свои нозе, ќе си најдеш колеги, ќе излегуваш да се дружиш, може ќе те запознаат со некоја девојка, или сам ќе си најдеш на социјални мрежи, многу така се нашле и си создале семејство. И не е правило дека треба човек да има биолошко дете, за секој проблем постои решение, и не се родители само тие кои создаваат биолошко потомство, немој да се уништуваш додатно и за тоа, против природата никој не може, ама постојат толку многу оставени дечиња кои чекаат некој да им даде љубов и дом. Треба да почнеш да се сакаш себеси, не се затворај дома, излегувај на воздух, шетај макар и сам покрај езеро, седни во парк, читај книги и гледај филмови, прави нешто да се тргнеш од мислите кои те уништуваат. Верувај дека сите во животот сме биле исмевани поради физички недостаток, ама повторно излегуваме помеѓу луѓе, на овој шаренолик свет секој има право да живее, не обрнувај внимание на злобните коментари веќе. Почни да се сакаш и да се бориш за подобра иднина, имаш време пред себе, 32 години не е страшна бројка и невозможна за промени, најпрво се е во твои раце. Си бил со Вмро и ти нашле работа, сега ете локално повторно се на власт, замоли ги да ти најдат работа, ти треба постојана работа, макар и за минималец, не е решението да одиш да бараш Социјална помош, тоа е долга процедура и не секогаш успешна. Попрво ќе ти помогне партијата, кога веќе еднаш ти помогнале ете. Немој да се обнинуваш дека ти си ги уназадил твоите со раѓањето, тие биле обични и нешколовани луѓе, ама и како такви имале право да оформат семејство, само што за да се подигне едно семејство треба многу пот и труд да се даде, немој да живееш во минатото, тоа што било поминало. Сеќавај се на починатата мајка, почитувај ја, ама немој да мислиш како неа дека жената е само за дома, тоа ти е грешка, ама имаш можност да го промениш мислењето. Само вработи се, и ќе видиш и море и се, не е големо достигнување тоа, ама млад си и те сфаќам дека имаш одредени нормални желби. Кога ќе си имаш некој денар ќе отидеш до Албанија на море ете, блиску ти е, плус има и еднодневни екскурзии до таму. За хормоналниот проблем сигурно постои терапија, ама можеби не ја земаш и затоа се дебелееш, или пак се дебелееш на стресна база, бидејќи рече не јадиш многу. Како и да е, гледај да почнеш од некаде, немој само да се самосожалуваш без да направиш чекор кон промена. Сите ти дадоа убави совети, почни од некаде, верувај после животот ќе ти биде полесен.
Прочитај горе, реков дека не лаже. Тоа е мое мислење, не верувам дека ќе се смени освен ако не реагира, нешто што до сега не го направил. А за судење, сите судиме, без разлика дали потсвесно или вербално. Ама му посакувам се најдобро, што и да прави.
Напротив, луѓе од Црквата можат многу да му помогнат, но тој првин самиот себеси треба да сака да си помогне. Свештените лица помагаат многу на семејства кои се во тешка финансиска состојба. Крај краева, нека го контактира Филип од Протестантската црква. Сигурно дечкото ќе му помогне за работа и храна.
Јас спомнав социјално, ама не знам колку дечкото има здравствени проблеми и какви, и дали тие го попречуваат за работа. Тоа може да му биде само преодна фаза, додека да најде работа. Уште утре нека се растрча секаде. Може и во партија да праша. Сега ВМРО е на власт во Охрид, па ако не друго, ако сакаат во комунално ќе го примат. Има 32 години, ако нема ден стаж, крајно време е да почне да мисли за иднината( не сакам да звучам како госпоѓа која ги кара другите за стаж“. Јас сум стретнала жени, има 31 година, а веќе има 11 години стаж, на минималец од работа од маркет, ама важно има, Сигурно има и луѓе кои на 35 имаат 15, доволно за пензија, и мора да се почне од некаде. Нека праша и во црква крајно. Добрите попови имаат врски и контакти, ги почитуваат и ќе помогнат. Знам поп кој дури и во државно си вработи роднина, само од почит ја примија.
Најголем дел од свештените лица се многу хумани луѓе и помагаат. Пред маркетите нон-стоп има донаторски акции организирани од свештеници и редовно оставам храна. Плус, еден куп богати луѓе се донатори во црквите и имаат почитување спрема свештениците, па можат да ви помогнат да добиете работа, но првин треба да сакате да работите и да си помогнете самите себеси. Тоа е примарното, а се друго е секундарно. Не знам како е во Охрид, но хуманитарнита организација “Свети Спас“ во Скопје при МПЦ-ОА помага многу на сите. И, многу големи фирми се активни донатори на истата. Нека се обрати таму, сигурно ќе му помогнат, но најбитно е тој самиот да сака да си помогне себеси и сиот труд да не заврши залудно. Јас имам донирано апарат за домаќинство на една жена, но првин убаво се распрашав која е, што е, затоа што сакам мојата помош да заврши во прави раце. Не знам кој е дечкото, дали е фејк или не, не ме интересира тоа. Земам во обзир дека е вистински и му нудам каде може да најде решение. Тоа се бара. Решение, а не сожалување од негова, моја или нечија трета страна.
Не е до сожалување, туку пречи фактот што повеќето од тука имаат некој агресивен, нападен став, беспотребно. Кај е дечкото сиромав, нападнат е како да убил некого само заради тоа што барал жена која ќе му чисти, пере и готви. Ко да е тоа битно. Значи, момакот е во душевна болка, изгуби родител, леб нема да јаде, братот му плаќа струја, а тука се фаќаат за тривијалности околу неговиот mindset. Нејсе, дечкото работел како хигиеничар и бил отпуштен 2013 година. Што е показател дека не се срами и плаши да работи, туку едноставно има блокада, нема работа во неговиот град или можеби не сакаат одредени фирми да го вработат поради неговите здравствени и x други причини за кои може само да се шпекулира. (Втората опција е поверојатна). Тагнете го да се обрати до Свети Спас или евентуално пишете му приватна порака.
Сега него му се собрани повеќе проблеми, и затоа така е очаен и без верба. @Abracadaver, да тие од Свети Спас, многу помагаат, и еве и кај нас има еден хуман адвокат Христијан се вика, тој собира месечно донации од својот круг на луѓе, плус со помош од црквата, помагаат на таков начин, на некој да му купат лекови, на некој дрва за огрев, на друг храна, а на некои ако можат ги препорачуваат за работа. Помагаат на болни, луѓе кои во моментот се во безизлезна ситуација, а не на мрзливи, кои можат, а не сакаат да работат. И тоа е добро, ама ретки се таквите луѓе.
Не навлегувам во тоа дали приказнава е вистинита или не. Да речеме дека е вистинита. Прво, јас не би настапувала со осуда, имајќи предвид дека тој се наоѓа во тешка материјална па и психичка/физичка состојба. И понекогаш кога е човек во таква состојба се чувствува безизлезно и не знае од каде да почне "да си го средува животот". Колку и да звучи излитено, работата може да биде лек за многу состојби. Со самото тоа што човек има обврски, животот добива смисла, се создаваат контакти, повеќе комуникација, и умот и телото се зафатени со нешто продуктивно. Нека побара и помош, секако, но според мене најголем приоритет во моментов треба да му биде наоѓањето на работа, каква и да е таа.
Да, точно така Проминент. Дечкото кажа дека бил многу поврзан со мајката и истата му давала совети во таа насока - да најде девојка која ќе станува рано, чисти, пере готви, што упатува на нефункционален родителски став и однос. Но, секој од нас ги добивал горе - долу сличниве совети само во малку поувиена верзија, зарем не? Девојчињата на пример, се учени дека треба да обрнуваат внимание на хигиена, кујна, тоалет чист зошто се девојчиња. Додека момчињата ги учеле да поправаат цевки, автомобили итн. Тоа е така затоа што сме родени во патријархална средина, каде девојчињата се учени на покорност и субмисивност, момчињата на доминација. Ама тоа пак нема допирна точка со темава. Ставовите на дечкото.... Него сега не му е дојдено до девојка, (која впрочем никогаш не ја ни имал ко што треба), а камоли невеста од Албанија... Тој за леб пари нема, чека соседите да му дадат нешто како што првично и напиша. Работа тражел, не може да најде, вие за неговите преференци се фативте. Форумов некад делува ко да има - 50 IQ без навреда.
Извини Акронија ама он се фати сам за тоа како му треба жена за да му чисти пере и готви. Он и се дружел, го гледа и мајндсетот на другите, не може да очекува тоа од девојка денешна, бидејќи јас стварно не познавам девојка која не сака да работи, да се дружи, да излезе барем на кафе а не само да чисти пере и готви. Брат му живеел исто како него нели, истите родители и истиот живот, он се дигнал така? Мора да се подигне сам, ако сам нејќеш ништо нема да ти помогне. Имам милион примери во околина како луѓе се подигнале со самото тоа што си го смениле мајндсетот. Психата е најтешка работа, ама да тонеш во место со години и да не се тргнеш од тоа, не е океј. Он е млад човек, треба да гледа да излезе од ситуацијата, а он уште повеќе си праи црни сценарија, како што кажав психата е лоша, ама најлоша кога си во 4 ѕида. И ти слободно можеш да кажеш дека јас сум со iq -50, ама мене тоа не ми го менува мислењето за некој што е работоспособен (а работел, значи е). Како што сум остра и бизарно искрена со близок, така ќе бидам и со него. Блиска фати пушти е со работа, самохран родител, и давам се што можам, и купувам и памперси и се, има можност да оди на работа, да остави дете и во градинка и на чување кај нејзини ама не, поубаво и било од социјално 7 000, се снаоѓала така, не можела да работи, стигало вака, а во црква бара пегли за коса, нонсенс. Епа нема да бидам мека извини вака. Мајки се борат како лавици самохрани родители, наоѓаат секаква работа да облечат, нахранат деца и да ги образоваат, нив лесно им е ? Не им е, ама не сум ги видела да се жалат и кукаат по цел ден како нив околината не им одговара и светот е против нив. Ти го познаваш човекот и си поемпатична како личност најверојатно, јас не, ама и да го познавам ќе сум истата, не можеме да бидеме сите тапкачи по рамо као ајде ќе биде се. Нема да биде додека не засукаш ракави. Од небо ништо не паѓа.