За почеток би ти рекла да ги искористиш правта од Социјална заштита кои ти следуваат. ГМП ( Гарантирана Минимална помош ) ЕПП ( Еднократна парична помош) Овие права се остваруваат согласно законот за социјална заштита. Доколку немаш друг имот освен куќата во која што живееш, немаш друг начин за самоиздржување закуп и сл и во последниот месец пред поднесување на барањето немаш приход поголем од 4.000 денари и немаш возило на свое име ги исполнуваш условите за ГМП. Потребни документи. Барање за остварување на правото за ГМП ( се подига во ЦСР). Копија од лична карта. Копија од извод на родените не постар од 6 месеци. Копија од Т-Сметка. Доколку е потребно уште нешто ќе те упати социјалниот работник но воглавно е тоа. За остварување на правото на ЕПП потребно е. Барање се подига од ЦСР. Копија од лична карта. Копија од Т-Сметка. ( Во барањето ќе наведеш дека сега брзо е почината твојата мајка затоа што тоа ти било приход на издржување имаш потреба од ЕПП да застаниш на нозе. и поради ситуацијата предизвикана од ковид 19 не си во можност да дојдеш до работа и ТН. Исто така барање за ЕПП можеш да оставиш и во општина Охрид со наведување на истите причини но барањето тука го пишуваш своерачно и доставуваш копија од Л карта и Т Сметка и ги поднесуваш во општина. Исто така за помош во храна можеш да се обратиш во ХО СВЕТИ СПАС Скопје. Се разбира не треба тоа да те задоволи туку на секој можен начин и на секоја врата да тропнеш за да најдеш работа. Кога ќе си имаш некој денар во џеб целосно ќе се промениш и ти и ќе имаш целосно поинаков поглед на животот и ќе ги оствариш целите за семејство, пријатели и тн. За се поврзано со документите за остварување на правата и помош при потполнување можеш да ми се обратиш во ЛП.
Не знам дали сум единствена, верувам не. По воведниот пост мислам дека е преочигледно чиј профил воскресна на форумот по скоро 4 години, и очекувано за жал, со комплетно истите ставови. Жената дека е за в кујна. Дека во МК со толку испити и квалитетни факултети, има работа загарантирана. Изгледа времето не носи промени кај сите. Или можеби носи, но игнорантност и тврдокорност е во прашање. Што повторно не ме чуди, 90% од народов има таков менталитет. Бадијала се апсолутно сите совети од сите страни. Ако чека некој на златна чинија да добие сѐ сервирано, не помагаат ни лекции ни предлози. За Маврово читав бараат собарки и готвачи во комплексите, ако толку сака работа ќе аплицира и ќе проба. На вести пред некое време кажуваа дека има недостаток од готвачи по ресторани, имаше и краток курс/обука за да се поттикне желбата за ваква работа. Ама дали некој сака, тоа е друго.
Јас нема да го оправдувам или не овој пост.Не ме интересира ми дали е вистинит ни дали е лажен.Само едно ќе кажам. АКО ДО ТОЛКУ ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ТЕЖОК ЖИВОТ,НАУЧИЛ НАВИСТИНА МНОГУ ДОБРО ДА ПИШУВА,ГИ НАУЧИЛ СИТЕ ПРАВИЛА НА ПРАВОПИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК (КАДЕ ТРЕБА ЗАПИРКА,ТОЧКА,ИЗВИЧНИК) Најчесто луѓе кои промашуваат во животот не го знаат ова,ама овој знае. Браво!
Не се ограничувај дека мора да ијмаш факултет и дека мораш да имаш девојка како што ти кажала мајка ти, не викам дека лошо мислела жената ама друга е реалноста сега. Битно е да си поддршка сам на себе колку што можеш. За Свети Спас имам најдобри зборови стварно многу помагаат. Инаку од АВРМ имаа стварно многу добир мерки за невработени, ако можеш следи ја страната моментално имаат мерки за евиденираните невработени лица корисници на гарантирана минимална помош. Имав дургари шт оне завршија факлутет ама со курсевите на АВРМ си најдоа работа, пр
Јас никаде не го нападнав. Не знам каде го видовте тоа. Ниту навлегов во теории на заговор дали е фејк лик или не, туку веднаш земав во обзир дека е реален и дека му треба помош, па затоа му дадов совет каде може да се обрати. И, верувам дека ќе му помогнат и најдат работа според неговата психо-физичка состојба. Земање социјално, само ќе му ја убие желбата да се бори. Мора да излезе од дома и да се соочи со реалноста дека само тој може да си помогне. Второ, мора да се труди да ослабне. Има онлајн апликација за вежбање, дневно мени, исхрана од познат српски тренер. Кај него губат и по 80 кг за година дена. Ако не му се оди во теретана. Чекор по чекор. Вака дома, помеѓу 4 ѕида, ништо не менува.
Нема потреба да го карате човекот. И вие да сте на негово место ќе бидете исто психички паднати или бетер. Сега го направивте мрзлив човекот дел од вас, ама реално ни Скопје не е Париз, а не па Охрид. Значи таму работа нема толку колку што мислите. Здрави, прави луѓе со добри факултети дремат со години, а дечкото си кажа дека има здравствени проблеми. Знаеме колку се сурови нашиве газди. Те чекаат на секоја слабост да те фатат и да ти паднат цена, тоест трудот помалку да го платат. Пример, кај нас во фирма сто посто сум сигурна дека на скопјаните им даваат повеќе пари од провинцијалците. Нас не сметаат дека сме тие кои „немаат избор“. Лесно не му е, и нема да му биде, ама што поскоро се растрча, толку подобро. @Abracadaver го упати на поповите и нека проба среќа, ништо не губи, оти ако попот некаде замоли кај некој бизнисмен, друго е, ќе им биде срам да му вршат мобинг на момчето или да го избркаат за глупост. @Vanilla15 не и купувај на роднината памперси и други работи. Но, имај на ум дека ако работи за 15.200 и тоа 8 часа во денот, па додека отиде и се врати од работа, сметај дека 9-10 часа ќе ја нема дома, а одбиј за храна, облека, превоз, некое кафе со колеги, таа пак нема да има пари. Прашање е дали ќе има 7.000 денари чисти. Вака се научила дека има 7.000 денари чисти и не се замара. Не дека ако тргне на работа, ќе ја преплават со пари, нема грешка, или богаташка ќе стане. Не го идеализирајте пазарот на труд во Македонија. Ако како млада не работела, сега и е доцна да се менува и да гради навики.
Јас сакав да не го искарам ама кажаа дека 4 години е така. Треба некој да бутне и поостро, не може да се тапша по рамо. Мора да се снајде, млад човек, не е срамота да работиш ништо, сладолед продавав додека бев на факс, работа е работа, само треба да е чесна. За роднината, знаеш во наш крај не се така лоши платите, во кафиќ и понудив нов, 300 евра фикс плус бакшишот си го земаат, а идат постари луѓе, побогати како да кажам, убава плата ќе вадеше. Од град е, и во самиот кафиќ имаат оброк платен и кафе/сок додека се таму. Или чистачка како золва ми, оди по згради, прашувај, ќе земеш пари нешто нешто. И не можам да не купувам памперси за малиот, за него ми е жал, ама за нејзе не ми е, и не намеравам да и купам пегла за коса или да ја слушам мирно како не била фарбана, реагирам бурно, зошто цела година е истото.
Па ај ти шо не моеш работа да најдеш, па и она дома да седи? Не те сфаќам? ова па ич не го сфаќам..у кое село се дешава ова уште?ај без навреда.Секоја жена треба да е еманципирана. мислам дека тролаш друже ти самиот не моеш да најдеш работа, а бараш и жена дома да ти седи.И шо, двајцата дома ќе седите и ќе трачарите и ќе гледате турски серии?
Епа таа веќе претерува. Значи незрела. Реков, ако не создала работни навики претходно, тешко сега. И јас знам такви. Направила 44 години, и нема ни ден стаж, ни еден единствен ден не работела, а е самохрана мајка. Тешко дека некој ќе ја смени. Татко и пензионер оди приватно работи на 70 години за да ја издржува неа и детето, а за нема вечно „нема работа“. Ќе нема кога ниту едно ЦВ нема пратено во животот. Значи за татко и кој е на 70 години работа има, ама за неа никогаш немало.