Живот во фантазија

Дискусија во 'Психологија' започната од LoVeR, 15 септември 2010.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.043
    Прво незнам каде да ја сместам оваа тема зошто не знам дали ова што го чувствувам и живеам јас е болест или незнам што е....Живееам во живот од фантазија не го сваќам сериозно реалниот живот го чувствувам како да не постои тој реален живот....самата во себе си замислувам некои слики што очекувам да се остварат а тоа е невозможно,замислувам некои воопшти невозможни работи како на пример замислувам дека ке дојди некој принц на бел коњ и ќе ме земи и сега упорно го чекам него имам 19 години и мислам дека сум доволно возрасна за да не размислувам такви работи ама ете....имам разговарано со многу луѓе за ова и ми кажуваат дека 10% во земјава има такви луѓе што не ги интересира ништи и што живеат во живот од фантазија ми кажаја и дека ваквите луѓе можат да живеат долго а можат и секој момен да се убијат самите себеси зависно од мислата што ја имаат претскажано самите пред себе(како на пример јас за принцот на белиот коњ)многу се плашам ако може некој да ми помогни многу ке му бидам благодарна...:worried::worried::worried:
     
  2. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    116
    Па за принцот на бел коњ немој премногу да го чекаш бидејќи тој не постои, научи да живееш во реалниот свет, во животот не е се така розево :x закажи посета на психолог, разговарај сигурно ке ти помогне.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Сиромашно си објаснила.Како тоа принцот на бел коњ?!Буквално како на Снежана и седумте џуџиња?!
    Постојано фантазираш?!Зa што друго фантазираш?!Како функционираш со останатите обврски со животот?!Школо,факултет,можеби работа,социјален живот?!
     
  4. korovin

    korovin Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    So kakvi luge si razgovarala na ovaa tema? I dali tie luge se kompetentni da ti davaat vakvi informacii? Mene toa za 10% luge deka ima samo takvi vo zemjava i deka ili dolgo ke ziveat ili ke se samoubijat mi se cini kako nekoja nevistinita dezinformacija, zasto za da se dade taa konstatacija treba da se konstatira odredena psihicka ili ne znam kakva situacija... Daj objasni malku poveke za tvojata "misla" kako sto ja narekuvas...
     
  5. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Значи сите ние фантазираме...Неможеме да го смислиме животот без фантазија...Али ајде пробај барем малце да се спуштиш на земја...Еве пробај да најдеш некој дечко, кој нема да виде Мистер Савршен, али сепак ќе има некоја од карактеристиките на кои паѓаш...
    Мораш да го прифатиш фактот дека живееш во реалноста...Пробај некогаш кога ќе ти дојдат такви фантазерски мисли во глава некако да ги оттурнеш, да свртиш на некоја дешавка од реалниот живот...Ако живееш во фантазерскиот филм, ти всушност не го живееш животот...А ти имаш 19 год...тоа е најубавиот период од животот...Искачај, шетај, дружи се, запознавај нови луѓе...И пред се...ЖИВЕЈ ВО РЕАЛНОСТА! ;)
     
  6. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    130
    Zenska.....19 god i imas flmcinja......princevi konji?
    Na pregled, po kratka postapka......psiholog, psihijatar.....duri e vreme.
    Sama si znaes pred se ama ete gledas site se cudat i gledaat deka neso ne e ok... a ja nema da ti vrtam od okolu taka da najdobro ti e da si pobaras strucna pomos posto nikoj tuka ne sme kompetentni da ti kazeme so kako...site gledame deka nesto ne e kako so treba...ama nikoj ne mozeme da ti pomogneme,,taka da zavrsete ja temava a ti srce.....prevzemi si strucni merki.
    Ti posakuvam se najdobro.
    Pozz
     
    На huliganka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.339
    Пол:
    Женски
    LoVeR според мене насловов на темава би требало да е еден вид на психолошки проблем доколку е претерано присутен и размислувањата т.е фантазирањата се постојани.
    Би те замолила да одговориш на прашањата што ти се поставени затоа што одговорот има многу важна улога според кој ние би те советувале.
    Ако доколку навистина сакаш совет кој се надевам можеме да ти го дадеме потрудисе да ни одговориш.
    Според овој твој исказ мој совет е одма да излезеш од тој филм , односно да престанеш да фантазираш постојано.
    Имаш 19 години и мислам дека некои работи би требало да ти бидат јасни.
    Мислам свесна си дека денеска не постојат машки кои би ги нарекле принцови во вистинска смисла на зборот , а далеку од тоа дека ќе дојде некој таков и башка ќе не земе со бел коњ.
    Отвори си ги очите , не си мала, размислувај трезно не дозволувај фантазирањето да те совлада.
    Не викам да не фантазираш, сите фантазираме ама во границите на нормала и за работи кои можеби се пореални, а доколку не се не би требало фантазирањто да биде интензивно.
    Ако сликите што сакаш да се остварат се реални и се добри дела потрудисе да ги оствариш , зацртај си цел и докажи си на самата себе дека ќе успееш.
    Далеку од тоа дека не живееш во реален свет, зошто такво мислење?
    Плачеш, се смееш, јадеш, пиеш,спиеш тоа за тебе е нереално?
    Тоа што го прочитав во врска со неостварувањето на тие ''замисли'' како што да го слушнев тоа од некој би рекла не сакам повеќе да го слушнам така и сега би ти рекла дека повеќе за тоа не сакам да прочитам.
    Не е крај на светот ако некоја желба или замисла не ни се оствари, секогаш гледај на тоа дека ти си единствената која треба да сфати дека за да оствариш твоја замисла и идеја која има добра цел и е добра и за тебе и за доброто на другите дека ако вложиш труд во неа, без разлика дали се работи за учење,работење,социјален живот,љубовен и така натаму , ако вложиш труд ќе се исполни.
    Важно, доколку нема никаква корисна цел,доколку не е добро дело би те советувала најискрено да не ја ни помислуваш ,замислуваш или фантазираш, а не дај боже ни да ја оствариш.
    Нема потреба да се плашиш ако си свесна за сето тоа што ги викаш за принцот, според тоа што го напиша е мојот совет за тебе, ако треба уште помош одговори и ќе ти помогнеме.
     
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.445
    треба да се има фантазија, ама многу малку :!: .. таа фантазија треба да ти дава мотив да живееш .. на пример да си фантазираш за подобро утре, и живееш со мислата дека утре ќе биде подобро и ќе живееш како што отсекогаш си посакувала .. но твојата фантазија како што ти објасни не е тоа, твојата фантазија е нешто сосем друго, твојата фантазија се многу желби кои се невозможни и неостварливи .. спушти се од небото - сега, а не подоцна .. ако се спуштиш подоцна на земјата, тоа ќе биде тоолку силен пад што ќе те боли и ќе те повреди ... разговарај со психолог, можеби ќе ти помогне ..
    потруди се да го сфатиш животот таков каков што е .... потруди се .. сето тоа зависи само од тебе ;) :*
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.841
    И јас кога бев негде 7мо 8мо одделение живеев во ваков свет. Кога ќе си дојдев од училиште дома веднаш легнував во кревет (со изговор дека ми се спие) и фантазирав по цели денови и ноќи, дека имам друго семејство, дека сум друга личност, дека имам друго опкружување, дека имам дечко што многу ме сака и 300 ти глупости. Една иста приказна секој ден си ја продужував, како теленовела да пишувам. :lol: Но беше тоа некогаш, сега си имам дечко и среќна сум, веќе немам време за такви мисли а и кога ми текне што сум работела на времето си се смеам сама на себе :lol: . Мислам дека тој проблем се јавува поради тоа што мислиш дека си сама на светот, дека никој не ти обраќа внимание или пак реалниот живот ти изгледа премногу суров па бегаш во фантазиите и сонуваш за поубав живот. Но ете на некој бргу му поминува, му се подобува начинот на живеење и заборава на тоа, но некој сеуште живее со тоа и мислам дека најпаметно би било да се побара стручна помош.
     
    На wanderlust и glorijaMKD им се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    3.248
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално секој на одредени моменти да живее во свој сопствен свет на фантазија...
    Сепак тој свет мора да има граници.

    На секој му се случува да замислува нешто што го посакува. Да замислува како би било доколку сонот му се исполни. Што би правел тогаш, каде би бил и со кого би бил... Секако,, тоа не значи дека на 20 или 19 години треба да чекаш дека ќе дојде принцот на бел коњ. :worried:
    Нормално е да сакаш да го најдеш оној вистинскиот, така...? Но мора да знаеш дека тој не е Перфектен, како што не си ти перфектна, не сум ни јас перфектна. Секој мора да има мани...

    Животот во фантазија не помага. Да се обидуваш да не го гледаш она што се случува пред твоите очи е иронично. Сепак помагаат Моментите во фантазија, кога мечтаеш, кога се обидуваш да се тргнеш од суровиот свет на еден миг, и да сонуваш... :)
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.627
    Изгледа и јас спаѓам во тие 10%. :) Сакам да кажам дека често живеам друг живот. Замислувам работи кои знам дека ги нема (свесно знам дека ги нема) и дека нема да се остварат. Потоа замислувам како еден се ќе се смени, ќе бидам единствена, почитувана од секого, ќе имам милијарди и сите кои сега ги мразам ќе ми бидат слуги, ќе зависат од мене. Реално, тоа е невозможно. Замислувам дека се е мое, дека ако нешто сакам ќе се случи, ако не сакам нема да се случи. А потоа, пак сум истата. Пак го живеам овој живот. Дури често кога татко ми ќе ми рече за било што „ти само посакај„, му велам „ти мислиш така лесно е? само да посакам не е доволно, треба да се потрудам сама за се.„ Значи има моменти кога сум свесна за себе, за реалноста, за животот (кој е поприлично тежок) и тие моменти се доста чести. Но, кога ќе се одделам од реалноста, фаќам во вселената :) и бидејки тие моменти се ретки, убаво ми е. Го исклулувам мозокот од секојдневието и мечтаам.
    А сега вие кажете колку е ова нормално?
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.027
    Камо среќа да ми се врати способноста за фантазирање што ја имав порано. Барем малце, само да се потсетам...Си легнуваш на кревет и едно добри саат-два 'те снемува' во некој совршен свет. И се е така реално што дури ти предизвикува вистински емоции...(Сум знаела да заплачам бидејќи 'дечко ми' имал сообраќајка затоа што возел изнервирано, бидејќи ме видел со друг-а тој уствари ми е братучед) :D Сега не можам да фантазирам ни за фустан кој е малку прескап за мој џеб-оти знам дека нема да го купам, не пак за нешто друго... Уживајте во фантазиите додека можете затоа што реалноста не ви бега...
     
  13. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    3.503
    Нема вечер, а да не потонам во својот свет на фантазии :) Понекогаш ми е потребно да избегам од реалноста и да си го претставам светот во она светло што јас сакам да биде :) :) Фантазирам за животот, љубовта, си кројам приказни, просто уживам хехеххе :D :D
     
  14. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    259
    Психолог! Под итно, принцот го нема и нема да дојде г-дин совршен затоа пред да паднеш во депресија оди на психолог бидејќи ова може да биде сериозно, а тие можеби ќе ти дадат некои апчиња или ќе ти помогнат да стекнеш нови пријатели, дечко да бидеш реална.
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.673
    И јас често фантазирам и дури ми се случува да се занесам во тоа. Мој свет на фантазии кој е поубав од реалноста. Мислам дека на сите ни се случува тоа понекогаш, да фантазираме и малку да побегнеме од тоа што ни се случува. Но сепак не треба да се претерува со тоа и мора да постои граница. :)
     
  16. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    285
    Скоро сите ние фантазираме ,тоа е дел од нас.Сите несовршености и сите лоши работи што ни е случуваат ги заменуваме во фантазијата.Според мене немаш никаков проблем едноставно требаш да бидеш повеке зафатена и да се фокусираш на реалноста безразлика дели на работен или љубовен план :)
     
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    611
    хаххахахаха и јас сакам да фантазирам ;) ;) ;) и тоа ме прави мн срекна :?: :?:
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.530
    Мислам дека животот кој не е зачинет со фантазија има многу сиромашен вкус, а јас сум хедонист и си сакам богатство на сетилата. Фантазијата богами знае да ми ги скокотка мозочниве вијуги и да ме тера да изживувам и играм различни улоги по различни сценарија, на моменти мислам дека Тарантино ни за малово прсте не ми е достоен, ама да не бидам нескромна ова од финоЌа, :D .

    Меѓутоа :!: исто како домаќинката на која и било познато тоа дека солта дава подобар вкус и го сфатила ова буквално па уфрлила огромна доза сол убедена дека ќе е така повкусно, треба да се има мерка и граница. Јас си ги љубам платонски моите фантазии и тие ме љубат мене, но исто така колку и да е сив го ценам реалниот живот бидејќи и сивата е дел од спектарот и сивилото ме зацврстило повеќе од сончевите и розево обоени мигови.

    Има и друг аспект на фантазијата кој е во корелација, а не ја исклучува реалноста - активно учество на фантазијата во врската, сексот или работата има секогаш позитивен фидбек, така да дај те и крилја како од Ред бул на фантазијата, само препорачувам низок лет - за помалку да боли евентуалниот пад, ;) .
     
    На glorijaMKD, naive и dankee им се допаѓа ова.
  19. malena-mk

    malena-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    истото е и кај мене :)
    замислувам што би било кога би било... бесмислено е и не знам што ме тера на тоа но дури кога го прочитав ова сфатив дека и не е баш нормално :D
    пред да заспијам, додека правам било што... и после тоа срекна сум :D како да е вистина :D
    замислувам сее до најмали детали и се така продолжуваа.. треба психијатар????? :D
     
  20. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    795
    И јас имам сличен 'проблем' (ако може така да се нарече). Бидејки животот го сметам за многу здодевен, постојано си правам најразлични комплицирани сцени - како се борам во војна, бегам од полицијата и слично. Заслепена сум од ваквите идеи и колку и да се обидувам да си кажам дека тоа е невозможно - продолжувам со иста приказна.

    Откако ги изгледав филмовите 'Пиратите на Карибите' опседната сум со пиратство. :$
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.