Живот со депресивен партнер

Дискусија во 'Психологија' започната од Maci -Kaci, 29 октомври 2024.

  1. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Мене не ме изненадува @Maci -Kaci да размислувала на опција разделба или трајна разделба- развод, затоа и ја запрашав колку квалитет има во тој квантитет од 20 години.
    Сепак јасно ми е дека во вакви ситуации кога захтевниот партнер и вели ти си столбот на фамилијата, ако некогаш дојде до раздор на фамилијата би ја обвинувал неа како потенцијален кршач на столбот. Затоа тука е и улогата на семејниот психотерапевт ако процени дека немаат иднина (тој не соработува на пример) да ја преземе иницијативата и товарот на свој грб како предложувач на разделба и да биде медијатор помеѓу нив, со што товарот од грб на таканаречениот столб- во овој случај жената би се намалил или целосно преземал.
    Најсоодветна проценка што им се случува во бракот би направил искусен семеен психотерапевт, па последователно на тоа ќе знае како да ја советува и насочи неа или двајцата ако одат заеднички и соработуваат низ целиот тој процес исто така заеднички. Но да знаат како што и сите знаеме тој процес не трае ден- два, туку е долготраен, макотрпен и пред се бара обострана воља за заедничка соработка, толеранција, трпение, прифаќање на фактите какви што се и пред се треба да е раководен од чиста љубов. Кога има љубов и воља да се пребродат и надминат маките и тешките кризи и периоди од брачниот живот се е возможно, ама ако се нема, тогаш огромна помош може да дојде од соодветно стручно лице кое ќе ја води неа низ тој процес или двајцата би ги водело, ако и тој учествува во сеансите.
     
    На Шатци-, 2709, Maci -Kaci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    14.968
    Пол:
    Женски
    Никаде не и' реков да избега. Баш напротив, уште во првото мислење ја насочив на психолог. После излегуваат и други детали од членката. Добро, нека спасува колку може. И по секоја цена според твоето.
     
    На Шатци- и Maci -Kaci им се допаѓа ова.
  3. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Во право сте многу пати сум помислувала ,но не и тоа лесно да во овие години имаше и убави моменти но и премногу љубов болнааа , можеби тоа беше пресудно да останам .Но последно време ја нема љубовта интимните односи,па затоа можеби почнувам да тонам,а за семејни сеанси тешко ќе.прифати.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Препрочитај ги сите коментари на членката, па види дали ништо намерно не прави. Од тоа што кажува, иде на доктор, ама не споделува многу, дури и неговиот психијатар бил зачуден кога таа споделила сè. Значи, не оди на доктор за да го реши проблемот со работа, туку само да земе апчиња, и се надева дека ќе добие некое ново апче што магично ќе го промени. Еве и во најновиот коментар, членката вели дека не би се сложил за семејна сеанса. Башка опсесивното однесување, манипулациите, наметнувањето. Не ќе да е само дека е депресивен човекот.
     
    На Шатци-, Cosmic Girl, NoirSerpentine и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    10.142
    Пол:
    Женски
    Јас сум со дијагноза анксиозно растројство, на почеток беше пропратено со депресија.
    Едно имам да кажам зошто јас немав поддршка од тој што треба, на анксиозен и депресивен човек најголема поддршка му треба од најблиските луѓе, ако тоа го нема се повеќе ќе тоне!
    Да не беа моите родители не знам каде ќе бев сега, зошто тој што требаше не ми пружи соодветна поддршка, ме правеше луда, како било срамота да се оди на психијатар, како сум го срамела него, требало да ми е стам што пијам терапија, и милион други работи на кои не сакам да се навраќам.
    Јас бев стигната до тоа само да плачам и лежам дома, ништо друго не ме интересираше, ниту јадев, ниту пиев, буквално не знам како преживував!

    Среќа е што имам прекрасни родители, ме кренаа од мртви што се вика.

    Поддршката е многу важна, некогаш таму гледаме единствен спас...
     
    На Шатци-, BlackNight, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  6. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Еве една real life приказна што ја знам -

    Во брак се долго време, мажот е во депресија, не и дава на жената да работи, секогаш мора да е до него, секогаш мора се заедно да прават итн, имаат 2 деца. Прима лекарства, секогаш е болен, секогаш нешто му смета итн го загорчува семејниот живот. Дома секогаш владее темна атмосфера, децата се уште мали не разбираат зошто тато е секад ваков. Жената еден период помислува на развод бидејќи ова не се трпи и сака да ги спаси децата НО нема како, нема свој прилив на пари, никој не знае за состојбата на мажот и, нели ќути што ќе кажат комшиите и полека таа станува како растение. Животот и се врти околку болестите и депресијата на мажот а децата пораснуваат и нормално гневни на родителите за неквалитеното детство побрзо го напуштаат домот, незнаејќи за позицијата на мајката и колку длабоко иде болеста на таткото. Како поминуваат годините мажот станува се побеспомошен, депресивен и буквално и ја исцрпи животната сила на жената, мајката на крај оболува и на мнг суров начин мнг рано го напушта овој свет.

    Мнг сурова, вистинита приказна која за жал за мене може да е само поучна :(

    Дали станува збор за манипулатор, или е некој вид на подмолна и подлабока психичка болест....не се знае од ова што го читаме но имајте на ум дека вие имате еден живот и дека мнг храбро ги борите сите ваши битки
     
    На Mother of 2boys, BlackNight, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Премногу поучна приказна,и сигурна сум дека има уште милион вакви затоа сакав и да споделам искуство, но воедно и вашите одговори некако ми помагаат пореално да погледнам на ситуацијата.Многу пари и јас се плашам како за ментално здравје на моите деца но и за моето како ментално така и за физичкото здравје да сите овие потиснувања во душа што.ги собирам некад ќе ми излезат низ нос.

    Премногу ми е жал што не сте ја имале најпотребната поддршка ,но од Др страна вие и сама рековте дека сте најсреќната личност на свет зш ги имате најпрекрасните родители.Но мене ми е премногу тешко зш јас ги наоѓам најдобрите психијстри се трудам ,ја има најголемата поддршка,плаќаме ненормални суми за психотерапии а тој чека магичен лек ,наместо да поработи на себе.Пак ќе.рњчам останувам да бидам подршката која му е потребна.Ви благодарам за споделувањето ,убаво една се чуе и другата страна .
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.259
    Допаѓања:
    16.532
    Јас кога му кажав на еден поранешен дека имам анксиозност и депресија. Ми рече дирек да идам у Бардовци и да прекинам да се дрогирам, нели со апчиња.

    Сегде идеше сам и на планина и нз каде.

    Одговорот беше, ќе идам со кој сакам, јас на моите не им кажувам каде идам, па тебе.

    Колку пати сум му рекла, да иде пример со мене до лабалторија пошто ми беше страв.

    Само игнор добивав и потсмев.

    На друг исто му објаснав, ми рече имал поранешна бивша што пиела и игнор ми прај.

    Му кажав вака и вака, ми треба помош барем за пешачење, да се договориме некој ден.
    И ништо.


    Добив осуда од блиски, зошто сум кажувала некому за моите проблеми, не требало така, луѓето ќе бегале од мене.
    Не особено да зборам за психички состојби
    Не,секогаш партнерот е поддршка.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  9. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Добро што ви е и поранешен ,не ве заслужувал воопшто кога човек некој сака како јас во случајов и покрај се останав ризикувајќи го моето и тоа а менталното здравје на децата.Точно дека не секогаш е поддршка
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30 и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. Neptun's fog

    Neptun's fog Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2024
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Се согласувам. Гледам по мене колку може да помогнат медикаменти. Може нешто да потсмират, олеснат симптоми, ама нов карактер не можат да ти дадат. Сум бил во слична ситуација и сам го туркав мојот бивши партнер да излегува, да се дружи, иако тој постојано сакаше да е со мене, што мене дури ми сметаше зашто се чувствував полошо така.
     
    На Maci -Kaci му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Neptun's fog

    Neptun's fog Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2024
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите.
    Се надевам не правам офф топик зашто сум другата страна.
    Јас бев депресивниот партнер кој не беше толку нефункционален, но мојот бивш партнер ме остави после 3 год заеднички живот.

    Иначе геј дечко тука, овие нарушувања ми беа поттикнати од булинг и насилство во училиште и од малку потежок татко кој имаше проблем со алкохол. Он се среди ама не и јас.
    Последно со психолог откривме дека овие нарушувања се поттикнати од моето мазохистичко персоналити за кое не бев толку свесен за жал и постојано сум си се повторувал низ животот со ист кодекс на однесување барање мачители , а најчесто сум и јас тоа самиот со себе.
    Ниедна терапија со медикаменти не ми помогна зашто всушност не сум ни имал реална депресија колку што сум бил во негација со сам себе најголем дел од времето.
    Еве сакам да поттикнам да се размисли дека коренот на овие растројства можно е да е поврзан со некој подлабок личен проблем него реален хормонски дисбаланс за кој медикаменти се многу поделотворни.
     
    Последна измена: 20 февруари 2025
    На 1209 и mira.mira им се допаѓа ова.
  12. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Затоа и пишав,понекогаш убаво е и да се чуе и другата страна а чим ве оставил не бил спремен за живот со вас.Многу е лошо е кога сме себични ,затоа и јас сакам многу да му помогнам па макар и по цена на моето здравје,вие сте соработувале ,сте биле спремен свесен сте и за соработка свесен сте дека сте барале мачители си самиот сте се мачеле ,слично како во нашиот случај.Но проблемот е кај нас не сака да се отвори,зш и кај по се изгледа нее класична депресија.
     
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.382
    Пол:
    Машки
    Здравјето нема цена.
     
    На Maci -Kaci му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.594
    Допаѓања:
    140.247
    Сакаш да кажеш да не му помогне? Па се што правиме за друг е себежртва. Некогаш е време некогаш пари, некогаш здравје.
     
    На Alek90 и Neptun's fog им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.382
    Пол:
    Машки
    Ако е животозагрозувачка помош, тогаш може да се помогне, но ако не е тогаш не вреди некој да губи здравје.
     
    На Maci -Kaci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    3.080
    Пол:
    Женски
    Точно е така дека се што правиме за друг, своеволно, независно дали станува збор за дете/деца, партнер, пријател итн. се е тоа саможртва. Тоа вложување во таа релација, тие интеракции не растат и развиваат, но за се треба поставување јасни граници. Треба прво да се сакаме и почитуваме себеси за да го нудиме тоа и на друг. Кога пишувам поставување на граници не мислам тотално вртење грб и напуштање на другава страна туку инволвирање др.облици на помош.
     
    На Maci -Kaci и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    13.975
    Пол:
    Женски
    Приоритет сам себе си, тоа јасно, но ако некој толку многу ти значи, не би се жртвувал а?
     
    На Maci -Kaci и Neptun's fog им се допаѓа ова.
  18. Neptun's fog

    Neptun's fog Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2024
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Тоа не' прави луѓе и лично ми носи среќа. Природно ми доаѓа.
    Освен ако се работи за злоупотреба.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    13.975
    Пол:
    Женски
    Па така е. Човечки е, природно си е да ти доаѓа.
    Во спротивно сѐ друго, мислам е чиста себичност.

    Значи не викаме да се изгубиш себеси ко личност, скроз да се занемариш на сметка на другиот, туку покрај него да си, сила да му даваш, поддршка, и најбитно да не се откажеш од него.
    Збориме за некој кој навистина ти значи, дел од тебе е и сл.
     
  20. Maci -Kaci

    Maci -Kaci Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Имате право , здравјето нема цена но кога се работи и здравјето на таткото на вашите деца спремен си да се жртвуваш ,зш децата не би биле среќни кога нивниот татко е болен.А среќата моја се заснова на среќата на моите деца.
     
    На DragonFly22 и Neptun's fog им се допаѓа ова.