Не знаев каква е помошта кон другата страна. Затоа реков, ако е нешто банално тогаш не се исплати да си нарушуваш здравје, но ако е за за здравје или животозагрозувачко за фамилија и некој ептен близок, да.
јас стварно незнам како ме трпи незнам. дома лом јас неизбајната едвај ме домулува децата да ги прошетаме.ќерка ми секој ден мамо нашминкај се облечи се мисламхаос сум последниве 3 месеци.ниту ми се готви ниту ми се чисти не ми се зборува со никој можам да седам и ништо да не правам.реков од утре ќе вежба ќе се средувам ќе работам на себе… едно приметувам кога има сонце јас сум срекна дека ќе пешачам
Не те трпи, туку те сака и верува во тебе, во твоите способности да успееш, да си се куражиш сама себе да прошеташ кога има сонце. Наскоро ќе шеташ и кога нема сонце, силна си, твојот партнер и децата го знаат тоа и се тука за тебе и покрај тебе.
незнам се мислам дека еден ден ќе пукне тиквата и толку ќе биде.овие напади се многу многуу лоши како да не се сакам веќе себеси воопшто.од утре на теретана и здрава исхрана па потоа ми рече на работа бидејки јас не сум за дома да седам.не сум личност која може да седи дома едвај породилното го издржував…с сега ова ми е најголемата казна мислам децата ба градинка мажот ми шофер јас сама дома и пропаѓам
Ќе биде се во ред, пополека, чекор по чекор ќе си задаваш мали и остварливи цели. Нема да ви пукне тиквата уште поцврсти ќе ви бидат релациите и ти ќе си посилна и победничка на крајот. Имаш воља и љубов во себеси штом сакаш да се подобриш, малку по малку ќе се среди се и ќе си дојде на свое место.
штом си свесна за сево ова, колку можеш вложувај и од твоја страна малку труд штом те расположува, шетај 2-3км дневно додека е сончево, да имаш подобро расположение
Чекор по чекор... Го имав истиот проблем со бившиот, за жал немаше трпение мојот. Чим си свесна и кажуваш значи дека сакаш да се промениш и кренеш! И така ќе биде!
Го имате вистинскиот човек покрај вас,бидете среќна што е така и поради тоа мора да бидете силна иако е тешко.Морате пред се за себе ,децата партнерот,не сте ни свесни колку ние тешко кога ве гледаме преживувамњ со вас .од една страна ни иде усвет да фатиме и да не се вратиме но не може така ,се враќаме на реалноста и почнуваме да живуркаме со вас.Мислите не сакаме да излеземе безгрижно да прошетаме ,да пиемее кафе но кога имаш дома болен човек дома апсолутно до ништо не ти е.Пријателки ми викаат ајде ваму таму верувај заради него од дома не ми се излегува.или и да отидам не можам да се опуштам.Тљка да морате да се потрудите и вие да возвратите на жртвата штп ја прави за вас вашиот партнер.
Сум била од двете страни,ако несакаш да пиеш терапија и да одиш на психолог ,тогаш не оправдувам никој.Тоа како те трпи има 2 страни може на некој и да му одговара да има отсутен партнер,бракот има друга динамика и да прогледуваш низ прсти на сопруг,и да си прави што сака..Може и вистински да те разбира ако имаш желба да се лечиш и е тазе состојба.Секоја болест каква и да е ,го истоштува семејството и децата и го зема својот данок ,бидејки не си функционална личност и некој треба да го преземе твојот дел.Животот и бракот се носи ,само да поминува.Колку време се бориш со болеста ,3 месеци спомна или ова се најлошите 3 месеци ?
Бидете среќни ако имате партнер кој ве поддржува. Јас на тие што му објаснав... Не ме прифатија. Едниот ми рече дека сум дете разгалено, ќе сум завршела в лудница. Вториот ми рече не си само ти, сите имаме проблеми, а јас отворено го прашав што го мачи и него. Сега, на третиот кога му кажав дека баба ми е при крај, дека е лошо, ме праша колку год има и му кажав 90,на крај ми рече е што сакаш ти од животот. А, барав само малку поддршка, и емоционална емпатија. Ќе биде
Кажувам за потенцијални партнери. Нели од другар до партнер. Јас се би дала да помогнам некому а мене кој?
Другар, партнер па потенцијален партнер, конфузно ми делува ама мал совет не се зближувај и споделувај одма се, оти луѓето најчесто се плашат... повеќето.
Најсетне се гледам со некој навистина добар после разводот, и многу сум исплашена дека колку и да е прекрасен сега, ќе крене раце оти ме запозна во најлош период. Освен кукање друго не слуша од мене најчесто. Многу ме разбира, ми дава совети, ми бара психотерапевти , алтернативи што сама не ми текнува да ги барам, а сме заедно само 3/4 месеци. Добро, имам и по ок денови и знам и јас да го расположам, ама страв ми е дека почетоков е темел на врската и дека ќе ми ја разниша ако продолжи ова... Ако некој мисли дека ни е сеедно нас од другата страна се лаже. Нема потешко од ова. Познавам луѓе со најтешки физички болести кои се носат фантастично. Ова не е фер. Човекот требаше да биде поштеден барем од овие растројства.
Не очекувај некој да те тапша по рамо, со ваков пристап ќе ги уплашиш само потенцијалните партнери, ќе помислат дека не е во ред нешто со тебе. Ако ти треба некаква помош или поддршка обрати се на стручно лице, вака самата себе не се прави болна.
Те имам читано од претходно и знам како помина од прилика со претходниот партнер. Зашто мислиш дека овој партнер сака да е поштеден? Со оглед на тоа дека ти бара психолози и слично, човекот баш сака да ти помогне. Ќе ти кажам за мене, само што почнавме со маж ми, тогаш дечко ми беше, почина татко ми и се деси што се деси, заглавив психички премногу. Маж ми, не се откажа ни ден од мене и стално ми викаше леле барем на ден да го осеќам тоа што го осеќаш, барем ден да можам да ти олеснам. Неговата поддршка беше тоа што ме изгура да денес сум слободна од состојбата. Сакам да ти кажам на сето тоа што го осеќаш и се бориш, не си додавај и вина дека си му товар, баш напротив, гледај го како една светла точка, и нека те води.
Многу ти благодарам на разбирањето и поддршката! Многу ми значат! И мене ми се испослучија многу стресни настани дома минативе месеци што резултираа со многу лоша психичка состојба, а чувството на вина зошто не можам да си помогнам е еден од симптомите. Сакам и јас во иднина да го кажам ова што и ти.. Те гушкам! ♥️
Па види, ние сме длабоко сензитивни особи. Е сега, да се ставам на Другарта страна, каде некој е осамен и е под депресија, ќе гледам да го охрабрам, да му дам насоки, нормално ќе му речам ако треба и стручно лице барај. А, не да го дотуркам да му речам бегај, ти си за в лудница или да ни речам не плачи, што не ти е погодено, ако ти умрел некој - умрел тоа е. Не секој е емотивно интелегентен да ја разбери Другата страна.