1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жолта минута

Дискусија во 'Психологија' започната од I I, 12 април 2017.

  1. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Бидејќи, го добив епитетот „дечкото со темите“, :) па ајде си реков да отворам уште една тема (од областа на психологијата). Жолта минута е психолошки феномен, ситуација во која немате способност за самоконтрола, т.е. ситуација кога „ќе ви се спојат жичките“, народски кажано. Јас лично еднаш, двапати ако ми се има случено ова во животот, ама сепак имам самоконтрола (иако во последно, многу полесно можи човек да ме доведи до ситуација на „спојување на жичките“).
    Лично, јас бев сведок, кога бев основно татко на дете ( детето „малку не баш“) претепа 3, 4 деца кога случајно од училница виде дека неколку (тројца, четворица) го удираат по син му. Буквално човекот (бидејќи, еднаш дојде на класен час претходно да се пожали за проблемот, а класниот ништо не преземаше па гласно во училница рече дека ако ништо не се промени сам ќе ја земе работата во свои раце). Буквално метеше по земја со двајца (такви боксови, клоци) што дури и возрасен човек да имаше во училницата не би можел да изреагира за да го спречи. Потоа, едно-друго син му го отпиша од училиштето, на крај испадна таткото крив, а не класниот што дури и ги охрабруваше другите да прават насилства.
    Кои или какви животни ситуации, го тераат човекот да изгуби самоконтрола, да во афект се однесува како див звер?
    Дали и колку често се случува жолта минута кај вас, и како потоа се смирувате?
    Споделете искуства :)
     
    На VIKOJNA, КикиМаус, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Хеј, дечко со нова тема, пак јас 8-|

    Не ти го дочитав цело мислење само видов отприлика дека се работи за спојување на жички и баш во моментов ми се спојани тие двете и таман да пишам(fingers)
    Често пати знаат да се спојат па и сега.
    Едно мислење во една тема успеа да ми ги спои....пријавив, се надевам на новиве модератори дека ке сторат нешто ....се надевам де.

    А и прееска татко ми ми ги споја ама тука неможат они ништо за жал...:/
     
    На КикиМаус и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    @Kukla994 Кое мислење успеало до толку да те изнервира, де да видам и јас дали и на мене ќе ми се спојат жичките, јас од форумов уште ја немам доживеано таа "жута минута." :lol:

    Инаку, општо во животот во последно време забележувам дека сум станала поимпулсивна и агресивна, но сметам дека до некаде тоа е и подобро за разлика на тоа што порано сум била пасивно агресивна во одредени ситуации. Жолта минута баш ми се случи неодамна, иако се воздржувам од правење циркузи, ама толку многу ме изнервира една работа што за друг би била можеби занемарлива... што почнав да се дерам буквално сред Центар на не толку блиска другарка, ама ете, сметав дека бев во право, плус девојчето упорно ми одговараше иронично и ми правеше некои фаци, што мислам дека и си заслужи.

    Друг пат кога сум нервозна за нешто, може да фрлам работи по дома, да си вриштам во себе, да се "испонашам" на некого, или да му речам да ме остави да ми помине па после смирено да направиме муабет... ама спојување на жички намерно гледам да намалам на минимум, зошто не сакам луѓе да ме гледаат таква, спремна сум на се' и сешто тогаш. :D
     
    На КикиМаус и I I им се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено...Не беше до толку да немам контрола врз себе и врз тоа што го правам ама беше нешто што воопшто не беше вообичаено за мене бидејќи сум многу мирна, повлечена личност и во стресни ситуации јас реагирам смирено и со ладна глава ама тогаш направив нешто за кое не се чувствувам лошо, и иако идиотот си го заслужи јас не се гордеам со себе. Јас, татко ми и сестра ми имавме сообраќајна незгода пред околу 4 години. Еден дечко, мои години, пробуваше да не претрка на стар, тесен пат каде што едвај има место нормално да се разминеш и при претркувањето не намали брзина, изгуби контрола врз колата и не избутка нас од патот. Среќа е што татко ми некако успеа да застане. На мене и на сестра ми не ни беше ништо ама татко ми беше повреден. Не беше некоја страшна повреда ама кога го видов татко ми како куцајќи изгледува од колата, бев толку бесна, толку гневна и long story short, дечкото си отиде дома со сменет личен опис. Не памтам ниту каде удирав, ниту од каде имав сила за такво нешто. И колку и да е неубаво ова со овој ум сега пак истото ќе му го направев, а и полошо бидејќи сите тројца можевме да се стркаламе во провалија што беше на 3-4 метра од местото каде што ние застанавме.
    Кога си стигнав дома знам дека вриштев и плачев и буткав се пред себе и едвај се смирив. Во животот најповрзана се чувствувам со татко ми и болеше толку многу да го видам повреден.
    После веќе кога се смирив сфатив дека не требало така оти можеше убаво да заглавам со тужби и други глупости, ама сепак не ми е мака. За таквите треба многу повеќе тепање бидејќи после тоа има направено уште 2 сообраќајки, во кои исто така тој бил крив. Од една страна се прашувам што сум мислела во тој момент, а од друга страна пак си викам ако му е, и тоа му е малце и си заслужи.
    Оттогаш, а и пред случкава, никогаш не реагирам импулсивно туку секогаш кога другите се нервозни јас ги смирувам. И се надевам дека во иднина нема да ми се случат работи што ќе направат пак да реагирам така.

    Она со таткото што тепал деца се има случено и во мојот живот. Како дете, второ или трето одделение, имаше едно дете од моето одделение што ме малтретираше и еднаш после школо, плачејќи си одам дома, а после мене по нашата улица си оди тоа детето што ме малтретираше. Мајка ми ме прашува зошто плачам, и кажувам, и мајка ми отиде да разговара со мајка му. Тортурата се смири на 2 - 3 дена и еден ден после школо, кога исто си одев плачејќи дома, мајка ми едно убаво го истепа. Сепак мислам дека тоа не беше момент на отсуство на самоконтрола и отсуство на рационално размислување, туку мислам дека мајка ми убаво знаеше што прави. Оттогаш тоа дете не ми се испонаша пак, никогаш, и дури и ме бранеше од други деца. Ех...
     
    Последна измена: 12 април 2017
    На *Amethyst*, Gosh и Florenсе им се допаѓа ова.
  5. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Жолтите минути во мојов живот може да се соберат во збир на еден ден.
    Зависи колку е жолта минутата, порано често ми ескалираше во црвена....
    Сеа коа ќе ми дое жута минута бегам некаде кај што ќе сум сам и да искулирам пошто таков ми е хороскопов па ако стане црвена минутата станува многу тешко за мене а уште потешко за околината.
    Вежбањето самоконтрола е спас за луѓето што имаат краток фитиљ.
     
    На КикиМаус, girl-miri и biGirl им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Еее @I I (highfive) ајде и кумава да сподели мислење :D
    Ми се спојувале жичките и мене, нормално и човечки е сите да доживееме такви моменти,но имало само безопасни искри.
    Почесто сум се нашла очи во очи со личност која доживува "жолта минута". Во тој момент на преголеми емоции, личноста е во афект и во неможност за рационално размислување и однесување, па секаков обид за разговор, утеха,вразумување не само што би бил без успех туку би имал контраефект. Затоа, во тој момент е најпаметно да се повлечите, помолчите и почекате да стивнат страстите.
     
    На *Amethyst*, Petar80 и I I им се допаѓа ова.
  7. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Еднаш знам ќе го задавев еден кога се насмеа во сериозна ситуација. Ама стварно идиотски изреагира |( и нечовечки почна да се смее.
     
    На biGirl и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    ДЕЧКОТО СО ЖЕНИТЕ:hug:поубав ќе е овој епитет;)

    Што да кажам за мене:?: кога ќе ми се спојат жичките, вулканот Попокатепетел може да ми позавиди....ужас:devil: додека не ја расфрлам сета лава околу мене, јас неможам да се смирам.. а потоа сум мирна како бајче:emo:

    Многу години уназад се обидував да делувам смирено, да се самоконтролирам, да не избувнувам...и така полнејќи си ја душата, еден ден добив нервен слом и незнаев како се викам:(
    Сега палам и гасам јас кога сакам ;)
     
    На *Amethyst*, Petar80 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  9. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Oд каде дечкото со жените, ниту една од форумов не е со мене :D
     
    На girl-miri, cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сите сме со тебе, не врдај-мрдај:D:D ајде поклони ми едно лајкче..од тебе за мене:rofl:
     
    На blackwave, Petar80, I I и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Сум имала и јас такви моменти. Лошо изгледа тоа... како хистерија. :| Знам за еден случај каде на млад дечко така му се споиле жичките и почнал да крши низ дома и веднаш го однесле во психијатриска болница. Не знам колку време го задржале, ама откако се вратил назад бил во полоша психичка состојба, се губел, заборавал... Самоконтролата е многу важна работа.
     
    На ♡BuBaLe♡ и Petar80 им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Ретко избувнувам. Многу, многу ретко. И кога сум најнервозна, најтажна и најразочарана, најчесто се повлекувам во соба, плачам, не правам многу галама. Не можам да се сетам на некоја т.н. жолта минута. Конфликтите сакам да ги решевам смирено, со нормален разговор.

    Не знам дали е добро или лошо ова, некои викаат дека е полошо вака. Премногу сум емотивна, а ништо од тоа не покажувам, само во себе вријам, па луѓето добиваат погрешен впечаток дека сум ладнокрвно суштество и дека "мува не ме лази".

    А тоа не може да е подалеку од вистината..
     
    На sj *O*, Someonespecial и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Најчесто имам самоконтрола и многу ретко ми се случувало вакво нешто. Во одредени ситуации сум реагирала бурно но сепак тоа не би го нарекла спојување на жичките. Најчесто тоа биле ситуации каде лично сум се почуствувала навредено или каде сум морала да си го бранам ставот. Случката која би ја издвоила се случи поодамна, скоро дете бев. Имаше едно девојче кое не знам каков проблем имаше кога не ја ни регистрирав, користеше постојано можност да ме закачка и да дофрла нешто. Еднаш бевме повеќе луѓе собрани, таа седна до мене и освен тоа што дофрли неколку збора почна да ме подгурнува. Во тој момент мислам дека ми се крена косата, рипнав врз неа и започнав безмилосно да ја мавам кај што ќе стигнам. Таа почна да плаче и вреска, едвај ме одтргнаа од неа. Имаше среќа што друштвото изреагира бргу инаку немаше да ја препознаат дома. Така изреагирав од причина што знам дека за ништо не бев виновна, ништо не и сторив а таа така нефер постапуваше. Ама затоа од тогаш си ја затна устата и не ми се ни доближи. Понекогаш и ќотекот е супер решение :D Инаку мислам дека бурно би изреагирала ако некој на било каков начит повреди мој близок кој многу ми значи.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Леле ова со човекот слатко се изнасмеав и ја замислив ситуацијата. Си имал мака тој, ама ги средил невоспитаните деца.
     
  15. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    обично избувнувам и плескам се во фаца секогаш возвраќам дури се умешувам во ситуациии кои на мене нема да влијаат ама кога гледам дека трпи правдата нема жолти не жолти минути црвении пареа од уши искача.Не сум насилна не ни оправдувам насилство ама ценам и практикувам вербално убивство :!:
     
    На I I му/ѝ се допаѓа ова.
  16. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    И тоа во школото тој друга работа бил дојден, (да разговара со директорот околу проект таму некој за реновирање на школските WC-а) не за тоа. И таа година памтам (доста добро не уценаа) кој нема да плати 400 денари за реновирање на wc-ата нема да добие свидетелство.
     
    На Tanjamm и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека прво мора да се знај нивото на толеранција на човекот и второ колку до претекување на тенџерчето е. Зошто можи јас многу да се изнервирам за работа 1, ама да си го набилдам онака, истиснам, па работа 2 која е помала, да биди причина за спој на жичките. И да, човекот во афект можи и дефинитивно се однесува како нешто што не е или како што си пишал - див ѕвер.
    Јас лично сум човек кој оди во две крајности. Доколку нешто не ме интересира можам да го игнорирам до неповрат. Доколку нешто ме засега реагирам бурно и брзо, краткотрајно. Некогаш се чувствувам виновно за тоа што сум избувнала, ама сепак ... ретко.
     
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    Си ги мразам овие т.н. “жолти минути“ а ги имам. Ги мразам јер се појавуваат во ситуации каде што не размислувам како тој би се чувствувал после све. Грдо се осеќам јас ради тоа.
    Моемнтално сум во фаза да работам на оваа работа, и да имам повеќе самоконтрола и разбирање кон другите.
    Изгубив една личност ради ова, не би да губам и други понатаму во животот.
    После овие “минути“ следат часови па и денови во каење.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Прво, би сакала да изразам пофалба кон темава со оглед на тоа што жолтата минута е доста интересен психолошки феномен кој кај секој човек се појавува во различни околности, зависно од психолошкиот профил :)
    Бидејќи знаеме дека бесот претставува примарна емоција, односно емоција која е универзална за човечкиот вид, таа е вродена во самото однесување и секој човек ја експонира во одредена форма. Бесот има тенденција да се изрази кога едно лице се соочува со закана на нивната гордост, позиција, способноста да ги измами другите, само-измамени верувања или социо-економскиот статус.

    ,,Жолта минута,, односно експлозивниот излив на бес настанува под влијание на повеќе фактори:
    биолошки, психолошки и социјални фактори.
    Биолошките фактори како што е темпераментот игра улога во човечкото однесување. Некои луѓе се генетски предиспонирани да имаат агресивни тенденции.
    Некои од психолошките фактори кои влијаат на човековото однесување се резултат на рано приврзување со родителски фигури и резолуцијата на конфликт во раниот живот.
    Социјалните фактори се исто така важни. Постојат последици за однесувањето на една личност и обично поединец ќе го контролира нивниот бес пред да доживеат излив. За еден подинец да изгуби контрола и да има излив на бес, обично постои комбинација на темперамент, научено однесување и високо ниво на стрес и фрустрација.
     
    На Someonespecial, I I и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    322.258
    Ја имав.
    Сега НЕ.
    Не дека ја немам,ама научив да амортизирам.
    Што оти ќе ја покажете?!
    Ваша слабост.
     
    На Mishela, AURUA, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.