Да ве прашам некој да ми објасни, на стапалото под прстите ми се направи жуљ, изгорев од болки, денес му кладов апче она шо е со фластер, колку време да го чувам, дали истото да го клам и другата вечер пред спиење или?
Ако е од пакувањата со три фластери, треба да стои три дена и потоа да го извадиш фластерот и добро да го измиеш местото. Во периодот од три дена местото не треба да се топи со вода. Прочитај во упатството за начин на употреба.
На стапалото под малото прсте од страната имам тврда кожа, колку што се разбирам ова не е жул, изгледа дека се натрупани мртви клетки. Дали и некој друг го има ова и како да го отстранам?
Имам токму вакво, тврд израсток на прстот едвај најдов слика на интернет, бидејќи не знам дали е воопшто и жуљ тоа? Лек помош нешто како да го отстранам засекогаш? Или пак може само да помогне педикир целосен третман на стапала кај козметичар?
Да, но постојано ја имам и дома кога си правам педикир во домашни услови после ден два пак се појавува таа задебелена кожа
Епа оди на педикир убаво нека ти го средат и можеби ќе ти препорачаат некоја крема за омекнување на кожата. Да не носиш убави обувки?
Немам проблем на штикли, проблемот ми е кај делот од прстите кај здебелената кожа многу ме боле на тој дел
Дали некој има отстрането курје око медицински со локална анестезија Дали се чувствува болка во момент на интервенција
Кажете лек за жуљ, го има долго време, барем јас мислам оти е жуљ, да не се работи за нешто друго? веке 2 год го лечам со се и сешто и не поминува, пробав со течност за жуљеви од аптека, кога го мачкам почнува малку да зазадравува и после почнува повтпрно да се појавува
Здраво! Сакам да прашам дали е нормално да боли додека носам од лепенките за жуљеви. Го ставив вчера и сега веќе многу ме боли, а жуљот ми е голем од време на време и ме болеше.
Имам жуљеви да прстите но лепенките ми помагаат привремено. Дали знаете некоја добра маст или нешто од кое ќе излезат од корен?
Здраво, ве молам за препорака на салон/клиника за третирање на жуљ. Станува збор за многу мали распространети на цело стапало.
Малку касно ти враќам ама за оваа работа само Људмила од Битола. Не знам како се викаше салонот пребарајте на гугл, а сигурна сум и дека ја имаат спомнувано на форумов неколку пати. Имав преку 30 на едното стопало, мачкав една маст што не ми текнува како се викаше и одев редовно кај неа на педикир. Сложена работа е и не поминува туку-така. Жената ме врати во живот.
Kupete Staroplaninski melem,bez problemi i bez bolka ke gi izvadite zuljevite,jas go koristev,odlicen e!