Многу стоматолози ми имаат кажано дека проблемот е во гените што забите не ми остануваат цврсти. Заб на кој е ставена плобма, истиот се расипува за неколку месеци, смачено ми е више Е сега, сакам да ставам да извадам неколку заби ама оние што не се гледаат како 6-ки, 7-ци и 8-ци и да ги заменам со импланти. Оние импланти што се вградуваат со штрафче (знам дека звучи страшно ) не оние со навлака. Ако знае некој добра стоматолошка ординација каде што го прават ова и колкава им е цената на имплантите(отприлика) би ви била многу бладогарна...
Јас да ти кажам да не вадиш заби, колку што можеш да ги лекуваш твоите, зошто не е исто твој заб и имплант. Секој заб, е еден орган, немој така брзо да ги фрлаш. Јас имам еден имплант ставено на 6ка долу, мислам дека беше некаде 70 евра, не сум сигурна зошто пред неколку години беше, и болки невидени си видов додека ми зарасна местото. И сега не ми е погодено, рефлексно џвакам на другата страна, не знам подруго е некако.
Цената на имплантите е околу 600 - 700 евра еден. Освен тоа што се скапи постапката за имплантирање на заб не е воопшто едноставна, најпрвин треба да се направат испитувања за општата здравствена состојба на пациентот, зошто самата постапка се смета како оперативен зафат. По поставувањето на имплантот се остава период од 3-4 месеци за да се види дали организмот ќе го прифати имплантот. Се на се, доста комплицирана работа се имплантите, јас таков заклучок добив читајќи на нет и слушајќи мислења од стручни лица.
Мислам дека има други начини да се реши твојот проблем,сега технологијата е до тој степен развиена што не дека имплантите не се добро решение меѓутоа за наш стандард се сеуште премногу скапи.Консултирај се со некој забен техничар или збоувај со стоматологот да ти објасни за например цирконија,тоа е многу цврста конструкција и идеално решение за таков тип на проблем,цената му е макс. до 200 евра од заб,или пробај со класична метал-керамичка конструкција таа е најефтина варијанта,има доста добри техники во Скопје.
јас ќе ставам импант долу на забот. 2 -та е инфецирана правев операција и не ми помогна. едниствен начин е да ставам имплант...се плашам малку оти е долга процедура и се надевам дека огранизмот ќе го прифати импалнтот. цената е околу 500/600 евра...немам избор инаку се плашам ептен...откако ќе ставам ќе ви пишам шо како е.....инаку читам дека е најдобар начин за кај луѓе што им фали заби. знам 2/3 што ставиле импанти и никако не се каат за тоа баш напортив велат дека била една од најдобрите одлуки во својот живот....
феминка .јас сум во ендомак , толку им е цената распрашај се од каде ги земаат имплантите, знам дека најдобрите се доагаат од Израел, Америка и Германија....
Имам порцелански навлаки но сакам да ги сменам но не за порцелан туку за нешто потрајно што нема да смени боја ... Ве молам за препорака , и нешто цена ако знаете
Или не се порцелани, или немаш добри хигиенски навики. Цирконија навлаки ти се добар избор, безметални порцелански коронки, од 120 евра нагоре по заб, зависно каде ги правиш, може и да достигнат цена до 180 па и 200 евра по заб. Препорака немам, оти е битно да имаш стоматолог што има одлична соработка со техничар, а толку детали не знам.
Сакам да Ве прашам дали некој знае колку се сега цените на инплант и дали кога е процесот на прифаќање на имплантот од страна на организмот на тоа место ќе има празнина?
660 EUR, straumann implant. Da, ima praznina ama se stava kako kapacka na implantot 650 EUR postapkata za stavanje implant, i po 3 meseci koronkata (5000mkd) znaci 660 EUR. Denes ja namestiv koronkata. Straumann e implantot, najdobri se vo svetot. Zaben most e upola cena, t.e 80 eur od zab ( pr 3 zabi, x 80 eur = 240, zavisno kolku zabi treba da se obrabotat)
Јас имам проблем со еден заб. Горна 6-ка. Има до него како топче и ќе правам панорамска снимка. Најверојатно ќе биде забот за вадење, ми препорачуваат да ставам имплант за да не ми ги стругаат околните заби за да добијам мост. Имплантите биле од 350 € најефтините па се до 750€. Ако сум сакала мост наместо имплант ќе ме коштало околу 200 евра.. Но зошто би ми стругале здрави заби ? И онака кога ќе остарам ќе сакам импланти да ставам, па може и не е лош избор уште сега на 22 години да ставам имплант. Не сакам празен простор да ми остане, а стоматологот вели дека не ми препорачува да го оставам така да стои забот, морам да го вадам и со нешто да го пополниме просторот за да не ми се изместат и останатите заби со тек на време. Е сега уште да знаев каков е тој имплант од 350€ ..