Забранета љубов

Дискусија во 'Врски' започната од mandolce, 26 декември 2009.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Сигурна си дека си заљубена во тој другиот, а не се само бубачки на мала монотонија во главата? Се прашувам што ти фали за да се заљубиш во друг? И да резонирам, заљубување е себично, физичко насладување, додека вљубеноста е сосема нешто друго и е сосема поинаква од обично затрескување. Тогаш сакаш и со памет и со тело и нема никакви контрадикторности измеѓу двете.Е сега, кое би било од следниве две?И баш зошто ако би можела да ни појасниш?
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.608
    Пол:
    Женски
    Сум била во ситуација да бидам со некој со кого не треба да бидам. Врската упорно ја негирав и криев од другите, не знам ни самата што мислев. Има една изрека, ако врската е тајна не треба ни да ја имаш и сега потполно се согласувам со тоа. И во моментов сум затрескана во погрешна личност со која не би можела да бидам бидејќи е голема разликата во години и моите тоа не би го прифатиле ниту дозволиле...
     
    На oblando му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    447
    Многу незгодна работа...бев порано во таква врска и се чуствував буквално како "затвореник во рајот".
     
  4. Taznadevojka3

    Taznadevojka3 Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Во моментов сум многу во тешка состојба јас многу се вљубив со него сум веќе 2 години но моиве никако да прифатат незнам веќе што да сторам на секој начин пробав но не успеа ве молам помогнете ми дајте ми некаква друга идеа што да правам и сто да сторам за да ги убедам ве молам
     
  5. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски


    дали твоите знаат нешто во врска со дечково ? нешто слушнале ли за него или неговата фамилија ? во негативна смисла ама, некои муабети и сл.

    затоа што ако ја знаат фамилијата од која е дечкото и не е нешто во ред, тогаш е бр. 1 причина да не го прифаќаат, барем тоа од мое досегашно искуство од многу парови како и вие.

    ти нема што да правиш, освен да се спротивставиш и да им кажеш како стојат работите дека го сакаш итн. и немора да го носиш дома или да го гледаат они, уживајте додека сте заедно
     
  6. Taznadevojka3

    Taznadevojka3 Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Знаат се во врска со него му раскажав 3 пати дека го сакам инаку неговата фамилија е многу добра тоа и моите роднини му го кажаа но тие не сакаат да слушнат нивниот поголем проблем е тоа што не сакаат да ме дадат во друго село
     
  7. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски

    тогаш не знам што да ти кажам, освен да разговарате и некако да најдете начин да ги надминете тие несогласувања
     
  8. Taznadevojka3

    Taznadevojka3 Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Во ред ќе се обидувам повторно ти благодарам за подршката
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.388
    Пол:
    Женски
    Искрено во 21ви век не верувам во вакви глупости од типот на забранета љубов.Бидејќи светот, а и технологијата се отидени до таму што ништо не е невозможно.Ова ми се причи од 14-15 век и за време Турско ропство.Ова ми е некако надминато освен во апла затуцани села или ,,традиционални” фамилии кои заборавиле да бројат години.
    No hate ама ништо не е невозможно, ако мислите дека тоа е тоа ќе го направите возможно без разлика на се.Темава ме потсети на ,,Бегалка” .
     
  10. Little Sparkle✨

    Little Sparkle✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сакам и јас да прокоментирам нешто а темава...
    Накратко од мала буквалноо мала од 4 одделение дури ми се засвиѓа едно детенце., ама ајде ништо страшно децка љубов, се додека во 7 не се појави и пак се затрескав онака апла и дури и бевме мал период заедно, а во средно онака до 2 година имавме контакт ама "другарски". Поминаа уште 4 години од тогаш јас уште осеќам нешто, и тоа не нешто туку она шо викаат тоа вистинското длабоко во себе осеќам дека е. Имав и други после него и сериозни врски ама со неге баш она детското дури ми беше поубаво.
    Уште сме во контакт си знаеме дека не ни е сеедно и се тоа, алии ете проблем јас Македонка ( Христијанка) тој Турчин (Муслиман).
    Епа ете тоа е забранета љубов. :)
    Знам дека никогаш за него нема да ми е сеедно, ама и знам дека никогаш нема да сме Forever happy & Happy End shit.
    Некој со сличен проблем ??
     
    На Litlstar, Blackandwhite123 и Mayday2019 им се допаѓа ова.