Забрани

Дискусија во 'Врски' започната од black-angel, 2 декември 2010.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    Епа вака прво од мое искуство па и гледајќи ја маката на моите другарки решив да ви го поставам ова прашање

    Што кога дечкото ви брани некои работи? Пример не ви дава да идете на кафе со другарки,да идете на некој настан,журка.....па до тој степен некои момци идат со тоа што ги проверуваат девојките со кој се како што итн итн....

    Сте имале такво искуство? Како сте го решиле? Ако сте немале како би го решиле?

    Во мојот случај бившиот ми бранеше да идам било каде со другарки,нон стоп ми вршеше проверки ми ровареше по телефон.....Јас овој проблем го решив со тоа што ставив крај на оваа измачувачка ситуација!

    И фала богу сеа сум со личност која мноу ме цени и ме почитува и немам никакви проблеми од негова страна
     
    На Tanjamm и Wahnsinn им се допаѓа ова.
  2. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    е па вака... со мојот бивши одевме 4 месеци, првите два месеци беше сее супер скоро ништо не ми забрануваше, другите два месеци премногу се измени, беше толку љубоморен, што сакаше во секој момент да знае каде сум, што правам, со кого сум, да излезам навечер со другарки немаше шанси, дури ми се лутеше што сум имала ставено слики на фејсбук, несакал никој да ме гледа... не ми дозволуваше дури и со другарите да си се пиздравувам како што треба (т.е. да ги бакнам во образ).. а мобилниот секогаш ми го проверуваше.. како истражен судија беше :devil: :@
    кога ми се смачи од сето тоа сепак несакав одма да заврши нашата врска, решив да му дадам уште една шанса, седнавме да разговараме, во тој разговор му кажав дека ме "дави" со неговата љубомора, и дека ако нема доверба во мене подобро веднаш да раскиниме... ми велеше дека ќе се промени.. таа "промена" му траеше само една недела (сигурно пукаше во себе што неможеше повеќе да ми забранува).... кога му кажав дека морам да одам со мајками Швајцарија кај вујкоми само на 7 дена, едноставно полуде... ми рече дека сум барала прилика за да го изневерам, дека не сум го сакала.. итд.. тогаш и ставив крај на таа врска.. искрено се спасив...
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас со сегашниот дечко ( што наскоро ќе ми биде маж), одам 8 год, и за тоа време тој успеа да ме одвои од сите другарки, на почетокот не беше забележливо, јас сеуште не се давав, ама еве го крајниот резултат. Сега се дружам со другарките на сестра му и не дека не ми е убаво, ама не е тоа тоа. Еве сега ќе правам свадба и замислете како ми е без вистински другарки на свабата. Понекогаш мора да се плати одредена цена за да задржиш нешто во животот. Искрено не препорачувам да тргнете по мојот пат, поготово ако врската е далеку од сериозна.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Тешко дека ќе функционира врска ако не се изгради на взаемно почитување и компромис од двете страни! Ретко во некоја врска да не постојат забарни и правила по кои партнерите треба да се однесуваат! Не во буквална смисла на зборот, но некои навики се искоренуваат кога сакаш да бидеш со човекот кој ти значи! И треба да се почитуваат барањата на другиот ако го сакаш и ако врската ви е со намера и двајцата да бидете среќни! Малце сум сомничава за успехот на врски во кои партнерите си имаат мото,,прифати ме таков каков што сум,, мислам дека е невозможно секој да си тера по свое, потребно е многу флексибилност!
    Во мојата врска имало и забарни, и од моја страна и од негова страна! Не сум баш сигурна дали забарана е соодветниот збор, ама... |(
    Ми се има случено да му забаранам да оди во една кафана :$ , но не беше така ,,Не може да одиш таму, и крај,, Туку... си почнав разговор дека јас не сум спокојна кога тој седи таму, му ги кажав и причините поради кој ставам ,,забрана,, да не оди повеќе таму! Тој од негова страна сакаше да ме успокои со тоа дека нема ништо лошо, дека никој не може да повлијае врз нас, дека ќе ми се јавува почесто додека седи...но не попуштив! Го прашав дали е поважно неговото седење таму или спокојството во нашата врска! попушти тој, но попушти затоа што забраната што му ја имав ставено беше со причини за мене сфатливи а за него помалце значајни,сепак се разбаравме!
    А забрани од типот, нема излегување со другарките, не може да се поздравуваш со тој, не може да одиш на гости таму, забрани кои се несфатливи и за кои нема причина, не подржувам! За сега не сум имала таков проблем, и имам целосна слобода на движење :P , и дечко ми исто така!
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    И јас со мојот дечко - вереник, проаѓам нешто слично! Не смеам да одам до друг град или па на одмор ете на неколку дена да речеме, колку да се тргнам од сите, малце на мира! Одма скандал прави, многу е љубоморен, а недај Боже, да ме види каде што зборувам со некој друг маж! Има да го начека и да го истепа - за ова многу имаме дебатирано, и некако го учам да биде посталожен и да му влеам малце мир! Ама сега засега на исто е, така да одбегнувам да разговарам со мои другари пред него и останувам само на здраво - што и тоа и текако го боцка од внатре! А за другарките мои, нема позитивно мислење, и тој пробува да ме одалечи, со изговор дека не се добри за мене, и дека лошо влијаат! Ама не му дозволувам, да добие целосна контрола над мојот друштвен живот! Ќе мора да прифати дека и јас имам друштво! |(
     
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Scarlet88 прашувај го од кои причини ти забранува нешто...не се задоволувај со одговор ,,Ми смета,, или ,,Љубоморен сум,, Терај го да каже конкретни причини зошто на пример не сака да разговараш со друг маж! Ако ги каже гласно причините можеби и тој самиот ќе сфати дека се банални и несфатливи тие причини па ќе се присвести дека безпотребно е несигурен во тебе! :)
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Не е до толку изразено кај мене, затоа што сепак дебатираме многу на таа тема, и пробувам да го натерам да попушти! Тој во разговор ми има кажано дека најлошо нешто што може да му се случи во животот, е ако јас го изневерам! И го сфаќам, се плаши да не ме изгуби, па затоа не дигам галама многу, туку пробувам преку разговор да го натерам да сфати дека и двајцата сме имале живот пред да се фатиме, и дека никој не мора да се откажува од ништо! Сега засега сеуште е љубоморен, ама си го знам, ќе попушти кај и да е!Многу работи кои ми сметале во врската, успеав да ги решам со разговор! Сепак и тој мене ме слуша, а и јас него! А и сладок е кога ми љубомори!
    Е сега во случај да претера, и не се разбира од збор, тогаш ќе бараме чаре...нешто како или прибери се или поздрави се од мене..........што знам, јас така би постапила, прво си одам со разговор, ако не бива тогаш построги мерки! :?: :?: :?:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Мојот бивш дечко беше дечко пратен директно од Пеколот, психички да ме малтретира и нервира, а јас трпев се' додека не ми прекисна.
    На почетокот беше се' во ред, веројатно јас заблеана не забележав ништо чудно од неговата опсесивна, љубоморна и манипулаторска природа.
    Директно никогаш немаше речено - не може да се гледаш со другарите, ама откако ќе се видев со нив, го снемуваше на неколку дена - недела и стануваше јасно дека му пречи.
    Јас како и секоја глупачесто безнадежна вљубена девојка мислев ете му значам и љубоморен е , не сака да ме дели со никој и полека се оддалечив од нив.
    Откако виде колкава моќ всушност има врз мене, почнаа забраните.
    Една од моите другарки не ја бендиса воопшто и ми забрани да ја викнам на роденден.
    Ме натера да бирам помеѓу него и неа, и јас на крај не славев роденден. Немав желба, секое зрнце среќа со нив ми го уништуваше, правеше да се чувствувам виновна, непосветена девојка, убедувајќи ме дека двајца вљубени си се доволни самите на себе. И никој друг.
    Еднаш ме натера да се вратам дома и да се пресоблечам затоа што наводно сум била многу провокативна.
    Не дозволуваше да се слушам со колеги од работа.
    Кога излегувавме со другарка ми сами, секогаш се јавуваше на крајот од вечерта дека демек се нашол во близина и ќе не врати дома, да не сме се малтретирале.
    Всушност, беше контрол фрик и манијак, од кој буквално не можев да дишам.
    Му беше љубоморен и на мојот сопствен братучед, затоа што сме си делеле тајни кои јас нему не сум му ги кажувала.
    Си умислуваше дека загледувам машки и им делам предизвикувачки погледи и намигнувања.
    Болесник!

    Не, денеска не сум огорчена.
    Денеска сум среќна што навреме сум се откачила од таков кретен.
    Ако забележувате некои од овие знаци кај вашиот дечко, немојте да се самозалажувате дека ова е Љубов.
    Бегајте додека е време.
    И ако се сакате со некого, не значи дека светот престанал да се врти.
    Оној кој вистински ве сака и почитува, никогаш нема да ви ги забрани другарките, другарите и излегувањата, било каде, со било кого.
     
    На raww, lebarka, girl1985 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Мислам дека една врска треба да се темели пред се на договор помеѓу партнерите.Некои навики кои си ги имаме пред да стапиме во врска можеби ќе ни пречат кај партнерот, ама мора да има некаков компромис.Под компромис секако не подразбирам ставање во ,,затвор,, на еден од партнерите, туку само прилагодување на желбите на партнерот до некоја мера до каде што не си ја загрозуваме личната слобода.А под лична слобода секако спаѓа и изборот на лично мои другарки, како и време кое што е лично мое т.е. слободно време кое би го проведувала со мои драги луѓе, роднини или родители.До сега не сум имала партнер кој ми забранувал работи од овој тип, незнам можеби така си се поставувам од самиот почеток јасно си ги кажувам моите ставови по овие прашања, но и кога би се сретнала со ваков проблем би се изборила за моите права во врската.Можеби е тоа и затоа што и јас никогаша не поставувам услови од типот:не оди таму, не се дружи со овој оној и слично.Во секој случај треба секој да си биде самостоен до некоја мерка, да си има и сопствен живот покрај заедничкиот.
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сум немала вакво искуство досега
    но кога би имала според мене
    Само две решенија има за овој проблем
    1.Разговор во кој ќе му докажете дека сте во право и не треба да го прави тоа и да се извини
    2.ТХЕ ЕНД - ни прв ни последен
    ако не си се ценам самата себе и слободата моја ќе си ја сменев верата кај што жената е срамнета со нула и има улога само на домакинка и секс играчка
    За некој да ве повреди треба вие да му го дозволите тоа
    Бегајте што побрзо тоа подобро
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    6.437
    Не сум имала дечко до сеа, али тој вториот муватор што го имав си се стави чоекот во состојба да ми забранува одредени работи. Мислам, нездрав е - кој е он мене да ми забранува бе?! Незнам, тогаш бев помала и многу незрело се понашавме и двајцата и сето тоа траеше негде 2 месеци и сеа ние 2 месеци се муваме САМО, не бевме ни фатени и накрај се скаравме за глупост и сеа не ни збориме а и уште поарно. ;) Ми рече еднаш као немој да идеш таму, немој да поминуваш од таму имам јас другар, живее од таа страна и ќе те каже на мене. Леле, нездрав сељак! Колку се нервирам сега кога се сеќавам на тоа. А тогаш па, јас глупава и наивна уште го молев и овој накрај ми вика абе добро, кај сакаш иди баш ми е гајле. А за друго, не ми забранувал, уште тоа да ми напраел, ќе го убиев жими све! Тоа само ненормални манијаци и недозреани можат да го прават тоа! Па тоа воопшто не е врска, тоа не личи на ништо. Добрата врска се темели на доверба и компромис, а не на забрани!
     
  12. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    И јас не сум се нашла во слична ситуација,ама кога би се нашла не знам како би реагирала? :?:
    Нешто што највеќе на свет мразам е тоа некој да ме ограничува,да ми забранува нешто или да ми кажува што да правам (типичен близнак хаха). :D
    Мислам дека не би можела да идам со таков и ако се најдам со сличен,не би ја продолжила врската.
    Некои девојки се лажат со тоа што мислат дека со текот на времето ќе се промени или слично.
    Но,да не се лажеме човек не се менува!Или прифати го како таков или остави го.
     
    На raww и blueeparadise им се допаѓа ова.
  13. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Не сум имала вакво искуство
    Но,ако сум во таква ситуација веднаш би презела мерки.Кој е он мене да ми каже со кој да излегувам,со кои другарки да се гледам итн...Така да прво еден фин разговор,а потоа ако е се по старо би ја прекинала врската, т.е. тука изгледа нема љубов.
     
  14. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Да,го имав овој проблем пред 2 години колку што сум и во врска.
    И двајцата бевме претерано љубоморни,не сакав да го делам со други,опседната бев со него.
    Ако и речеше здраво на некоја јас љубоморев и се нервирав,а исто и тој.
    Имав многу другарки-сите ги изгубив.И тој ги изгуби неговите другари.Велеше дека моите другарки биле курви,вакви,онакви,не велам дека не беа но не можев да му докажам дека ако се тие такви не значи дека и јас сум таква.Се одделив од другарките поради него-мојата најголема жртва.Но му реков и него,ако можам јас да се откажам од другарките-можеш и ти(иако неговите другари не ми сметаа).
    Бевме деца 17 години.А сега една година постари и со многу поубави размислувања сме и јас и тој.Едноставно се развија доверба меѓу нас.Не жалам за ништо!Сега можам слободно да се пофалам дека ми е преубаво.Тој повторно е со старите другари,а и јас имам прекрасни нови другарки кои се на место.Сите сме во исто друштво.Ја нема таа болна љубомора.
    Едноставно ние двајца свативме дека не можиме еден без друг но и без другари.Заедно ја надминавме таа љубомора и сум премногу среќна.
    Сметам дека за да се одтргни љубомората треба да постои голема доверба помеѓу двајцата партнери и се ќе биде во ред и ќе ги нема тие забрани.
     
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Бившиот ама воопшто не се замараше со кој сум, и кај сум и колку ќе се задржам. Искрено и таа крајност смета, на моменти се чуствуваа дека воопшто не му значам иако на други начини го искажуваше тоа. Ама затоа сегашниот дечко ако малце попуштам мислам дека е спремен и прислушкувачи да ми постави и по дома и на телефон. :D Уште на почеток на врската забележав дека е таков па поставив јасни граници, па не е лоша ситуацијата воопшто. Има мали испади но се во граница на нормала и дури и ги сметам за слатки можеби поради тоа што како што кажав ми сметаше тоталната нељубомора на бившиот. Сепак од моја гледна точка мислам дека ако јас лично не се поставев поостро и поцврсто во однос на ова прашање дека имаше можност многу да забега работата. Уште на првите забрани реагирав многу бурно, особено кога видов дека се осмели да ми го претерва телефонот, да изразува незадоволство дека ќе излегвам со другарките, или пак веќе кога сум излезена да се јавува во 1-2 сатот да врши проверка. Сепак иако е љубоморен многу сепак е разбран и се контролира. И го научив дека мојот телефон е мој, а неговиот си е негов, и за фб важи истото :D Еве и една мисла од мене што ми има оставено впечаток: When you trust someone you are not trusting them, you are trusting your judgement. :)
     
  16. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Оооо да имав и јас еден ваков. Нормално бивши :) Не можев веќе да издржам. Си имаше тој проблем со сопствената самодоверба, па се празнеше на мене. Инаку не разбирам зошто во една врска девојката и дечкото би си бранеле еден на друг да се дружат со своите пријатели. Кога идев на факултет, се влечеше некогаш по мене и ако се поздравев со некој колега ќе речеше : „ Кој ти е овој? Премногу секси му рече здраво„ Добро како може едно здраво во брзање да биде секси. Ама ајде, глупава јас што го трпев. Исто проверка дали навистина сум само со другарки. После да се види дали другарките имаат исто дечко, да не случајно некоја од нив оди во лов на дечко па и јас нешто да уловам од страна :D Глупости...

    Затоа сегашниот дечко ми има тотално спротивен карактер. Ниту јас нешто му бранам, ниту тој на мене. И искрено мислам дека на сите нас ни треба по некој издувен филтер, посебно во долгите врски. Имаме заедничко друштво, но излегуваме и одвоено. И баш ми е супер. Нормално не смее нешто да премине граница, пример јас или тој цело време да излегуваме одвоено или да не ме известува за ништо. Но вака е супер. Довербата е еден од најбитните фактори во една врска (било да е тоа љубовна врска или пријателска). Со постојана взаемна контрола и бранење мислам дека секоја врска кога тогаш може да пукне, освен нормално ако не станува збор за (ајде да кажам, па како сакате сфатете ме) „садо-мазо„ врска.
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Забрана ?Што беше тоа? :^) :D
    Што сум имала до сега дечко.. Не ми дал забрана за ништо. А и не ни сакам да ми даде. Нормално тоа е мој живот,што сакам ќе правам јас, и што сака ќе прави тој..
    Знам од другарка, дечко и.. Таа на него му забранува да се врти по женски, Да гледа женски на телевизија, да адднува женски на фејзбук.. :fubar:
    Мислааам, јас да го дистанцирам дечко ми од женски свет?! Машко е мислам.. Гледа женски тоа му е во крв, сакале нејќеле. И јас се лутам кога дечкоми некогаш во град ќе види една топ пи*ка од доле до горе.. Ќе се налутам неколку секунди и после ќе ми помине лутината.
    Си помислувам, со мене е а не е со неа. 8)
     
  18. macuska89

    macuska89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Мојот сегасен дечко со кој сме вејќе 4 години е некако како бас на средина,некогаш прави испади...ама кога баш очекувам да е љубоморен тој е сосем смирен,дури и не го рабирам по некогаш,нашиот град е мал а за другарки да не правиме муабет,имав неколку од кои исте испаднаа расипани(знаете од кога ке си фатиш дечко повеќето другарки ашшш ги нема) ама тоа е друга приказна,битно не е претерано лјубоморен како што беше на почетокот,а тоа ми е многууу драго.лошо е да се расправаш со тешки психи :lol:
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Со дечко ми идеме година и 3месеци и досега не ми се случила такваа ситуација да ми забрани нешто, а и тој самиот е свесен дека тоа е глупава работа. Од првинта не сакаше да бидеме во врска затоа што се плашеше дека откако официјално ке му станам девојка, ке почнам да го контролирам, да му забранувам да излегува со другари и 300 ти глупости. Значи не сака да го контролирам, не сакам ни да ме контролира, но затоа секогаш знаеме кој каде е и што работи. Сега за сега се слагаме супер па натаму ке видиме :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Забрана?! Треба да си го погазам своето јас и своите принципи да дозволам нешто да ми забранува. Мислам дека ако му допуштам на некој да има таква моќ над мене да ми забрани нешто, ќе умре едно делче од мене. Тоа до сега не ми се случило, а не верувам и дека ќе се случи со оглед на човекот што(се надевам) ќе биде со мене до крајот на животот.

    А од друга страна, јас на него не му бранам ништо, но нели си имам некои свои(женски) тактики.
    На пример, не сакам да излезе вечерта и не му викам директно не може да излезеш, туку му нафрлувам дека јас сум имала други(поинтересни, секс де) планови. И нормално дека отпаѓа искачањето. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.