Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрани

Дискусија во 'Врски' започната од black-angel, 2 декември 2010.

  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Се согласувам со тебе мина, јас сметам дека не може се да остане исто како пред да бидете во врска. Значи понекогаш ќе има ситуации кога одредени работи нема да ви се допаѓаат вам или него, па ќе мора да зборувате и да го изнајдете решението за истите. Искрено јас сум против забрани во вистинска смисла на зборот, но сепак ако знаеш дека твојот сакан не се чувствува убаво во некоја ситуација, треба да го разбереш и да не го правиш тоа, а исто и тој. Значи јас ако не отидам на некоја забава, нема да го направам тоа заради што ми забранил дечкото, туку заради тоа што знам дека нема да се чувствува убаво. Според ова секогаш треба да се изнајде вистинското решение кое позитивно ќе влијае и за двајцата партнери, а не само едниот. Разбирањето и многу важно во една врска. Мојот дечко ми нема забрането ништо ниту пак јас него, но и двајцата знаеме како треба да постапиме во одредени ситуации, и како тоа би ни се одразило во врската.
     
  2. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Да и сум осетила и ги гледам моиве другарки...бившиот почна многу да си дозволува некои работи,јас првиот пат кога избувна дека не смеам да одам во дискотека останав фрапирана и на крај го излажав и си отидов....после ова продолжи месец дена и нормално ставив крај на таа врска јас во животов од мајка ми и татко ми не сум имала забрана или казна,а не па од некој искомплексиран,себичен и не самоуверен тип да ме команда тоа друга некоја таква како него,поготово што јас сум многу фер во тој поглед неможам да си дозволам да командам со нечиј живот,а моиве другарки поготово едната не знам како може така...стана изолирана од светов,само он и секој ден он и на закажување 3-4 дена уназад за едно кафе...мислам срамота...а проблемов е многу застапен во денешно време често слушам такви приказни како дечко и не и давал ова...не и давал она....што да кажам прост менталитет! :puke:
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Да, има нешто забрането во нашата врска. А тоа се токму тие забрани за било какви дружења, излегувања, кафиња, пијанки, родендени, поставување ултиматуми од типот или јас или тие/тоа, чепкање по мобилни и ФБ, мрчења и критики околу тоа кои ми/му се пријатели и околу тоа како сум се облекла...
    Сето ова се типични знаци за нечија недозрезност, не доверба како прво во самиот себе, а потоа и во партнерот.
    Контролата ни оди до таму за да укажеме на нешто ако е ептен погрешно или ако некој од опкружувањето негово или мое не ми се допаѓа, но во никој случај изјави од типот - Немој да разговараш со нејзе, или - Зошто се поздрави со типот???.
    Пример, излегувам без него со друштво, се слушаме пред да излезам, ми посакува да си поминам убаво, никакво ѕвонење во текот на вечерта, да ме испрашува каде сум и со кого. Наредниот ден, ако се дојде муабет за тоа му кажувам каде сме биле и како сум си поминала. Никакви детални извештаи или незадоволства од едната страна. Истото го правам и јас кога тој е излезен сам.
    И сметам дека на тој начин треба да функционира една здрава врска. Мене не ми е потребно никакво предупредување од никој за тоа да знам што е пристојно однесување и до каде ми се границите кога контактирам со други машки, а верувам дека и тој го знае тоа. И двајцата сме поминале многу во животот за да знаеме што треба да цениме и колку треба да се почитуваме еден со друг.
    Ако некогаш дознаам дека ја изневерил мојата доверба тогаш несомнено ќе ставам крај, а нему може само да му служи на чест.
     
    На Trendafilka и teddybear им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Јас го имав тој проблем, со мојот бивши бевме 5 месеци заедно. На почетокот првиот месец се беше ок и потоа почна да си го покажува вистинското лице односно љубомората. Бидејки бевме од различни градови по цел ден бевме на скајп со камери и слушалки, ако отидам до wc каде сум била, кој ми зазвонил на телефон, не ми дозвоуваше да одам кај другарка дома на кафе, а да излезам навечер на едно кафе ке направеше 300 проблеми...како поминуваше времето се повеке и повеке стануваше љубоморен. И нормално на крајот мене ми пукна филмот, моите дома не ме контролираат некој ***** ке ми кажува каде да одам и што да правам и го откачив...и сега сум срекна што навреме сум завршила секаков контакт со таков..
     
  5. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Малку паника ме фати, искрено. Кога ги прочитав мислењата на оваа тема.
    Ги има некои од знаците во нашата врска. :(
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    епа тоа да ми го прави ни секунда нема да сум со него ..што ми е он на меме господар а јас на него роб...па кој е тој да ми наредува ..тој е никој и ништо .... :) Не сум имала ваков случај али доколку би имала вака би го решила(како што кажав погоре)
     
  7. duplo.a

    duplo.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    7
    Забраните се ништо друго освен недостаток на доверба во врската, ако двајца не можат да воспостават нормален однос без да се ограничуваат еден со друг во било кој поглед врската е речиси осудена на пропаст.
     
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.494
    Јас имав забрани од секаков тип од бившиот и се разбира после долго измачување крај на врската..сега имам срцка од кого ми е дозолено апсолутно се,излегување со другарките сама на кафе,разговор со секого па и со моите бивши,не ми проверува повици,порано знаеше да ми прелиста низ пораките но одамна веќе не го прави и тоа.Исто и јас,имам целосна доверба во него и дозволено му е се,нашата врска е толку релаксирана и заедно сме скоро 5 год.Ако ја нема довербата во врската тогаш немам никаква иднина за брак,постојан надзор,забрани,љубомори не води тоа никаде.
     
    На Ani.cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Забраните произлегуваат од љубоморните личности или уште по лошо од БОЛНО љубоморните :puke: Познавам девојки кои се во такви врски и ваљда си се навикнати,па си ќутат и си тераат |( Фала му на Бога мојот дечко иако живее во странство,никогаш не ми рекол не може да одиш ваму или да се вратиш за 1 саат пример или да ми ѕвони да ме "масира" кога сум излезена,а и мислам дека не би ни поднела некој кој ќе ми го диктира животов! Не дај Боже пу пу пу :rofl:
     
  10. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    27
    Фала богу мојот не е таков секогаш кога ке идам некаде секогаш му казувам и ништо не ми вели само ме прашува во колку сат ке се вратам не ме прашувам с кого ќе сум и што ке правам зошто јас самата му кажувам и ми верува (никогаш нема да го изневерам)
     
  11. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Немам такви проблеми :) ... и не би дозволила да ми забрани нешто, макар и не толку важно... За нешто обично што ми кажува, а не ми се допаѓа му велам ти ли ке ми кажеш? А и тој ми кажал така мене, кога сум сакала нешто да кажам :?: ... И многу сум среќна што е така ;)
     
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    ниту ми забранува нешто ниту пак смее да ми забрани нешто исто и обратно. Со забрани врската не опстојува-кога тогаш ќе се прелие чашата
     
  13. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се каравме за ова...Ми забрани да пијам.До сега само 3-4 пати се имам начукано. И ми рече ако уште еднаш сум пиела ке ми раскинел...Бев во пијана состојба кога ми го кажа ова и незнаев што да му одговорам ама после кога зборевме на фб ми го кажа пак истото и ми рече вети ми дека нема да пиеш и ја му ветив...
    Зборев со другарка и ми рече на мое место за инат би се начукала да види дали стварно ке раскине...
    Што мислите вие?
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Извини, ама поголема глупост од ова нема.
    Ништо со инат не се постигнува.
    А инаку добра забрана ти ставил, тоа е за твое добро.
    Зарем уште на млади години вака бре? :drunk:
     
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    И што ако се напиеш,ќе те боли глава после,тој ке ти раскине дали ради тоа што не си го послушала,или бидејќи правиш будала од себе кога си пијана,кога ќе ти раскине пак ќе те боли глава ама нема никој да ти брани да пиеш и пак ќе се напивате со другарка ти.И така имаш две опции што да направиш,а што и да одбереш главата секако ќе те боли :D :D :D
     
  16. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    ми има забрането мини сукњи да носам |( ама не го слушам (а и многу ретко носам мини) така да нема зошто да се лути што не го слушам ;)
     
  17. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Порано во текот на мојата речиси 4 годишна врска се соочував со многу забрани и тоа бесмислени забрани. Но сега со мојот сегашен дечко нема никаква забрана, освен што взаемно се договоривме за излегувањата сами во диско, тоа не. Си носам се што сакам, одам каде сакам, едноставно постои доверба.
     
  18. hejlady

    hejlady Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Imam decko-se custvuvavm osameno,mnogu mi zabranuva..nemozam da gi posetam ni rodninite,osven baba mi..mi zabranuva da se gledam so drugarki,isto i na uciliste se slucuva,zabraneto mi e da izlezam so drugarka.Jas mislam deka ne sum takva licnost na koja sto ne i se veruva..barem i site drugi porano duri ziveev so drugarki/drugari..mi gi kazuvale site tajni so do den deneska na nikoj gi nemam kazano..ne mi e dobro..postojano sum vo ceteri zida..primorana sum ako izlezam negde,da mu kazuvam sto se slucilo kako,so kogo sum se videla i sto sum razgovarala.Pomognete mi,dajte mi nekoj sovet...sto ponatamu?!
    [mod-kirilica:9rl4lsq0][/mod-kirilica:9rl4lsq0]
     
  19. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Не знам колку долго сте заедно ама такво несто не се толерира како мозе некој да ти ја скратува слободата утре ден ти раскине ке немас ни другарка ни никој ако не ти верува тогас не знам сто бара со тебе
     
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.899
    Допаѓања:
    89.478
    Пол:
    Женски
    Крај на ''среќната врска'' тоа ти е спасот,што ќе ти е во иднина тој доколку уште сега ти забранува се :?: