Мене освен родителите никој друг неможе да ми забрани и да ми кажува што да правам...Во ред сега треба да се послуша и тој донекаде...Но сепак не би сакала толкав притисок врз мене и да ми се наредува дефинитивно не
еднаш само ми има забрането да одам на одмор со другарки и му кажев јасно дек немат да толелирвам некој да ми кажуват што да правам а што не ...и ми кажеше во ред ..и од тогаш фала богу не ми има кажено ништо
Никогаш не сум имала волку љубоморен дечко..буквално значи ме сака само за него. Откако се фативме он се одвои од друштвото и почна да ми кажува за се,дека немал вистински другари дека со нив бил само за да му помине времето и слично..и да ви кажам право и јас неможам да кажам дека имам некој вистински другарки чат пат си искачав со некоја ама со него многу сум поврзана па си кажуваме баш се. Е сега има и нешто друго,он ми призна дека само за мене бил волку љубоморен дека неможел да помисли да ме дели со некој или да види дека некој ми се пушта,и ми кажува дека: до смрт кје го тепал тој што кје се осмели да ме чепне. хмм е сеа приметив дека и ми забранува некој работи, не ми кажува директно туку онака од страна.. сега матура ќе правам и сеа како и сите така и јас го очекувам тој ден со нетрпение,со возбуда хехе и дома кје славам и во ресторан со генерацијата и неколку пати он ми кажува: мораш ли да славиш во ресторан? (дека нели он дома ќе ми дојде, ама нема да може во ресторан иако запнал да иде и во ресторан) и јас секако дека му викам: дека сакам да идам,дека тоа е еднаш во животот он на тоа ми враќа: па да ти кажам не е ништо посебно.. како што се ближи матурата така се повеќе и повеќе ме прашува тоа.. во себе си размислувам ; што ако раскинам со него а не отидам на матура? цел живот кје се јадосувам заради тоа. кога он си бил на матура и си го прчел можам и јас,и секако дека нема да отидам јас да го варам ова она туку убаво да си поминам и секако дека кје ми биде тој ден еден од незаборавните денови во мојот живот. Ова е еден вид на забрана..
Ниту јас а ниту дечко ми не си забрануваме ништо тој има слобода да излезе на кафе со колешки (иако скоро секогаш кога ќе каже дека во план е кафе со колешки превртувам очи ) и јас ја имам таа слобода да излезам на кафе со другари. Истото важи и за забави, настани и за проверувањето телефони до сега ниту јас сум го проверила неговиот, ниту тој мојот. Си веруваме еден со друг е тоа е тоа
До сега ништо не ми забранил , ниту кратко , ниту искачање ниту ништо...Јас искрено такво искуство немам ... Сум добивала само опомени и уште ги добивам ми вели пази шо правиш и така ншто ама мене тоа воопшто не ми смета , баш ми е убаво кога ке ме опомени знам дека мисли на мене и дека ме сака дека се грижи за мене ...Не би сакала да му биде сеедно ...
Мене ми се случило да ми рече дека не сака да се гледам со една пријателка, односно да не одам во кафуле со неа и во право беше. Таа некогаш беше умна и фина, но направи 1000 работи што луѓево ја гледаат наопаку ама заслужено. И ми рече не сакам да одиш со неа никаде низ град и да ти нарушува углед, а ако сакаш да и помогнеш и да ја видиш оди кај неа дома. И за шминка се замеша и си го доби, на многу фин и културен начин.
Забрани, строги правила, притисоци... тивки убијци на најсилната љубов. И кога ги прифаќате тие забрани и наметнати правила на однесување, потпишувате договор со којшто се согласувате дека полека ќе го убивате секој нежен сегмент од вашите чувства и однос. Мислите дека така вложувате во вашата врска, но всушност вложувате во уништување на истата. И ако сте во подолга врска, можно е во еден момент да се запрашате: дали се`уште делам секојдневие со истиот човек/истата жена? Мали компромиси, да. Задолжителни се. Но, покорување на забрани и согласување на функционирање на начин на којшто не сте свои, никако. А за тие што ги даваат тие забрани, еден апел. Нека вашите љубов и однос го стимулираат партнерот самиот да си стави кочници за одредени нешта.
Моментот кога ќе се почне со забрани, се едно дали е носење на отворена маица, тесни панталони (и тоа го има), излегување со другарки почнува еден многу ужасен период. Прво ни сама не си свесна што се случува, ај малце љубоморен е, ова му е она му е, и на крај кога ќе сфатиш што се случувало, и колку длабоко си заглавил во кал е касно. Епа сам ако не си се избориш за себе, никој друг нема. Има луѓе што и те како знаат да поиграат со чувствата/свеста на другите, ама мора да си стоиш силно на нозе. Кога веќе еднаш почнало тоа и отишло предалеку е касно, и мислам дека нема никакви шанси за излез од таа ситуација и таа врска е осудена на пропаст. Секако освен ако не сакаш некој ден да ти ограничи контакт со семејство, каде ќе работиш, и слично.
Да збориме искрено, по 8 години врска, ако размислам малку подобро, многу работи ми се забранети. Не зборувам за тесни маички, танга на прозирни панталони или шминка туку во однос на излегување и живеење живот во кој не е тој. На пример не ми дозволува да излезам со пријателки во некоја дискотека. Дневно излегување да ама вечерното ми е буквално забрането. Минатото лето две мои пријателки ме поканија да одам со нив, 3 дена Албанија на море, без деца и мажи. Се фино лепо му организирав. Јадење за три дена, мајка ми ја задолжив за детето ама добив црвен картон. Прилично е љубоморен ама бидејќи јас сум постојано дома и изигравам очајна домаќинка, нема на што да љубомори. Во целата ситуација ме вади што и тој се има откажано од личниот приватен живот па не излегува навечер сам или да замине без мене.
Па ти не му забрануваш него да излегува? Ако тој не сака да оди нека седи дома, ти сакаш и можеш да одиш. Не смеете ли да имате други луѓе околу вас? Ова „Во целата ситуација..“ ми звучеше како оправдување за тоа што го прави. Не знам.. ? Што мислиш ти?
Ах, душо, не е лесно да одржиш среќен и успешен брак и тоа полни 6 години. Се трудиме максимално да ја избегнеме секоја кавга, и јас и тој. Го сакам, ме сака. Сакам да го гушнам навечер кога ќе си легнам, а не да спиеме во различни кревети. Не сакаме да сме лути. Сето тоа е зачинето со голем број жртви и откажувања и од моја и од негова страна. Ја сум се откажала од вечерните излегувања кои и те како ми годат ама и тој се откажал од многу работи кои ми пречат. Единствено што ми пречи е начинот на пристапување на работите. Јас знам да кажам „Знаеш, јас многу се нервирам, мене ми смета ова и ова„ а тој пристапува „Не и крај на муабетот„. Затоа ова го коментирав на оваа тема. Сепак сите сме различни.
Tessie добро кажува и затоа ни на крај на памет не ми доаѓа нешто да забранувам. Е сеа, па не давам и да ми се брани,.. исти аршин... Ако другата страна не вложува во врската извесен период ќе толерирам, може и да укажам дека некоја работа не ми се допаѓа, но да забранам ниту во лудило. Ако нема ефект после извесно време, сакаш нејќеш, однесувањето се менува. И ова е исто така тивок убиец на врските. Ако нема подршка, разбирање, почит,....... џабе ти е се.
Се ежам на зборот забрана, особено кога се работи за возрасни луге. Или она да го праша дечкото или мажот дали нешто може. Не разбирам како можат лугето до толку да се потчинат да мажот или дечкото одлучува што може она да прави а што неможе. Некои се тешат дека е тоа љубов, изгледа полесно им е на тој начин да го прифатат ропството. Љубо е кога ќе имаш целосна слобода а тебе пак ќе ти биде поубаво да бидеш со него отколку со некој друг. Буквално ми се крева коса на глава кога ќе слушнам дека дечко не и дава да се дружи со некоја другарка, само затоа што тој мисли дека така треба. Искрено би сакала некоја девојка, жена да ми долови какво е чувството кога ќе се потчиниш да го прашаш дали може некаде да одиш и тој ќе ти каже не? Како успевате во 21 век психата да се приспособите на доброволно ропство и понижување? Има ли поголемо понижување од тоа да некој ви брани нај основни цивилизациски придобивки, дури се оди дотаму што дури и шифрите од ФБ профилите им ги контролираат. Затоа и не ме чуди што „Сила“ е толку гледана, очигледно тоа е нашиот модел на жена од 21 век, да му го ставиш сопствениот живот на располагање на партнерот и да управува тој со тебе како марионета.
Забраната е еден вид поставување на ограда околу просторот во кој се движите и одредување на координтите на функционирање (кога, како и со кого) од страна на личноста која ве управува како шаховска фигура, благодарение на вашата потчинетост да се доведете во мат-позиција. Тоа е претстава која ја режира "саканиот", a вие чекорите според должината на конецот... За жал, се уште се актуелни овие сцени.
Не дозволувајте девојки дечковците да ве оттргнат од друштво.Тоа е знак според мене на превисока љубомора..Кој не би сакал да се дружи? Јас за малку не ги изгубив другарките поради страшно љубоморен дечко..Навреме се освестив и ставив крај.Сега сум посреќна без тие напнати ситуации секојдневно.Два месеца немав излезено насамо со другарки/друштво.А како демек он многу се грижи за мене па пази со кои се дружам дане не чинеле ова она..пиеле пушеле итн. Зависи до кој степен можете да поднесете забрани.. јас многу многу мал... едвај.. Близнак сум во хороскоп па нека си види он
Таков ми беше бившиот. Јас бев будала и тоа го трпев, до кога ќе го трпев не знам, му благодарам многу што ми раскина. Сегашниот не е таков, но ако наидев на некој како бившот немаше низ тоа да поминувам пак.
Уф мразам нешто да ми забранува партнерот ( дечко ми беше 2 и пол години, сега веќе неколку месеци сопруг ). Ко за инает ме тера да правам спротивно. Па и он не трпи никакви забрани да му поставувам. Среќа што е таков, па ниту јас му забранувам ниту он мене нешто ми забранува. Ниту пак имаме навика да бараме дозвола еден од друг. Дека тазе венчани се смееме често дали ќе ме пуштиш ова она, али никогаш не паднало сериозно тема на муабет дали смеам да се видам со другарките или он со другарите. Мислам, тоа ми е многу прост начин човек да искаже несигурност во себе. Јас ако му забранувам на маж ми да се движи во круг на жени значи не сум сигурна во себе си. By the way, ти забранувала или не, он ако сака ќе искочи или ќе те изневери, милион изговори можат да се смислат. А јас немам намера да проверувам џебови и новчаник, ниту мобилен телефон. Истото и обратно важи нормално.
Нити ми забранувал, нити може да ми забрани. Знае дека такво нешто не трпам. Додека бевме во врска му имав кажано дека не сакам да ме контролира. Ова со забраните е честа појава, за жал. Имам другарка која идеше со таков дечко. Постојано ја прашуваше каде оди, со кого, што ќе прави...ако и заѕвонеше некој на телефон, одма коментираше дека и ѕвони швалерот. Она собра храброст и го откачи.