И јас имаше еден ваков психо ама за среќа е бивши, јас мислам дека многу треба да си несреќен, ограничен, огорчен од работа, околина, родители за да најдеш жртва што нема мноу самодоверба и искуство во животот и да и ги срушиш соништата за да се осеќаш како победник...
Сум доживеала да ме ограничи дечко,а јас на него не оти мислев дека е глупаво да правам роб некој ,а за љубомора сум љубоморна ама никој не е наша сопственост ако самиот сака нешто нема да му забранувам не сум му родител .незрело е и е глупаво посебно девојка да трпи таква тортура сум осетила на своја кожа
Не знам колку треба некој да е со ниска самодоверба и што се вика заостанат па да го слуша дечкото. Значи имаше една со мене учеше средно. Дечко и го прашуваше дури и на кафе да иде и овој ако кажеше не може тогаш тоа беше не може. Ако и кажеше избегај од час ќе идеме негде она бегаше. За се го слушаше него како да нема глава да мисли. Ама јас мислам дека секој си е човек сам за себе и не треба да прашуваме никој вака и да зависиме од некој. Еве мене поранешниот дечко ми рече цигари дека не смеам да пушам ама јас му реков јас ако сакам нешто ќе направам не мораш ти ништо да ми кажуваш.. Ми рече ама јас за твое добро. Викам за мое добро сама што ќе си правам тоа е не мораш да ми кажуваш и беше како океј добро. Се уште си стојам на ставот дека дечко не е никаков фактор или репер во животот на една девојка да и кажува што и како да прави. Денес може да го има утре веќе не.
Сосема се согласувам со коментарот . Инаку , да се надоврзам , имав и јас еден со цигарите истиот муабет , ама јас си пушев и гајле си немав . Ден денес пушам цигари . Ако го слушав него , никаде немаше да догурам . Не смееш ова , не смееш она , ај сиктер брат не ми треба уште една мајка веќе имам една .
Глупости. Ниту нешто ми забранува, ниту би трпела такво нешто. Исто е и од моја страна. Прекраток е животот за да слушам нечиви забрани и да трпам таква токсичност.
Во здрава врска забраните и ограничувањата не постојат. Во ред е да се даде совет, пример: не пиј многу, облечи се ладно е итн... Бидејќи се грижи за вас ама забрана не оправдувам во никој случај.
Темава прави да се ежам Не сум најсоодветна личност да зборувам на тема забрани зашто во ниедна од досегашните врски не сум доживеала такво нешто. Можеби зашто од старт сум покажала дека имам цврсти ставови за многу нешта и не би ги сменила освен ако некој сериозно и аргументирано не ме разубеди. За лични работи, посебно поврзани со моето тело, се знаело отсекогаш дека мојот збор важи - мое тело, мој избор. Имав дечко што не сакаше да се тетовирам, ама никогаш не ми забранил и не сме се карале за тоа и до денес не знам зошто имаше таков став. Ама ужасно ми смета кога гледам како им забрануваат работи на моите другарки и дури и неколку пати и јас сум се судрила со нивните дечковци на темава. Ако другарките мои си дозволуваат некој да ги контролира, јас сигурно пред мои очи нема да дозволам да се случува тоа. За жал, најголем дел од жените не се ни свесни што им се случува и не го гледаат тоа како проблем, па со тек на време овие забрани предизвикуваат и физичко насилство....
Никогаш не би била со некој што ќе се осмели да ми забранува нешто. Тоа не е здрава врска. Здрава врска се базира на доверба. Океј е мала љубомора, дури и кјут ми е, ама да се осмели да ми забрани да искачам или да ми кажува како да се облекувам, дали да постирам слики и да се дружам со другари. Вакво понашање за мене е црвено светло и веднаш штом приметам нешто вакво прекинувам комуникација. Животот е прекраток за да го живеам под стрес и константна потреба од правдање некому. Јас и дм сме многу лабави на тоа поле, никогаш си немаме преречено за било што вакво, имаме меѓусебна доверба и ако има нешто што нè прави несигурни одма се прашуваме еден со друг и отворено зборуваме. Јас имам повеќе машки другари од женски, најдобрите другари ми се машки и не можам да замислам дм да ми рече да не искачам или да се гледам со нив. На почеток дур не се знаевме добро знаеше онака ко на шала да ме зеза за тоа, ама сме збореле и никогаш не направил драма од тоа. Исто и јас не се оптеретувам со негови другарки и другари, искача кога сака и со кој сака. За фб и инста да не збориме, и двајцата сме претежно социјални особи и цело време сме во комуникација со луѓе, никогаш сме немале вакви силни испади на љубомора. Битно е да се збори за вакви работи, нормална е мала доза на сомневање и љубомора, особено на почеток од врската кога не ја знаеш многу добро личноста, ама ако и двајцата се зрели особи не постои нешто што не може да се реши со отворен и искрен разговор.
Мрзам забрани. Кога би имала дечко ( дали сеа дали за година, две, три) никогаш не би му забранила нешто освен некои работи кои за мене се скроз дно и неморални. Фала Богу не сакам ни да проба па да ми забрани нешто. Нека си праи што сака слободно само да не ме лаже и да не ме вара. Не барам многу не знам зашто уште сум сингл
Мене не ми забранува да излегувам, дозволено ми е но да знам со кој излегувам, што правам, до колку ке бидам излезена и многу битно да не носам кратки фустанчиња, блузички и сл искрено не ми смета ова, па и не некој што ми забранува. Освен ова што го кажав погоре
Мене ми изгледа како контрола и забрана, поготово тоа со блузите и фустанчињата. Ама океј, како сакаш, ако не ти смета терајте си.
Ако ова не е забранување тогаш што е само се мислам. Ете баш ова е проблемот што не сте ни свесни дека некој ви наметнува нешто и ви забранува.
Заради такви забрани и примитивизам изгубив 3 другарки од детство бидејки нивните дечковци не и даваа да се дружат со мене бидејки јас повеке пиеше, пушеше, лошо сум и влијаела а се дружевме пред тоа 12 години
Во помлади години забраниве често се мешаат со љубов. Као ме сака па ми се секира. Од старт треба да да се поставиш. Никој на никого не може ништо да му брани. Без разлика дали е начин на облекување, забрана за искачање или дружење со одредени личности, контролирање на телефон.
Во ред се забрани од типот: - немој да земаш тешка дрога - не се пијанчи до бесвест нон-стоп - не му ја пали колата на комшиите - не ставај отров во кафето на колегите на работа - не ги гаѓај со камења животните во зоолошка
За среќа до сега не сум налетала на таква будала да ми забранува нешто, можеби дека не сум си дозволила некој да ми врши притисок и контрола на мојот живот, затоа што за мојот живот одлучувам лично јас, неможе да ми се меша ниту мајка ми, а камо ли па дечко (или моментално и мм). Нормално сега со мм за се одлучуваме и се договараме заедно, ама до сега никогаш не се осмелил да ми рече не може да излезеш со другарките, или не можеш ова или она. Секогаш ми дава совет како пример не претеруј со кафето да не ти е лошо, и тоа е во ред, ама да си дозволи и да ми рече не може да пиеш кафе тоа ми е ван сваке памети. И некогаш кога гледам како девојчињава кога ќе фатат дечко и го слушаат за се, дури бараат и дозвола за нешто од него, се чудам а искрено и жал ми е како е можно една личност да нема свој став и карактер во сопствениот живот, па чека некој друг да и каже што да прави.