Какви забрани. Имав дечко кој ми велеше „можеш да одиш кај сакаш, можеш да правиш што сакаш, знам дека не правиш ништо лошо, имам целосна доверба во тебе“. Непроценливо е ова. Навистина ми годеше да го чујам.
Истото го доживувам сега и најискрено преубаво е кога ќе си со некој во љубов, доверба и хармонија. Во претходната врска затоа ми беше пекол, не излегував воопшто, понекогаш само до кај него на кафе. Ме оддели ид другарките, беше страшно љубоморен и стана насилен. И сето тоа го правеше промислено, подло, секогаш тој глумејќи жртва. Другаркиве мои како да сетија дека се дешаваат срања со мене и ми помогнаа. Брзо после тоа собрав сила и храброст и раскинав. Сега сум среќна со човек кој ме почитува и ми верува.
Многу е глупаво тоа, кога маж или дечко и брани на девојката да се гледа со другарките. Имало случаи кога другарка сум ја сретнала на улица, и ме откачува што поскоро не сака да прави муабет. Или друга „ајде да прекинам со пишување, уште од прееска дечкото ми рече да се исклучам“. На најдобрата другарка мажот и викал „ де бе па ти само некаде одиш со другарките“, ама ова додека не беа во брак. Оттогаш не ја викам за шетање, но одиме на кафе, за тоа не ја брани. Но, таа само со мене остана во контакт, со други не. Овие забрани се непотребни. Лошо е сето тоа.
Мислам дека зборот лошо е премногу благ за да се опише колку е одвратна таа ситуација. Не дека се правдам, сум имала среќа со другаркиве што ми дале втора шанса, ама ситуацијава никад не ми била директна забрана. Ми требаше време да се освестам што уствари се случува, зашто се беше умствена манипулација и игра. Така подмолно успеа да ми го помати умот.. Среќа на време се разбудив..
Чекајте, вас ви треба некој да ви го каже тоа "Можеш да правиш што сакаш...", да го чуете од друг, за да знаете и верувате дека можете да правите што ќе посакате? Било кога? Без ничија дозвола? Во тој случај, проблемот не е во партнерот, туку кај вас. Свесни сте барем за ова, нели?
Забрани од типот за излегување, облекување, дружење со други немаме. Ама некои други за посериозни работи, имаме.
Не ми треба да ми каже, но ми кажал, кога сме зборувале за девојки кои трпат забрани од дечковци, мажи...
Не, немам потреба никој да ми каже. Мојот случај беше психичка тортура, во која што јас не ни забележував дека имам некои забрани. Кратко кажано ми беше перен мозокот. Јас си бев посветена на факултетот, а он беше посветен на врската и знаеш јас бев онака, на 20то место ми беше врската. И после кога се свртев да видам уствари што правам со животов,сфатив дека сум се изолирала малку повеќе што нему му одговарало. Е кога почнав да си ги правам работите што ги сакам он си го покажа правото лице. Фала богу после тоа го пратив од кај што дошол пред 25години. Уште еднаш, сфаќам дека имам кривица што не сум се разбунтувала уште на почеток, ама побитно ми беше да учам и да положам, него да одлучам каде, кога и со кое друшто ќе излезам и слично.
Ти дозволува да дишиш ? Кај и да е и тоа ќе ти забрани . Кратки фустанчиња и разголени блузи да не носиш ? Ролка ли треба да носиш во сред лето на 30+ степени ? Ок , се согласувам дека може да ти рече да не пиеш многу алкохол , и да кажеш каде и со кого си излезена ( особено ноќе ) бидејќи секогаш може да се случи нешто неочекувано , да знае каде да те бара ( какви времиња се бабе , дрога клавет во пијањето , или не дај боже на некој му се случило нешто лошо , а ти не се јавуваш да те извести по телефон ) , ама за облека да ми се меша , е нече мочи . Никогаш не ми се мешале никој за тоа . Ниту мајка ми . Едноставно јас не сакам прекратки фустанчиња и преразголени блузи ( а на свадба еднаш имам носено фустанче скроз до под задник и со длабоко деколте , страшно неудобна работа , затоа и не ги сакам ) , а ако маж ми се обиде да ми забрани , а јас сум љубител , ќе го отерам у три леле и ќе му кажам и тој да не носи блузи залепени за него , да не се парфемише многу ( дезодоранс му е сосема доволен , што потреба има од парфем ) и одење на кафе со другар никако .
Абе мене мајка ми и татко ми не ми забраниле, тој ќе ми забранувал. Не му сум јас роб, негова сопственост, за да ми забранува. Во една врска, треба сам да се има осет за некои работи, но никој, ама никој нема право да ти брани да излезеш, да одиш некаде, или да облечеш нешто. Кој е тој за од него да бараш дозвола да отидеш на кафе со друштво? Кој е тој и од каде си зема за право да ти каже “нема да го носиш ова”? Кој е тој да ти го команда тебе животот?
Другарка моја идеше со еден таков и на крај се омажи за него. Ене ја сега....не смее да му писне. Он бил маж во куќа. Сама си е крива.
Пушење цигари или пијанчење. Он не пуши, ниту јас, ама да почне да пуши прво би пробала да го предомислам, ако не иде, ќе го оставам. За второто - тотално ми е незрело.
Да и рече " немој многу да претеруваш со пиење , ќе ти биде лошо подоцна " ќе разберам дека е за нејзино добро ( ама сепак е контрадикторна нејзината самоконтрола и самоодговорност , ако ги има тогаш секако знае кога е доста ) , или " кажи ми каде ќе бидеш за да знам , за секој случај " ( при тоа мислам на пример ако девојката е премногу пијана за да вози ( ако вози ) или за друга недајбоже ситуација ) тогаш ќе речам " еј ова е за мое добро " . Ама некој да ми забранува да носам тоа што ми се допаѓа , да се шминкам или да излезам на кафе со друштво .. е тука не можам да сфатам . Тоа е веќе премногу . Ако јас не сакам длабоко деколте - тоа е затоа што ми е неудобно . Исто важи и за прекратко фустанче или шорцеви од тие со пола задник надвор ( беа во тренд пред години ) што искрено ги сметам за убави за на плажа на пример , и би ги носела на плажа . Ама затоа што јас така сакам . Ако ти или некоја друга смета дека и е удобно со длабоко деколте , прекратко фустанче или шорцеви со пола задник надвор и сака да носи , тогаш зошто да не носи ? Поради некој си тип таму ? Не бре бато , нече мочи . Јас би го откачила , колку и да тврди дека тоа е за мое добро .
Иначе мојот коментар беше саркастичен Никој не смее да ми кажува што треба и како треба да правам / понашам / зборам / носам. Финито