и јас сум почуствувала завист не велам не ама ова е претерано една школска за се ми завидува не дека имам којзнае што ама и за ситни работи таа ми завидува што е стварно глупо некако без осет само ме гледа и по очите и се гледа дека ми завидува ама што да му правиш на таквите
Мразам завидливи луге, опкружена сум доста со нив, од кои некои од нив завидливоста па не се ни обидуваат да ја сокријат, но јас ги избегнувам
Само ги игнорирам завидливите, иако постојано сум опкружена со нив, сакала јас или не. Нема спас од нив, секогаш ги имало а и секогаш ке ги има
Мислам дека до некаде е нормална особина. Не се сите среќлии па да имаат се што ќе посакаат, па нормално кога ќе видиме дека некој друг има нешто што ние го сакаме да му завидуваме. Е сега да се прави шпанска серија од целата ситуација, као гази све пред себе, нема милост само за да го земи она што другиот го има тоа не го коментирам. Се си има своја граница и мене ми се случило многупати да речам, ех блазеси му, камо јас така итн итн...
Има луѓе кои многу ми завидуваат, но тоа за мене не е проблем, ако ми завидуваат тогаш значи дека сум подобра од нив зар не? ( во ред малку ми пречи, ме иритира )
Никогаш не завидувам, од причина што си велам ќе си дојде и моето,сигурно има причина што господ сакал вака да е. Но од друга пак страна воопшто не можам да ги разберам луѓето што добиваат од таа завидливот,нели го сваѓаат дека тоа е дел од злото.
Луѓе со кои се дружев нон стоп сега се оддалечив со нив, и додека бевме блиски многу завидуваа и ми пренесуваа негативан енергија. Ми префрлаа за ситници, демек сум бубалица голема, не експериментирам со имиџ, со фризури, не менувам дечковци секоја недела, скромноста била лоша работа. Сега случајно кога ќе се сретенеме веднаш глава и поглед, затоа што се опоравив, ги немам нив да ме депримираат со зајадливи коментари, ги избиршав како да не сме се ни знаеле. Знаат кај работам, дека имам друго друштво, ама детали не знаат и така е пдобро,
Jas gi obozavam zavidlivite lugje,tie mi se podloga za ismejuvanje,koga ke zabelezam kaj nekoj takva osobina,jas uste tolku mu se fala,eve eden primer koga kupiv nova kola edna prijatelka mi zaviduvase mnogu,jas pocnav i da dodavam ke kupam sega i jeep abe ja puknav pa deka imam epten golema plata,jas uzivav,a taa pravese nekakvi ljuborni grimasi.
Ѓи мразам завидливите луѓе.Има многу кој мене ми завидуваат.Сите ти завидуваат затоа што си подобар од нив...
Леле мразам вакви луѓе невелам дека не,сите поседуваме во мали дози вакво чувство,но ова е претерано и претежно завидливите луге се пропратени и со епитетот големи озборувачи,се имам најдено во повеке наврати во вакви ситуации и немам зборови комшивката не ми збореше два дена оти сум купила нова кола катастрофа невидена.
ајде за женски од секогаш повеќе се замарале за туѓи животи итн итн.. ама тоа машкиве последно време станале бетер од жени, па не завидливи пуфф..ќе си пукнат од мака ако некој другар има добра женска и супер врска боже боже... играат прљави игри да не знаеш од кај ќе те мавнат..
завидливи луѓе има насекаде околу мене, не ми е јасно навистина што се случува со нив како може и најблиските и некои кои многу слабо те познават ама сите беш сите да бидат толку звидливи... значи никој не може да поднесе да те гледа постојано насмеана, па луѓе бре секој си има маки, ама нема да покажувам на вас како ми е.Живејте си го животот!Јас кога и да слушнам добра вест и кога ке видам некој среќен сум уште посреќна за него, а мене од роднини до другарки, абе со поглед ќе ме убијат стварно не знам што им е на луѓево па немаат свој живот или
Мислам дека сите луѓе понекогаш се завидливи,но некои со право можат да го добијат тоа име бидејќи претеруваат.Не ги поднесувам,познавам такви и се одвратни ,за се ќе завидуваат, и затоа не треба многу да си близок со такви.И не ги разбирам,навистина .
Постоеле и ќе Постојат завидливци Дефинитивно лоша особина,тоа се бедни луѓе во душата Мене неможам да избројам колку ми завидуваат,но нека ним само завидливоста им останала ништо друго немаат,да биле паметни ќе посигнеле многу повеќе
Незадоволството на луѓето што финансиско,што емотивно ги направи завидливи. Тоа е за мене состојба на потполна агонија која го тоне човека,му ја голта и последната оптимистична и добра мисла и зборува тој иако не ни знае што кажал а знае и да се преиспита и покае.Никој не е имун,недај боже сите имаме моменти на депресија кои знаат да произведат реченици од наша уста изговорени за кои подоцна се чудиме дека сме ги кажале. Не е за мразење работава,со добрина и фин збор се смирува ситуацијата ако попаметниот ПРЕМОЛЧИ.
И добра и лоша. Ми се допаѓа ако добијам коментар од типот на: ти завидувам не знам, на умешноста во шминкањето. Затоа што за мене тоа е комплимент, и е добронамерен. Не трпам и не можам да замислам да бидам опкружена со луѓе кои се завидливи и редат негативности, а длабоко во себе умираат од желба да го имаат истото.
Тие се полни со комплекси на пониска вредност и затоа се завидливи и прават се за да наштетат некому.Им завидуваат на луѓето и на нивниот успех. Кога луѓето се завидливи и себични, создаваат безредие и секакви зли дела. Постојат многу завидливи луѓе, луѓе кои сакаат да омаловажуваат и да направат се за да не успее некој.Тие се љубоморни на туѓиот успех,доколку некој се чувствува убаво кај нив уште повеќе се развива завидливоста,а доколку некој е несреќен тие се ситат на туѓата несреќа.Ги има доста кои што ги знам такви па ги ставам на игнор и гледам да немам многу контакт со нив.
Баш овој период се среќавам со такви луѓе. Значи неможат да ме гледаат дека одам напред, дека успевам, дека има луѓе што ме почитуваат! Ми правеа со дечко проблеми, се отцепив од нив - останав без другарки, почнав да се дружам со други девојчиња и со нив почнаа да ми прават проблеми. Измислија дека сум ги навредувала новите другарки и овие глупи им поверуваа. Потоа дојде на ред да се бунтуваат за отцени и зато што мене класната ме ослободи од час, а тие имаат по 50 изостаноци! Не ми се веруваше значи какви болни луѓе постојат! Почнав да ги игнорирам, да не подлегнувам на нивните провокации ама тие никако да се решат да ме остават на мира! Нонстоп дофрлувања, значи едвај се се контролирам да не избувнам. Сакаат да ме срушат, свесна сум дека не треба да попуштам ама ете неколку пати едвај издржувам до влезната врата дома да не заплачам. Едно влегување и солзите сами ми течат. Се чувствувам како да сум сама на светот. И како се да тргнало против мене. Се мислев да се преместам во друг клас, ама сега сум четврта година и веќе неможе. Не знам како да го решам ова, пробав да игнорирам, пробав и да решам на мирен начин ама небива, тие не разбираат. Болно љубоморни се. Ненормални. А да земам да се карам со нив, можат и да се затепаат, се закануваа, немаат осет за цивилизираност. Не знам како ќе ги издржам овие неколку месеци.
Завидливи луѓе! Ги има многу и искрено ама најискрено јас нив ги жалам, ама навистина ги жалам не го кажувам ова во иронична смисла . Бидејќи знаете како викаат црвот го јаде јаболкото од внатре, исто како зависта човекот Ем си завидлив, ем со тоа ништо не можеш да промениш, освен да си ја мачиш душичката.