1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Завидливи луѓе

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 14 април 2012.

  1. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    :( Пола од оваа година се среќавам со нив. Односно со неа. Боже , па тие луѓе се болни. БОЛНИ.
    Знаете, излегува на истите места како и јас, носи исти работи како и јас, исти штикли, капи, исти слики прави. Болест е тоа, ма :( Незнам што уште да кажам. Далеку од нив. Навистина можат да ти го згорчат животот :|
     
  2. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    72
    Фала богу, периодов а и од поодамна не сум опкружена со завидливи луѓе ( барем така мислам!).Не ги ценам луѓето кои се натпреваруваат со останатите со цел да ги засенат и да се истакнат пред нив, луѓе кои завидуваат кој колку има материјално (непознавајќи го духовното), кои завидуваат на успеси безразлика дали се тие во поглед на образованието или кариерата :)
     
  3. mystic999

    mystic999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    И ти завидуваат...
    И сакаат се што е твое - и тоа што Господ ти го подарил и тоа што сама и нормално со негова помош си успеала да го добиеш, сакаат да бидат некој друг, не навистина не ги разбирам овие "луѓе"
    Па како би ги правеле истите работи што јас ги правам кога едноставно се талентирани за нешто друго, како би биле со истите луѓе опкружени кога немаат исти интереси, не ни можат да се разберат меѓусебе...мислам дека им треба стучна помош (нормално ако ја прифатат), да ги научат да се сакаат себе и тоа што го поседуваат и така светот би бил посреќно место за живеење OPEN YOUR MIND, OPEN YOUR HEART, BE YOURSELF, LOVE YOURSELF
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Секако дека човек не може да не ги примети, но ги игнорирам, не им обрнувам внимание, не си го трошам времето за нив.
     
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Јас ги игнорирам и многу многу не се замарам со нив..Инаку многу е жално шо ги има на секој чекор..:(
     
  6. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23
    kако што тргнало времето се повеќе има такви личности... едноставно игнорирање или во некои случаеви уште повеќе би им се испофалила испреправала да поцркнат :lol:
     
  7. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    За жал ми завидуваат и тоа често.
    Не дека нешто сакам да звучам нескромно и препотентно , ама и јас самата по некогаш се прашувам зошто.
    Последно што слушнав е дека се чуделе како успевам да звучам и да изгледам дека ми цветаат ружи во животот.
    Незнам како треба да изгледам , па секој има проблеми , па немора на цел свет да ги објавувам. :tmi:
    Стално ми доаѓале со „добронамерни “ совети , а уствари со цел да те подбуцнуваат и да гледаат сеир.
    Старите рекле : Никој во арно не сака да те види!
    Знам дека зависта и љубомората се одраз на лечење на комплекси од неспособни луѓе.
    Има луѓе кои се и физички и интелектуално и образовно инфериорни , ама се достојни за почит поради нивниот однос кон другите, а тој однос е со почитување .
    Завис е кога ( пример ќе ја земам свекрва ми таа има 8-мо одделение) ми имаше кажано дека не сум ништо посебно , како мене ( адвокатите ) ги имало со лопата да ги ринеш,
    Хммм, да во право БИ била ,ама да е академик на пример , да има зад себе научни трудови на светско ниво или немора...нека биде судија или пак повозрасен адвокат , па и да ме гледа „ са висине “ нема проблем.
    Научена сум да почитувам и постари и поучени и да се трудам секогаш да го дадам најдоброто и максимумот , а да почитувам секој што подалеку стигнал од мене, сепак не за џабе тоа го сторил.
    Ми текна пример :
    Одев службено на село и стар човек , кој можеше татко да ми биде ми стануваше да седнам , ме персираше и ми оддаваше невидена почит , што ми стана непријатно.
    Во еден момент му реков дека нема потреба , дека сум помала од него и ќерка можам да му бидам. Човекот само се насмевна и ми кажа дека можеби сум млада , ама сум „голем “ човек , мислеше по образование и функција и објасни дека ме оддава почит спрема сите книги што во животот сум ги прочитала.
    Вакви луѓе памтам цел живот, а за жал многу малку ги имам околу мене .
     
    На Silver.E, FineChina и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Завидливоста :D!

    Се смеам дека пред некое време на Фемина прочитав пост од едно девојче кое критикуваше некоја нејзина френдица. Читам јас така и сфаќам дека девојчево ги опишува моите слики ставени на фб. Таа збореше како сум била фолирант на секоја од нив. Тоа девојче по долго мислење кое е тук таму си ги поврзав работите и сфатив за која се работи. И знаете што, јас со нејзе не комуницирам активно од некаде мојата 14_та година. Ретко ја гледам, а кога се гледаме сме само на едно здраво. Толку. Незнам ни што прави во својот живот, а досега не ми ни текнало да мислам на неа. Ама ете гледате некои личности колку и да мислите дека се одалечени од вас и дека не ни им текнува на вас сепак се лажете. Па интересна ми стана и прочитав некои постови од неа. Девојката мислам дека е добра душа ама воопшто не е таа таа која се претставува. Барем според мене. Во некои постови сретнав како зборува и ред други нешта за мене, а чудно ми е од каде ги знае. И тие постови и вриштат од видлива завидливост. Си се чудам на луѓето и нивната потреба да им дишат на сите во врат. Ама буквално на сите. И стварно малку треба да оладат. Кога критикуваат и оговараат за такви глупости па што се нема друго и да измислат.
     
    На elisabeta и Golden им се допаѓа ова.
  9. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Има многу такви личности околу мене.Особена една.На сите ни завидува.Во моите очи таа е очајна и мизерна а,таква и ќе остане.Сите имаме почуствувано завист еве и јас но,тоа било само минливо.Но,тоа што таа го прави е претеризам. :puke:
     
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Јас од завид ја загубив работата . И тој газдата човек што има речиси се освен љубов ми завидуваше мене . Вработена бев како лице со намалена работна способност ама се снаогав мошне добро. Тоа траеше девет години.За тоа време моите девојчиња пораснаа, се покажаа на училиште како одлични.Со моите ниски примања едната го завршува факултетот.Пред неполн месец ми вика ДА ГИ ВИКНАМ НА РАБОТА МЕСТО ТЕБЕ.Има он синови ама не завршија факултети.Не ги бива да работат да учат така си ги воспитал....НЕ ДОЗВОЛИВ.Останав без работа ама не дозволив. Да завидуваш е грев и нај што мразам е завидливи луге.Ова е моја болна тема ;( Секој си знае коку се намачил за она што го има она што го постигнал и она што е . :!:
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Јас се дружев со една завидлива личност. Заедно учевме во средно и продолживме да се дружиме откако завршвме средно. Пред 2 години дознав дека таа личност цело време ми била љубоморна. Дозна од други дека останав бремена и на сите им кажувала - како не и е срам да остане бремена, што се замислува дека е, како планира да го гледа детето, и др. После неколку дена ми пиша порака на мобилен дека сака да ми дојде на честито за веридбата. Ама не знаеше дека јас знам што зборела наоколу. Истиот ден и пишав порака се што заслужува. Од тогаш се обиде неколку пати да ми се доближи, ама безуспешно. Сфатив дека сум се дружела со болно завидлива личност. Мило ми е што не се дружам веќе со неа.
     
  12. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Аххх опкружена сум со такви луѓе !! Толку многу ги мразам јас не знам зошто еднаш не се откажат што ќе постигнат со таа нивна љубомора |(
     
  13. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Многу ги мразам :!: |(
     
  14. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    колку мги мразам :devil: ,се повеке и повеке ги има,не за џабе се вели од народ не ја бива,зошто ти да имаш повеке од мене а јас не и ете ти ја завидливоста :swear:
     
  15. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    121
    Немаат попаметна работа па ке завидуваат :envy:
     
  16. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Опкружена сум! :envy: е вакви бетер од ова смајливо! И незнам кој им е филмот, дали имаат комплекси, или незнаат како да се истурат незнам! :puke:
     
  17. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Не знам каков памет имаат овие луѓе, но сигурно не е со добри мисли за друга особа.
    И не знам кој не пател од ваков тип луѓе, на секој чекор ги има, а таа завидливоста :envy: душата им ја јаде.
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Оваа особина ги уништува меѓучовечките односи.
    За жал, секојдневно сме опкружени со оваа категорија граѓани кои на денешницава се секаде присутни.
     
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Постоеле и секогаш ќе постојат завидливи луѓе, колку и да е тешко да прифатеме и ние сме понекогаш завидливи. Што би се рекло љубоморни..
    Нормално е тоа според мене. Еве пример јас и завидувам на телото на Бијонсе, некој на мене ми завидува на нешто, сите си завидуваме. Лоша е завидливоста, да. Ама без неа не може.
    На некои завидливоста им е ептен лоша, еве пример сведок сум била и на колнење од таа страна.
    Не треба да дозволиме до толку зависноста да ни управува со животот.
     
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Мене најсмешно ама најжално за нив ми е кога ти завидуваат за ситници од типот пр. убаво ти се погодила фарбата за коса, за кратко време си симнал неколе килце плус,или те бидува за нешто едноставно талент си со леснотија го правиш...а овие гореспоменатите кога ќе ти се закачат како кој знае што да си направил...јас им се чудам, и им се смеам...ова е болест бре љуѓе нема друго објаснување за вакви постапки.Им препорачувам да си најдат добар психијатар :D
     
    На Silver.E, simonna.a и Purrinn им се допаѓа ова.