1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Завидливи луѓе

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 14 април 2012.

  1. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Или си купила нешто со вкус, и они покусо да не се.. Баш како што кажа, те бидува нешто со леснотија си го правиш, имаш стил, талент...и ете ги они... оффффф... |(
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Искрено, многу газот не ме боли за нив. (да ми извините на изразов)

    Тоа е затоа што предолго сум се замарала со нив, а сега.. па сега се смеам коа завидуваат, очигледно има за што. ;)
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Во последно време не ги ни приметувам,тие се луѓе кои мене најмалку ме интересираат. :!:
     
    На Purrinn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Убаво си кажа! :bow:
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    На денешницава оваа категорија граѓани многу е присутна.
    Нивното однесување станува дел од секојдневието,а јас сум имуна на нивното бла,бла.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Ех овие ваквите ги има се повеќе и повеќе :devil: се хранат да им кажуваш како ти е тешко и несреќна си, ако им кажуваш за својата среќа не те слушаат вртат грб :devil: :devil:
     
    На IthoughtIwasAnAllien и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Трагично ми е кога ми завидуваат за преглупави работи !

    Сум објавила слика на фб, па собрала многу лајкови (можеби зошто преретко вадам слики), па другарка ми се јавува, како сликата е крш, бла, бла.
    Имам атлетско тело, секогаш вежбам, па знаат да ми речат коска и кожа си, не си секси (што си нема врска).
    Косата некогаш ќе си ја навиткам, па ми била катастрофа (а, сум изнадобила милион комплименти од другите).
    За лакот за нокти, ако сум купила ситница од Певекс, итн., буквално за ситници.

    И истиве 2 личности за секое нивно нешто купено, направено, одма ми се јавуваат да ми се пофалат, или ми пишат на интернет: Си купив чорапчиња со риги, ејјјјј, :headbang: , јадам палачинки, пијам многу убав чај...
    Синкир Шпанија на одмор заминала, па мора да ми пишува.
    Е, дотолку се завидливи и смешни.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Мене многу лошо ми влијаат тие завидливи очи.Сите работи наопаку ми одат.
    За ситници ми завидуваат,а ете што прочитав погоре први ќе ти се јават да се пофалат.
    Не завидувам на никого,мило ми е кога некој ќе си купи,направи нешто или сл.
    Нема потреба од завидливи зборови и намери.Колку пати такаси купувам нови парчиња облека и мојата ''пријателка'' знае да искоментира дека неа не и се допаѓаат,не дека не и се допаѓаат,него дека ги нема,а замисли да и ги дадеш да ги носи,веднаш ќе ги облече.
    (беше само пр.инаку не давам облека на пријателки)
    Преку глава ми од вакви работи,ако не ти се допаѓа навистина,не те тера никој да коментираш.
    А за жал денес постојат многу завидливи луѓе,кој не сакаат ништо,освен се наопаку да ти тргне.
    Денес на повеќето им е мило што ги имаш проблемите. :fubar:
     
    На Tanjamm, makedonkamak и Silver.E им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    на таквите не треба да им се обрнува внимание, а многу ги има.Посебно е изразена материјалната завист, во случај ако имаш повеќе материјални добра од некого.
    Ама тоа е, никој не сака да вложи труд сопствен, стие се готовани, со готови пари туѓи сакаат газди да изиграваат.
     
    На Tanjamm и Anne15 им се допаѓа ова.
  10. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Луѓе со мала самодоверба,личности кои не гледаат што се дешава во нивниот живот,туку гледаат што му се има случено на тој/таа.Според мене најтрагично е кога блиска роднина ќе ви завидува.Кога секој твој успех него/неа/нив ги боли,а со секој твој пад тие/тој/таа се сладат.Ќе ги убие таа завидливост еден ден а до тој ден листата на завидливи луѓе секојдневно се полни.
     
  11. Mihaela.P

    Mihaela.P Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    За жал сите ние сме опкружени со такви луѓе. Лично јас не им обрнувам премногу внимание на таквите и се трудам да не дозволуволам таквите коментари да допрат до мене.
    Најмногу боли кога таква доза на завидливост ти е упатена од личност за која веруваш дека ти е блиска личност. Меѓутоа како е така е, сите сме различни, со различни карактери, но не можам да сиобјаснам како некои луѓе за занимаваат со туѓи животи како да немаат свои.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Некои успеваат тоа да го прикријат, но кај некои се забележува и тоа како.
    Најчесто луѓето во нашата околина се завидливи во поглед на пари.
    Веќе ме фаќа страв на некого да му кажам што сум купила, или каде планирам да одим на одмор.
    А да не бидеш сватен дека се фалиш, тука сакаш само да споделиш со некого, близок, другар, познаник.
    И на крај и комплимент ќе ти дадат, а уште во очите му се гледа дека се завидливи. А тие истите нешто да си купат одма ќе почнат да кажуваат. Тоа не му смета. Му смета ако немаат нешто што вие имате.
    Не му обрнувам многу внимание на овие работи. Сепак не можам да ги сменам.
    А не можам ни да ги заобиколам, како ништо да не ми значат во животот, кога ми значат многу.
     
  13. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Има многу такви. Од љубомора кје те мразат. |(
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Бегам од завидливи луѓе. Се чувствувам неубаво во нивна близина, а како и не би.... :tmi:
     
  15. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Завидливите имаат проблем со себеси а не со другите, искомплексирани се и немаат доволно самодоверба и затоа се плашат од нечиј успех, нечие досигнување.. наместо на тоа да гледаат со восхит тие се чуствуваат лошо дека некој нешто постигнал повеќе од нив..таквите луѓе за мене се ситни души кои никогаш не успеваат..
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Не се замарам со такви. Се знае кој е оригинал, а кој копија. ;)
     
  17. Barbieeeeeee

    Barbieeeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Болест е тоа болест. И јас се трудам колку што можам да бегам ама таквите ги има насекаде..А за завидување толку многу ми завидуват има и за што ама мене тоа страшно ми смета затоа па баба ми е тука па ми бае од завист. :D
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.086
    Jaс имам запознаено мајка која им завидува на сопствените деца. Од тогаш па натака од никого ништо не очекувам и не ме изненадува...
    И да, се трудам да ги избегнувам. Чудни луѓе се, како да имаат некоја моќ мамата да те влечат кон нивната негативност на која се заснова нивната завист. Најтешко ми паѓа кога очекувам нешто и ќе ја видам зависта во нивните очи, а воедно и надежта да не се случи нештото.... Уффф... едвај се воздржувам да не ги подберам. Ако нема да испадне нешто во мој интерес, среќата им блеска во очите, а ти викаат - леле штета... А ако испадне...ме избегнуваат со денови, не можат да поднесат...
    Ама за жал некогаш не можеш да избереш и мораш да бидеш околу нив.
    Мајка ми има едно мото - од едно уво во друго, не дозволувај да те совладуваат...и ми изгледа така клише и тешко, не можам да ви објаснам, но неа и успева успешно.
     
    На butterfly4, princess5, only44you и 2 други им се допаѓа ова.
  19. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    34.110
    Пол:
    Женски
    Нашава чудесна земја... Не сум очекувала од блиски луге дека ке се завидливи Чуднооо дури и она Ај честито (ко да им е криво што рекле) кога дипломирав но ај тоа така и така но неодамна со братучетка почнавме заедно да возиме часови за возачка (во различни авто школи) и што се случи прво заврши таа и полагаше тестовии па полигонкај што посрекна бев јас кога таа положиии, но гратска падна а дојде и мојот ред за полаганје и положив тестовии и као браво добив од неа и тоа како да не се надевам на положување гратска од прва но се случи и тоа да положам се од прва... и погодете што? цитирам Честитки но не ми е јасно како положи, и викам баш така не напраив грешка и не се ни наддевав и затоа немав трема... од тогаш таа ко да ме избегнува и со љубомора ме гледа...чудесни се нашиве луге...
     
    На Tanjamm и toogood им се допаѓа ова.
  20. Plamenka

    Plamenka Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Секогаш ги имало и ќе ги има...п.с. ако ги немало нив немаше да се чувствуваме посебно ....завидуваат бре бре па има за што ;)
     
    На princess5 и Sesil им се допаѓа ова.