Завидлив човек никогаш нема да е среќен за тебе, да знае дека нешто убаво ти се случува. Пред тебе ќе се смее , а уствари во себе е полн со горчина..
Пушти ги, не им е лесно, си носат во себе многу фрустрации, избегавај таков тип на луѓе, да не те полнат со негативна енергија. Јас тие што ги познавам дури и специјално ме информираат за некоја нивна новост, чиниш ме засега. Фрустрации тешки, цело време желни за аплауз. Само подалеку.
Се согласувам. Кога некој е исполнет со себе, нема потреба да се докажува на туѓ грб. Тишината и дистанцата се најпаметен избор.
Завидливите луѓе знаат многу да заморат и да внесат негативна енергија околу нас.Мое мислење е дека завидливоста сама по себе е природно чувство,секој човек понекогаш ја чувствува.Но кога некој постојано живее во завист и ја насочува кон другите, тогаш тоа станува проблем.Обично зад тоа стои голема несигурност и незадоволство од сопствениот живот.Тоа се луѓе кои се полни со фрустрација од сопствениот живот и се длабоко несреќни.Често сум се соочувала со вакви луѓе низ животот и искрено ми е жал што наместо да стават фокус на својот живот и да се подобрат тие се опседнати со туѓа среќа и туѓ успех.Се трудам да бидам подалеку од вакви луѓе оти ме полнат со негативна енергија.