Имам навистина голем проблем. Веќе година дена и повеќе пијам депрозел и хелекс (депрозел цело апче наутро - хелекс два пати дневно од 0,25). Таа терапија морав да ја земам затоа што имав големи проблеми со агресијата, а имав и анксиозност. Апчињата супер ми делуваа, но секако, дојде време да ги намалам, бидејќи ги пијам од април, 2012. Отидов малку покасно кај психијатарот и ми рече да почнам да пијам депрозел по половина наутро и хелекс само пред спиење. Во почетокот имав некакви нус појави, како вртоглавица, покачен очен притисок, нагон за повраќање и сл. но подоцна организмот ми се навикна на намалената терапија. По месец дена отидов повторно како што се договоривме и ми рече дека повеќе немам потреба од апчињата и дека веќе депрозелот не треба да го пијам, само хелексот по потреба. Уште првиот ден како не се напив апче почнаа истите оние симптоми како вртоглавица, нагон за повраќање, покачен онеч притисок но во засилено темпо, почнав да чувствувам засилена депресивност, страв од се околу себе, секое тропкање или повишен тон. Морав повторно да се напијам апче и си реков да ги намалувам на друг начин со тоа што ќе пијам секој втор ден. Но, не ми помага ни тоа. Вчера се напив, денес не и веднаш почнаа истите оние симптоми кои ги споменав во засилено темпо, лошо ми е а незнам од што, си мислам дека ќе умрам... Пред десетина минути се напив повторно половина депрозел и хелекс и сега сеуште ми е лошо, но помалку, додека почне апчето да делува. Заборавив да споменам дека истите овие одвратни симптоми ги имав и на сред терапија неколку пати кога заборавав да се напијам и само што ќе се напијам ми поминуваат. Кога и споменав на докторката ми рече дека тоа било нормално, дека организмот мора да ми се навикне на функција без апчето, но навистина ми е премногу лошо и неможам да издржам. Очајнички ве молам за помош, несакам да сум зависна од апчињава, но навистина незнам како да се откачам од нив кога ми е толку лошо. Однапред ви благодарам.
Пробај со психотерапија,може се работи за психолошка потреба да ги земеш,бидејќи велиш веднаш ти е подобро откако ќе ги испиеш,сепак треба одредено време за да стигнат во крвотокот па да почне да делуваат.Поздрав и среќно ,се надевам што побрзо ќе ја надминеш оваа состојба
Не верувам дека е од тоа затоа што првиот пат кога на сред терапија ми снема апчиња и ми беше лошо не ни помислив дека ми е од депрозелот. Два три дена бев за никаде и после тоа земав апче и веднаш ми се подобри состојбата и дури тогаш сфатив дека ми се лошело затоа што не сум ги пиела. Секако дека и психичката поврзаност со апчето игра некаква улога, но еден мал процент. Како и да е фала многу за подршката, во овој момент секаков позитивен коментар ми е од помош.
Нема проблем за подршка сме тука.Полека намалувај ги додека ти се привикне организмот,чим ти рекле немаш потреба супер
Пробај ги Персен или Сентис апчиња и едните и другите се на природна база, внесувај б витамини и магнезиум, и труди се што повеќе да бидеш позитивна, знам тешко е ама мора да се трудиме
Токму тоа е и причината што овие апчиња не смеат да се прекинуваат нагло, туку постепено. А кога велам постепено не мислам како што си направила ти, со еден месец половина, и потоа прекин, туку постепено намалување на дозата СО МЕСЕЦИ. Постојат дури и целосно направени распореди и протоколи како и со колкав интензитет треба да се одвива откажувањето и повеќето велат дека дозата треба да се намалува за 10% секоја недела. На пример најпознат Протоколот по Ештон (Ashton protocol) кој може да го најдеш тука и во однос на апчињата и почетната доза да си го најдеш твојот распоред: http://www.benzo.org.uk/manual/bzsched.htm http://en.wikipedia.org/wiki/Benzodiaze ... l_syndrome Се разбира тоа ќе го направиш со консултација со матичниот лекар и специјалист!